Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Избори 2011: Декларација на БККС  (Прочитано 8596 пати)

Стариот

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 77
  • Всичко за Македония!
    • Погледај го Профилот
    • Книги за Македония, Books about Macedonia
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #30 на: Јуни 07, 2011, 12:57:18 »

7. Финансирање на изборите

Член 83

(1) Изборната кампања не смее да се финансира од:
- средства од Буџетот на Република Македонија, освен средствата определени во членот 86 став (2) на овој законик,
- средства од буџетите на општините и градот Скопје, освен средствата определени во членот 86 став (2) на овој законик,
- средства од јавни претпријатија и јавни установи,
- средства од здружение на граѓани, верски заедници, религиозни групи и фондации,
- средства од странски влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и други странски лица,
- средства од претпријатија со мешовит капитал каде што е доминантен странскиот капитал
- средства од неидентификувани извори.

(2) Изборната кампања може да се финансира од:
- чланарината на политичката партија,
- физички лица во висина од 5.000 евра во денарска противвредност и
- правни лица во висина до 5% од вкупниот приход во претходната година.

(3) Изборната кампања може да се финансира од донации од физички и правни лица во вид на пари, ствари и услуги чија вредност не смее да го надмине износот утврден со ставот (2) алинеи 2 и 3 на овој член.

(4) Ако висината на донацијата е поголема од износот утврден во ставот (2) алинеи 2 и 3 од овој член организаторот на изборната кампања е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на донацијата, разликата меѓу дозволената и донираната вредност да ја префрли во Буџетот на Република Македонија.

(5) Ако не може да се утврди потеклото на донацијата организаторот на изборната кампања е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на донацијата донираната вредност да ја префрли во Буџетот на Република Македонија.
Сочувана
Всичко за Македония!

Стариот

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 77
  • Всичко за Македония!
    • Погледај го Профилот
    • Книги за Македония, Books about Macedonia
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #31 на: Јуни 07, 2011, 12:57:37 »

Член 84-б

(1) Организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

(2) Организаторот на изборната кампања е должен еден ден по завршување на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања за втората половина од изборната кампања.

(3) Извештаите од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесуваат на образец пропишан од министерот за финансии во кој се содржани податоците за име односно назив на донаторот, вид и вредност на донации, датум на добивање на донации и расходите за секоја донација и приходи и расходи за време на изборната кампања.

(4) Извештаите се поднесуваат до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, кои се должни да ги објават на своите веб страници.
Сочувана
Всичко за Македония!

Стариот

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 77
  • Всичко за Македония!
    • Погледај го Профилот
    • Книги за Македония, Books about Macedonia
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #32 на: Јуни 07, 2011, 12:58:10 »

Член 188-а

Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на организаторот на изборната кампања, ако
- не ги достави финанските извештаи во рокот утврден со членот 84-б ставови (1) и (2) на овој законик.

Член 189

(1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на организатор на изборната кампања која нема да поднесе извештај за финансирање на изборната кампања од членот 85 на овој законик, односно кога за финансирање на изборната кампања се користени средства согласно со членот 83 од овој законик.

(2) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на политичка партија, доколку во изборната кампања потроши повеќе финансиски средства отколку што е утврдено во членот 84 од овој законик.

(3) Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на одговорното лице на политичката партија за дејствијата од ставовите (1) и (2) на овој член.
Сочувана
Всичко за Македония!

Стариот

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 77
  • Всичко за Македония!
    • Погледај го Профилот
    • Книги за Македония, Books about Macedonia
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #33 на: Јуни 07, 2011, 01:01:48 »

Симон Станковски почина во Затвор Скопје (2011)
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-zatvorot-vo-shutka-pochina-zatvorenik

Фадиљ Ќ. почина во Затвор Идризово (2011)
http://www.sutel.com.mk/index.php/mk/nevipe/-/1565-phanlo-taro-idrizovo-korkoro-truingja-pe-

Дарко Трајковски почина во Затвор Идризово (2011)
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42111919547&id=12&setIzdanie=22263

Адем Сулејмани почина во Затвор Идризово (2010)
http://kajgana.com/crna-hronika/se-samoubi-ushte-eden-zatvorenik

Ханиф Дервиши почина во Затвор Битола (2010)
http://alsat.mk/vesti/zemja/22147.html

Рамиз Аметов, 19 годишен почина во Затвор Гевгелија (2010)
http://www.time.mk/read/971c5db4db/b90a0dd97e/index.html

Тои Илија Колески, почина во Завор Прилеп (2010)
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pochina-zatvorenik-vo-prilepskiot-zatvor-bolen-od-srce

Љубе Милевски почина во Затвор Идризво (2010)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=EDD725F29A42554C921EC5BA8DE52B0C

Сенат Мифтари почина во Затвор Тетово (2009)
http://mxradio.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3977%3A2011-05-04-18-49-37&catid=83%3Amakedonija&Itemid=460

Стојче Младенов, почина во Затвор Штип (2009)
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=308BEBF013B7354DA6034855CE67DAD1

Игор Димитровски почина во Затвор Идризово (2008)
http://forums.vmacedonia.com/f73/vo-idrizovo-pochina-zatvorenik-bolen-od-tuberkuloza-9146/

Месут Адеми почина во Затвор идризово (2008)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A922EAECA6838740AB7CC1554076BD62

Асани Нафи Сафет, почина во Затвор Идризово (2008)
http://www.idividi.com.mk/Zdravje/Medicina/462021/index.htm

Владо Таневски почина во Затворот Тетово (2008)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B6C0B7C229D98948B41BB3CC0E6463C7

Ремзи Сулејмани почина во Затвор Идризово (2008)
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90857

Агим Лесковица, почина во Затвор Идризово (2007)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C4AA7BB0903AA7408F74DA2F2F9583DA

Љупчо Крстов почина во Затвор Идризово (2007)
http://vecer.com.mk/?ItemID=CA5400C64AFD994B877A754DCF1ABD06

Ремзи Азизи почина во Затвор Идризово (2007)
http://vecer.com.mk/?ItemID=60C1D5863BE7344B98FB54DFF2312F95

Садри Алиовски почина во Затвор идризово (2007)
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=16323&kategorija=7

Абдула Невзат почина во Затвор Идризово (2006)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=642&ArticleID=39588

Исмет Зекиовски, почина во Затвор Идризово (2005)
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=52646

Музафер Асановски почина во Затвор Скопје (2005)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=545&ArticleID=34264
Сочувана
Всичко за Македония!

Стариот

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 77
  • Всичко за Македония!
    • Погледај го Профилот
    • Книги за Македония, Books about Macedonia
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #34 на: Јуни 07, 2011, 03:24:15 »

Почина затвореник во Идризово

Пред околу еден час во Институтот за судска медицина е донесено тело на починат затвореник.

Како што неофицијално дознава Канал 5 од затвореници во затворот Идризово, причина за смртта е предозирање со таблети што ги примаат зависниците од дрога, како терапија за одвикнување.

Починатиот затвореник, од ромска националност, како што се дознава, бил нарко зависник и трипати дневно примал терапија.

Од Управата за санкции засега нема никаков коментар.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=76162
Сочувана
Всичко за Македония!

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #35 на: Јуни 07, 2011, 10:03:35 »

Бошкоска: Љубе знаеше дека е следен
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139088

Специјалец „Тигар“ го уби момчето!
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139088
 
Цитат
22-годишниот Мартин Нешковски од скопската населба Козле е момчето што го загуби животот на плоштадот Македонија, за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во неделата.
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #36 на: Јуни 08, 2011, 12:13:26 »

"Българският влак" прегази Македония

http://news.ibox.bg/columnist/id_1513088674
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #37 на: Јуни 08, 2011, 12:38:10 »

07.06.2011 По целосната реализација на оперативната акција “Кампања“
Пријава против претседател на политичка партија за две кривични дела

http://www.moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10309&mid=1367&tabId=1&tabindex=0

По целосната реализација на Оперативната обработка „Кампања“ која МВР ја водеше подолг период, вчера, 06.06.2011 година, Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Претседателот на политичката партија „Обединети за Македонија“, Љ.Б.(50) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353 ст.3 и „злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања“ по чл.165-а ст.2 од КЗ на РМ.

Пријавениот во својство на службено лице - Претседател на политичката партија „Обединети за Македонија“ пречекорувајќи ги своите законски овластувања во периодот април-јуни 2011 година, во три наврати противправно прибавил парични средства во вкупен износ од 130.000 евра заради финансирање на политичката кампања на споменатата политичка партија чиј претседател е истиот, за вонредните парламентарни избори 2011 година, кое е спротивно на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик.

Имено, од преземените мерки и активности утврдено е дека пријавениот во три наврати и тоа во месец април (10.000 евра), мај (20.000 евра) и на 06.06 2011 (100.000 евра) во Скопје остварил средби на кои ги примил горенаведените парични средства за финансирање на активностите и афирмацијата на политичката партија „Обединети за Македонија“.

Љ.Б. ги примил паричните средства,  спротивно на одредбите од Изборниот законик, (со кој се одредува начинот и висината на средства наменети за финансирање на кампањите на политичките партии – не поголем од 5.000 евра во денарска противредност), иако знаел дека примањето на парите не е во согласност со Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик.

Осомничениот заедно со кривичната пријава и доказниот материјал синоќа беше изведен пред надлежен Истражен судија од чија страна му беше изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Инаку, после објавувањето на веста дека е приведен Љ.Б., околу 300 лица негови симпатизери се собраа на бул. ,,Крсте Мисирков“ бб пред Основен Суд Скопје I за да ја изразат  својата подршка.

Во времето кога Љ.Б. се наоѓал на распит во ОС Скопје I околу 19.15 ч. од страна на насобраните лица дошло до нарушување на јавниот ред и мир, односно од страна на две лица бил нападнат униформиран полициски службеник од ПСОН ,,Бит Пазар“,  ангажиран за физичко обезбедување на настанот, при што бил  удиран со боксови и клоци, влечен по асфалтот со службената униформа која притоа му била искината, а нанесени му се видливи повреди на нозете поради што му била укажана лекарска помош во ГОБ.

Во 19.50 ч. од бул.,,Крсте Мисирков“ бб зад Врховен суд во ПСОН,,Центар“ приведени се лицата В.М.(1984) и Г.М.(1973), двајцата од Струмица.

Со приведените во ПСОН,,Центар“ извршен е разговор и ќе биде поднесена кривична пријава по чл.  383 од КЗ на РМ ,,Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ која ќе биде доставена до Надлежното ОЈО Скопје.
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #38 на: Јуни 08, 2011, 12:45:47 »

Која е службената положба и овластување на Љубе Бошкоски?

Кривичен закон, Член 122

(4) Како службено лице, кога тоа е означено како сторител на кривично
дело се смета:
а) претседателот на Република Македонија, поставените амбасадори и пратеници на Република Македонија во странство и именувани лица од претседателот на Република Македонија, избран или именуван функционер во Собранието на Република Македонија, во Владата на Република
Македонија, во органите на државната управа, во судовите и други органи и организации што вршат определени стручни, управни и други работи во рамките на правата и должностите на Републиката, во локалната самоуправа, како и лица кои постојано или повремено вршат службена должност во овие органи и организации,
б)државен службеник кој врши стручни, нормативно- правни, извршни, управно- надзорни работи и управни работи во согласност со Уставот и со закон,
в) овластено лице во правно лице на кое со закон или со друг пропис донесен врз основа на закон му е доверено вршење на јавни овластувања, кога должноста ја врши во рамките на тие овластувања, како и овластено лице за застапување на здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации, спортски здруженија и други правни лица во областа на спортот,
г)лице кое врши определени службени должности врз основа на овластување дадено со закон или со други прописи донесени врз основа на закон,
д)воено лице кога се во прашање кривични дела кај кои како извршител е означено службено лице и
ѓ) претставник на странска држава или на меѓународна организација во Република Македонија.
« Последно менување: Јуни 08, 2011, 12:55:52 ohrid1941 »
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #39 на: Јуни 08, 2011, 12:55:26 »

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ

Злоупотреба на службената положба и овластување

Член 353
(1)Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2)Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено во вршење на неговото посебно овластување или должност.
(5)Ако делото од став 1 е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.
Сочувана

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #40 на: Јуни 08, 2011, 01:05:09 »

Денеска ќе биде погребано убиеното момче
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139096

„Тигар“ го убил момчето - зошто молчеше МВР?
http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=61E8403FAE0EA64FB846E9BE7F97CDF0
« Последно менување: Јуни 08, 2011, 01:07:57 Competent »
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #41 на: Јуни 08, 2011, 02:18:01 »

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК
Сл.Весник на Р.Македонија бр.73 од 14.06.2006 година


Член 13
Во членот 165 зборовите: "избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување референдум" се заменуваат со зборовите: "изборен орган", а зборовите: "три месеци до пет години" се заменуваат со зборовите: "најмалку пет години".

Член 14
По членот 165 се додава нов наслов и нов член 165-а, кои гласат:

"Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања
Член 165-а
Организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на планираните средства, со неподнесување на финансиски извештај за потрошените средства, со пречекорување на законските ограничувања на средствата дозволени за изборна кампања, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку пет години."
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #42 на: Јуни 08, 2011, 02:19:15 »

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК
Сл. Весник на Р. Македонија бр.114/09 од 14.09.2009 година


Член 37
Во членот 165-а став 1 пред зборот „Организатор “ се додава бројот “1“. По ставот 1 се додаваат четири нови става 2, 3, 4 и 5, кои гласат:
„2) Со казната од ставот 1 на овој член ќе се казни одговорно лице во правно лице кое со непријавување на донации и други средства за финансирање на изборна кампања, со спречување на надзорот над финансирањето или помагањето на друг начин на изборна кампања, со неподнесување на финансиски извештај или со давање на лажни или непотполни податоци за дадени донации и други средства, со пречекорување на законските ограничувања на средства
дозволени за изборна кампања, со обезбедување на недозволени средства за изборна кампања, со исплати спротивни на намената за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето овластување определено со закон.
3) Тој што спротивно на ограничувањата определени со закон тајно ќе донира за туѓа изборна кампања или кампања за избори во кои самиот учествува со износ кој во поголема вредност го надминува законскиот максимум, ќе се казни со парична казна или затвор до три години.
4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
5) Незаконски обезбедените средства се конфискуваат.“

Член 38
По членот 165-а се додава нов наслов и нов член 165-б, кои гласат:
„Задолжително изрекување на казната
забрана за вршење на професија, дејност или должност
Член 165-б
За кривичните дела од членовите 158 до 165-а на овој законик судот ќе му
изрече на сторителот забрана за вршење на професија, дејност или должност под
условите од членот 38-б од овој законик.“
« Последно менување: Јуни 08, 2011, 02:29:11 ohrid1941 »
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #43 на: Јуни 08, 2011, 02:20:59 »

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.51 од 13.04.2011 година


Член 10
Во членот 165-а ставот (2) се менува и гласи:
„Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни одговорно лице во правно лице кое нема да пријави донации и други средства за финансирање на изборна кампања, ќе го спречи надзорот над финансирањето или помагањето на друг начин на изборна кампања, нема да поднесе финансиски извештај или ќе даде лажни или непотполни податоци за дадени донации и други средства, ќе ги
пречекори законските ограничувања на средствата дозволени за изборна кампања, ќе обезбеди недозволени средства за изборна кампања, ќе исплати средства спротивно на намената за финансирање на кампањата или на друг начин ќе го злоупотреби своето овластување определено со закон.”

Член 11
По членот 165-б се додава нов наслов и нов член 165-в, кои гласат:
„Задолжително изрекување на казната забрана за користење на средства за финансирање на политички партии

165-в
За кривичните дела од членовите 158 до 165-а на овој законик, судот ќе му изрече на сторителот забрана за користење на средства за финансирање на политички партии под условите од членот 96-в став (1) на овој законик.“
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: Избори 2011: Декларација на БККС
« Одговори #44 на: Јуни 08, 2011, 02:33:04 »

Неофицијален прочистен текст на чл. 165-а,б,в од Кривичниот закон (направен според дополнувањата и измените дадени на: http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=233). Љубе Бошкоски е обвинето по чл. 165-а ст. 2.

Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања
Член 165-а


1) Организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на планираните средства, со неподнесување на финансиски извештај за потрошените средства, со пречекорување на законските ограничувања на средствата дозволени за изборна кампања, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.
2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни одговорно лице во правно лице кое нема да пријави донации и други средства за финансирање на изборна кампања, ќе го спречи надзорот над финансирањето или помагањето на друг начин на изборна кампања, нема да поднесе финансиски извештај или ќе даде лажни или непотполни податоци за дадени донации и други средства, ќе ги пречекори законските ограничувања на средствата дозволени за изборна кампања, ќе обезбеди недозволени средства за изборна кампања, ќе исплати средства спротивно на намената за финансирање на кампањата или на друг начин ќе го злоупотреби своето овластување определено со закон.
3) Тој што спротивно на ограничувањата определени со закон тајно ќе донира за туѓа изборна кампања или кампања за избори во кои самиот учествува со износ кој во поголема вредност го надминува законскиот максимум, ќе се казни со парична казна или затвор до три години.
4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
5) Незаконски обезбедените средства се конфискуваат.

Задолжително изрекување на казната забрана за вршење на професија, дејност или должност
Член 165-б


За кривичните дела од членовите 158 до 165-а на овој законик судот ќе му изрече на сторителот забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б од овој законик.

Задолжително изрекување на казната забрана за користење на средства за финансирање на политички партии
Член 165-в


За кривичните дела од членовите 158 до 165-а на овој законик, судот ќе му изрече на сторителот забрана за користење на средства за финансирање на политички партии под условите од членот 96-в став (1) на овој законик.
« Последно менување: Јуни 08, 2011, 02:37:04 ohrid1941 »
Сочувана