Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонска реалност  (Прочитано 208857 пати)

Апостол

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 509
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #45 на: Февруари 10, 2010, 07:45:21 »

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119705
Судиите се жалат на притисок од власта
Предраг Петровиќ  Коментари (0)     
 
 
09.02.2010 18:27 
 
 
 
Детални и прецизни одговори во која судиите ги признаваат притисоците од власта и зависноста на судството, содржи анкетата на ОБСЕ која министерот за правда Маневски не ја видел и не ја признава.

Оваа анкета сега излезе пред очите на јавноста. На 90 страници содржани се одговорите на кои велат - Судскиот совет не е независен орган, чувствуваат притисоци од партиите и од владата, а министерот за правда сметаат дека не треба да биде член на советот
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #46 на: Февруари 14, 2010, 12:16:32 »

Скопје на Груевски ќе стане како Белфаст на Фуере

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119846

Цитат
Скопје на Груевски ќе стане како Белфаст на Фуере, предупредуваат група албански интелектуалци на дебата организирана од Нова Демократија.

Со црква на плоштад но без џамија, Скопје ќе се подели на два дела муслимански и православен исто како што се поделени католиците и протестантите во Белфаст.

АНТИЧАРИТЕ НЕ СЕ СВЕСНИ КОЛКУ РАБОТАТ ЗА АЛБАНЦИТЕ !  ;)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #47 на: Февруари 14, 2010, 11:06:53 »

Американската „рака“ на Балканот

Скопје, 14. февруари (ИНПРЕС)

Последните неколку дена како изненадување одекна веста дека Америка ќе ја гради најголемата Амбасада на Балканот во Белград. Дали таа е третата амбасада по големина во светот по оние во Лондон и Москва? Дали Србија станува приоритет на американците на Балканот? Дали се поместува тежиштето на американците од албанско кон српско партнерство? Кои се причините за тоа? Колкава е економската цена на целиот аранжман? Која е позицијата на Македонија?

Во последните две години, на Балканот се случија доволно интересни настани, за да уште еднаш го потврдат неговото геостратешко значење како крстосница на разни сфери на влијание, крстосница на православна, католичка и муслиманска религија и крстосница на етнички ентитети со античко, словенско, романско или муслиманско потекло.

Ова подрачје е сфера на интерес на американците, и тоа е веќе потврдено со америкаската и НАТО интервенција во најкритичните моменти. Во Босна во 1994, со нападот на Србија во 1999 во одбрана на човековите права на Косово, и посредувањето во Македонија во 2001 година, како олеснувач или наметнувач на рамковниот договор?

Нивното воено присустви на балканот е доминантно преку Бонстил, со што го потврдуваат сојузот со Албанците. Ја признаа Македонија под уставно име, и го потврдија стратешкото партнерство. Градат најголема Амбасада во Белград, и даваат јасен сигнал кон Србите дека ги сметаат како сериозен балкански фактор. Бугарија е нивни партнер во НАТО, а за Грција тоа е одамна потврдено.

Кои се нивните стратешки инвестиции во Македонија? Дали Макединија е само воено-политички интересна зона или и економско интересна зона? Кои се американските инвестиции во Македонија? Ќе остане ли Македонија да се потпира само на европски нвестиции, на германски, австриски, грчки и француски капитал? Ќе има ли директни американски инвестии во Македонија?

Суштинското прашање кое се поставува за нас како држава е, која е позицијата на Македонија во целиот сплет на вакви настани, кои се нашите сојузници и колку е силна нивната поддршка? Кои  се интересите, политички, или економски?

Ако до пред една година се радувавме на најголемата американска Амбасада на Балканот во Скопје, после една-две години тоа нема да биде нашата „гордост“? Зошто? Направивме ли некаква грешка или тоа е последица на политиката на моментален интерес?

Да не заборавиме дека Америка беше најсилниот поддржувач на Македонија за прием во НАТО. Да не заборавиме дека Америка не призна под нашето уставно име. Да не заборавиме дека најголем дел од граѓаните се за членство во НАТО и ја сметаат Америка како стратешки партнер. И да не заборавиме дека Америка одигра клучна улуга во решавањето на војната во 2001. И да не заборавиме дека најголем дел од албанското население е многу повеќе посветено на Американците. Да не заборавиме дека токму тие ги веат америкаските и албанските знамиња секогаш кога ќе загусти. И да не ги занемариме последните воинствени изјави на дел од албанските лидери. И да се потсетиме дека другиот дел од политичките лидери партиципираше во војната во 2001 како воена а не како политичка опција на власт.

Губат ли американците трпение во справувањето со балканските проблеми? Кои се нивните интереси на Балканот? Економски, политички, анти-терористички? Го поместуваат ли тежиштето од албанскиот кон друг политички центар – Белград?

Македонската и балканска јавност сеуште неосвестени од понеделничкото интервју за Канал 5 телевизија, каде лидерот на ДПА Мендух Тачи отворено повикуваше на војни и прекројување на граници, повторно тргна во нов воинствен поход, овојпат од Тирана преку Топ-канал. Тачи од албанскиот главен град порача дека неговата партија и Албанците во Македонија се подготвени да формирааат сеалбанска коалициона влада во Република Македонија.

Пратеникот и лидер на Нова демократија Имер Селмани, побара од премиерот Никола Груевски Македонците да учат албански од прво одделение, како што неговиот министер за образование Тодоров, го бараа тоа од Албанците? Побара и споменик на Џемо. За пратеникот Рушити, контраверзите и поврзаноста на балистичкото движење и Џемо Хаса со фашистичката иделогија биле последица на различно читање на историските факти.

Вујкото на ДУИ“, пратеникот и ветеран на ОНА Фазли Велиу, му порача на Груевски. – „Не биди како Милошевиќ, оти ќе те снајде истата судбина.“

Велиу, истакнат член на партијата на Ахмети, последната одлука со која македонскиот јазик треба да се учи од прво одделение, ја оценува како анти-албанска и анти-граѓанска.- „Можете да постапите како што сакате, со силата на стапот и камшикот, но не можете да не присилите да влеземе во бездна, каде што вие сте на нејзиниот раб. Ниедна империја не успеала да не асимилира, уништи, па ниту оваа што вие го предводите“, му пишува Велиу на Груевски.

Рикер изјави дека и тој самиот го зборува македонскиот, и порача ова прашање да не се употребува за караници по етничка основа.

„Нашата поента како амбасада, а верувам и на меѓународната заедница е дека граѓаните на оваа земја треба да го зборуваат македонскиот јазик. Одлично е и ако знаат да зборуваат и други јазици исто така, вклучувајќи го и нивниот мајчин јазик. Се работи за комуникација, тоа е многу важно. Се работи за давање можност на младите да се едуцираат, а тоа може да се постигне со дијалог и комуникација. Треба да престанете да бегате од главната поента кон некои неважни прашања“, изјави Филип Рикер.

Губат ли американците трпение кон воинствените лидери на Балканот? Губат ли трпение кон политичко-мафијашките кланови? Праќаат ли дипломатски сигнали со градењето на најголемата Амбасада за поместување на стратешкиот партнер кон Белград?

Дали Македонија ја следи американската политика?

Кој ќе го повчече следниот потег? Груевски или Рикер?

Или и двајцата заедно!

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=37E2F003D19C544FBABDA234EDB65793

Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #48 на: Февруари 14, 2010, 01:14:34 »

АНТИЧАРИТЕ НЕ СЕ СВЕСНИ КОЛКУ РАБОТАТ ЗА АЛБАНЦИТЕ !  ;)
Јас мислам дека свесно го прават тоа, само што не работат за Албанците, туку за Србите. Античарите се всушност Југоманите коишто ѕвездата петокрака ја заменија со ѕвезда 16-крака.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #49 на: Февруари 14, 2010, 02:51:34 »

АНТИЧАРИТЕ НЕ СЕ СВЕСНИ КОЛКУ РАБОТАТ ЗА АЛБАНЦИТЕ !  ;)
Јас мислам дека свесно го прават тоа, само што не работат за Албанците, туку за Србите. Античарите се всушност Југоманите коишто ѕвездата петокрака ја заменија со ѕвезда 16-крака.

Е ТОА Е ТОА ! ТОЧНО Е ДЕКА РАБОТАТ ЗА СРБИТЕ , АМА НАЙ-МНОГУ СИ КЯРАТ АЛБАНЦИТЕ !  ;)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #50 на: Февруари 15, 2010, 01:54:09 »

ТМРО: Која е целта со настапот на ватерполо клубот Работнички во втората српска лига

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=68114&kategorija=1

Цитат
Според ТМРО српските инсталации на КОС во Македонија стануваат се поактивни. Македонскиот ватерполо клуб Работнички се натпреварува во втората Српска ватерполо лига ?
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #51 на: Февруари 15, 2010, 04:57:23 »

Правописни грешки:  ;D

Сочувана

Апостол

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 509
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #52 на: Февруари 15, 2010, 04:59:54 »

http://www.time.mk/read/df9522a1bc/0f373a5664/index.html


Бачев: Вранишковски вчера се сретнал со претставник на странска амбасада


Во текот на вчерашниот ден во една вила на периферијата на градот Скопје е одржана мошне интересна средба на расколниците Јован Вранишковски и неговата десна рака Давид и уште неколку лица од нивното расколничко братство со една мошне интересна група меѓу кои бил и припадник на една амбасада на соседна држава во Македонија, тврди претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев.

“На средбата било договорен нов тактички приод во дејствувањето на паралелниот синод на Вранишковски, односно  на неговата дружина дадени им се разузнавачки инструкции да започнат со масовна агитација за привлекување на поединци на нивните богослужби за што можат слободно да ветуваат дека ќе исплаќат по илјада денари дневница, а истовремено со возила од една соседна земја ќе бидат носени луѓе за да нивните богослужби изгледаат помасовни и на тој начин да ги остваруваат посакуваните психолошки ефекти на теренот во Македонија, односно прикажување на масовност на т.н.црква на Вранишковски“, изјави Бачев на денешната прес конференција.

Според Бачев, оваа средба ги потврдува неговите тврдења дека Вранишковски работи за странски тајни служби.

Бачев тврди, дека наводно вилата во која се одржала средбата била во сопственост на македонските функционер во едно од министерствата.

“Оваа вила што ја спомнав е во сопственост на државен функционер во едно значајно владино министерство кое треба да се грижи за одбрана и заштита на македонскиот национален и културен идентитет“, вели Бачев.

Вранишковски веќе еднаш ги негираше тврдењата дека тој е шпион и работи за странски разузнавачки служби.



Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 15.02.2010 15:51:59
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #53 на: Февруари 15, 2010, 05:01:22 »

Браво на г-н Бачев! Прекрасен PR е на владиката!  ;D
Сочувана

Апостол

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 509
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #54 на: Февруари 16, 2010, 10:22:36 »

Браво  на  Г-н  БАЧЕВ.
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #55 на: Февруари 16, 2010, 10:49:13 »

Инпрес, 16.02.2010
Љубчо Георгиевски - Албанците ја сакаат Македонија цела за себе!

Цитат
Ако и сум ја ублажил реториката во однос на премиерот, тоа е само поради мојата определба да не бидам инструмент на левите сили во Македонија за рушење на Груевски, односно за враќање на Црвенкоски. Со други зборови, за Георгиевски, Груевски е зло, ама Црвенкоски е поголемо зло за Македонија.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #56 на: Февруари 19, 2010, 01:52:26 »

Соросоидите фатени во незаконско единство

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=147649FB043EDF45BDE53B23E9EF071B

Од финансирањето на А1 телевизија, како и дневниот весник Дневник, над петнаесет години фондацијата Сорос на Владе Милчин (функционер на СДСМ), и неговите соработници, вршат контрола и злоупотреба на медиумите, и најголем дел од невладиниот сектор. Секако, без исклучок во полза на една партија, на СДСМ... Поставувањето на Горан Гаврилов од Канал 77 (син на трикратен градоначалник на СДСМ во Карбинци) - за директор на Огледало - Медиа Принт (Дневник, Вест и Утрински весник), и новоименуваниот член Столе Наумов во Советот за радиодифузија, дрскоста оди дотаму што соросоидите отворено го прекршија и законот за недозволена раководна и имотна поврзаност на пишуваните и електронските медиуми

NO COMENT !  :o  :o  :o
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #57 на: Февруари 20, 2010, 12:21:09 »

Катерина Блажевска во „Дневник“

Цитат
УВОДНИК

Тарабунов за преговарач

Елитите во Скопје и во Атина се ставени пред тестирање на политичкиот морал, пред еден вид полиграф за скенирање на искреноста на нивните намери за решавање на спорот за името. Особено, сега кога е јасно посочено дека ЕУ нема резервен план, освен планот А и само А

Копретседавачот на мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и на ЕУ, Јоргос Шацимаркакис, вчера предизвика голема конфузија со изјавата дека македонскиот премиер дал одреден предлог за решавање на спорот за името. Бидејќи Груевски тоа експресно го демантира со тврдење дека воопшто немало такви конкретни разговори, остана нејасно како може од една средба да се испорачаат две дијаметрално спротивни изјави.

Но, според извори од мешовитиот комитет, најверојатно Шацимаркакис вчера се обидел да одигра соло-акција на теренот и да си придаде значење и ингеренции што реално ги нема, особено не во контекст на билатералниот спор и начинот на неговото решавање. Не се сомневам дека неговиот потег бил добронамерен, во смисла на позитивен поттик врз македонските власти, но во тоа не успева со лажен аларм. За волја на вистината, Јоргос досега неколкупати се прослави со слични обиди. Лани во декември го најави Хавиер Солана како можен европски посредник во спорот за името, за веќе следниот ден да дознаеме дека искусниот Шпанец воопшто не бил информиран, ниту консултиран за таа идеја. Во тој период Шацимаркакис сугерираше и дека е извесно фазно решавање на спорот, па дури и дека името е решено само што не се знае каков ќе биде опсегот на употреба. Сето тоа заврши како во приказната за волкот и лажливото овчарче. Со оглед на ваквиот „минат труд“ на Шацимаркакис, верувам дека премиерот Груевски е во право кога вели дека не дал конкретен предлог за името. Но, исто така му верувам и на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, кој вели дека е неопходно решавање на спорот во наредните три-четири месеци за да не се случи регионална нестабилност.

Со изјавата на Фуле падна и домашната карневалска маска, која се крепеше на тврд и самоуверен став дека шпанското претседателство со ЕУ воопшто не е временска рамка во која Македонија мора да покаже манири на добрососедство, да воспостави практика на директни контакти со грчката страна и да се соочи со фактот дека нема интеграција без компромисно решение.

Само до вчера, шефот на државата во ТВ-интервју со изненадување го дочека новинарското прашање дали до јуни ќе има исчекор во спорот за името. Иванов со голема политичка лежерност соопшти дека за нас не важи никаков „шпански рок“ во преговарачко-облигаторна смисла. Таквиот став до вчера како рефрен се препеваше по ТВ-барикадите лиценцирани за тврда одбрана на уставното име (ПЈРМ).

Сега кога Фуле направи јасна политичка конверзија на ставовите на ЕУ и го преведе нивното значење на „наш јазик“, домашните власти веќе немаат алиби да ја затскриваат политичката одговорност за (не)преземање чекори во насока што води кон компромис. Елитите во Скопје и Атина се ставени пред тестирање на политичкиот морал, пред еден вид полиграф за скенирање на искреноста на нивните намери. Особено, сега кога е јасно потенцирано дека ЕУ нема резервен план, освен планот А и само А.

Во основата на тој план се инсистира на одржување на добрососедските односи, кои се од суштинска важност за наоѓање заедничко прифатливо решение. Фуле е убеден дека лидерите на двете земји имаат голема одговорност, но и голема можност да постигнат трајна придобивка. Но, политичките аналитичари се убедени дека еврокомесарот е преголем оптимист по прашањето за рокот и дека не е реално да се очекува решение пред ноември. Пред се', затоа што Папандреу е фокусиран на економската криза во земјата и на притисокот од членките на ЕУ кои се противат да ги финансираат огромните грчки долгови. Додека јужниот сосед се справува со сопствениот банкрот, во Македонија на некои приземни културолошки нивоа течат инвестиции „за унапредување на добрососедските односи“. Колку за илустрација, во атмосфера на патриотски мачо-фолк, првата награда на „Гоце-фест“ ја освои кантавторот Ванчо Тарабунов, со следниве стихови:

    „Каква Северна,
    северот да ве однесе,
    уџум што подалеку
    некаде да ве одвлече,
    каква Горна,
    Горниот да им пресуди,
    ова секогаш било
    една Македонија“.

Ако од ЕУ не' прашаат како успеавме да паднеме до ова ниво, слободно може да им одговориме дека тоа е наша деловна тајна
.
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #58 на: Февруари 20, 2010, 10:47:44 »

Нов филм - „Надеж за Македонија“

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=5E2AAA7B7D4EA440983D59DF29A5D328

Македонија! Мала земја во центарот на Балканот. Годината е 2010. Моменталната општа состојба, недефинирана . Секој си го тера својот филм! Живеј го животот, бидејќи животот е твојот филм! Или, живеј во филмот, бидејќи филмот е твојот живот!

Ајде да го вратиме филмот назад, некаде во минатиот век, некаде во СФРЈ, ако паметиме што беше тоа!

Се сеќавате ли на 4 мај 1980 година? Почетокот на крајот на една ера наречена СФРЈ. Стоевме мирно и се поклонувавме на стариот филм, и бевме свесни дека почнува нов филм.

Филмот почна со економска криза, со вртоглава инфлација, со пропаст на државната економија. Се појави колективно претседателство, расправии, етнички тензии... И војна! Словенија почна прва, продолжи Хрватска, Босна настрада, Србија не остана на страна. СФРЈ се распадна!

Македонија стана независна држава, економско ембарго кон Србија, атентат на Глигоров, етнички тензии, националистички партии, плурализам, транзиција, колапс на стопанството, матна приватизација, пирамидални штедилници, неискусни политичари, етничка војна, рамковен договор, избори...

И пак истиот циклус. Економска криза, корупција, загубен Претседател, власт без контрола, избори.. И повторно! Афери, корупција, владина криза.. и па избори, и па криза, и пак власт без контрола....

Овој филм е твојот живот! Врати го филмот назад! Ако можеш!

Или... има ли крај овој филм! Прекинете го!

Дајте нов филм! Дајте и надеж на Македонија!

Новиот филм нека се вика „Надеж за Македонија“.

И нека биде со нови глумци! Доста ни е од овие сегашните, и леви и десни!


...Ако сакат нов филм прво треба да го вратат сегашниот на почеток, а таму е големата србо-комунистичка сцена на теророт и менување на етничкото самочуство на македонските Българи и претврање на РМ во орудие на големо србската политика на Балканите.
 
Нема јасна слика и разбирање за состојбите во Македонија, но уште поважно нема напредок на РМ без враќање на кон вистината...до тогаш ке си живеат/живееме во филмовите чиј режисери Македонија ја чуствуваат како безкрајно поле на безобразни манипулации и безкрајно молзење на економските ресурси и потенцијали на РМ.
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонска реалност
« Одговори #59 на: Февруари 23, 2010, 11:41:28 »

Македонија кочница на коридорите 8 и 10

http://www.forum.com.mk/_tools/article/18039/view

Цитат
Македонија е една од ретките земји во Европа која нема железнички врски со две од вкупно четири соседни земји

ДОБРО ШТО ИМ ТЕКНА !  ;)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !