Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Охридски маратон  (Прочитано 2166 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Охридски маратон
« на: Јули 18, 2009, 12:23:06 »

Стойчев ке запознае и четврти претседател

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=59696742B6C98F4B80451C5D1F10EB20
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Охридски маратон
« Одговори #1 на: Јули 19, 2009, 01:50:46 »

Бугаринот Петар Стойчев по осми пат...

http://www.forum.com.mk/_tools/article/5896/view
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Охридски маратон
« Одговори #2 на: Јули 19, 2009, 09:52:17 »

   Петар Стойчев   

http://www.a1.com.mk/video-player.asp?VideoID=905
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Охридски маратон
« Одговори #3 на: Јули 19, 2009, 10:20:22 »

Честитки за Петар Стојчев! Видеото за оваа вест може да се симне од тука.
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Охридски маратон
« Одговори #4 на: Јули 20, 2009, 01:17:04 »

Утрински весник, 20.07.2009
Петар Стојчев непобедлив во Охрид

Осми триумф на Бугаринот на пливачкиот маратон од кој Стефановски се прости со седмо место

Роберт Димитриевски

ОХРИД - Петар Стојчев не знае за доста кога е во прашање Охридски пливачки маратон. Бугаринот триумфира по осми пат во последните девет години во трката која од 1998 година е дел од Гран-при серијата на ФИНА. Мајсторот за фотофиниш, чија доминација во Охрид ја прекина само Аргентинецот Жил Ронди во 2005 година, и во 23. издание на ова натпреварување за дел од секундата беше подобар од конкуренцијата, влегувајќи низ целта само 26 стотинки пред Германецот Александар Стуџински! Времето што го постигна Стојчев (5:25:38,26 ч.) на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до градското пристаниште, со должина од 30 км, е едно од најдобрите во 47-годишната историја на меѓународните маратони на Охридско Езеро. Триумфот во шестата трка сезонава не само што му донесе 6.000 долари од вкупниот награден фонд од 25.000 „зелени банкноти“, туку и 25 бода, со кои Стојчев се зацврсти на врвот во вкупниот поредок. Под него и Стуџински на победничкиот пиедестал се искачи Дамјан Блаум од Аргентина, кој заостана десет секунди.

„Ако и в година се организира овој маратон, сигурно повторно ќе дојдам. Тука се чувствувам како дома. Многу го сакам езерото, кое 16 пати сум го препливал од Свети Наум до пристаништето“, изјави победникот откако го доби лавровиот венец од покровителот на манифестацијата, претседателот Ѓорге Иванов. „Ова беше многу силна трка, побрза за речиси 50 минути од ланската. Во последните два километра беше исклучително тешко, бидејќи се појавија бранови. Дотогаш езерото беше мирно и изгледаше како да пливаме во базен, а тоа бара поголем напор за да се совлада водата“, дополни најдобриот светски пливач на долги патеки во оваа деценија, кој в четврток ќе учествува во трката на 10 км на Светското првенство во спортови на вода во Рим. Од таму, пак, заминува за Канада на втората од двете трки од Гран-при серијата.

Во тие две трки на езерата Сен Жан (25 јули, 32 км, 40.000 долари) и Магог (1 август, 34 км, 25.000 долари) ќе настапи и Томи Стефановски, кој во своето 11. и последно учество на Охридски маратон го освои седмото место. Тој патеката ја исплива за 5:33:37,44 ч. и беше најдобар меѓу петтемина Македонци што ја завршија трката.

„Убава трка, во која 25 километри бев дел од водечката група, но ме стигна мала криза, од која кога се ослободив веќе беше доцна за висок пласман. Сепак, и со седмото место сум задоволен, бидејќи можев да бидам четврти, но можев да завршам и десетти“, изјави најуспешниот македонски пливач-маратонец во историјата, кој на 38-годишна возраст се подготвува за подвигот на кариерата - препливување на каналот Ла Манш меѓу 13 и 18 август. „Не ми одговара олку топла вода. Во Канада ќе биде многу постудена, а за Ла Манш да не зборуваме. Но, не очекувам да имам проблеми во каналот поради тоа што станува збор за една ’трка‘, во која не се брка пласман, туку е важно само да се исплива“.

Седмото место во Охрид му донесе седум бода на Стефановски, кои значително ќе му ја подобрат позицијата во генералниот пласман, кој засега е неофицијален поради неочекуваното драстично намалување на наградниот фонд во претходната трка од Капри до Неапол. Први бодови сезонава, по пет за завршувањето на трката независно од пласманот, освоија четворица домашни пливачи. Евгениј Поп Ацев, кој в сабота ќе настапи на 25 км на мундијалот во Рим, го освои десеттото место во машка конкуренција (вкупно 11.), во која Илија Стојановски заврши 13. (15.), Игор Димовски 14. (18.) и Александар Панчевски 16. (23.).

Кај дамите триумфира Камила Фредијани од Италија со 5:50:37,26 ч. Пилар Хеихо од Аргентина финишира десет секунди по неа, а третото место и' припадна на нејзината сонародничка Маријанела Мендоза со послабо време од 33 минути во однос на победничката.

На годинашниот Охридски маратон стартуваа 28 пливачи од девет земји, од кои 20 мажи и девет жени. Трката ја завршија и најмладиот учесник, 15-годишната Ивана Ситиќ од Хрватска, како и највозрасниот, Холанѓанката Ирене ван дер Лан (46). Се откажаа четворица - Бенјамин Коншчак од Германија, Џани Фонтанези од Италија и домашните претставници Марјан Мирчевски и Никола Кутаноски.

Конечен поредок на 23. Охридски пливачки маратон

1. Петар Стојчев (Бугарија) 5:25:38,26 ч.

2. Александар Стуџински (Германија) 5:25:38,50 ч.

3. Дамјан Блаум (Аргентина) 5:25:48,11 ч.

4. Жоан Хедел (Франција)

5. Едоардо Стокино (Италија)

6. Габриел Вилјагоиз (Аргентина)

7. Томи Стефановски (Македонија) 5:33:37,44 ч.

8. Родолфо Валенти (Италија)

9. Матија Алберико (Италија)

10. (1) Камила Фредијани (Италија) 5:50:37,26 ч.

11. Евгениј Поп Ацев (Македонија)

12. (2) Пилар Хеихо (Аргентина) 5:50:47,55 ч.

13. Глори Дан (Холандија)

14. Цветан Јорданов (Бугарија)

15. Илија Стојановски (Македонија)

16. (3) Маријанела Мендоза (Аргентина) 6:23:56,87 ч.

17. (4) Ноелија Пети (Аргентина)

18. Игор Димовски (Македонија)

19. Јан ван дер Граф (Холандија)

20. (5) Лаура Волпи (Италија)

21. (6) Ивана Ситиќ (Хрватска)

22. (7) Грит Сигсгорд (Данска)

23. Александар Панчевски (Македонија)

24. (8) Ирене ван дер Лан (Холандија)



Се откажаа: Марјан Мирчевски (Македонија), Никола Кутаноски (Македонија), Бенјамин Коншчак (Германија) и Џани Фонтанези (Италија)

Статијата е прочитана 58 пати.
« Последно менување: Јули 20, 2009, 11:51:22 ohrid1941 »
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Охридски маратон
« Одговори #5 на: Јули 20, 2009, 10:48:38 »

Нова Македонија, 20.07.2009
И пак - Петар Стојчев
Сочувана