Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонска реалност  (Прочитано 208297 пати)

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #240 на: Јуни 10, 2010, 09:10:40 »

ако е оваа порака, тогаш нештата во РМ се многу сериозни и загрижувачки...

Осакатени скулптурите во Градскиот парк

Дали двете исечени раце на едната од двете девојки од урбаната скулптура во Градскиот парк всушност преставуваат заканувачка порака за нејзиниот автор, уметникот Александар Ивановски - Карадаре.

Извори за А1 велат дека ова е можна опција бидејќи Карадаре влегол во конфликт со некои припадници на владечката структура кога се повлекол од проектот за изградба на споменикот на Ченто во Скопје.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124117
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #241 на: Јуни 11, 2010, 02:42:41 »

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2041&ArticleID=142418

Банките прашуваат за кого гласаш
Светлана Вукчевиќ

Банките почнаа интензивно да ја евидентираат политичката изложеност на своите клиенти. Во повеќето банки со секое застанување на шалтер клиентот, без разлика дали е физичко лице или фирма, во формулар што го добива под полна морална, материјална и кривична одговорност треба да се изјасни дали врши истакната јавна функција, како претседател на држава, премиер, министер, пратеник, судија, амбасадор, дали е висок воен функционер и слично. Доколку не е, треба да се изјасни дали има сопружник, родители, деца, снаи, зетовци или внуци со таква функција. Оваа евиденција, која ги вознемирува граѓаните, со одлука на Народна банка почна во јануари годинава, а сега зема замав и со неа се опфаќаат и старите корисници на сметки. Обврската произлегува од Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, кој предвидува под посебен надзор да бидат сметките на политички експонираните лица. Во банките и во централната банка не објаснуваат зошто ја забрзуваат евиденцијата, но во филијалите на некои банки граѓаните добиваат закани дека ќе останат без сметка ако во најскоро време не го предадат комплетно пополнетиот формулар. - Додека плаќав рата за кредит, службеничката на шалтер ми даде да пополнам формулар за регистрирање во кој има и прашање за политика. Бидејќи имаше турканици, формуларот го зедов да го пополнам дома, а на службеничката и реков дека ќе го вратам следниот месец кога повторно ќе плаќам рата. Но, таа ме опомена да не чекам многу зашто ако не ги соберат формуларите, Народна банка може да им ја блокира сметката. Исто така, ме потсети со себе да понесам лична карта за да ми направат фотокопија. Кредитот го зедов пред три години, а не добив објаснување зошто повторно сакаат да ме регистрираат и зошто ги интересираат моите политички врски. - ни рече една граѓанка, која возбудена излезе од филијалата на една банка. Во банките што ги консултиравме велат дека обврската за вакво евидентирање на клиентите ја добиле од НБРМ, но не знаат за рок до кога треба да заврши, ниту, пак, добиле опомена дека ќе им биде блокирана сметката. Од Дирекцијата за регулатива на НБРМ, пак, објаснуваат дека со оваа активност тие немаат никаква врска зашто произлегува од Законот за спречување на перење пари и во никој случај немаат намера да блокираат сметки зашто тоа би значело уривање на банкарскиот систем. И од банките и од НБРМ велат дека шалтерските работници не треба да им се закануваат на клиентите со блокирање на сметките зашто тоа не е нивна работа. Банкарите уште додаваат дека ги обучиле службениците како да ја вршат оваа работа, а некои од банките формуларот за регистрација на клиентите го објавија на своите интернетски адреси, но без објаснување за што служи. Банкарите креваат раменици во врска со исходот на оваа акција и не се сигурни дека можат да ја спроведат. На пример, една од трите големи банки има повеќе од 700.000 клиенти и сите треба да ги регистрира повторно. - Не го пополнувам формуларот, па нека прават што сакаат. Прашувајќи за моите политички врски како да ми влегуваат во интимата. Ако ја назначам функцијата на човекот со кого сум во сродство, ќе се знае за кого се работи, а јас не знам дали тој ќе сака да го споменувам. На крајот, кога отворив кредитна картичка во банката, ги дадов сите лични податоци и нема потреба повторно да ме заморуваат со тоа - вели еден скопјанец, кому, исто, така во една банка му бил даден формуларот. Од Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам велат дека оваа законска обврска е уште од 2008 година, а тензијата се кренала лани кога Законот е изменет, но само со дефинирање на политичката изложеност. Банките имаат обврска до јуни 2012 година да направат комплетна евиденција на своите клиенти вклучувајќи ја и нивната политичка изложеност, а начинот на кој ќе го изведат тоа е оставен на нив. Од Секторот за регулатива и развој на системи на Управата велат дека банките не ќе можат да работат со клиентите доколку не извршат нивна комплетна идентификација, како што наложуваат законите. Оттаму објаснуваат дека во сите земји на ЕУ на овој начин се евидентираат клиентите на банките, но само странските. Во Словенија пред неколку години е применет нашиот модел, а пред две години со законски измени се изоставени домашните клиенти. Кај нас во согласност со европските директиви за посебен надзор над сметките на политички изложените личности, во 2008 година е предвидено да се евидентираат и домашните и странските сопственици на банкарски сметки, а обидот да се изостават домашните завршил со забелешка од европските фактори дека тоа кај нас не може да се направи затоа што корупцијата не е искоренета до тој степен.



Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #242 на: Јуни 11, 2010, 02:48:00 »

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124142

Портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си даде оставка

Менче Атанасова Точи  Коментари (26)     
 
 
11.06.2010 12:31 
Дејан Гацов
 
 
Портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си даде оставка, со образложени дека не сака да биде дел од тим кој ја спроведува оваа погубна политика која ги остави граѓаните без лекови, во руинирани болници, со целосно демотивирани лекари.

Не сакам да бидам дел од систем кој откако фрли милиони евра во маркетинг кампања за стимулирање на потомството, го стави фондот во ситуација да не може со месеци да ги исплати породилните боледувања на родилките и другите боледувања кои што редовно доцнат.

Фондовскиот менаџмент нема независност, сите одлуки кои што го доведоа здравството до ова дереџе, се донесени и спроведени со директен диктат на Груевски и Протуѓер, рече Гацов.

Тој нагласи дека фондовската каса е празна и нема да ја спасат 1 милијарда и 200 милиони денари од ребалансот на буџетот.

Во моментот кога ја поднесуваше оставката, двајцата директори на Фондот не беа тука.

 За печатење  Прати по e-mail  Порака до авторот  Разгласи
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #243 на: Јуни 11, 2010, 03:59:17 »

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124142

Портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си даде оставка

 
Портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си даде оставка, со образложени дека не сака да биде дел од тим кој ја спроведува оваа погубна политика која ги остави граѓаните без лекови, во руинирани болници, со целосно демотивирани лекари.

Не сакам да бидам дел од систем кој откако фрли милиони евра во маркетинг кампања за стимулирање на потомството, го стави фондот во ситуација да не може со месеци да ги исплати породилните боледувања на родилките и другите боледувања кои што редовно доцнат.

Фондовскиот менаџмент нема независност, сите одлуки кои што го доведоа здравството до ова дереџе, се донесени и спроведени со директен диктат на Груевски и Протуѓер, рече Гацов.

Тој нагласи дека фондовската каса е празна и нема да ја спасат 1 милијарда и 200 милиони денари од ребалансот на буџетот.

Во моментот кога ја поднесуваше оставката, двајцата директори на Фондот не беа тука.


оваа е директен и сериозен погодок кон водството на дпмне...
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #244 на: Јуни 12, 2010, 08:26:25 »

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=15B980A65CBA504383F88FA17496591C

Скандал до скандал во судството
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #245 на: Јуни 13, 2010, 12:38:58 »

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=61577

Пиеле алкохол, спиеле, пукале додека се на работа

– казнети 19 полицајци
 Министерството за внатрешни работи по двонеделното водење на дисциплинска постапка одлучи да казни 19 вработени. Најголем дел од нив, се соочиле со парични казни, двајца се писмено предупредени заради пречекорување на службените овластувања, а на еден дури му е изречена и мерка отказ .

Полицајците за време на извршување на својата должност биле затекнати како спијат, консумираат алкохол, некои краделе, а има и такви што вршеле и дополнителна дејност, пукале во воздух заради заплашување или се расправале со претпоставените старешини – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најмногу од казнетите се забележани како спијат во текот на работното време, дури петмина. Четворица дошле на работа под дејство на алкохол или пак консумирале алкохол додека биле на работа. Еден скопски полицаец е казнет парично бидејќи на учесници од реално шоу им дозволил да се фотографираат во службено возило.

Полициски службеник поради кражба го изгубил работното место. Инспектор кој со униформа влегол во угостителски објект заработил само писмено предупредување, а со иста казна се соочила и негова колешка која влегла во вербален конфликт со претпоставениот – стои во соопштението од МВР.
13.06.2010, 12:23

Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #246 на: Јуни 15, 2010, 12:57:38 »

Скопски регион со најголемо учество во БДП од 45,6 отсто во 2008 година

Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2008 година има Скопскиот регион со 45,6 проценти, а најмало Североисточниот регион со 5,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат единствено Скопскиот регион  и тоа за 56,4 отсто и Пелагонискиот регион за 3,9 проценти. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија. Најмал бруто- домашен производ по жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион, кој достигнува 52,6 отсто од просекот.

При користењето на податоците треба да се има предвид дека податоците за БДП по жител во одделни региони во голема мерка се под влијание на "commuter flows". Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто-домашен производ кој не е резултат на резидентното население.

Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила. Податоците не ја прикажуваат развиеноста на регионите од аспект на приходите на населението. /крај/ стат/мп/ит

Овие податоци само покажуваат за сериозен несразмерен равој во РМ и опасен концентрација на се и сешто во Скопје, но покажуваат и запрепастувачкко ниво на сива и црна економија во Полошкиот регион кој има најмал бруто приход. Имено секој  кој и малку е запознаен со економската состојба во Полошкиот регион ке ви потврди за апсолутно големиот раст на економскиот сектор во Тетово и Гостивар, што е противречно от објавените податоци.

Едноставано Полог (Тетово и Гостивар) не плакаат даноци и придонеси, не користат легални текови на пари итн итн...

Ето това е

http://makfax.com.mk/109918
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #247 на: Јуни 15, 2010, 01:06:47 »

ЕК критикува Македония за етническо разделение

Цитат
Европейската Комисия срещу расизма и нетолерантността публикува днес нов доклад  за Бивша Югославска Република Македония.

В него се отбелязва, че има известни подобрения, но също се изразяват опасения за силното разделение на обществото по етническа линия и трудното положение на ромите.

http://news.ibox.bg/news/id_1866062811
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

deko

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 181
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #248 на: Јуни 15, 2010, 01:31:15 »

 Скопски регион со најголемо учество во БДП од 45,6 отсто во 2008 година
 
 Е точно можеби е  така е наймалко Полог (Тетово и Гостивар) плакаат наималко даноци и придонеси.Но се поставува и друго прашанъе дали Щерийо од Фершпед, Свето от пивара, и други власи койщо со помош на криманалната приватизация станаа сопственици на най-големите фирми во Македония дали овие луге според тоа колку заработуваат плакаат соодветно данок и придонеси.Дали некоя власт во Македония до сега найде доволно храброст да го го испита потеклото на имот на оваа категория на луге.По се изгледа тие се просто кажано недопирливи за власта тие се пояки и от самата дръжава.Не велам дека опщините каде што поголем дел от населенито е албанско не треба да плака данок и придонеси,велам само даночната политика треба да биде принципиелна.Во секоя современе дръжава нема привелигирана категория по основа на националност а зощо тогаш кай нас е обратно зошто таа привилегия им е дадена на власити.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #249 на: Јуни 16, 2010, 09:37:08 »

Ова е капитул ација на владината политика



Што значи за Македонија што не се најде во заклучоците на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург?

- Тоа беше капитулација на дилетантската политика на премиерот Никола Груевски во евроинтеграциите. На сите им стана јасно дека со ваква политика не можеме натаму. Ако Груевски нема намера да ја менува политиката, а убеден сум дека нема, единствена опција е да се порази на предвремени избори и да се одблокира процесот.

Посебно боли фактот дека шпекулациите оти Македонија не е веќе лидер во процесот на евроинтеграции на западниот Балкан се вистинити. Од завчера тоа е Србија.

Може ли земјава како кандидатка за членство, сепак, да очекува сигнал од Унијата во наредниот период?

- Не може да очекува ништо ако не се наметне. Веќе е јасно дека за време на белгиското претседателство со Унијата нема да има сериозен напор Македонија да се стави на агендата. Отворено ни беше кажано „ако се наметнете, бујрум“. А колку ќе чекаме, зависи од нас. Но, многу е веројатно дека не' очекува длабока политичка криза, како и предвремени избори на кои опозицијата ќе победи и ќе ја врати земјава во процесот.

Ви изгледаат ли реални информациите за тајна дипломатија и интензивни преговори за името?

- Убеден сум дека има обиди на меѓународната заедница да помогне. Отсутноста на посредникот Метју Нимиц подолго време се надоместува со повеќе пораки од нашите пријатели, како што се словенечкиот премиер Борут Пахор и српскиот претседател Борис Тадиќ.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EC73D14B3BCD354C8E03CB2B698032B3
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

deko

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 181
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #250 на: Јуни 16, 2010, 05:04:07 »

- Убеден сум дека има обиди на меѓународната заедница да помогне. Отсутноста на посредникот Метју Нимиц подолго време се надоместува со повеќе пораки од нашите пријатели, како што се словенечкиот премиер Борут Пахор и српскиот претседател Борис Тадиќ.
   
 E има разлика помегу Борут Пахор  и Борис Тадич, првиот можеби повеке от жал или сентименталност можеби  навистина човекот сака да помогне, но кога се работи за некой политичар от Сръбия  е сосема нещо друго.Многу пати во историята се покажа дека Сръбия е найголемиот неприятел на незавизноста на  Македония.Сегашната политичка состойба, но и големата психичка неурамнотеженост на македонските политичари им одат во полза на српските апаетити кон Македония и присоединуванъе кон Сръбия.Но найвероятно заспаноста на българските политици ке се надомести со будноста на албанските политици в Македония, иначе многу одамна ке беше раелизиран српскиот сон за вардарска бановина и директна граница со Гръция.На некой начин можеби е помалко смешно  но е реално македонските българи треба да е благодарни на албанците от македония што сеуште не е се веат сръпски знаминъа по улиците.
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #251 на: Јуни 16, 2010, 05:18:01 »

TOЧНО  ТАКА  Е  Деко!
Сочувана

MacedonBG

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 762
    • Погледај го Профилот
    • Българският националистически форум
Одг: Македонска реалност
« Одговори #252 на: Јуни 16, 2010, 06:39:57 »

И се согласувам со коментарот на deko.
Сочувана
Българският националистически форум http://www.forum.bg-nacionalisti.org/index.php
Facebook account - Kaloian Ivanov Macedonbg

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #253 на: Јуни 17, 2010, 11:47:05 »

Бранко Црвенковски најави протестен митинг на 27. јуни

Цитат
Република Македонија ќе го покаже својот лик, ќе ја покаже својата големина и храброст, ќе го дигне својот глас на 27-ми јуни, ден-недела на големиот протестен митинг кој ќе го организира СДСМ пред Владата на Република Македонија, порача првиот човек на СДСМ Бранко Црвенковски по вчерашната роденденска прослава на ВМРО-ДПМНЕ.

Синоќа со митинг заврши 50-дневното празнување по повод 20. годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Во целиот изминат период во јавноста со право се поставуваше прашањето: Што е тоа што владејачката партија ќе слави и тоа на таков мегаломански, аздисан, северно-корејски начин?

http://inpress.com.mk/?ItemID=638FB337DA6BF3469A65580362228824
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #254 на: Јуни 18, 2010, 08:14:03 »

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2046&ArticleID=142767

ПОСТОИ ЛИ КРИМИНАЛЕН СИНЏИР ВО ПАСОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ?
Пасош на рака за 200 евра под рака!
Сочувана