Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Правила во форумот  (Прочитано 15323 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Правила во форумот
« на: Март 07, 2009, 11:21:18 »

Правила на форумот

1. Бугарскиот културен клуб - Скопје не стои зад ставовите изнесени во коментарите во форумот и не одговара за нивната содржина.

2. Регистрацијата на форумот е бесплатна. Секој има право на регистрирање и избор на потребителско име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето потребителско име или својата парола на други членови или лица.

3. Членот се согласува дека никогаш нема да употребува две или повеќе потребителски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот. Оваа акција се казнува со перманентна забрана за пристап (бан) на форумот.

4. Бугарскиот културен клуб се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на БКК Форумот, ќе ви бидат потребни валиден e-mail и парола. Останатите податоци се по ваш избор.

5. Бугарскиот културен клуб може да разоткрие нечии податоци на надлежните органи доколку се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот форум. Со секоја ваша посета на БКК форумот, вашата IP адреса се снима.

6. Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.

7. Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.

8. Рекламирање во сопствен интерес нема да се толерира. Секој линк кој води кон друга интернет страница и претставува тенденциозно рекламирање на истата ќе биде избришан. Ако сакате да се рекламирате на сајтот на Бугарскиот културен клуб, контактирајте ги администраторите на форумот.

9. Врски кон други интернет страници (линкови) во потписите на членовите, кои се прикажуваат под секое напишано мислење, се дозволени само во случај кога на страницата до која води линкот има веќе поставено линк до страницата на Бугарскиот културен клуб или до БКК форумот.

10. Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страници кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на "БКК" и членовите.

11. Модераторите и администраторите на форумот го задржуваат целосно правото без претходна најава да ги избришат сите информации приложени на форумот од страна на членовите со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно. Иако модераторите и администраторите ќе се потрудат да ги одржат објективни содржините на форумот, невозможно е да се проследат сите поставени содржини од страна на членовите и да преземат одговорност за истите.

12. Во овој форум се коментираат само изнесените ставови, а никогаш авторите на ставовите, било нивни автори да се учесници во форумот или други лица. Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, тенденциозен говор на иронија, лични дискусии и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.

13. Официјални јазици на форумот се официјалните јазици во Република Македонија и Република Бугарија, како и англискиот јазик. Препорачливо е да се употребува кирилица. Сите пораки напишани на други странски јазици освен англискиот ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.

14. Забрането е претенциозно пишување на коментарите со големи букви (CAPS LOCK) или употреба на поголем фонт со цел да се привлече внимание или да се прикажат информации кои не се поврзани со темата.

15. Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.

16. Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство. Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.

17. Ако при кршењето на правилата се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).

18. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови кои авторите ги објавуваат на сопствена одговорност. Од тука, членовите на раководствотото на Бугарскиот културен клуб не може да се сметаат за одговорни за содржината на пораките кои се објавени од членовите.

19. Сите прашања во врска со Бугарскиот културен клуб, форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот БКК, во темата "Предлози", каде ќе добиете одговор во најскоро можно време. Не "трчајте" по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.

20. Бугарскиот културен клуб го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.
« Последно менување: Декември 20, 2009, 07:53:21 ohrid1941 »
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Правила во форумот
« Одговори #1 на: Јули 12, 2009, 06:06:17 »

Заради подигнување на квалитетот на дискусиите, а по сугестија на одредени учесници во форумот, правилата 12. и 14. ја добиваат следната форма:

12. Во овој форум се коментираат само изнесените ставови, а никогаш авторите на ставовите, било нивни автори да се учесници во форумот или други лица. Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, тенденциозен говор на иронија, лични дискусии и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.

14. Забрането е претенциозно пишување на коментарите со големи букви (CAPS LOCK) или употреба на поголем фонт со цел да се привлече внимание или да се прикажат информации кои не се поврзани со темата.
Сочувана