Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Евангелос Кофос: Основата на спорот меѓу Атина и Скопје, не е името  (Прочитано 1750 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Канал 5, 07.04.2009
Евангелос Кофос: Основата на спорот меѓу Атина и Скопје, не е името Република Македонија

Основата на спорот меѓу Атина и Скопје, не е името Република Македонија. Тоа само користи преку него да се пренесат суштинските проблеми, кои свесно или не никој не сака да ги отвори. Ова признание деновиве во анализа за грчката фондација за европска и надворешна политика, го изнесува поранешниот советник на грчката влада и актуелен неформален консултант на министерството за надворешни работи, Евангелос Кофос. Оперирајќи со извештаите на меѓународната кризна група на оваа тема од 2001-та и оваа година, но и со своето долгогодишно искуство на врвен историчар и познавач на македонското прашање, Кофос излегува со препораки за можно надминување на проблемот што според него подеднакво ги оптоварува двете влади.

„На Скопје и на сите оние што се за компромисно решение треба да им биде јасно дека граѓаните на ФИРОМ не може да ја нарекуваат Македонија татковина, зашто тоа е поширок регион кој се простира уште во три држави. Ова е црвената линија за Грција и Грците“, наведува во својата анализа Кофос.

„Славомакедонците со новата етногенетичка догма која се шири до антиката, атакуваат на хеленското културно наследство и ги повредуваат чувствата на Грците што живеат на југот на земјата. Ова може да запали и да предизвика судир на идентитети во регионот и пошироко“, предупредува Кофос.

„Името Македонија со кое се идентификува се што доаѓа од регионот Македонија, а не само од ФИРОМ, мора правно да се класифицира“, сугерира Кофос.

Тој не смета оти грчката позиција е максималистичка, напротив географската одредница кон името Македонија, би ги смирило духовите, и не би претставувало плодна почва за претензионистички амбиции. Кофос предлага Република Македонија што е само дел од географскиот регион Македонија да се вика Вардарска Македонија.

„На граѓаните што живеат во таа Македонија, треба да им биде дозволено слободно да ја изразат својата етничка припадност и идентитет и тоа треба да биде респектирано. Македонци како што се нарекуваат себеси, во латинична транскрипција би било Македонци, како такви да бидат заведени од страна на англискиот, францускиот, германскиот, грчкиот и од сите други јазици- упатува Кофос. Но, вели оти терминот за идентитетот што ќе биде наведен во личните документи и во графите за националност да произлезе од името на државата, во претпоставена варијанта, Вардарска Македонија. Кофос со сугестија, во странските јазици да се изнајдат соодветни географски форми за именките и придавките Македонци – Македонски.

Кофос спори и со политиката на странските јазици кои, имаат еден термин маседониан, без да користат дополнително објаснување за кој дел од географскиот регион Македонија, станува збор. Кофос дури оди дотаму што предлага, луѓето што живеат во деловите од регионот Македонија да се идентификуваат на следниов начин: ние би биле славомакедонци, во Албанија –албански Македонци, во Грција, грчки Македонци во Бугарија да се нарекуваат бугарски Македонци.

Нотирајќи го предлогов како можно излезно решение, Кофос сугерира Грција да се обврзе на сите можни начини да помогне за наш забрзан влез во НАТО и во ЕУ. Ова би било запечатено со траен документ во обединетите нации, кој би ја заменил времената спогодба во која според него, е минусирано прашањето за името.
Сочувана

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот

Цитат
Кофос предлага Република Македонија што е само дел од географскиот регион Македонија да се вика Вардарска Македонија.

Доста интересно !  ???
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Меморандум на БКК во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција:

http://www.bkks.org/node/17

Интервју на Лазар Младенов за весник „Политика“:

http://www.bkks.org/node/18
Сочувана

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот

Меморандум на БКК во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција:

http://www.bkks.org/node/17

Интервју на Лазар Младенов за весник „Политика“:

http://www.bkks.org/node/18


Цитат
Истовремено, ние £ препорачуваме на Република Бугарија:
1. да продолжи да ги поддржува идеалите на ВМРО за слободна и независна македонска држава.
2. да земе активно учество во „спорот“ со името и да го разјасни етничкиот карактер на Македонија на релевантните меѓународни организации и посебно на меѓународното дипломатско и академско општество.3. како член на Европската Унија, да се грижи за заштитата на човековите права на Бугарите во Грција, заштита на бугарските топоними, да помага за основање на бугарски училишта и реконструкција на старите бугарски цркви и бугарски гробишта.

Това - хубаво, но не можах да намеря къде пише каква е позицията на Клуба относно спора за името на РМ ?  ???
Ако се настоява на сегашното име, какви може да са последиците ?  :-\
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот

Од тие причини, ние и препорачуваме на Македонската влада:

1. да ја промени преамбулата на Уставот на Република Македонија така што сегашната формулација ќе се замени со одредбата дека „Република Македонија е држава која припаѓа на сите нејзини граѓани“.

2. да ја напушти својата доктрина дека граѓаните на Република Македонија се потомци на Александар Велики. Александар треба да биде оставен како културно наследство на сите држави на Балканот, а не да е основа за создавање на национални доктрини.

3. да го реформира образовниот систем во кој историјата ќе се предава врз основа на автентични историски документи, а не политички и идеолошки интерпретации.

4. да гo земе предвид фактот дека Бугарите од Вардарска и Егејска Македонија, според принципите на Општеството на народите во Женева, до 1944 година беа третирани за бугарско национално малцинство во Југославија и Грција.

5. во преговорите со Грција да ги земе предвид:
- конвенцијата за размена на бегалци од 1919 склучена меѓу Грција и Бугарија;
- договорот Калфов-Политис од 1924 година за заштита на бугарското малцинство во Грција;
- финансовата спогодба Молов-Кафандарис од 1927 година која ја прецизира претходно споменатата конвенција;
- согласноста на двете страни, Бугарија и Грција, од 1963 година, дека спорните прашања за размената на бегалците, поврзани со горните спогодби, и претензиите за имоти што произлегуваат од нив, се разрешени со еден сеопфатен договор.

6. да ги зацврсти економските и културните врски со сите соседи, особено со Бугарија и Албанија, без наследените предрасуди од историјата, и да го усвои и примени бугарското искуство кон членството во НАТО и ЕУ.

7. да го признае независно Косово колку што е можно порано и да поднесе молба до НАТО за стационирање на американски, бугарски и турски НАТО трупи на границата со Косово и Србија.2
Сочувана