Македонска википедија:
Јоан КукузелЈоан Кукузел е најзначајниот средновековен бугарски светец, црковен пејач и композитор (13-14 век), музички теоретичар и реформатор на византиското нотно писмо. Бидејќи бил надарен со прекрасен глас, неговите современици го нарекуваат Ангелогласниот.
Се стекнува со образование во императорското пејачко училиште во Константинопол, Византија. Потоа оди во Света гора, каде што живее до крајот на својот живот. Од времето на неговиот престој во Константинопол доаѓа и неговото име - "Кукузел". Кога бил во помладите години, кога го запрашале што јадел, тој одговорил "кукија ке зелија" (на грчки:κουκιά καί ζέλια), обидувајќи се да каже на грчки "грав со зелка". Ја обновува византиската музика со бугарски интонации. Создава две реформи - ја воведува повеќегласноста и го усовршува старото нотно писмо.
Извори за неговиот живот се црпат од неговото житие, кое е составено кон крајот на 14 век. Препис од него се чува во Народната библиотека "Св. Св. Кирил и Методиј" во Софија.
Бројот на негови познати композиции е 90. Најпозната негова творба е "Полиелеј на бугарката" и е посветена на мајка му.
Канонизиран е за светец. Бугарската православна црква го прославува на 1 октомври.