СДСМ го дига влогот!!!
Црвенковски - СДСМ го напушта Собранието!Во Македонија конечно, дури и за последните скептици се е јасно. Дилеми повеќе за никого нема. На сцена е еден недемократски, авторитарен, ненароден режим, истакна на денешната прес конференција лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски кој објави дека од денес СДСМ повеќе нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија.
- Груевски и фамилијата после економската пустош и социјалната беда, после меѓународната изолација, после рушењето на сите демократски норми и стандарди што ни ги приредија, сосема свесно и крајно неодговорно ја внесуваат земјата во тешка политичка криза со несогледливи последици. Нивната цел е постојани поделби, меѓусебни конфронтации, тензии и судири во македонското општество.
Дискредитираат, сеат омраза меѓу луѓето, прават црни списоци секој ден и во сите сфери. Погледнете што направија само во последниве 2 месеци, истакна Црвенковски.
Според него никогаш во нашата историја, не само во независна Македонија или поранешна Југославија туку и под туѓи владеења Македонскиот народ не бил вака меѓу себе поделен и скаран. Тоа што не им успеа на странските поробувачи му успеа на Никола Груевски.
- Повеќе од 2 месеци не убедуваа дека во случајот „Перо Наков“ не се работи за напад на медиумите туку за борба против криминалот. Сакам да ве потсетам дека јас лично, во името на СДСМ јавно изјавив дека ако Велија Рамковски го прекршил законот треба да одговара. Се поставува прашањето: Кој и со што ги спречува да го докажат и да расчистат со наводниот криминал? Обвинителот и истражниот судија кои го водат случајот сами ги избраа. Обвинетите се во притвор повеќе од месец дена. Целата документација од фирмите е во нивни раце. Сведоците редовно се одѕиваат на поканите и сведочат пред судот. Зошто и после толку време не ја завршат истрагата и не ја покренат постапката пред судот? Зошто блокада на сметките на А1, на Шпиц, Време и Коха е ре, праша Црвенковски.
Ние од СДСМ немаме повеќе намера да даваме легитимитет на оваа недемократска и ненародна власт.
- Од денес СДСМ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија, истакна Црвенковски и додаде дека тој лично никогаш не ги подржувал бојкот на институциите. Секогаш сум верувал дека во една парламентарна демократија тоа не е вистински начин на водење на политичката битка.
- Македонија со оваа власт одамна не е демократија. Ете му го на Груевски парламентот таков каков што отсекогаш го посакуваше-без опозиција. Ете му ги Сител и Канал 5, ете му го друштвото на партиски послушници и платеници. СДСМ од денес оди на другата, вистинската и бидете сигурни победничката страна од барикадата - со народот и меѓу народот, порача на денешната прес конференција лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски!!
http://www.inpress.com.mk/?ItemID=661C0D9235631B45A8782B5D5ECA71C4