Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Кр. Андреев: Скопие е новият „Дисниленд” на Балканите  (Прочитано 853 пати)

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот

Кр. Андреев: Скопие е новият „Дисниленд” на Балканите
http://frognews.bg/news_41293/Kr_Andreev_Skopie_e_noviiat_Disnilend_na_Balkanite/

Цитат
Това архитектурно решение трябва да бъде подложено на сериозен психически анализ, казва за Frognews.bg председателят на Студентското дружество „Вардаръ”.
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот

Скопје 2014: Карикатура на европскиот град
Лиза Деипенброк


(На сликата горе: Модернистичкиот изглед на Скопје следи еден дел од замислата на Кензо Танге.)

Напад врз Кензо Танге

Наследството од возобновата по земјотресот во 1963-та година, „Меѓународниот град“ на Кензо Танге, наследство кое вреди да се заштити, е заменето со сомнителна интерпретација која наликува на европски град. До 1991-та година, Македонија беше сојузна република во рамките на Југославија, а од 2005-та година е земја-кандидат за членство во Европската унија. Поради спорот за името со соседот Грција (чијшто северен регион исто така се вика Македонија), Македонија во рамките на Европската унија е позната како ПЈРМ – Поранешна Југословенска Република Македонија. Немилото име стои како постојан потсетник на поновата историја, на времето на Тито и Милошевиќ, на избувнувањата на Балканскиот полуостров, како и на војните. Дури и сегдеприсутната модернистичка архитектура, од која сегашната власт со задоволство целосно би се ослободила, сведочи за комунистичката ера.



Главниот план на Танге

планот на Танге никогаш не беше целосно спроведенДенешниот изглед на Скопје се засновува на катастрофа: земјотресот од 1963-та година уништи поголем дел од градот. Со поддршка од Обединетите нации, Скопје беше возобновен и стана симбол на меѓународната солидарност. Тогашниот конкурс за урбан развој, распишан во светски рамки, го доби Кензо Танге. Неговиот главен план требало да не ги повтори грешките на дотогашниот модернизам: тој ги почитувал постојните градски структури, новите градби ги интегрирал на маргините на блок-структурите, се стремел кон преклопување на функциите и обезбедување на снабдувачки синџир. Имајќи го предвид „Градскиот ѕид“; осумкатни, завлечени станбени објекти кои се наоѓаат блиску до центарот на градот; како културна, образовна и комуникациска оска, заедно со железничка станица на највисоко техничко ниво, Скопје започна одново да се гради во духот на оптимистички настроените шеесетти. Но сепак, планот на Танге никогаш не беше целосно спроведен. Проблемите на планот беа решавани со текот на времето, но неговата функционалност до денес останува ограничена, како, на пример, распоредот на улиците. Танге се дистанцирал себеси од изобличената имплементација – и покрај тоа, карактеристичните облици на згради сѐ уште го отсликуваат изгледот на градот.



Скопје 2014 – Карикатура на европскиот град

Младата македонска држава сака да го зајакне својот идентитет преку навраќање на прославеното минатоПо години поминати во застој, денес националистичката владејачка партија е обземена од градежно беснило. Под мотото „На европски град потребен му е историски центар“, од 2010-та година на центарот на градот му се дава ново лице. Младата македонска држава сака да го зајакне својот идентитет преку навраќање на прославеното минато: повеќето од градбите вклучени во проектот „Скопје 2014“ формално се поврзуваат со Кралството Србија (1882–1918) или, пак, со Александар Велики. Секое слободно место во центарот на градот ќе биде пополнето со „историски“ сценографски делови – градби и небројни статуи - без обѕир кон постојните хоризонтни оски или кон урамнотежен однос помеѓу зданијата и слободниот простор. Некогаш стројниот, широк плоштад од 2011-та година е окупиран од 22 метри високата статуа на Александар Велики. На оската која од југ води кон плоштадот ќе се реконструира православна црква во поголема верзија од претходната, место кое се наоѓа кус пат зад веќе завршениот триумфална порта. На северниот крај на плоштадот, веднаш до двата хотела, ќе никне нова интерпретација на некогашниот Офицерски дом, како и нефункционален кружен павилјон. Две нови статуи на јавачи го обележуваат пристапот до стариот мост кој води кон северниот брег на реката Вардар, каде се наоѓа и операта. Впечатливиот поглед од плоштадот кон белата Опера, градба на словенечка фирма од 1968–та година – ќе биде вешто затскриен преку ѕид од историзирани градби, меѓу кои и одново изградениот стар театар, Музејот на македонската борба, новиот Врховен суд и новото Министерство за надворешни работи. Северно од Операта се наоѓа статуа на Филип II во изградба, која треба да ја надмине големината на онаа на неговиот син.


Автор на разгледницата: Леонора Грчева

Одобрување од народот, протести на архитектите

„Скопје 2014“ е сѐ освен функционално„Скопје 2014“ е сѐ освен функционално – во определен дел е одземена употребливоста на веќе постојните градби, или истата би можела да биде интегрирана на друго место.

Воедно, планирањето не е транспарентно. Единствената најава беше пренесена преку видео на YouTube (!), кое ги покажува нацрт-плановите на планираните градби. Плановите, датумите или трошоците за изградба се недостапни за јавноста. Проценките за трошоците се искачуваат до 400 милиони евра, пари коишто на градот му се итно потребни за други работи. Модерните структури – коишто во својата локална форма претставуваат уникатно архитектонско наследство – не се во добра состојба, управувањето со сообраќајот како и јавниот сообраќај воопшто мораат да се подобрат и многу станбени згради се веќе дотраени за санација. Поради вештата кампања на власта, населението сѐ уште ја поддржува ваквата историзирана козметика. Ним им е ветен европски град, надеж за зголемување на бројот на странските туристи, како и на бројот на работни места. Во овој популистички микс од изминатите столетија, речиси секој човек наоѓа најмалку една градба што е по негов вкус, така може да се помири со промените. Со оглед на тоа, протестот на архитектите и урбанистите не помина баш најславно.

Уште во 2008-та година, пред почетокот на проектот, група млади архитекти се приклучија кон „Прва Архибригада“, со цел да протестираат против изградбата на православната црква на плоштадот. Тие беа навредувани како неверници, а нивните технички аргументи останаа неслушнати. Сега, откако беа доделени сите договори, и архитектонскиот естаблишмент се приклучи во критиката. Во отворено писмо, Здружението на архитекти на Македонија побарува од Градот да ги достави плановите за градба.

http://okno.mk/node/17870
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !