ЗА МАЛАТА АНГЕЛА!Утрото, на денот кога исчезна, појадувала лажичка вода и лук !? Податок кој дребните хроничари, на ова време во невреме, веројатно ќе го испуштат. Заменувајќи го со многу побитни настани кои се случија тој ден, дебатата за Александар Велики, каде да стои неговиот споменик, каде да бидат и дали воопшто треба да бидат поставени бистите на „илинденците“. Од посебно значење за овој ден е дали и што кажал Друцос како и што му одговорил Милошоски ( нема В помеѓу О и С така е нели, ова е од исклучително значење за ПЈРМ). Овој ден имаше и фрапантно значаен податок за државата на пјрмовците, на врховниот врач му се роди ќерка, па дури во Хаг се печеле мекици и се служело овчо-полско влашко сирење. Затоа денес обвинителството не работеше . а богами и целата „курва вавилонска “ славеше. Според информациите на залутаните извидници, од пред високите јужни бедеми, во „Хитија“ не славеле, но најверојатно станува збор за неинформираност, многу бргу ќе се осознае светот дека потеклото нивно е наше, славно Македонско. Како нема логика, државата ПЈРМ а народот славен Македонски, види, стварно звучи оксиморонски. Мислите дека доручекот на малата Ангела ( кој ја нарече Ангел) не е идиотски.
Да токму така во 21-от век во ПЈРМ се градат споменци за славното минато и дечињата од шест години штедат за да го истакнеме нашето славно минато, хранејќи се со лук и вода. Но ....... дали нешто друго е вредно за дискусија. Да водиме на висок интелектуален стил дебати за името на ПЈРМ, за приемот во ЕУ и членство во НАТО. За подареното место на англичаните за хотел, како дел од мудрата политика на нашите властодршци, мудрост која ја гледаме дваесет години. Можеби од исклучително значење е дали рачињата на парламентарците усвоија уште еден закон, исчекорувајќи уште еден чекор од славниоте сто и нешто чекори на славната „преродба“. Не господа, ќе дојде денот кога во сон ќе ве прогонуваат малите Ангели понекогаш нарекувајќи се Елена, Јулија, Тамара, Јована и како ли не, кои немаат што да доручкуваат на кои им го одзедовте детството. Верувајте еден ден, многу бргу, ќе одговарате за најстрашното злосторство „ геноцид над сопствениот народ “. Тоа сте вие кои меѓу себе се нарекувате „транзициони“ политичари, бизнисмени и студенти, не сте многу, вдлабени во негативната македонска меморија. Македонскиот наред задоцнил но никогаш не заборавил !!!!!
http://www.tribun.com.mk/