Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Пандев дочекан како херој во Струмица  (Прочитано 1243 пати)

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот

Колку за потсетување, Горан Пандев на два пати, во Австралија и во Србија беше претставен како Бугарин  :)



„Утрински Весник“ Пандев дочекан како херој во Струмица

Родната Струмица вчера му приреди величествен дочек на македонскиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев. На сите страни ечеше: „Гоче, Гоче, Горане шампионе“, а голема парола на општинската зграда со зборовите „Горане шампионе - добре дојде дома“, беше врв на пречекот што му го приредија струмичани и локалната самоуправа.

Во малиот градски парк во Струмица се собраа голем број граѓани. И старо и младо излегоа да го пречекаат нивниот херој, кој едвај успеа да се пробие до бината за да им се обрати на собраните граѓани. Им се заблагодари за величествениот пречек, а потоа на фудбалски клубови и на основни училишта од општината им подели фудбалски топки и дресови со негов потпис.

Пречекот на најголемата македонска фудбалска ѕвезда кулминираше кога заедно со струмичкиот градоначалник Зоран Заев се појави на балконот од општинската зграда. Оттаму на насобраните фанови им фрлаше топки и дресови, а само десетина најупорни и најсреќни дојдоа до нив.

На приемот во Општината што за Пандев го органираше Заев, беше соопштен предлогот на новиот градски плоштад да биде поставена златна ѕвезда со името на Горан Пандев, во знак на благодарност за сите негови успеси, а на влезовите во Струмица ќе бидат поставени големи билборди со натпис - Добородојдовте во градот на Пандев.

Македонскиот интернационалец му подари на градоначалникот Заев негов дрес од Интер со бројот 27. Заев веднаш го облече дресот и му посака на Пандев уште многу успеси.

Најголемата македонска фудбалска ѕвезда не можеше да ги скрие емоциите од величествениот пречек.

-Му благодарам на целиот град и посебно на градоначалникот, бидејќи сето тоа што се организира за мене е нешто најголемо. Горд сум што сум Македонец и струмичанец и што сум вака пречекан. Мојот голем успех не е само мој, туку и на цела македонска јавност, посебно на струмичани, кои постојано се со мене и секогаш ме бодреа кога си доаѓав дома, рече Пандев.

Пандев во Струмица допатува со сопругата Надица и со синот Филипо.
Сочувана