Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: И Никола Саркози (Шаркоски) бил Македонец :))  (Прочитано 1002 пати)

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот

Саркози од Гевгелија

(Франција ја призна Македонија под уставното име, но во првоаприлска шега на „Курие де Балкан“ )

Нанси - Вкусна или невкусна првоаприлска шега, но достојна за ваков празник. Веста, поточно опширната репортажа за наводното признавање на уставното име на Република Македонија од страна на официјален Париз, беше објавена на Интернет-изданието „Курие де Балкан“, специјализиран франкофонски весник за земјите од Балканот. За жал, веста уште во почетокот се гледа дека е лажна, бидејќи зад неа стои Риба Пешки Њуз.

Што стои во репортажата, која би била забавна ако не се допира во едно суштинско значење за нашата земја. Веста пристигнала вчера рано попладнето и во неа стои дека Франција ја признава Република Македонија под уставното име и веднаш бара нејзина интеграција во НАТО за време на Самитот во Стразбур. Фредерик Лефебр, портпарол на владејачката партија, ќе и' даде поддршка на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Бернар Кушнер и Карла Бруни-Саркози, исто така, се очекуваат во Скопје. Оваа радикална промена доаѓа по новите откритија за потеклото на претседателот на Франција: неговото семејство Шаркоски (Саркози на унгарски се изговара Шаркози) е по потекло од Гевгелија, на југот од Македонија.

Новинарот на измислената новинска агенција Ц. Циганерска потоа детално пишува за „одлуката на Саркози“. Најпрво се вели, во духот на сите репортажи, дека веста се чувала како тајност од Елисејската палата се' до вчерашното утро, додека советниците на Саркози од пред неколку дена со големо внимание ги разгледувале доверливите генеалошки документи пренесени од Република Македонија.


Саркози од Македонија

Според овие документи, со сигурност се дознава дека Саркози е директен потомок од семејството Шаркоски, кое во почетокот на 20 век изработувало и продавало свирчиња на пазарот во Гевгелија. Прадедото на Никола Саркози, Гоце Шаркоски, член на ВМРО уште од нејзиното основање, морал да замине во Солун по злосторствата направени од грчките андарти по Илинденското востание во 1903 година. Во Солун, како космополитски град, пробугарските приврзаници на ВМРО наоѓале многу лесно засолниште. (Овде, и покрај обидот да се даде историски втемелена димензија на шегата, се прави намерен или ненамерен обид за давање пробугарска боја на историското ВМРО.)

Гоце Шаркоски го биел глас на авантурист и бил физички привлечен, и покрај малиот раст, кој изгледа била наследен во семејството. Тоа најверојатно му дозволило да го освои срцето на унгарската грофица Наѓи-Боча, која престојувала во Солун. Нивната авантура траела кратко, бидејќи браќата на грофицата го претепале Дон Жуанот, кој потоа ја зел титулата гроф.

Овој Гоце Шаркоски оттогаш се викал „Шаркоси од Наѓи-Боча“, потоа го бугаризирал своето име во Шаркозов, кога служел како аѓутант на генералот Протуѓеров за време на Првата светска војна. По пробивањето на Солунскиот фронт и поразот на бугарските трупи, Гоце Шаркозов од Наѓи-Боча без двоумење ги оставил бугарските трупи и работел како снабдувач на француската армија. Обвинет за повеќе малверзации, тој заминал во бегство, по што му се изгубила трагата. Но, по проучувањето на документите кои сега се на располагање, тој имигрирал под името Goce Sarkosky de Nagy-Bocsam, под кое бил регистриран од полицијата во Марсеј во 1923 година. Ставањето на буквата „у“ во презимето можеби било по грешка на функционерот, но таа се забележувало и во подоцнежните документи. Во 1925 година некојси извесен Гоце Саркози бил ставен во затворот во Бомет поради „нарушување на ноќниот мир и состанување во банда во влез на една зграда“ (н.з. неговиот наследник Никола Саркози со закон денес сака да ги казнува истите престапи). Македонецот во една статија на весникот „Провансал“ од 29 ноември бил наречен „космополитско ѓубре“.

Сите овие документи му биле пренесени на француското претседателство на Републиката од страна на амбасадата на Македонија во Париз. Според Жак Атали, кој бил интервјуиран од парламентарниот ТВ-канал, теоријата според која Никола Саркози бил со грчко потекло била втемелена врз лажни фалсификувани документи од страна на грчкото Министерство за надворешни работи. Тој притоа додал дека „овие фалсификати на историјата придонесуваат за сеење метеж во идентитетот и ја потхрануваат кризата на вредности што го погодува Западот.

Точно во 11,20 часот во средата (1 април) Министерството за надворешни работи на Франција објавило едно коминике со кое се соопштува дека „Франција ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име“.

За телевизија А1, министерот Бернар Кушнер изјавил дека „Париз сака да ги обнови историските врски меѓу Франција и Македонија“. Тој прецизирал дека претседателот Саркози побарал итен прием на Македонија во НАТО за време на Самитот во Стразбур. „Ако ова не биде направено, претседателот најави дека ќе го напушти Самитот и дека француската полиција нема повеќе да го обезбедува“. Во таков случај Франција ќе се откаже од враќањето во интегрираната команда на НАТО.

Истовремено министерката за економија, Кристин Лагард, најавила дека „многу француски претпријатија ќе бидат спасени благодарение на стратегиското партнерство со Македонија“, обелоденувајќи дека француските претпријатија на кои им се заканува затворање ќе бидат набрзо делокализирани во слободната зона во близината на Скопје.

Никола Саркози најавил дека ќе биде создадена комисија на експерти, која ќе ја водат Жак Атали и Џак Ланг, и ќе биде задолжена да го проучи подигањето на една статуа на Александар Велики на плоштадот „Конкорд“ во Париз. Овој споменик, според зборовите на претседателот Саркози, „треба да претставува знак на голема почит на Франција кон вечната Македонија“.

Грчката амбасада во Париз веднаш протестирала „поради неочекуваниот пресврт“ во француската позиција. Воениот аташе на грчката амбасада веднаш му телефонирал на министерот за одбрана на Франција, Ерве Моран, за да му го изрази „живото незадоволство“. Тројца грчки офицери, моментно на обука во Воената школа во Париз, веднаш ја напуштиле школата во знак на протест.

Фредерик Лефебр, портпарол на владејачката УМП, истовремено ќе го поддржи Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, при вториот круг на претседателските избори, закажан за в недела. Тој за телевизија А1 изјавил дека „УМП природно е солидарна со ВМРО-ДПМНЕ против фашистичката, ревизионистичка и демагошка кампања на СДСМ, која може да се споредува со таа на француската социјалистичка партија“.

За в недела, според добро информирани извори, предвиден е голем концерт на Карла Бруни-Саркози на плоштадот „Македонија“ за да се прослави најавената победа на Ѓорге Иванов. Сопругата на шефот на француската држава треба да испее три песни на Тоше Проески, идолот на цела Македонија, кој загина во сообраќајна несреќа во 20 октомври 2007 година. Според некои несигурни извори, Елисејската палата дискретно преговарала за учеството на српската пејачка Цеца на концертот на Карла.

При посетата на основното училиште во Безуј-ан-Комбри, претседателот Саркози им објаснил на учителите дека „подобро е децата да ги учат песните на Тоше Проески отколку да ја читаат „Принцезата од Клев“. Всушност, како што пееше Тоше Проески, „Срцето не е камен“.

Еве вака Французите се забавуваат за 1 Април со проблемот за името кој во Европската унија започнува да го допира и идентитетот на македонскиот народ и јазик.

„Утрински весник“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B265AD601CB2D44B85864598F21997E6
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Сочувана