Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Ахмети: Гоце Делчев ставал кече на митинзи пред Албанците  (Прочитано 829 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Плусинфо, 22/11/2012
Да се потсетиме на историјата, Гоце Делчев ставал кече на митинзи пред Албанците

http://www.plusinfo.mk/vest/67486/Ahmeti-za-Kanal5-Da-se-potsetime-na-istorijata-Goce-Delchev-staval-keche-na-mitinzi-pred-Albancite

Цитат
Поставувањето на албанското национално знаме не е демонстрација на моќ, туку дел од еден голем датум за нас Албанците и затоа активностите при одбележувањето на 100 години од основањето на албанската држава не треба да бидат сфатени како провокација кон Македонците, вели во интервју за телевизијата „Канал 5“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На прашањето зошто од релативно умерена политичка партија, ДУИ влегува во национал – романтичарска фаза со поставување на знамиња и херои на тенкови, Ахмети одговара: 
- До 1903 година за време на Крушевското востание, заложбите за слобода на Албанците и Македонците биле заеднички. Зошто ние не се навратиме и да се потсетиме на светлата историја на Гоце Делчев. Гоце Делчев ја ставал албанската бела капа - кече и држел митинзи пред Албанците во Битола, Прилеп и цела Македонија. И кога го прашале зошто ја става албанската бела капа тој одговорил - нашите работи се заеднички, нашето жртвување е заедничко, слободата треба да ја извојуваме заеднички и јас ова бела капа ја ставам поради почита кон моите сограѓани Албанци. Зошто не се потсетиме на Никола Карев, Питу Гули, значи треба да ги погледнеме работите кои не зближуваат. Јас не се заканувам никому, црната рака која јас ја спомнувам е раката која тогаш дејствувала, кога е подигнато албанското знаме. Во октомври 1913 година се убиени 600 луѓе во моето родно место, во местата каде што живееле Албанците во Кичево и тоа само затоа што е подигнато тоа знаме и тоа не против волјата на сограѓаните Македонци. И овие масакри не биле направени од страна на македонските сограѓани, туку црната рака на „Мане касапот“ која беше регрутирана од страна на српската кралска војска - вели тој.
Според него, подигање на знамето е во чест на сите тие жртви, маченици, во чест на сите тие 600 души кои се масакрирани пред 100 години.
- Ниту праќаме некоја закана, туку ние прославуваме затоа што ова е еден многу значаен момент за нас Албанците и мислам дека и за нашите сограѓани ова треба да биде еден значаен момент, за тие да се солидаризираат со нас во овие значајни денови. Ние немаме никакви претензии за поделба на Македонија затоа што Македонија е наша држава, Македонија е наша земја, Македонија е наша татковина, нашите предци биле овде, а и нашата иднина е овде и таа треба да ја градиме, нашата иднина е заедничка - порача Ахмети во интервјуто за „Канал5“.
Сочувана