Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Тепачка/бой между сърби и гърци во Атина  (Прочитано 1389 пати)

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот

Видео снимка: http://www.youtube.com/watch?v=XaB1NCAWoVU


Сърби и гърци спретнаха здрав бой в контрола
(www.gol.bg)

Световното първенство по баскетбол започва другата седмица, но страстите са горещи дни преди турнира в Турция.

Късно снощи европейските сили в този спорт Гърция и Сърбия спретнаха здрав бой помежду си по време на проверка помежду им в Атина. И двата състава са участници в надпреварата, а и непримирими съперници и винаги са сред фаворитите.

В крайна сметка двубоят за купа "Акрополис" не завърши, като бе прекратен при 74:73 за домакините. Милош Теодосич и Андонис Фоцис започнаха скандала, в който след това се включиха и останалите играчи от двата състава.

Ситуацията излезе извън контрол и баскетболистите се бутаха, ритаха и блъскаха, а центърът на Сърбия Ненад Кръстич севсем полудя, взе един стол край страничната линия и удари с него Бурусис, нанасяйки му рано зад лявото ухо.

Гръцкият играч естествено побесня и едвам бе удържан от съотборниците си и хората от щаба на състава. В крайна сметка страстите бяха овладяни, но се очаква и двата отбора да бъдат сериозно наказани заради изтъпленията по време на сблъсъка.


Грците и Србите си пуштија крв во Атина
(www.dnevnik.com.mk)

Во масовната тепачка на теренот во Акрополис купот, Крстиќ го удри Бурусис со стол по глава, а овој сакал да го суреди во соблекувалната, па потоа поднел тужба против него за тешки телесни повреди

Последниот меч од Акрополис купот во Атина заврши неславно со масовна тепачка на сите кошаркари на тимовите на Србија и на Грција. Во тепачката, меѓу другото, српскиот центар Ненад Крстиќ со стол го погоди грчкиот центар Бурусис по глава и го раскрвави.

Низ натпреварот домаќинот ја имаше наклоноста на судиите, а селекторот на гостите Душан Ивковиќ заработи дури две технички, па замина од теренот. Ивковиќ, новиот тренер на Олимпијакос, вербално ги напаѓаше судиите. До тепачката дојде по вербалниот судир меѓу Милош Теодосиќ и Антонис Фоцис. Крстиќ го нападна корпулентниот центар Скорцијанитис, обидувајќи се да одбрани еден свој соиграч кој беше на подот. Потоа Крстиќ фрли со стол кон Скорцијанитис, но тоа го погоди Бурусис. Тепачката пред 5.000 публика траеше две минути. Бурусис потоа сакал да влезе во соблекувалната на Србија, но бил спречен. Наводно пред соблекувалната Скорцијанитис ја продолжил тепачката со Крстиќ и со Бјелица.

Мечот беше прекинат во 38. минута, а беше регистриран со резултат 74-73 за Грција, која победи на турнирот.

Гркот Царцарис ги нападна Србите кои настапуваат за грчки клубови сметајќи дека тие се вишок во оваа лига.

- Се работи за деца кои лебот го вадат во нашата земја, а прават проблеми. Не треба да затвораме очи пред таквите состојби. Нашите кошаркарски челници треба да размислат за тоа. Имаме доволно квалитетни грчки играчи, па некои луѓе треба да научат дека не треба да им се даваат пари на деца кои тоа не го заслужуваат - смета Царцарис.

За чудо, судиите не запишале во записникот ништо за инцидентот. ФИБА побарала видеоматеријал од средбата, но тешко дека ќе има казни поради тоа што нема ништо во записникот.

Бурусис наводно против Крстиќ подигнал тужба за нанесување тешки телесни повреди. Грчката полиција го запрела автобусот со српскиот тим и зела изјави од Крстиќ, Кешељ, Теодосиќ и Ивковиќ за тепачката. Српските кошаркари салата во Атина ја напуштија околу 2 часот по полноќ во придружба на големи полициски екипи.
« Последно менување: Август 21, 2010, 08:02:32 Илинден »
Сочувана