Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Останатo од Јован Постолоски - Јофе  (Прочитано 2055 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Останатo од Јован Постолоски - Јофе
« на: Февруари 20, 2012, 08:42:45 »

Баравте да се штеди? Штедете сега во темница!

Цитат
Нашава ни влада е ептен романтична. Синоќа ни ги изгасна светлата и не остави на свеќи да го дочекаме празникот на вљубените. Да де, да, знам дека не го славите сите, ама сепак, мора да признаете дека ова е доста слатко. И да, нормално дека се зезам. Луѓе, дај пазете по темнициве, да не паднете на мразов, да скршите нешто, или да не ве ограби некој.
А владава е всушност многу паметна. Таа со прогласувањето енергетска криза и препораките за штедење сака само да ни докаже поента. Цело време, со месеци, а и години наназад, од опозицијата, а и од голем дел од граѓаните слушаме едно те исто – да се штеди, да не се фрлаат без потреба пари за плоштади, споменици, триумфални капии, цркви и џамии, да не се земаат милионски кредити од странство кои ќе треба да ги враќаме во годините кои доаѓаат...

http://www.plusinfo.mk/mislenje/435/Baravte-da-se-shtedi-Shtedete-sega-vo-temnica
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Останатo од Јован Постолоски - Јофе
« Одговори #1 на: Февруари 20, 2012, 08:47:47 »

Народна згасна! Видовме на телевизија

Цитат
После година и пол од мојата последна колумна во Шпиц, по седум месеци од последниот рапорт со мене на А1, и последниот фејк њуз во Шпиц, како и 4 дена од последниот стрип (последен, ама само до петок, кога излегува нов) во неделниот Фокус, седнувам да пишувам колумна. И не дека ме фатила некоја носталгија или нескротлива желба за пишување. Не, не, никако тоа. Бев сосема спремен да послушам еден од коментарите под веста на Плусинфо за новата сезона на емисијата (ќе биде де, наскоро...), кој вика – „Не мора дечко, у реду е, те видовме. Имај доблест и остани во мракот“.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/428/Narodna-zgasna-Vidovme-na-televizija
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Останатo од Јован Постолоски - Јофе
« Одговори #2 на: Февруари 21, 2012, 08:44:37 »

Република Мракедонија
Цитат

По две години, пак ни дојде Нимиц. Дојде, се виде со владејачката дружина, и си замина. Утре ќе се види и со главните грчки политички фаци, па ќе си се врати дома. Како што вели, не носи решение се додека не дојде вистинското време за тоа. А всушност, се работи за лага која треба да ја покрие вистинската причина – немањето инспирација. Ама за среќа, така беше се до синоќа, кога возејќи се низ темното Скопје во кое не свети ни една улична сијаличка, на Нимиц му светнала неговата сијаличка, и добил идеја за конечно решение, за разумен компромис, за име кое ќе се користи во меѓународната комуникација – Република Мракедонија. Зарем не е совршено? По симболичниот, и по буквалниот мрак во државава, редно е таквата состојба да ја овековечиме и со соодветното име. Премиере Груевски, одиме на референдум?

http://www.plusinfo.mk/mislenje/441/Republika-Mrakedonija
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Останатo од Јован Постолоски - Јофе
« Одговори #3 на: Февруари 29, 2012, 12:05:53 »

Никола, ајде на избори!

Цитат
Премиерот Груевски, завчера на Прочка, побара од сите на кои нешто им згрешил да му простат. Како што вели тој, свесен е дека работи со исправни цели и вредности, дека сака да постигне најдобро за сите граѓани и за целата држава, но сепак, човек кој што толку многу работи е доведен во ситуација да носи брзи и динамични одлуки и не може да не згреши. И баш поради тоа, на сите на кои им згрешил било што, им се извини и им побара прочка.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/446/Nikola-ajde-na-izbori
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Останатo од Јован Постолоски - Јофе
« Одговори #4 на: Март 22, 2012, 09:44:58 »

Филе изгледа не фаќа Сител

Цитат
Филе бе?! Па кај живееш бе ти?! Во тоа Бриселот изгледа не фаќате Сител, а? Да фаќавте немаше да зборуваш вака, и немаше да ни го бараш сево ова. Ќе знаеше дека ние одамна се си имаме исполнето, и само името е единствената пречка за да не примите во тоа унијата ваша европска. Каде бе човече, бараш реформи во Македонија во 2012-та, на шест години од почетокот на Преродбата?! Ехееееееј, ние одамна ги имаме изодено стоте чекори Преродба, па после и Преродба 2.0, од типот – надградена и проширена, а заклучно со Манифестот имаме и официјално црно на бело дека не запираме повеќе! И после сево ова доаѓаш ти и ни викаш – еј дечки, вие ќе треба да се реформирате. Ти да се реформираш!!! Ние кога се реформиравме, вие уште остварување не знаевте што значи! И уште повеќе, ние кога бевме во криза, вие појма немавте како е да влезеш во бутик во зима само за да се стоплиш, или во лето само за да се оладиш, без никаква намера за купување!

http://www.plusinfo.mk/mislenje/473/File-izgleda-ne-fakja-Sitel
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: Останатo од Јован Постолоски - Јофе
« Одговори #5 на: Април 04, 2012, 03:42:47 »

Да се забрани! Се да се забрани!

Цитат
Една од работите поради кои многу си ја сакам владата, е борбата против криминалот и грижата за врвните интереси на граѓаните. Посебно воодушевува огромната посветеност на сите членови на власта и владејачките партии кон овие полиња. Па така, гордите послушници на премиерот Груевски, ја поздравуваат борбата против криминалот дури и кога нивните брачни партнери завршуваат зад решетки. Се, само граѓаните да се среќни, и нивните интереси да се задоволени.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/485/Da-se-zabrani-Se-da-se-zabrani
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !