Во суштина една е бабицата, но ето
Многу бабици - килава Македонија!?Ако шефот на Генералштабот на УЧК, работел за тајните служби на Слободан Милошевиќ, ако идеологот на востанието на „борците за човекови права“, бил не само „дајо“ (вујче), туку и соработник на српските тајни служби; тогаш,(извини Ѕинго) - „кој ни го тоа направи“, во 2001. година, дами и господа, другарки и другари?!Другарот Ѕинго и другарот Латас, навистина, се сеуште тука, заедно и секогаш во власта и со власта! Тука е можеби и канабето на другарот Милишевиќ Слободан, ама „њега више нема“ - да ни даде одговор на многу прашања и за многу премрежија што ја задесија Република Македонија, после раздружувањето од Титова и подоцна Слободанова Југославија.
И кој ни испрати неколку стотини илјади косовски Албанци по камповите во Гостиварско? И кој ни го „спука“ првиот претседател на независна, суверена, ем самостојна Македонија? И кој ни ги корнеше штекерите од воените касарни во Македонија? И Кој беше сосед со Грција, преку Македонија? И кој, во наше име, ја запали американската амбасада во Скопје? И кој? и Кој?......
Многу, многу прашања, за многу судбоносни собитија во нашата земја, одлетаа во Хаг, а одтаму во гробот на дождот!
И денеска, кога во дворовите на партиските активисти, на есенската магла и голомразица, „никнат“ досиејата на кодоши, како што во 2001-та во снегот над Танушевци „никнеа“ компири, Македонците се во недоумица, неверување, мисловен хаос...
Али Ахмети е во заложништво кај Никола Груевски - затоа што овој, вториов ги знае сите досиеа од командантите и генералите на овој првиот! Никола Груевски, е во заложништво кај Али Ахмети, затоа што овој вториот ги има „прстињата“ без кои нема стабилна влада и тендери, на овој првиот! Сите сме во заложништво кај Бранка Црвенкоски - затоа што тој ќе прифати се што ќе се договорат Никола Груевски и Али Ахмети!
Македонија е во заложништво - затоа што нозете и се во Белград, телото на грчкото копно, островите и продавниците на „Веро“, „Космос“ и „Џамбо“, а умот, пак, и е во Брисел и Вашингтон!
Во право е „хер“ Милошовски - Многу бабици - килава Македонија!?
http://inpress.com.mk/?ItemID=239E1C445BE1E14B95FDC10EA9A67EC1Сепак не е поставени наиважните впрос во таа колумна. Кои отнароди населението во Вардаско, кои систематски унижтожуваше БГ самочуство во Вардарско, кои економски унижтожаваше македонската економика от 90 години на, кои спираше демократкиот развои на РМ, кои... тука има многу впроси, но само един одговор србо-комунистите!