Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонска реалност  (Прочитано 208837 пати)

Корени

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1070
    • Погледај го Профилот
    • Корени
Одг: Македонска реалност
« Одговори #360 на: Октомври 01, 2010, 01:55:19 »



Изминатава година единствено Македонија назадуваше во процесот на евроинтеграции, додека останатите земји од регионот, пред се Србија и Црна Гора, засилено одат напред и прашање на време е кога тие ќе не престигнат, оценуваат известувачите на Европската унија, но и домашните експерти на еден месец пред Комисијата да го објави годишниот извештај. Според нив, повеќе од очигледно е дека Владата предводена од Никола Груевски продолжува да се крие зад нерешениот спор за името и да го користи како параван за успорените реформи, што ќе резултира со извештај во кој критиките ќе тежат многу повеќе од постигнатиот напредок. Од друга страна, соседните земји не губеа време и речиси е сигурно дека следната година Србија и Црна Гора ќе добијат кандидатски статус и, тоа што е позначајно, датум за преговори, што за Македонија е недостижно веќе пет години. Стручњаците се едногласни во оценките дека стандардните забелешки за партизирана јавна администрација и судство подложно на политички влијанија и овој пат ќе заземат централно место, но пострашно е што листата на недостатоци од година во година е се подолга. Комуниколот Сефер Тахири нагласува дека најголемите забелешки во годинешниот извештај на ЕК ќе се однесуваат за слободата на медиумите бидејќи постојат многу факти оти медиумите се под силен притисок на Владата, а тоа најдобро се гледа преку владините кампањи што се емитуваат на националните приватни телевизии, со што тие стануваат индиректно корумпирани. - Со примањето пари од Владата, телевизиите во нивните информативни програми не ги објавуваат мислењата и настаните кои се во спротивност со владината политика. На тој начин се прави директно влијание врв уредувачката политика на телевизиите, а тоа се гледа и од фактот што членови на Собранието се и сопственици на телевизии - вели Тахири. Тој додава дека Македонија, за жал, е земја во која слободата на медиумите е на просечно ниво и дека најитно е потребна деполитизација на Советот на радиодифузија и слободен пристап до информациите од јавен карактер. Кога станува збор за реформите во јавната администрација, ЕУ и во овој извештај од Македонија ќе побара Владата доследно да го почитува Законот за државни службеници. Во практика, тоа значи запирање на партиското влијание врз администрацијата, како и на привремените вработувања. Во однос на реформите во судскиот систем, под лупа се трите главни области, а тоа се Јавното обвинителство, Судскиот совет и буџетот на судството. Препораките на европските челници се дека судството мора да остане надвор од секакво политичко влијание и дека на судиите треба да им се остави да ги донесуваат пресудите без какви било притисоци од страна. Сите забелешки им беа пренесени на претседателот Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски за време на нивната посета на Брисел. Првиот човек на Комисијата, Жозе Мануел Баросо, и претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј беа децидни дека од Македонија очекуваат посветеност во реформите, но и што поскоро решавање на билатералниот спор со Грција за името за да можат да донесат одлука за почеток на преговорите за членство. Датум за преговори за Македонија, но и итно решавање на спорот со Грција, побара и словенечката европратеничка Тања Фајон, која гласно се залагаше ЕУ да ги укине визите за македонските граѓани. Таа не се согласува со ставот на Владата во Скопје дека ЕУ ја поддржува Грција во нејзините барања и дека ја условува Македонија за промена на името и покрај тоа што досега под уставното име ја признале 129 држави. - Политиката на ЕУ не е да интервенира во билатерални спорови, таа може само да помогне да се најде решение. Унијата сака да го види спорот решен колку што е можно поскоро и да го продолжи процесот на пристапување на Македонија - вели Фајон.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2134&ArticleID=149359
« Последно менување: Октомври 01, 2010, 01:59:05 Подкрепа »
Сочувана

Корени

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1070
    • Погледај го Профилот
    • Корени
Одг: Македонска реалност
« Одговори #361 на: Октомври 01, 2010, 01:59:37 »

Граѓаните се плашат да отворат уста против власта

Македонските граѓани во голем број се плашат јавно да го изразат своето мислење и отворено да ја критикуваат власта, покажува најновата анкета на Асоцијацијата за граѓанска толеранција и за соработка. Стручњаците коментираат дека власта полесно владее со народ кај кој е всаден страв дека ако јавно го каже својот став, ќе си ја загрози егзистенцијата, ќе биде јавно жигосан или, пак, ќе има работа со полицијата. Јавно да зборуваат против Владата признале дека се плашат дури 68 проценти од испитаниците, објаснувајќи дека на тој начин се штитат од проблеми на работното место. Повеќе од половина од анкетираните стравуваат од насилство од трета страна, а 42 проценти од нив, во случај на јавна критика на власта, очекуваат полицијата да им поднесе прекршочна пријава. Ваквите податоци, коментираат аналитичарите, се загрижувачки и се потврда на меѓународните извештаи за состојбата со демократијата и со човековите права во Македонија. Во сите досегашни извештаи на невладината „Фридом хаус“, според слободата на изразување, Македонија се наоѓала меѓу последните земји во светот. Но, очигледно, велат стручњаците, власта наместо да се потруди државава да ја унапреди на тоа поле, таа ја уназадува. Во Македонија станува се поголема заканата за слободата на мислата и на говорот, а тоа особено е карактеристично во последните четири години. - За жал, во последно време граѓаните се повеќе стравуваат јасно и гласно да го искажат своето незадоволство и тоа во, речиси, сите аспекти на животот. На работното место не смеат да ја критикуваат Владата или работодавецот бидејќи би се соочиле со казна. Со политичките притисоци Владата, дефинитивно, не создава атмосфера за слободно изразување. Граѓаните со послаба имотна состојба, како и одредени етнички групи, постојано се соочуваат со притисоците од полицијата - коментира професорот Здравко Савески. Како типичен пример за ограничувањето на слободата на мислење и на говор тој го наведува случајот со фармерот Душко Илиевски од Битола кој, изразувајќи го своето незадоволство од режимот на Никола Груевски, постојано се соочува со полицијата. - Млекарот Душко доби пријава од полицијата, за која секој нормален човек знае дека била неоснована. Слично е и со стечајците. Кога тие протестираат, полицијата одбива да ги обезбедува и ги остава на милост и на немилост на револтираните граѓани - посочува Здравески. Страв од притисоци особено чувствуваат вработените во јавната администрација, кои признаваат дека и порано тивко го искажувале своето незадоволство, но во последно време се чувствуваат најсигурно само кога молчат. - Се вработив во Владата во време кога на власт беа СДСМ. Политички притисоци секогаш постоеле, но никогаш не било вака страшно. Не само што не смеам јавно да коментирам против политиките на Владата, бидејќи мене ми се закануваат со отказ, туку со отказ би се соочиле и моите најблиски роднини. Секогаш внимаваме што зборуваме и најчесто ги избегнуваме политичките теми за разговор, да не се случи да кажеме нешто погрешно - коментира вработена во Владата. Универзитетскиот професор Жидас Даскаловски смета дека причината за ваквата состојба во Македонија е големото ниво на партизација во јавниот сектор. - Постои голема зависност на приватната економија од државата, така што голем број граѓани не го изразуваат слободно своето убедување во јавноста од страв за сопствената кариера и позиција. Кога имаме предвид дека економијата во земјата е многу зависна од државата и нема доволно работни места, во услови на економска криза, граѓаните со сите сили се трудат да го задржат она работно место што го имаат, и затоа внимаваат што ќе кажат на јавните настапи. Всушност, отворената дискусија кај нас, критичка и за власта и за опозицијата, е прерогатив на мала група на високо етаблирани интелектуалци - заклучува Даскаловски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2134&ArticleID=149362
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #362 на: Октомври 01, 2010, 02:48:22 »

- Постои голема зависност на приватната економија од државата, така што голем број граѓани не го изразуваат слободно своето убедување во јавноста од страв за сопствената кариера и позиција. Кога имаме предвид дека економијата во земјата е многу зависна од државата и нема доволно работни места, во услови на економска криза, граѓаните со сите сили се трудат да го задржат она работно место што го имаат, и затоа внимаваат што ќе кажат на јавните настапи. Всушност, отворената дискусија кај нас, критичка и за власта и за опозицијата, е прерогатив на мала група на високо етаблирани интелектуалци - заклучува Даскаловски.

Сега им текна после 20 години "демократија" да коментираат на оваа тема...
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #363 на: Октомври 01, 2010, 05:33:25 »

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6E3F5FBD44ADE64BB7D11D7281E12AFE

Од денеска казни за бугарските регистрации
Конечно  новинарите ја објавија  вистината- На  србоманите  им  сметаат само  Бугарските  регистрации,додека  србските и  другите  регистрации  воопшто  и не  ги  приметуваат  ниту споменуваат.
20 години  по  ослободувањето  и осамостојувањето  ништо  не  е  променето.....Белград  и  понатаму  суверено  владее  со  Македонија.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #364 на: Октомври 01, 2010, 06:36:01 »

Брисел регистрирал назадување во реформскиот курс

Брисел регистрирал сериозно назадување во реформскиот курс во првата половина од годината особено во делот на јавната администрација, политичкиот дијалог, функционирањето на Собранието и спроведувањето на Рамковниот договор кој е од фундаментално значење за градење на стабилни меѓуетнички односи, брифира висок европски дипломат.

Изминатиот период, недоволно продуктивно бил искористен и покрај препораките на Брисел да се забрза динамиката на исполнување на критериумите во деловите во кои беше констатиран застој.

Оваа порака лично на вицепремиерот Наумовски денеска му ја пренел претставникот на директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Хедберг на која било побарано Владата да не се меша во работата на судство.

Предлагањето на судии од страна на Владата е во спротивно со инсистирањето на ЕУ за независно судство кое ќе ги охрабри странските инвеститори дека во Македонија има пристап до правда, вели европскиот дипломат.

Како критична точка се нагласува и транспарентноста на јавната администрација. На Македонија и се забележува за вработувањата во администрацијата кои се вршат без некаков утврден критериум.

Разочараност на Брисел има и поради неисполнувањето на ветувањето на Владата, дека ќе го промени законот за енергетика, но и по две години тоа не е направено, што според европскиот дипломат сигурно ќе биде дел од есенскиот извештај на ЕК за напредокот на земјата.

Спорот со Грција останува да биде едно од суштинските проблеми. Меѓународната заедница ќе инсистира и понатаму, што побрзо да се затвори овој проблем.

Политичката реалноста е дека без решение Македонија не може да се надева на датум за старт на преговори, брифира европскиот дипломат.

Пораката од последната средба на Филе со премиерот Груевски на која беше оценето дека е дојден вистинскиот момент да се затвори прашањето за името според европскиот дипломат, Владата треба сериозно да ја земе во предвид.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=128160
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #365 на: Октомври 02, 2010, 08:59:22 »

иако е за темата хумор или лекомисленост...но секако е доказ за интелектуалниот капацитет на посочените

Цитат
Жртви на ваков измама станаа и неколку македонски државјани, меѓу кои и конзулот на нашата земја во Чикаго - Јовица Палашевски, како и амбасадорот во САД - Зоран Јолевски
  ;D

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DA7FEA1C0ECA3546B95CF81A58B19A59

ама и коментарот е добар

Од: Alien from Space
Датум: 01.10.2010 14:23:04
Ех,не успеав да издржам да не прокоментирам!Одличен текст!Но крајот укажува на нешто што е карактерна црта за некои „наши“врвни политичари и дипломати!Всушност во светот,воопшто не се смета за излажан оној кој од лагата,Измамата,очекувал добивка!Погледнете сега кој се полакомил по паричките!Не би ме зачудило кога би се појавиле на списокот на исфиширани и некои поголеми ѕверки!Какви Бруки!

 ;D
« Последно менување: Октомври 02, 2010, 09:01:52 Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Корени

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1070
    • Погледај го Профилот
    • Корени
Одг: Македонска реалност
« Одговори #366 на: Октомври 03, 2010, 12:56:05 »

Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #367 на: Октомври 03, 2010, 11:34:04 »

хунзинка на 21 век


 
;D
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #368 на: Октомври 04, 2010, 04:09:43 »

http://www.time.mk/read/NONE/137976d5dd/index.html
Петнаесет години подоцна: Сите знаат, никој не ги кажува атентаторите на Глигоров
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #369 на: Октомври 06, 2010, 03:58:29 »

Политика - „Мижи Асан да ти бајам“!?



Скопје, 6. октомври 2010 (ИНПРЕС)

Цитат
Не еднаш сме му порачале на Бранко Црвенкоски „да не сади тикви“ со Велија Рамковски. Велија е добар, има медиуми, нема да ви наплати за спотовите, може да ве почека за наплата на „инвестицијата“ - за кога ќе се вратите на власт, ама, сепак, Велија знае и да ви го „истури млекото“ што обилно Ви го дава, речиси пред носот!
СДСМ се најде затекнат во „небрано лозје“ со спотчињата за „востанието“ што Велија му ги подготвува во „туз“ студијата. Џабе му е, сега, на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, да се вади со „човечки судбини и состојби кои зависат, или се предизвикани од политиките на актуелната власт“!

http://inpress.com.mk/?ItemID=8E0E25BD2E58EA44A9859E2D7F08135E
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #370 на: Октомври 07, 2010, 01:47:22 »

и Боцевски чита БККС форум....цитат од денешната колумна во Дневник

Цитат
Најдобар доказ за тоа ова лето ни даде карикатуристот Драган Поповски, кој во својот текст „Како ја кроев Македонија“ опишува кога и како македонската комунистичка елита се свртува кон македонскиот национализам за легитимација на својот режим, па одеднаш во историските учебници се јавуваат сликите на „етничка Македонија“, старите грбови и знамиња, како и фотографиите на војводите. Сликите, симболите, знамињата, фабулата и реториката на современиот македонски национализам не е онаа развиена од Пулевски, Мисирков и другите дејци во Отоманската Империја, туку тоа се сликите и фабулата на официјалните македонски комунистички историчари, а нивната еволуција може да се следи преку различните верзии на „Историјата на македонскиот народ“. Па, така, македонскиот национализам од 1990 година е само логично продолжение на овие процеси.

видете ја шестата порака на страната...
http://bkks.org/forum/index.php/topic,1717.msg14962.html#msg14962

ке наплатувам за тези  ;D инаку колумната за МК услови му е коректна
« Последно менување: Октомври 07, 2010, 01:50:08 Daskal »
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #371 на: Октомври 13, 2010, 06:07:32 »

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=28790
Македонија се дави во корупција
среда, 13 октомври 2010, 17:24
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #372 на: Октомври 15, 2010, 12:19:06 »

http://utrinski.com.mk/?ItemID=86675ADE787D114983824E7EA64D8E2E
 „Џамбо“ во извештајот на ЕУ за Македонија?
Атина - Привременото затворање на продавницата за играчки „Џамбо“ во Македонија стигна до Европската комисија во Брисел. Грчките европратеници од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос и Костас Пупакис, побарале во новиот извештај за напредокот на државата да стои забелешка дека Македонија има некоректен однос спрема инвеститорите поради проблемите кои државните органи им ги прават на новите од Грција.

Според поплаките, се работи за очигледно злоупотребување на законот и непропорционалност меѓу прекршокот и казната за европска компанија во држава-кандидат. Ова не е прв пат да се има ваков однос во Македонија кон инвеститори од европски држави, тврдат тие. Кумуцакос и Пупакис побарале од Комисијата и од Европскиот совет да преземат соодветни чекори во Македонија во иднина да нема вакви пречки за европските инвеститори.


 
 
Сочувана

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #373 на: Октомври 17, 2010, 12:25:16 »

Монголија vs Македонија
http://okno.mk/node/7577

Цитат
Така, авионите во престолнината Улан Батор слетуваат на аеродромот „Џингис-хан“, исто како што тие во Скопје се приземјуваат на „Александар Велики“. Во Монголија сега може да се студира на универзитетот „Џингис-хан“, да се престојува во истоимениот хотел, да се купат вотка, енергетски пијалак или цигари со неговото име, а сето тоа да се плати со пари на кои е отпечатен ликот на ханот.

Македонија овде малку заостанува. Имаме хотел што се вика „Александар палас“, иако официјално не му е посветен на античкиот војсководец, но наместо на универзитет, неговото име го ставивме на автопат, а го нема многу ни на полиците на супермаркетите. Освен во именувањето на некои вина, според него или неговиот коњ.

Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #374 на: Октомври 17, 2010, 01:42:57 »

А1 Колумна: Македонија во ЕУ како ЈУ Република
Се извинија на Босанците за Сребреница, со Хрватите се смирија и ќе градат пруга, со Албанците се договорија околу Косово, направија една геј парада во Белград и оп станаа лидер на Балканот.

Каков Mладиќ, какви реформи никој не ги бара веќе, се било политичка одлука. Со смртта на Mилошевиќ умреа и прочуените национал-патриотски и великосрпски изреки: Докле је српско гробље дотле је српска земља. Jешчемо и корење али Kосово не дамо, нико не сме да бије српски народ.

Е сега српскиот народ од анатемисан ќе стане европски. Ќе се кае Црна Гора што се одвои од заедничката држава. Јас не знам ние што чекаме. Сакаме решение на спорот со Грција - ете го. Ни северна ни горна. Чиста Република Македонија - у саставу заједничке државе са Србијом. Минимум.

Ако се испазариме можеме и со Хрватите да се ујдисаме. Нели и историски сме биле блиски. Можеби би се викале СХМ наместо поранешното СХС. Или ако се приклучат и Босанците може и нова Југославија, на пример.

Ништо ново. Ништо чудно. Сме биле и пред тоа. Па оваа влада има легитимитет од народот да го тоа направи. Ние сите си гласавме за тоа. Што ќе ние е референдум пак- кога еден имавме, и тоа јак 90 постотен.

Од тој миг во ОН веднаш се прогласува ништовна референцата ФИРОМ, и не примаат под новото али....Устав не мењаме, ние си остануваме Македонци, јазикот македонски. Од тоа ќе произлезат и други бенефити. Ќе го решиме спорот со СПЦ. Бизнисот и така не мрднал подалеку и ни е главно српски насочен. Наместо крнтии од запад, пак ќе си возиме „Југо“,односно „Пунто“ со попуст.
 
 

Арената Филип Втори конечно ќе си ја добие вистинската намена - да се игра фудбал. Па ќе ни доаѓа Партизан, Црвена Ѕвезда. Многумина наши пак ќе ги извадат од шифоњер навивачките дресови со ликот на Станковиќ, Мијатовиќ .....и право на стадион. Турбофолкерите ни се познати и сеприсутни во нашата субкултура, само весниците политика и борба малку ги подзаборавивме ама и тоа се решава бргу.

Па и тие се дел од ВАЦ, наши се. Колку бенефити а. На ова ни опозицијата нема да реагира, мислам оберучке ќе прифати. Така по подолго време и политички консензус ќе се постигне.

Единствена мана е што нема да сме самоуверена, пардон суверена држава. Хм, па добро ете видовме малку како е и - ништо посебно не се офајдивме. Чак шта више. А да размислиме малку, може ќе пројде идејава.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=128842
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение