Изгорени од преродбатаОфанзивата на Груевски влегува во фаза на кулминација на голема и неповратна етничка, конфесионална, идеолошка, човечка и професионална диференцијација, која нема ништо добро да и' донесе на земјава, освен производство на зла крвПремиерот Никола Груевски ја одби поканата од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за телевизиски дуел. Вели дека нема потреба од соочување, затоа што како политичар одговарал само пред граѓаните. Но, за волја на вистината, тоа „одговарање“ на Груевски е целосно еднодимензионално. Поводите, настаните и местата на кои премиерот се среќава и им одговара на граѓаните, се предмет на класична Потемкинова сценографија, нешто налик на строга идеолошка и партиска иницијација. Низ тој филтер поминуваат списоци со докажани партиски кадри подобни за присуство во негова близина и погодни за примање на сигналите што ги испраќа „врвот на преродбата“. Тој се обраќа и одговара исклучиво пред партиски „стрејт“ граѓани, пред лица што поминале целосен систематски преглед на партијата, пред граѓани чиј капацитет за воздишки и восклик по преродбата однапред се измерени и избаждарени на партиската спирометрија. Пред нив воопшто и не е тешко е да се одговара, бидејќи тие и ништо не прашуваат. Му го чуваат грбот на премиерот додека одговара на нарачано прашање, се туркаат да застанат што поблиску до него, се трудат камерите да го овековечат нивното поданичко климање со глава и (не)свесно учествуваат во создавањето перцепција за масовна, сенародна поддршка на политиката на премиерот.Што се случува кога ќе се исклучат камерите? Еден по еден во срамен строј послушно се качуваат во партиските автобуси, ја земаат заработената дневница или стандардниот сендвич (зависно од учинокот) и заминуваат во своето „граѓанско“ секојдневие, кое со ништо не е изменето, освен што го добило епитетот „преродбеничко“.Груевски одлично знае дека нема ни реформи ни напредок со продавање метафизичка стока што во форма на пропаганда секој ден ја дистрибуира преку етерот, но тоа не го спречува да ги користи сите инструменти и да го прави токму тоа. Тој знае дека ја узурпира иднината и дека ја колонизира сегашноста преку имагинации во сто чекори. Знае и дека огромен број партиски нелиценцирани граѓани го прочитале неговиот филм и дека не сакаат да бидат натуршчици во него.Но, таквите и не ги смета за свои, па затоа и не чувствува потреба да одговара на нивните прашања. Тој и покрај уставната обврска, се однесува како премиер само за граѓаните што се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и на оние што со логистика на партијата истрчуваат на јавната сцена под заеднички именител „жртви на транзицијата“.ВМРО-ДПМНЕ може секој ден да разнесува крави, телиња, волови, кокошки, да мобилизира трактористи, стечајци и други категории граѓани да го критикуваат минатиот транзициски труд на Црвенковски. Но, прашање е зошто премиерот нема желба да дебатира со лидерот на СДСМ за истиот тој период? Затоа што таа дебата ќе му ја завршат „жртвите на транзицијата“, луѓе бројки, рентирани човечки судбини и извршители на неговите наредби, како што некогаш им прилегало на класичните деспотии. Дали само некогаш?Но, дури и ако се тргнат настрана евтините политички поени што премиерот планира да ги прокнижи со ваквите методи на владеење, мора да биде свесен дека е длабоко загазен во една многу опасна игра, која води кон целосна поделба на граѓаните по сите линии. Неговата офанзива влегува во фаза на кулминација на голема и неповратна етничка, конфесионална, идеолошка, човечка и професионална диференцијација, која нема ништо добро да и' донесе на земјава, освен производство на зла крв.Пред да стане предоцна, ако власта не е кадарна за смирување на страстите, јавноста треба да го крене гласот против оваа агресивна центрифуга во која се вовлечени сите граѓани на земјава. Во спротивно, земјава ќе биде прва жртва на преродбата. Пред кој било да се сети да формира такво здружение.
Ами имам едни приятели, които миналата година бяха ходили в Македония и там закъсали с колата. Каза, че македонците са искали да ги бият и единствените, които им помогнали били албанци.
Българската кауза в БЮРМ няма по–голям съюзник от албанците .
Цитат: александър на Март 22, 2010, 07:48:01 Българската кауза в БЮРМ няма по–голям съюзник от албанците .Много съмнителна теза.Между албанския и българския интерес в тази многострадална земя, албанците ще изберат албанския!Казано иначе - искат я цялата.
Цитат: Илийца на Март 22, 2010, 09:14:03 Цитат: александър на Март 22, 2010, 07:48:01 Българската кауза в БЮРМ няма по–голям съюзник от албанците .Много съмнителна теза.Между албанския и българския интерес в тази многострадална земя, албанците ще изберат албанския!Казано иначе - искат я цялата.Така е, но според мен изход за Македония е конфедерация със България. Със този език на омраза към България, Македония рискува след години да изгуби териториите населени със албанци.