http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=62946Стејт департмент: Хрватски, српски и бошњачки се еден ист јазик недела, 13 февруари 2011
Службениците во американските амбасади во БиХ, Хрватска, Црна Гора и Србија во септември 2009 година го известиле инспекторот во американскиот Државен секретар дека би било многу добро доколку Секретаријатот го прифати ставот дека јазиците кои се зборуваат во тие држави се третира како еден, односно како три регионални варијанти на српско-хрватски јазик
Загрепски „Јутарњи лист“ наведува дека е прифатена сугестијата и потоа Канцеларијата на инспекторот и на претпоставените им објасниле дека и покрај новите имиња „овие регионални варијанти остануваат лингвистички базично исти со незначителни варијации, вклучувајќи користење на кирилицата во српскиот јазик. Тие варијации, сметаат американските инспектори, можат лесно да се разберат со краткотрајна вежба на конверзација.
Инспекторот заклучува дека е непотребно служебникот кој веќе се обучил за, на пример, хрватски јазик, ако од Загреб оди во Сараево, да мора да го мине целиот курс за бошњачки, како да станува збор за нов јазик.
Канцеларијата на американскиот инспектор се повикува и на преседани во две претходни мислења кои утврдуваат дека „бошњачкиот, хрватскиот, српскохрватскиот и српскиот би требало да бидат групирани заедно и третирани како единствен јазик со цел утврдување подобност за плаќање курсеви за учење на јазикот“.
Конечно, се заклучува во документот, „сите поголеми американски универзитети со добро составени програми за изучување на словенските јазици, вклучувајќи ги Харвард и УЦЛА, ги третираат овие три дијалекти како еден јазик.
ЛИТЕРАТУРНИОТ „МАКЕДОНСКИ„ ЈАЗИК Е ДИЈАЛЕКТ НА БУГАРСКИОТ ЈАЗИК.