Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Статија на Иван Михајлов: Ако сум б’лгарин, не сум ли македонец?  (Прочитано 3075 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Ако сум б'лгарин, не сум ли македонец?
весник “Македонска Трибуна” г. 44, бр. 2269, јануари 1971, стр. 1

Млад човек од нашата вардарска област, добар б'лгарин, ми го постави во писмо прашањето кое што стои во горниот наслов.

Му одговарам јавно.

Ако те запрашаат каков си (по народност), ќе одговориш дека си б'лгарин.

Ако си запрашан од каде си – одговараш, дека си од Македонија. Но може во тој случај да кажеш, дека си “македонски б'лгарин”, или “б'лгарин од Македонија”. Со таков одговор веднаш си изјаснил која ти е народноста и која е поточно твојата родна земја. Сличен темелен одговор е особено потребен за пред странците.

Не е потребно, нема никаква причина да премолчуваш, дека си од Македонија. Со тоа не се прави услуга на твојата б'лгарска народност. Напротив, и се принесува услуга кога странците дознаваат дека во Македонија живеат б'лгари.

Со задоволство кажуваат дека се од Македонија и нашите сотатковинци турци, власи, грци итн. Ќе си дозволам да ја продолжам статијата со еден мој површен спомен, кој се однесува на моите последни средби со нашинци-турци.

Со жена ми ја поминав турската граница во септември 1934 година. Стигнавме до мало селце јужно од планината Странџа. Првите жители, кои ги видовме, ни појаснија веднаш, дека биле “македонјали” (македонци), бегалци од Битолскиот округ. По неколку километри сретнавме буден човек, тргнат со коњ кон Лозенград. Разбра, дека сме б‘лгари и побрза да каже дека е од Куманово, но не заборави да додаде “македонјали”. Коларот пак, кој што не возеше кон истиот град, со особена гордост – на сосем свој начин – започна да ни раскажува: “Бен македонјали им…(јас сум македонец...). Избегав заради српскиот терор. Бев член на ВМРО; можеби сте слушнале за таа организација. Многумина во нашето село беа смачкани од тепање; се создаде една афера. Тука е веќе и целото мое семејство.” Многу познати за мене факти изнесуваше овој добар човек, во кого српската полиција оставила траги од омраза. Сопревме во окружната управа во Лозенград. Приставот, кој што не пречека, кога слушна дека сме б‘лгари, без никакв чекање возврати: “Бенди македонјали им (И јас сум македонец)”. Се покажа, дека е братучед на Сали, кој ни беше познат, во чија што куќа во село Осеново, Горноџумајско, бевме два месеци пред тоа. Роднините му беа закачиле мал негов портрет во својата соба каде што не примија. Но од портретот не можевме да не го познаеме. На другиот ден го земавме возот за Цариград, по околу половина час не посети во купето низок, симпатичен човек. Неговите први зборови беа: “Ефендилер, бенда иштипли им” (Господа, и јас сум штипјанин). Тој се грижел за поштата во возот, која што се наоѓала во купето соседно на нашето. Поминавме пријатен раговор за нашиот роден град. И тој човек со некаква радост посочуваше, дека е од Македонија. По еден месец, кога бевме веќе во град Кастамону, поминувајќи малку во едно кафеанче, при нас се си го доближи столот еден возрасен човек и се претстави со следните зборови: “Јас сум македонец; пред Балканската војна бев офицер во Кукуш; од тогаш сум преселен во Турција...”. Во Анкара пак, влегувајќи со полицајците во еден дуќан за плодови, стопанинот, како по нарачка започна: “Ве гледам неколку пати дека минувате покрај мојот дуќан. И јас сум македонец, од Радовиш сум...”. А едниот од приставите, кои повеќе од две години ни беше придружен, беше од Охрид. Тој како по обичај на секој турчин, зајавуваше: “Бен македонјал им...” и започнуваше да раскажува за убавините на Охрид, додавајќи ја горчливата болка, дека е така далеку од родниот крај.

Просто за зачудување беше таа критика, отсечена увертира при секоја наша случајна средба со наши сотатковинци-турци. “И јас сум македонец...”.

Но ниту еден баварец, ниту еден сицилијанец не го сокрива името на неговата родна Баварија или Сицилија, независно што првиот се смета за германец, а вториот за италијанец.

Пред 34 години во Б'лгарија дојде на власт една србофилска група. Таа побрза да го забрани името Македонија што се однесува на околиите околу Пирин. Од тоа остана задоволен само Белград, на кого му е во интерес луѓето да си мислат дека Македонија е само онаа област, која што се наоѓа под негова власт.

И денешна Југославија го прогонува б'лгарското име така неотстапно, како што беше и за време на кралскиот режим во неа. Титовите комунисти со сите средства се мачат да го искоренат б'лгарското име во заграбените македонски околии, и да го заменат со називите македонец и македонка.

Но во нашите противмерки треба да бидеме тактични и многу мудри. Ни се наложува многу труд, за да објасниме дека има разлика помеѓу географското и националното име. Но е скоро излишен труд да го забраниме називот македонец. Наместо него, најсоодветно е, како што веќе кажав, да се кажува “македонски б'лгарин”.

Впрочем, светот многу добро знаел, дека ние сме б'лгари дури и кога сите наши организации се нарекувале македонци и кога самите ние, - како што постапуваат нашенците турци, власи, албанци и грци сме одговарале исто, дека сме македонци, за да посочиме од каде сме. Самата ВМРО никаде во својот устав, во своите правилници, и во нејзиниот кружен печат, не споменува ништо за нашата б'лгарштина.  Тоа се сметало за излишно и од нас самите, и од странците. И тоа точно бидејќи за сите било јасно дека ВМРО е создадена од б'лгари; дека борбата е водена имено од нив на прво место. Малцина знаат, дека од почетокот ВМРО е создадена само како организација на б'лгарите; малку подоцна таа се појави и по устав како организација, во која можат да членуваат сите народности во нашата татковина.

Заклучувам. На младиот човек, кој ми го испрати писмото, му препорачувам слободно да кажува, дека е македонски б'лгарин.
« Последно менување: Март 08, 2009, 05:14:32 ohrid1941 »
Сочувана

jasbukivedi

  • Newbie
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 22
    • Погледај го Профилот

 "...независно што првиот се смета за германец а вториот за италијанец."


Имам ја читано на источна норма како што е во оригинал. Најдов една мала грешка. ;)
« Последно менување: Март 08, 2009, 05:36:04 ohrid1941 »
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Прав си! Благодарам за забелешката, веќе ја корегирав грешката во адаптацијата на статијата. :)
Сочувана

jasbukivedi

  • Newbie
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 22
    • Погледај го Профилот

И јас благодарам! :)
Сочувана

lady

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 57
    • Погледај го Профилот

Јас се уште не успеав да дојдам до Спомените на Ванчо Михајлов, но ако имате можности да симнете некои делови од нив.....
А не престанувам да барам начин да дојдам до нив......исклучително дело од него....цело богатство за накои не знаеме ништо и ни беше забранувано да знаеме...
Сочувана

valentinova

  • Гостин

Прекрасна статия !
Сочувана

MacedonBG

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 762
    • Погледај го Профилот
    • Българският националистически форум
Сочувана
Българският националистически форум http://www.forum.bg-nacionalisti.org/index.php
Facebook account - Kaloian Ivanov Macedonbg