Избори во мај и техничка влада ?Скопје, 20. јануари (ИНПРЕС)
Ќе ИМА, или НЕМА да ИМА избори во мај? Груевски ја губи контролата на повеќе фронта, а ја губи и битката со времето. Дали Македонија ќе влезе во некогашното италијанско сценарио на континуирани, предвремени, избори и "листопадни" влади? Македонија влегува во "маѓепсан круг"!?
Првиот фронт, медиумите. Притиснати од јавното мислење, принудени се да ги критикуваат грешките на власта. Највлијателниот национален електронски медиум А1, најверојатно не на своја рака, туку со амин на највлијателната светска политичка сила, комплетно се вклучи во кампањата за "приземјување" на Груевски.Се сменија работите откако Филип Рикер, се појави на "Второто заседание" на Демосовци. Нешто и вториот "коалициониот медиум" (Стојменов - Канал 5 ) ни нуди нагласена објективност и медиски плуралитет.
На удар и главниот промотор и спин "фраер" на Владата, прикажан како српски и анти-НАТО шпиун. Пораката е јасна: нема компромис и одложување на преземените обврски за интеграција во НАТО и ЕУ како основен услов за стабилизација на регионот во целина.Сега и првиот ,, коалиционен,, медиум ќе почне да размислуваа - како наатаму.
Вториот фронт - економијата. Нема странски инвестиции, домашните фирми ја губат битката со кризата, ликвидноста е катастрофална. Буџетските обрски се се поголеми: зголемена јавна администрација, покачени плати, пензии, нови кампањи и споменици…. Буџетот е празен, се доцни со исплата на обрските кон фирмите. Прашање е на време кога ќе се повлечат девизните резерви и дали следува девалвација на денарот?
Третиот фронт - меѓународниот фактор. Името е проблем со Грција, МПЦ е проблем со Србија, идентитетот со Бугарија. Франција со Саркози е "авион пријател" на Грција. Германско-австриското лоби тешко да ги заборави случаите со ЕВН и Заревски, Шпанија е "роднина" на Грција, а Британија ја влече локомотивата Србија. Америка, нашиот најсигурен партнер, сака стабилен Балкан, и не сака „занесени“ балкански политичари. Караманлис тоа најдобро го почувствува. А и на Папандреу не му е лесно, со пролетните претседателски избори.
Четвртиот фронт - владината коалиција. Зарем очекувате од човекот кој јавно не проговорил на македонски јазик, јавно да ги повика првооделенците да учат македонски? Впрочем, генезата на политичкото делување и кај двата партнера е национализмот. Тогаш, што го одржува тоа партнерство, и колку тоа може да се одржи? А другите, како Бајрам, Лиле, Павле, Ѕинго, Стојменов, Стоилковиќ, ќе останат - или со висока „продажна“ цена, или први ќе го напуштат бродот што тоне.
Петтиот фронт - самото ВМРО. Народна - бара избори, Обединети на Љубе, исто така. Се чуствува дека сега е моментот за пребројување помеѓу Груевски, Љубчо и Љубе. Внатре во самото ДПМНЕ, разни лоби груби со различни концепти. Испреплетени националистички, бизнис и политички интереси.
Времето работи против Груевски. Одлуката мора да падне. Ќе има, или не избори во мај?
Првата можност, да нема избори. Во тој случај, имајќи ги предвид претседателските избори во Грција напролет и тенката превласт на Папандреу во ситуација на економски крах на државата, многу е веројатно дека спорот со името ќе се одложи, ќе нема влез во НАТО и ЕУ за нас, ќе нема инвестиции, ќе нема економско-социјална стабилност.
Во таква ситуација, нормално е да има предвремени избори, во кои власта обично губи. А доколку се смени името, тогаш Груевски и ДПМНЕ ќе ја сносат најголемата одговорност и не ќе можат да го скротат национализмот во сопствените редови. Можно е да има промени во самото ДПМНЕ, што повлекува нови парламентарни избори.
Втората опција - предвидува избори во мај, со барање дозвола за промена на името, од страна на Груевски. Доколку ДПМНЕ ја потврди доминацијата, со 2/3 мнозинство во македонскиот електорат, формира влада со ДУИ, добива мандат уште 4 години, следува промена на името за време на Белгиското претседателство, до крај на 2010. Ако нема 2/3 од македонското гласачко тело, се формира техничка Влада која ќе го промени името до крајот на 2010, и ќе ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ.
Дали може ДПМНЕ да освои 2/3 мнозинство со барање за промена на име? Дали сака да освои мандат со обврска за промена на име?Суштествени прашања, нели?
Груевски е прагматичен менаџер. Многу е веројатно дека Груевски сака да биде на власт и да биде лидер на ДПМНЕ. Најсигурно за него е да има избори во мај, да побара промена на име, да не добие 2/3 мнозинство, да има техничка влада, (во континуитет од оваа власт, која силно ќе влијае на главните полуги во политиката и бизнисот и за време на техничката влада), да влеземе во НАТО и ЕУ, и … пак, избори.
Времето тече. Груевски е на потег. (Крај)
интересен осврт на inpress
http://www.inpress.com.mk/?ItemID=912B6B29FA6C9B418A5D4687BD6DA050