БККС, 25 јануари 2009
ПРОЕКТ НА БККС: ФОТОТИПНО ИЗДАНИЕ НА АЛМАНАХ „МАКЕДОНИЯ“ 
Со над 1000 страници и 3500 фотографии, алманахот „Македония“ содржи особено богат илустративен материјал за географскиот опсег и историската судбина на Македонија. Дадени се описи на десетици селишта, претставени се архитектурни и уметнички паметници, традиционални народни носии, обичаи итн. Голем е бројот на статиите за народни будители од Македонија, видни духовници и борци за самостојна просвета и црква, за раководни дејци на ВМРО, учесници во Илинденско-Преображенското востание, и учесници во револуционерните борби до почетокот на 1930-те години, за видни општественици од Бугарија и други земји, пријатели и заштитници на Македонија. Во алманахот се вклучени статистички таблици за демографијата на Македонија, за црковно-просветното дело во 19 век и почетокот на 20 век.
Корица на алманах "Македония", издаден во 1931 година, во Софија.
Фотографијата е преземена од интернет страницата на МНИ.Aлманах „Македония“ е изработен под иницијатива на македонската емиграција во Бугарија, која се јавува и како негов финансиер. Редакциониот комитет за изработка на алманахот е во состав на тројца македонски бугари: Илија Иванов - учител од Прилеп, Александар Развигоров - учител од Штип, и Димитар Ризов - учител од Битола, кој подоцна станува и бугарски политичар и дипломат. Редакциониот комитет сите собрани материјали во врска со издавањето ги поднел до Македонскиот национален комитет, како врховен водач на македонската емиграција, за преглед и одобрение за печат. Со писмо бр. 4987 од 6 јули 1919 година, Македонскиот национален комитет ги одобрил материјалите и издавателството на алманахот.
Со иницијативата биле запознаени и други македонски организации, а во изработката на Алманахот учествувале редица знаменити општествени и културни дејци: д-р Г. Кацаров, Б. Филов, д-р Ал. Тодоров – Балан, Ив. Снегаров, Н. Благоев, Ст. Младенов, д-р Џидров, д-р С. Мезан, Хр. Попов, Хр. Брзицов, Д. Христов, Н. Мушмов, д-р Ан. Димитров, д-р К. Станишев, Јорд. Чкатров, Ат. Илиев и многу други. Барани се мненија и од авторитети од странство, како на пример Г. Вајганд, Л. Ламуш, проф. Каснер, Енрико Дамјани, А. Раппопор и други.
Aлманахот „Македония“ се' уште не е објавен во Република Македонија. Од таа причина, раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје реши да го публикува алманахот како фототипно издание и CD верзија, за да го доближи ова фундаментално дело до сите граѓани на Република Македонија. Ние сме мотивирани да го реализираме овој проект врз основа на точка 14. од Резолуцијата на Европската унија од 12 март 2009, по однос на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2008 година, во која се потцртува неопходноста од преразгледување на противоречијата и погрешните толкувања на историјата и потребата од спротивставување кон „говорот на омраза“ против соседните држави во образовниот систем и во медиумите во Република Македонија, раководството на Бугарскиот културен клуб - Скопје реши да го издаде и доближи ова фундаментално дело до сите граѓани на Република Македонија.
Вклучете се во
фен страницата на алманах "Македония" во Facebook и подкрепете го овој проект! Вашите донации може да ги уплаќате на следната сметка:
Назив и седиште на примач: Здружение на граѓани БККС
Банка на примачот: УНИ Банка
Сметка: 240010002006716
Може да не' контактирате ако ја пополните следната форма за контакт:
http://www.bkks.org/contact