Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонска реалност  (Прочитано 208289 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #226 на: Јуни 01, 2010, 09:49:59 »

http://www.spic.com.mk/kat/biznis/brisel-lae-gruevski-si-vrvi.html

Брисел „лае“, Груевски си врви


Извештаите што пристигнуваат од седиштето на ЕУ, за владата се битни тамам толку колку и оние од АСЕН, Здружение на земјите од Југоисточна Азија, коментираат експертите
09:00 | 30.05.2010 | Автор: Маја Михајловска

 Тоа што премиерот Никола Груевски останал глув на охрабрувањата од Брисел дека ќе го поддржат доколку постигне компромис за името, потврдува дека тој не е заинтересиран земјата да ја внесе во ЕУ. Неговото внимание е насочено кон дома, со тоа што мисли гласачкото тело и за неговиот личен рејтинг. Ова е оцената на експертите откако известувачот
 за Македонија, европратеникот Зоран Талер, завчера во Скопје со жалење констатира дека нема напредок во спорот за името, што е услов на Самитот на ЕУ на 17 јуни да добиеме датум за преговори. Притоа, тој откри дека европските функционери го убедувале Груевски дека нема да го остават сам кога би ја презел одговорноста да направи компромис со Грција.
- Премиерот не го изместуваат од рамнотежа критиките што доаѓаат од седиштето на ЕУ. Се додека слуша дека народот не е за промена на името и ги гледа анкетите, не го интересира Брисел. Извештаите што пристигнуваат од таму се третираат како оние од АСЕН, Здружение на земјите од Југоисточна Азија - коментира домашен аналитичар.
Талер, пак, недвосмислено порача дека владата не треба да ги носи своите одлуки врз основа на анкетите, за да го сочува рејтингот и за првпат преку него дојде јавно предупредување дека Брисел се сомнева во искреноста на Груевски за влез во ЕУ. Неговите изјави според нашите соговорници треба да се земат максимално сериозно, бидејќи тој го пренесува ставот на Брисел.
- Кога ќе дојде известувач за Македонија и со одбрани, дипломатски зборови, на вешт и заобиколен начин ќе
 ја каже пораката, како што тоа го направи Талер, тоа значи дека е доминантно и оформено размислување во Европската унија. Ако во претходните 2-3 години се прашувале и се сомневале, значи дека сега тоа е оформен став на Брисел - вели професор Стево Пендаровски.
Дека Груевски бега од решавање на спорот за името, смета и лидерот на НСДП, Тито Петковски, кој завчера во Собранието им предложи писмен договор на политичките партии за заеднички став за името, кој премиерот експресно го одби со образложение дека партиите имаат различни позиции.
- Тој бега како ѓавол од темјан да не дискутира за името, затоа што ако има државна стратегија за името, ако ги собере политичарите, тогаш ќе го изгуби најсилниот адут со кој го одржува рејтингот и се држи на власт, а тоа е поделбата на патриоти и на предавници. Затоа и не случајно за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ го избраа слоганот „За татковината се работи“, но всушност се работи за добивање избори, за власт и за пари - вели Петковски.
И евроамбасадорот Ерван Фуере деновиве порача власта да поведе отворена дебата за името во собранието и во јавноста.


Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #227 на: Јуни 01, 2010, 10:40:05 »

Политичките структури иритирани од изјавата на Груевски

Цитат
Остри реакции од опозицијата и владејачката албанска партија ДУИ следуваа денеска по вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, а политичките партии велат дека премиерот го покажал својот лажен патриотизам.
Од ДУИ велат дека 100 отсто од Албанците се за безусловно зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.

http://www.forum.com.mk/23860
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #228 на: Јуни 01, 2010, 10:48:59 »

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E1FD54D65D8FC647942BFA6D1EB0BFA2

Нико не сме да нас бије
Иако секоја сличност на реториката од завчерашниот говор на премиерот Груевски со оној на Милошевиќ од Газиместан е случајна, сепак, не ќе беше лошо некој од младите вмровци да му довикнеше на премиерот дека откога се на власт, Грција не' бие на сите полиња, па да може Груевски да ги бакне камата и револверот и славно да одговори: Нико не сме да вас бије!............

Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #229 на: Јуни 03, 2010, 04:22:38 »

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123850

Прогласена „Република Танушевци“

Коментари (6)     
 
 
03.06.2010 14:30 
Џезаир Шаќири
 
 
Угледниот британски весник „Фајненшл тајмс“ објави текст во кој поранешниот командант на ОНА, Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, тврди дека прогласил „Република Танушевци“, додека македонските власти ова го оценуваат како несериозно, тврдејќи дека станува збор за желба за публицитет.

Во планинскиот регион каде Македонија се граничи со Косово, командант Хоџа прогласил „Република Танушевци“, тврди самиот тој во изјава за весникот „Фајненшл тајмс“.

Во текстот што овој угледен лондонски весник, го објави вчера попладне, Хоџа тврди дека неговите луѓе пукале на полициски хеликоптер пред две недели. Тој додава дека имаат поставено тешко вооружување на влезната врата на локалното училиште во Танушевци, кое наводно им служи како канцеларија.

„Македонската држава ни носи само неволја“, изјави Џезаир Шаќири, ветеран на поранешната ОНА и поранешен пратеник, познат по своите националистички и антимакедонски ставови.

„МВР ниту коментира, ниту ќе коментира изјави од лица кои се подготвени да кажат се и сешто само за да добијат медиумско внимание“, изјави Иво Котевски.

Македонската полиција во пограничниот реон кај Косово во три одделни акции, кај Блаце, Радуша и тетовско, заплени големо количество оружје кое криминални групи се обидоа да го прошверцуваат.


Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #230 на: Јуни 03, 2010, 04:38:41 »

http://www.time.mk/read/130fac9e16/f6f939552a/index.html
Три сценарија за Македонија во Брисел
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #231 на: Јуни 03, 2010, 06:33:45 »

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=23104

Брисел е разочаран од Македонија
четврток, 03 јуни 2010, 17:36
Брисел е разочаран од ситуацијата во Македонија – таков бил настапот на делегацијата на Европската комисија која деновиве престојува во земјава. Според извори на АЛФА, тимот предводен од шефот на одделот за Македонија во директоратот за проширување Кристијан Хедберг нотирал бројни забелешки – од застој во политичкиот дијалог, нарушени меѓуетнички односи па се до оценки за партизирано судство и корупција. На средбите кои претходеле на Комитетот за стабилизација и асоцијација, кој денеска и утре заседава во Скопје, европските дипломати изнеле стравувања за текот на реформите во земјава.

Предупредиле дека во Брисел се разгледуваат три можни сценарија за Македонија на претстојниот самит на Унијата – првото е земјава воопшто да не се најде на дневниот ред, што би значело дека за неа ќе нема заклучок. Второто сценарио е да се преземе декемврискиот заклучок на шведското претседателство – за прашањето за датум за преговори да се расправа за време на наредното - белгиско претседателство со Унијата. Третото и според оценките на дипломатите најнеповолно сценарио, кое го турка Грција, е Македонија да биде на дневен ред на Унијата откако ќе биде постигнат напредок за името.

На состанокот со лидерот на опозицјата Црвенковски, Хедберг според соопштението на СДСМ, рекол дека годинава не само што не е постигнат очекуваниот напредок, туку се преземаат чекори кои се толкуваат како враќање назад. Шефот на дипломатијата Милошоски, кој заедно со премиерот Груевски и со уште неколку министри имаше средба со амбасадорите на ЕУ и НАТО во земјава, за која вели дека била редовна, не сакаше да ги коментира пораките на Хедберг.

,,Не би го коментирал споменатиот, бидејќи не сум имал состанок со него. Денеска, со премиерот и со дел министрите имавме редовна средба со амбасадорите на ЕУ и НАТО во земјава. Беше изнесена сликата за реформите во РМ. Македонија минатата година покажа дека може да направи добри реформи, што беше потврдено со извештајот на ЕК и без разлика на политиката на Брисел реформите продолжуваат,, - изјави министерот Милошоски.

Амбасадорите, од кои дел пеш си заминаа од владата, не сакаа да зборуваат за состанокот. Нивниот одговор беше дека тоа што имале да го кажат, го рекле во премиерскиот кабинет.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #232 на: Јуни 04, 2010, 10:04:38 »

Црни оценки на „Фајненшел тајмс“ за Македонија

Цитат
Лондон – „Блокадата на евроатлантските аспирации на Македонија поради наметнатиот спор околу името на државата може да ги влоши меѓуетничките односи во државата“, пишува лондонски „Фајненшел тајмс“.

Земјата која се' уште официјално е „поранешна југословенска република“ и од 2005 година има статус на земја-кандидат за Европската унија, според овој весник, изгледа растресена како никогаш досега по воените судирања во 2001 година..

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3BF1B4AB8041A740B02F84CE67E05049
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #233 на: Јуни 04, 2010, 11:12:15 »

Порака од ЕУ: Македонија назадува



Цитат
Доколку Македонија продолжи да се однесува на ваков начин спрема реформите, т.е. да не прави ништо, самата ќе се пасивизира во однос на европските интеграции, е пораката неофицијално на претставниците на Директорат за проширување на Европската комисија, кои вчера и денеска се наоѓаат во работна посета на Македонија. Тие на средбите со директен и алармантен речник укажале дека доколку до самитот на НАТО во ноември не се реши спорот со името, Унијата ќе крене раце од нас.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3ADF75096AF8444381E5AFAB63B5C188
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #234 на: Јуни 06, 2010, 04:09:23 »

http://www.time.mk/read/8754fe7544/d5d9576367/index.html

Црвенковски: Датум за преговори во јуни нема да добиеме


Како ќе биде точно заклучокот на Советот на министри на ЕУ на 18-ти јуни е тешко да се претпостави. Најлошо е ако воопшто не се најдеме на дневниот ред. Но, она што е најзначајно за Македонија е сознанието дека датум за преговори нема да добиеме, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

“Како резултат на сето тоа очекувам во периодот што доаѓа една демонстрација на разочараност од страна на ЕУ во Македонија и нивно пасивизирање во однос на нашата интеграција во Унијата“, вели Црвенковски.

 
Од друга страна, вели Црвенковски, очекувам зголемен активитет од САД, се разбира не на неограничен временски период, туку во наредните 3-4 месеци, имајќи предвид дека на почетокот од ноември во Португалија се одржува Самит на НАТО.
“Вашингтон, се разбира, е повеќе заинтересиран за интеграциите во НАТО, отколку за оние во ЕУ. Доколку ја пропуштиме таа шанса, можно е да дојдеме во ситуација да бидеме на долг временски период блокирани во двата процеса. Лошо е, може да биде и катастрофално за иднината на земјава, ако и ЕУ и НАТО и САД кренат раце од Македонија“, оценува лидерот на опозициската СДСМ.

Според Црвенковски, предвремени избори пред самитот на НАТО во ноември би било “јасен, недвосмислен сигнал дека Македонија не само што нема намера да го решава спорот со Грција, туку дека нема буквално никаков интерес за успех во интеграциите кон ЕУ и НАТО“.

“Доколку не се постигне никаков исчекор на планот на деблокирање на ЕУ и НАТО интеграциите, по ноември мислам дека нови предвремени парламентарни избори ќе станат неопходност, нужност и нема да зависи од волјата на Груевски или парламентарното мнозинство. Ќе се создаде таква ситуација во која ќе мора да се оди пред граѓаните и да се бара нова доверба. Што се однесува до СДСМ, ние сме подготвени за избори и тоа не само да учествуваме, туку и да победиме на тие избори, изјави претседателот на СДСМ во интервјуто.



Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #235 на: Јуни 07, 2010, 09:13:30 »

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123978
Судскиот совет е под влијание на власта.       
 
 
07.06.2010 15:57 
 
 
 
Власта сака се да држи под контрола и судството и медиумите, обвини опозицијата. Го прашаа првиот човек на Судскиот совет зошто во отчетот за сработеното не кажал ни збор за класичниот упад во сите сфери на портокаловата револуција.

„Мислите дека ЕУ не гледа каков притисок се врши врз медиумите во Р.Македонија? Не гледате? Сега Ѕинго ќе води „Опуштено“ на А1 наместо Тони Михајловски, Борис Стојменов не знам што ќе води, „Тркало на среќата“, затоа што треба да се затвори А1. И тоа се проаѓа и нели „за татковината се работи?“ или за Груевски се работи“, вели Јани Макрадули, СДСМ.

150 пријави има за клевета на новинари и илјадници евра казни, кои само го пренеле она што било кажано.

„Илјадници евра казна, а на спротивната страна имате така наречени новинари, кои што се мотивирани или финансирани од Владата, од ВМРО-ДПМНЕ и секојдневно се сведоци на закани, уцени, користење на говорот на омраза. Полициски снимки од службата за државна безбедност ја користат за компромитирања на одредени јавни личности“, рече Горан Мисовски, НСДП.

Грчев не гледа поврзаност и зошто на седницата се споменуваат медиуми, не треба никој да му дели лекции за состојбите во судството зошто добро ја познава.

„Во одредени сегменти на однесување на одредени судии, состојбата во судството е полоша дури од најлошиот извештај кој што го имате прочитано, меѓутоа на одредени судии и Судскиот совет се обидува и прави напори, не под нечија директива, ни под ничија уцена, уште помалку под нечиј притисок, да се справи со таквите состојби“, изјави Васил Грчев, Претседател на Судски совет.

И додека мнозинството бараше да не се вади сиот валкан веш и се правдаше дека иако во судството не цветаат рози, сепак не е се толку црно, дека состојбата е наследена, опозицијата обвинува, судството е во под политички притисок на Маневски, извештајот на Судскиот совет е напишан во Владата, се чека амин и список од власта за да се изберат новите апелациони судии, правдата се дели насилно со полициско-партиски методи.

Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #236 на: Јуни 09, 2010, 09:16:32 »

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BC3490CB53D02E45BEC571E49257EFA5

Српското брашно ја јаде нашата пченица

 
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #237 на: Јуни 09, 2010, 12:10:18 »

ВЕСТ НА САЕМОТ НА ЕРОТИКА ВО БЕЛГРАД
Не сте зрели за ЕУ

Цитат
Актуелната и моментно најплатена порно актерка Лора Крафт од Унгарија со македонското знаме на голите гради и дава поддршка на Македонија за влез во ЕУ. Убавицата со шестгодишно искуство открива дека услов една земја да влезе во европското семејство.

Цитат
* Знаеш ли каде е Македонија?
- Секако дека знам. Не сум била кај вас, но би сакала да ја посетам вашата земја и да и дадам поддршка за побрзо да влезе во ЕУ. Еве и моите колешки ќе ги поканам заедно со голи гради да ги поттикнеме странците. Моментно добив понуда да снимам за македонскиот пазар.

;D
Сочувана

Anton

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 580
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #238 на: Јуни 10, 2010, 12:41:04 »

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=2040&ArticleID=142332

МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ВО СОФИЈА
Бугарите бараат вето за Македонија
Здруженијата на Бугарите во Македонија денеска со протест низ улиците на Софија ќе побараат Бугарија да постави вето за почеток на преговорите со Европската унија со Македонија. Тие сметаат дека со третманот што го имаат македонските граѓани што се чувствуваат како Бугари, Македонија не заслужува да стане членка на Унијата. Во Здружението „Радко“, кој е главен организатор на протестот, се разочарани од третманот на властите во случајот со Спаска Митрева, на која, според нив, и било одземено родителското право само затоа што се декларира како Бугарка. Главна цел на протестот, чијшто слоган е „Да ја кажеме вистината на висок глас пред Европа и светот“, е да се побара од властите во Софија да ги преиспитаат односите со Македонија затоа што таа континуирано водела политика која не можела да се нарече добрососедска. Владимир Панков, претседател на „Радко“, смета дека Бугарија треба да има специјална државна политика, која ќе зависи од однесувањето на раководствата во Македонија. - Со протестот, кој ќе почне пред плоштадот „Александар Невски“, сакаме да побараме од бугарските власти, поточно од претседателката на Народното собрание, Цецка Чачева, да подготват резолуција со која ќе го осудат македонизмот како идеологија која е создадена од Коминтерната - вели Панков. Во „Радко“ напоменуваат дека не се против интеграцијата на Македонија во Европската унија, но бараат во неа да важат европските критериуми. Едно од барањата е Македонија да биде мултиетничка држава уредена по примерот на Швајцарија, во која составен дел од Уставот ќе бидат и граѓаните што се чувствуваат како Бугари. На протестот ќе биде побарано македонските власти да го регистрираат „Радко“ како политичка партија за што веќе е упатено барање до Управниот суд. Судот досега ги одбиваше нивните барања со образложение дека платформата е спротивна на уставниот поредок на Македонија и шири верска и национална омраза. „Радко“ чека да ја добие отштетата од 5.000 евра што ја одреди Европскиот суд во Стразбур како надомест што македонските судови пред седум години не го регистрирала ова здружение. Образложението на судот беше дека со забраната Македонија ја прекршила Европската конвенција за човековите права и правата на здружување.


Сочувана

MacedonBG

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 762
    • Погледај го Профилот
    • Българският националистически форум
Одг: Македонска реалност
« Одговори #239 на: Јуни 10, 2010, 07:07:59 »

ВЕСТ НА САЕМОТ НА ЕРОТИКА ВО БЕЛГРАД
Не сте зрели за ЕУ

Цитат
Актуелната и моментно најплатена порно актерка Лора Крафт од Унгарија со македонското знаме на голите гради и дава поддршка на Македонија за влез во ЕУ. Убавицата со шестгодишно искуство открива дека услов една земја да влезе во европското семејство.

Цитат
* Знаеш ли каде е Македонија?
- Секако дека знам. Не сум била кај вас, но би сакала да ја посетам вашата земја и да и дадам поддршка за побрзо да влезе во ЕУ. Еве и моите колешки ќе ги поканам заедно со голи гради да ги поттикнеме странците. Моментно добив понуда да снимам за македонскиот пазар.

 ;D
Голяма поддръжка.. ;D ;D ;D
Сочувана
Българският националистически форум http://www.forum.bg-nacionalisti.org/index.php
Facebook account - Kaloian Ivanov Macedonbg