Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Македонизмът е бил създаден от гърците  (Прочитано 37711 пати)

veritas

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 2725
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонизмът е бил създаден от гърците
« Одговори #150 на: Ноември 20, 2011, 03:07:37 »

Тук можете да гледате българска телевизия.

http://bgtelevizia.com/tv.php?channel=49
Сочувана

veritas

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 2725
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонизмът е бил създаден от гърците
« Одговори #151 на: Ноември 23, 2011, 08:02:14 »

Още един сайт за българска телевизия.

http://inhatch.com/Watch/diema2_lo
Сочувана

veritas

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 2725
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонизмът е бил създаден от гърците
« Одговори #152 на: Ноември 26, 2011, 07:05:34 »

От тук можете да си данлодвате най-новите американски филми преведени на български, също така програми, песни и други. Трябва да отидете в торенти. Разбира се, първо трябва се регистрирате.

http://arenabg.com/torrents.php?category=14;15;16;17;18;19;20;21;22;39

А това е торент за научно-популярни филми, също преведени на български.

http://kolibka.com/2.html
Сочувана

veritas

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 2725
    • Погледај го Профилот
Одг: Македонизмът е бил създаден от гърците
« Одговори #153 на: Јуни 19, 2012, 07:36:25 »

Kој ви дава право да н` делите?

Kој ви дал право да забранувате и да наредувате кој кого смее или може да почитува, да му биде благодарен и да го воспејува? Kој ви дал право да ни забранувате да се сеќаваме на хероите? Kој ви дал право да се сметате себеси за чувари на вистината за историјата на македонскиот народ? Kој ви дал право да мислите дека само вие сте дел од оваа држава? Kој ви дал право да се противите на славењето на верските празници и кој ви дал право да се потсмевате и подбивате со верата на луѓето? Kој ви дал право да ја бришете историјата и да ги негирате борците? Kој ви дал право да н` терате да славиме туѓи, а да отфрламе наши херои? Kој ви дал право да ни наметнувате дека цела македонска приказна почнува со вас и вашите идеолошки татковци?

Овие денови си велам - дај да ги набројам, за себе, кои ликови од македонската историја се изоставени, заборавени и со намера избришани или барем само во обид бришени од нашата меморија. Си ставам задача прво да пробам да се сетам на повеќе, второ да најдам некаква логична причина зошто токму тие ликови се намерно изоставани и поттргнувани од свеста на Македонецот. Секогаш кога ќе се стават на хартија работите, многу појасно се гледаат и многу почисто се уочуваат. И почнувам да бројам. Првиот водач на Илинденското востание, Борис Сарафов (така го ословуваат сите светски медиуми во тоа време). Првиот претседател на ВМРО (како прва формална и официјална организација која се борела за слобода на Македонија), д-р Христо Татарчев. Првиот претседател на Kомунистичката партија на Македонија (односно на ПK на KПЈ) и член на ВМРО - Обединета, Методија Шаторов Шарло. Првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто (кого без тронка почит и без причина го затворија и го доведоа во состојба да почине). Првиот (односно најстариот) гемиџија Павел Шатев (осудуван на смрт од две царштини, а погубен од својата Македонија). Првиот и најстар говорник и член на првото заседание на АСНОМ, Панко Брашнаров. Првиот доктор на правни науки во Сорбона и член на Президиумот на АСНОМ, кичевецот Владимир Полежина. Првиот командант на партизанските чети во слободните територии во западна Македонија и прв министер за правда на Македонија, Петре Пирузе - Мајски. Првиот генерал на партизанските единици и водач на НОВ, Михајло Апостолски. Првиот потписник на Мајскиот манифест (политичка прокламација и документ за обединување и помирување на македонската десница и левица во борба за остварување на националните цели), Тодор Александров. Првиот архиепископ на возобновената Охридска архиепископија, архиепископот Доситеј. Еден од првите членови на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, писателот и поет Венко Марковски (подоцна протеран од својата родна земја). Братот на првиот претседател на Kрушевската република, Ѓорги Kарев (и тој учесник во востанието) кој ладнокрвно е отруен во затворот во Идризово во 1949 година. Првиот водач на Тиквешкото востание од 1913 година, војводата на ВМРО, Диме Пинџуров (татко на народниот херој Страшо Пинџур). Најголемите водачи на Организацијата и на отпорот спрема грчката пропаганда во егејскиот дел на Македонија, Апостол Петков Терзиев, Васил Чакаларов и Лазар Поп Трајков. Најголемите војводи и водачи на Охридското востание (најмасовно македонско востание), Петар Чаулев и Милан Матов (брат на Христо Матов). И редот се зголемува и се зголемува... Просто човек да се начуди и никогаш да не престане да мисли од каде толку лоша крв помеѓу Македонците. Зошто толку многу неправди? Зошто толку големи негирања? Па зар овие луѓе не се бореа за Македонија? Зар не заслужија мирно да им се поклониме за нивната саможртва? Зошто да не ги одбележиме и зошто да не им се заблагодариме? Во сите погоре спомнати луѓе има и што припаѓале на десницата, има и што припаѓале на левицата и такви што не припаѓале никаде, но заедничко за сите е дека биле силно посветени на борбата за национално ослободување на нашиот народ.

Другите народи околу нас го разбраа одамна она што нам, Македонците, никако да ни стане јасно. Обединувањето, заедништвото и инклузивноста се единствениот пат по кој треба да се движиме како нација. Другите околу нас биле и полош пример од нас, но се надраснале, си простиле и се помириле. Само нам тоа не ни успева. Само во Македонија во овој модерен век се случува да бидеме етикетирани, судени и осудени. Ја нема големината кај левицата. Тие очигледно не се спремни да прифатат нешто што излегува надвор од нивната матрица. Не сакаат да признаат дека има и многу други кои се жртвувале и се бореле за Македонија. Така мислат дека ќе го изгубат приматот, кој и онака само сами си го гледаат, за единствена државотворна структура и идеологија. Не сакаат да се потсетуваат на своите грешки и промашувања и не сакаат да градат систем во кој сите еднакво, под ист аршин ќе бидат мерени и премерувани. Македонија повеќе не може да биде маќеа за десницата, а мајка за левицата. Не заради едните или другите, туку заради правдата и заради иднината.

Да прогласите некого за подмолник и за величање на некој крвник на својот народ треба да бидете свесен дека носите тежина од подолгорочен аспект. Треба да знаете што зборувате, а не да зборувате колку да ви се радуваат запалените поддржувачи. Да бидете политичар кој зборува на такви теми, прво треба да бидете свесни за сите аспекти, а второ да знаете што е тоа што го зборувате. Помина времето на лажните судови во кои беа осудени илјадници чесни родољуби само затоа што не се согласуваа со слепата пројугословенска и антиавтономистичка политика на октроираното раководство на Македонија по 1946 година. Помина времето кога сите првенци на македонската борба и мисла беа судени, убивани и отстранувани од политиката за на нивно место да се сместат непознати ликови, без кредибилитет и достоинство, спремни да си го менуваат и своето национално потекло само и само да се доберат до позиција и власт. Помина времето во кое таквите типови на политичари судеа не само за сегашноста, туку судеа и за минатото, препишуваа, бришеа, кинеа и прикриваа делови кои не одговараа на нивната тогашна потклекната позиција. Поминаа времињата во кои таквите нечесни кариеристи ги тргаа по страна сите великани за да тие сами останат и само така осамени да бидат најголеми. Помина времето во кое кариеристите се претставуваа за комунисти, а потоа, така им го земаа заслуженото местото на илјадниците партизани кои се бореа единствено за национална слобода. Таквите с` уште ги има, но просто, им помина времето.

Денес во Македонија повторно има луѓе кои не се спремни да ја прифатат големината и широчината на борбата за Македонија. Денес повторно има луѓе кои се спремни со една реченица да судат и за минатото и за иднината. Денес повторно треба да се делиме, црниме и погазуваме. Не постои погрешна битка за слобода на Македонија. Единствено грешно е покорувањето и бездушноста. Денешнава левица во Македонија мора да застане во својот поход на негација на се што не е признато од нивниот партиски и идеолошки суд. Македонија е многу повеќе од она што тие можат да го погледнат. Мора да прифатат дека Македонија е држава за која се бореле и левичари и десничари. Македонија е држава во која живеат и левичари и десничари. Затоа, ќе биде држава која се поклонува и на едните и на другите, на сите кои се жртвувале за неа.

Ние подадовме рака.

Нашата македонска приказна е голема, но поделена. Многу сме далеку едни од други, некогаш не се ни познаваме и препознаваме, некогаш не се ни разбираме. Се молиме на различен начин и живееме во различен контекст. Затоа, одговорноста на оние малку што сме биле среќни да живееме овде и вака е многу поголема и многу потешка. Инклузивноста, а не делбите, се предизвикот на новата генерација. Или ќе го научиме тоа или ќе ни биде с` потешко.
 
Илија ДИМОВСКИ

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=85501043732AC843879DB0F9E0B3275C
Сочувана