Американската „рака“ на БалканотСкопје, 14. февруари (ИНПРЕС)
Последните неколку дена како изненадување одекна веста дека Америка ќе ја гради најголемата Амбасада на Балканот во Белград. Дали таа е третата амбасада по големина во светот по оние во Лондон и Москва? Дали Србија станува приоритет на американците на Балканот? Дали се поместува тежиштето на американците од албанско кон српско партнерство? Кои се причините за тоа? Колкава е економската цена на целиот аранжман? Која е позицијата на Македонија?
Во последните две години, на Балканот се случија доволно интересни настани, за да уште еднаш го потврдат неговото геостратешко значење како крстосница на разни сфери на влијание, крстосница на православна, католичка и муслиманска религија и крстосница на етнички ентитети со античко, словенско, романско или муслиманско потекло.
Ова подрачје е сфера на интерес на американците, и тоа е веќе потврдено со америкаската и НАТО интервенција во најкритичните моменти. Во Босна во 1994, со нападот на Србија во 1999 во одбрана на човековите права на Косово, и посредувањето во Македонија во 2001 година, како олеснувач или наметнувач на рамковниот договор?
Нивното воено присустви на балканот е доминантно преку Бонстил, со што го потврдуваат сојузот со Албанците. Ја признаа Македонија под уставно име, и го потврдија стратешкото партнерство. Градат најголема Амбасада во Белград, и даваат јасен сигнал кон Србите дека ги сметаат како сериозен балкански фактор. Бугарија е нивни партнер во НАТО, а за Грција тоа е одамна потврдено.
Кои се нивните стратешки инвестиции во Македонија? Дали Макединија е само воено-политички интересна зона или и економско интересна зона? Кои се американските инвестиции во Македонија? Ќе остане ли Македонија да се потпира само на европски нвестиции, на германски, австриски, грчки и француски капитал? Ќе има ли директни американски инвестии во Македонија?
Суштинското прашање кое се поставува за нас како држава е, која е позицијата на Македонија во целиот сплет на вакви настани, кои се нашите сојузници и колку е силна нивната поддршка? Кои се интересите, политички, или економски?
Ако до пред една година се радувавме на најголемата американска Амбасада на Балканот во Скопје, после една-две години тоа нема да биде нашата „гордост“? Зошто? Направивме ли некаква грешка или тоа е последица на политиката на моментален интерес?
Да не заборавиме дека Америка беше најсилниот поддржувач на Македонија за прием во НАТО. Да не заборавиме дека Америка не призна под нашето уставно име. Да не заборавиме дека најголем дел од граѓаните се за членство во НАТО и ја сметаат Америка како стратешки партнер. И да не заборавиме дека Америка одигра клучна улуга во решавањето на војната во 2001. И да не заборавиме дека најголем дел од албанското население е многу повеќе посветено на Американците. Да не заборавиме дека токму тие ги веат америкаските и албанските знамиња секогаш кога ќе загусти. И да не ги занемариме последните воинствени изјави на дел од албанските лидери. И да се потсетиме дека другиот дел од политичките лидери партиципираше во војната во 2001 како воена а не како политичка опција на власт.
Губат ли американците трпение во справувањето со балканските проблеми? Кои се нивните интереси на Балканот? Економски, политички, анти-терористички? Го поместуваат ли тежиштето од албанскиот кон друг политички центар – Белград?
Македонската и балканска јавност сеуште неосвестени од понеделничкото интервју за Канал 5 телевизија, каде лидерот на ДПА Мендух Тачи отворено повикуваше на војни и прекројување на граници, повторно тргна во нов воинствен поход, овојпат од Тирана преку Топ-канал. Тачи од албанскиот главен град порача дека неговата партија и Албанците во Македонија се подготвени да формирааат сеалбанска коалициона влада во Република Македонија.
Пратеникот и лидер на Нова демократија Имер Селмани, побара од премиерот Никола Груевски Македонците да учат албански од прво одделение, како што неговиот министер за образование Тодоров, го бараа тоа од Албанците? Побара и споменик на Џемо. За пратеникот Рушити, контраверзите и поврзаноста на балистичкото движење и Џемо Хаса со фашистичката иделогија биле последица на различно читање на историските факти.
Вујкото на ДУИ“, пратеникот и ветеран на ОНА Фазли Велиу, му порача на Груевски. – „Не биди како Милошевиќ, оти ќе те снајде истата судбина.“
Велиу, истакнат член на партијата на Ахмети, последната одлука со која македонскиот јазик треба да се учи од прво одделение, ја оценува како анти-албанска и анти-граѓанска.- „Можете да постапите како што сакате, со силата на стапот и камшикот, но не можете да не присилите да влеземе во бездна, каде што вие сте на нејзиниот раб. Ниедна империја не успеала да не асимилира, уништи, па ниту оваа што вие го предводите“, му пишува Велиу на Груевски.
Рикер изјави дека и тој самиот го зборува македонскиот, и порача ова прашање да не се употребува за караници по етничка основа.
„Нашата поента како амбасада, а верувам и на меѓународната заедница е дека граѓаните на оваа земја треба да го зборуваат македонскиот јазик. Одлично е и ако знаат да зборуваат и други јазици исто така, вклучувајќи го и нивниот мајчин јазик. Се работи за комуникација, тоа е многу важно. Се работи за давање можност на младите да се едуцираат, а тоа може да се постигне со дијалог и комуникација. Треба да престанете да бегате од главната поента кон некои неважни прашања“, изјави Филип Рикер.
Губат ли американците трпение кон воинствените лидери на Балканот? Губат ли трпение кон политичко-мафијашките кланови? Праќаат ли дипломатски сигнали со градењето на најголемата Амбасада за поместување на стратешкиот партнер кон Белград?
Дали Македонија ја следи американската политика?
Кој ќе го повчече следниот потег? Груевски или Рикер?
Или и двајцата заедно!
http://www.inpress.com.mk/?ItemID=37E2F003D19C544FBABDA234EDB65793