Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Статија на Иван Михајлов: Изкористваната "свещена простота"  (Прочитано 2999 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Весник "Македонска Трибуна", г. 45, бр. 2275, 11 март 1971 г., с. 1-2

Тука ја публикуваме следната статија, која беше отпечатена во весник Македонска трибуна од 18 јануари 1968 година со псевдоним Бистренски. Таа е напишана од водачот на македонското ослободително движење Иван Михајлов. Издадена е исто така и во мала брошура.

Заради тоа што брошурата можела да проникне и меѓу нашите поробени браќа во Македонија и буди голем интерес за секој кој што ќе ја прочита, помолени сме да ја препечатиме одново во нашиот сојузен весник и за нашите читатели; особено за новопристигнатите во слободниот свет, за новите претплатници на нашиот весник и за оние, кои сакаат да ја препрочитаат.

ЕВЕ ЈА СОДРЖИНАТА НА СТАТИЈАТА, која го носи горното заглавие:


Освен со насилството, кое и денес се случува во форма на тотално безправие, во Титославија пропагандата најтемелно се обидува да ја исползува непросветеноста на многу луѓе. Реално, не се малку на број луѓето во таа држава, кои немаат просвета или имаат во слаб размер; а главно - има мнозина, кои добиле “просвета” точно од училиштата, во кои беше наложена од 1945 година па навака една србокомунистичка програма. Пред се, во тие училишта не се предава чесно и точно историјата; наместо историја – таму се предава пропаганда. Забранени се, оневозможени се секакви патишта, за да може луѓето да читаат и туѓа литература по редица прашања. А принудени се да го учат она што ќе им се принесе од државната власт. И затоа ќе сретнете лица од Југославија чии познанија по редица историск, политички, национални прашања, ве тераат просто да ги сожалувате.

Таму, на пример, има множество на неуки луѓе, кои сметтат, дека управувачката клика во државата се состои од набожни луѓе – бидејќи црквата не е така прогонувана, како и порано.

Таму се наоѓаат лица, кои веруваат, дека секоја одделна “република” имала право да се отцепи од Југославија – доволно е тоа само да си го посака. Тие не знаат, дека секој сличен обид би ги отерал авторите не само во затворт, но дури и пред бесилката.

Таму многизна простички луѓе си вообразуваат, веруваат на зборовите на демагозите – властници, дека секоја република е навистина држава, во вистинската смисла на зборот; а не знаат, дека се што е важно се раководи од Белград.

Во Македонија /Вардарската област под југословенска власт/ тираничната власт никогаш не им разјаснува на неуките луѓе, дека немаме ништо заедничко со Александар Велики, чија држава исчезнала пред две илјади години. Намерно ова прашање не се разјаснува, за да си мислат простичките луѓе, дека титовата “македонска народна република” е чисто и навистина некакво продолжение на старото македонско царство – имено тоа, во кое живееше и царуваше Александар Македонски.

Пак и во таа македонска област се крешти во сите насоки, за заблудување на неуките, дека некаква “македонска народност” од векови навака била потиснувана од некои други; и дека дури сега откога е на власт Тито, таа народност за прв пат се покажала пред светот. Тој пункт дури станал како “централна позиција” во титовата пропаганда. На него ќе се сопреме, макар и бегло, заради тоа што со него се служат белградските агенти и среде нашата емиграција во Америка и Австралија.

Никогаш не постоела македонска народност во минатото; и затоа таа не се пројавувала со ништо, не се покажувала воопшто пред луѓето. А никој не ја потиснувал – бидејќи не постоела.

Безброј се сведителствата од други народи, кои зборуваат, дека во Макдонија имало само б’лгарски славјани, и ништо друго; и тоа – од многу векови па навака. Тука нема да се задржуваме на тие неисцрпни сведителства. Но истакнуваме само некои изолирани факти, на кои титовци нема да се во можност да дадат и било какво објаснение.

Прашуваме: Зошто Охридскиот архиепископ Теофилакт, наскоро по смртта на цар Самуил, во почетокот на 11 век, изрично пишува, дека живее среде б’лгари во Охридско, кои мирисале на овчји кожи? Ако тамошното население беше од македонска народност каква причина имаше Теофилакт да го нарекува б‘лгарско?

Прашуваме: Зошто Отец Паисиј од Банско /Македонија/ се провикна пред повеќе од двеста години, дека сме б’лгари и дека не бива да го забораваме народносното име и да се нарекуваме грци? Ако беше македонец по народност – зошто не го насочил својот знаменит повик кон “македонците”?

Прашуваме: Зошто император Василиј Втори, откога го победи при Беласица цар Самуил, се нарече “Б’лгароубиец” – и така му стои името во сите истории дури и до денес? Зошто не се нарече “Македоноубиец”, ако Самуил и неговата војска беа од македонска народност?

Прашуваме: Зошто сите стари грчки свидетелства кажуваат, дека Петар Делјан подигна во Скопје б’лгарско востание во 1040 година? Ако населението беше од македонска народност – зошто грчките историчари го посочуваат за б’лгарско?

Друго прашање: Зошто Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович издаваат книги уште пред 150 години, и изрично одбележуваат, дека книги им се напишани на б’лгарски јазик, за да ги разберел и простиот б’лгарин? Самите тие два автори се б’лгари. Кој ги присилил да се нарекуваат така? И кој би им попречил во она време да се нарекуваат “македонци” по народност, ако навистина биле такви?

Друго прашање: Кој го присилуваше Григор Прличев отворено да зајавува во Атина, пред толку учени луѓе таму, дека е б’лгарин?

Друго прашање: Кој ги натера браќа Миладинови да ја објават книгата на народни песни под насловот “Б’лгарски народни песни”? И што ги натера да се нарекуваат самите б’лгари за што и умираа?

Прашуваме пак: Зошто големите сили во 1876 година во Цариград, собрани на познатата конференција заедно со Турција, ја определуваат Македонија како автономна област “со мнозинско б’лгарско население”, а както таква ја вклучуваат под управата на главен град Софија? А за источната б’лгарска автономна област, пак под суверенитет на султанот, го определија градот Трново. Дали самата Турција и големите сили не знаеја, дека славјаните во Македонија се б’лгари и дека самите така се нарекуваат? Или Турција и големите сили требало да чекаат да се појави некој како денешниот одметник Лазо Колишевски, за да ги просвети и осознае?

Продолжуваме да прашуваме: Дали Русија не знаеше во 1878 година, дека во Македонија има б’лгари, кога ја вклучуваше во границите на Санстефанската б’лгарска држава и Македонија?

Дали Гоце Делчев, Дамјан Груев, Мише Развигоров, Христо Узунов, Апостол Петков, Георги Сугарев, Лазар Поп-Трајков, Васил Чакаларов, Никола Карев, Петар Ацев, Ефрем Чучков, Васил Аџаларски, и цел легион борци-водачи, не знаеја, дека се б’лгари? Зошто тие не се нарекоа “македонци” по народност – кој им пречеше?

Зошто по 1908 година во Македонија /Серско/ Сандански и Димитар Влахов кои си објавија своја легална партија под името “федеративна”, се нарекуваа б’лгари? Тие пишуваа и зборуваа само на б’лгарски литературен јазик.

Зошто Димитар Влахов, кога беше пратеник во цариградскиот парламент, отиде таму како б’лгарин, претставител на б’лгарското население од Јужна Македонија? Тоа население не било повлијаено на никаква пропаганда од Б’лгарија. Тоа се наоѓаше надвор од границите на б’лгарската држава од пред 500 години, како и самата Б’лгарија беше со векови покорена од Турците. Зачувани се во турските архиви во Цариград докази, дека пратеникот Димитар Влахов бил б’лгарин и го претставувал имено б’лгарското население. Зошто институтот за фалсификати во Скопје, кој си прикачил име “Институт за национална историја”, не испрати свои луѓе во Цариград, за да проучат во архивите какви говори произнесувал Влахов во заштита на б’лгарското население во Македонија? Штом за него толку многу пишат сега скопските одметници – зошто не ја проучат и таа негова дејност? Никаде во Турција Влахов не е одбележан како нешто друго освен б’лгарин.

Зошто српските весници напишаа толку пофалби за македонските б’лгари, кога се водеше борба во минатиот век за извојување на б’лгарска национална црква во Македонија?

Најдобрите свидетелства се српските, дека за создавањето на Егзархијата принесоа пред се македонските б’лгари, со својата борба против грчката црква. Значи, не беше Егзархијата таа која што ги создаде македонските б’лгари, а точно спротивното – тие ја создадоја Егзархијата. И тоа се случи во едно време, кога немаше на лице никаква б’лгарска држава. Б’лгарија се ослободи осум години по создавањето на Егзархијата.

Скопските одметници раскажуваат, дека браќа Миладинови, Григор Прличев и Гоце Делчев, и воопшто сите наши возрожденци – б’лгари од Македонија сеуште не биле “осознати” национално додека биле живи. Со други зборови, сите тие големи б’лгари, според скопско-белградската пропаганда, беа македонци по народност. Но ако тие, а и самиот наш народ во Македонија беше од македонска народност, се поставува прашањето: зошто турскиот султан – во својот ферман по создавањето на Егзархијата – зборува за создавање на Велешка б’лгарска епархија? И зошто истиот султан дозволи да бидат откриени и б’лгарските епархии Битолска, Охридска, Струмичка, Неврокопска, Скопска, Дебарска? Или султанот требаше да чека Блаже Конески да се роди, па да му посочи какви народности има во неговата империја?

Сите првенци на нашиот народ во Македонија испратија до големите сили мемоар, за да побараат во заедничката б’лгарска држава во 1878 гдоина да влезе и Македонија. Првенците тогаш илјада пати подобро ги изразуваа чувствата и интересите на нашиот народ, отколку денешните скопски трагикомични парламенти. Оригиналниот мемоар на нашите тогашни народни првенци е зачуван во еден музеј во Б’лгарија.

А што ќе ни кажат скопските предавници за плочата, која и сега стои во Б’лгарија, на која цар Иван Владислав напишал дека е б’лгарин? Тој е внук на цар Самуил. На таа плоча научниците веќе напишаа што се забележува. Од неа се направија и фотографии. Плочата беше пронајдена во последно време.

Титовците во Скопје нема да смејат да одговорат на прашата поставени погоре, зошто се плашат народот да не ги дознае вистините.

Сите борци на ВМРО се б’лгари. Но тие правеа жртва и прифатија Македонија да биде независна држава, со еднакви права за народностите, кои во Македонија живееја со векови и кои целиот свет ги признава. Кој ги одрекува тие народности и ги прогонува, тој е противник на независна Македонија.
« Последно менување: Март 09, 2009, 10:36:08 ohrid1941 »
Сочувана

Подпоручикъ

  • Newbie
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 21
    • Погледај го Профилот

Цитат
Много пътя сме чували от македонистите, че те не били българе, но македонци, потомци на древните македонци, и всякога сме чакали някакви доказателства на това, без да ги дочакаме. Македонистите никога не са ни показвали основанията на таквозито си мнение. Те упорствуват в своето македонско произхождение, което никак не могат да прокарат, додето тряба.
Петко Рачев Славейков, вестник „Македония“ от 1871 година


Същите въпроси и до днес нямат отговор, или ако да той е полувинчат и не би издържал и евтина критика. За съжаление, тази пропаганда се прави само за вътрешно ползване - за населението на република Македония. Този процес е подкрепят политически, че и геополитически, затова и търпи своето постоянно развитие. Достигнал е момент, в който вече никой не трябва да се обеждава, всички са сигурни в това, а ретроградното общество все пак отлъчва различните и инаку мислещите. Кръгът е затворен, процесът е завършен.
Сочувана

lady

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 57
    • Погледај го Профилот

 Особена благодарност до Охрид1941 за пренесената статија, знам дека има многу материјал од Ванчо Михајлов, доколку ја имате таа можност Ве молам продолжете...
 
  Ванчо е македонската историја......да не ме сватат погрешно браката од Бугарија, македонската историја е дел од бугарската,впрочем тоа го говори самиот Ванчо.
Сочувана

deyan

  • Newbie
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 15
    • Погледај го Профилот

Скоро по нета излезе интервюто на Ванчо Михайлов с Кеворк Кевокян - мисля че е от 1990 г. и е последното му. Качеството не е много добро, но си струва да се види ;)

Приятно гледане

http://www.youtube.com/watch?v=gOo_4tlsffI

http://www.youtube.com/watch?v=edyC1QvIbxE
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Иван Михайлов, Част 2:

А ако беше в Македония, общо взето толко щеше да му е писнало на македонския българин, той е от малко по-друга кръв, би го извикал да си даде оставката по-навреме (Тодор Живков), но 30, дори 25 години да стои... Чисто и просто по строежа на характерите не върви в хармония това с македонските българи... Така ми се чини.
Сочувана

Karev

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 75
    • Погледај го Профилот

 Испратил: lady 
"Ванчо е македонската историја......да не ме сватат погрешно браката од Бугарија,
македонската историја е дел од бугарската,впрочем тоа го говори самиот Ванчо."


Ванчо Михайлов беше от ония, които гледаха напред и можеха да предвиждат нещата.
Такива рядко се раждат. И когато си поел подобен кръст, място за емоции няма.
Още повече, всички, които са запознати с историческата реалност,
знаят с какви заклети врагове на Македония си имаше работа Организацията.

Гоце Делчев, Яне Сандански ,Тодор Александров и Ванчо Михайлов знаеха,
че едничката възможност да се съхрани Македония в нейната цялост, беше Автономията.
На тази идея посветиха целия си живот. И обичаха Македония повече от живота си.
По яснота на целите и безкомпромисно отстояване на чистата идея
Ванчо нямаше равен на себе си.
Жалко и обидно за самите нас е неговото тотално оплюване в Македония, а и в България.
Но идва време и всеки намира полагащото му се място в народната памет.
Аз вярвам, че един ден в Скопие ще има паметник на този достоен син на Македония.
Сочувана

lady

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 57
    • Погледај го Профилот

Испратил: lady 
"Ванчо е македонската историја......да не ме сватат погрешно браката од Бугарија,
македонската историја е дел од бугарската,впрочем тоа го говори самиот Ванчо."


Ванчо Михайлов беше от ония, които гледаха напред и можеха да предвиждат нещата.
Такива рядко се раждат. И когато си поел подобен кръст, място за емоции няма.
Още повече, всички, които са запознати с историческата реалност,
знаят с какви заклети врагове на Македония си имаше работа Организацията.

Гоце Делчев, Яне Сандански ,Тодор Александров и Ванчо Михайлов знаеха,
че едничката възможност да се съхрани Македония в нейната цялост, беше Автономията.
На тази идея посветиха целия си живот. И обичаха Македония повече от живота си.
По яснота на целите и безкомпромисно отстояване на чистата идея
Ванчо нямаше равен на себе си.
Жалко и обидно за самите нас е неговото тотално оплюване в Македония, а и в България.
Но идва време и всеки намира полагащото му се място в народната памет.
Аз вярвам, че един ден в Скопие ще има паметник на този достоен син на Македония.



Мерси на цитата.....За мен Ванчо,Тодор,Микулчич са моите герои........но заштото моите коментари се бришат без објаснение, нема да дебатирам на темата
Сочувана