Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: "АБСУРДИСТАН"  (Прочитано 121409 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
"АБСУРДИСТАН"
« на: Декември 01, 2009, 12:42:29 »

ДНЕВНИК : МК

Македонија, Косово, Албанија

Македонските универзитети имаат соработка со на пример: Ниш, Крагуевац, Белград и Житораѓа сл., но не дај Боже со Тирана или Софија? Ние не ги знаеме колегите од Тирана, Приштина и Софија. Абсурдистан на предрасуди кој треба радикално да се смени

Македонија треба да порасне и да почне да ги разлачува своите национални интереси од предрасудите кон народите од соседството и внатре. Треба да престане да ги пропушта можностите да стане трговски, комуникациски и политички центар во регионот. За таа цел треба да направи приоритети на стратегиска соработка, кои не се однесуваат само на НАТО и ЕУ, туку конкретно и на односите со соседите. Според мое мислење, таков приоритет треба да биде стратегиската соработка со Косово и со Албанија.

Ова од неколку причини: сите меѓународни компании што воспоставуваат свои седишта во Скопје (словенечки, хрватски, германски, австриски, италијански и др.), без исклучок се дијзанирани за покривање пазар од 6 до 8 милиона: Македонија, Косово и Албанија. Ниту еден не е само за Македонија, ниту е за Македонија-Грција, Македонија-Бугарија, Македонија-Србија. Второ, Македонија има стратегиска предност за позиционирање на пазарот на овие две држави (енергетика, градежништво, аграр и се' друго), со што де факто станува и мост за преодот кон нив на другите балкански држави. Скопје во таа смисла е во значајна компаративна предност.

Трето, по оваа линија функционираат и нашите стратегиски партнери (САД - на ист-вест коридорот, со воена база во Косово, а политички и интелиџенс-центар во амбасадата во Скопје. Исто така Италија и Турција). Ова влијание ја помага инклузивноста на македонското општество и дава добар сигнал за суштествена интеграција на македонските Албанци.

На сите овие околности од национален интерес за Македонија се спротивставуваат предрасудите и стравовите кај Македонците (и по некое роварење на соседни разузнавачки служби).

Меѓу нашите држави, кои се геостратегиски ориентирани на блиска соработка, имаше историски и политички причини што ги држеа на ниско ниво на заемна интелектуална размена. А таа која ја имаат дури и сега е оптоварена со балкански теории на коспирација, стравови и предрасуди, до демонизација и омрази.

Времето пред нас се толкува како клучно и крајно. Имено блискоста на историјата и регулирање на големите безбедносни прашања во овој дел од регионот на Балканот ги намали можностите од политички мотивирани блокади на односите и шансите на сериозна соработка се всушност пред нас. Пред нас е историски нова етапа на односи на овој триаголник.

Но за тоа да биде воопшто реално потребна е мрежа на интелектуални односи, поврзаност и интеракција помеѓу клучните сегменти на творечка интелигенција меѓу овие три земји. Факт е дека интелектуалните елити во овој триаголник едвај да се познаваат и нормално универзитетската, академска соработка, соработката на медиумските куќи, не дај Боже академиите, минимална соработка на НВО-секторот и сл.

Таа соработка оди за жал преку литерарни „калашникови“; академија на академија, памфлет на памфлет, или политичка размена на пораки од политичките елити или партиски елити кога ќе влезат во политичка криза.

Нам ни се потребни заеднички акции и заеднички проекти. Нас ни се потребни лични врски и деловна размена на ставови и книги, редовно интелектуално умрежување.

Нас ни се потребни во континуитет академска соработка, заеднички конференции и настапи кои создаваат тврди основи на новата етапа на блиски, стратегиски односи на државите.

Потребно е да се тргне во тој правец храбро и промислено, треба да се постави (без лопати) камен темелник на таков правец на развој на соработка.

Македонските универзитети имаат соработка со, на пример: Ниш, Крагуевац, Белград и Житораѓа сл., но не дај Боже со Тирана или Софија? Ние не ги знаеме колегите од Тирана, Приштина и Софија. Абсурдистан на предрасуди кој треба радикално да се смени. За почеток треба да се собере интелектуалната елита од најмалку четири сектора: професори на правен и политички науки, социологија и сл.; влијателни главни уредници на клучните медиумски куќи; интелектуалци од НВО-секторот; политичари и историчари, новинари и др. По десетина од Македонија, Албанија, 5-6 од Косово; некои странски дипломати од Македонија и регионот.

Агендата на еден динамичен тинк-тенк треба да биде прецизна ориентирана на рамките на соработката: геостратегиска соработка во правец на НАТО и ЕУ вредности и асоцијации; планови за конкретна соработка меѓу факултети и размена на предавачи; заеднички проекти на историја и политички институции, поделба на историските митови и контакти меѓу политичките движења на Македонија, Косово и Албанија; историја на политички контакти и алијанси и личностите кои ги воделе тие контакти. Расправа за заедничките меѓународни пријатели и односите кон нив, како заедничка линија на поврзување и сл.

Некој мора да почне сериозно да се занимава со темава на македонски стратегиски алијанси и тоа да биде од темел и со вистински интелектуални сили.

Љубомир Д. Фрчкоски

Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #1 на: Декември 01, 2009, 01:19:17 »

Цитат
На сите овие околности од национален интерес за Македонија се спротивставуваат предрасудите и стравовите кај Македонците (и по некое роварење на соседни разузнавачки служби).

Овие крајно елементарни финтички на кокетирање со Софија се добро познати и веќе не „палат“. Да потсетиме дека Фрчко, како и позначајниот дел од СДСМ, бараат „гаранции“ за македонскиот идентитет (кој е комплетно дизајниран од српските служби), при тоа префрлајќи ја топката на обичните граѓани за наводна нивна предрасуда и стравови?? Ако на некој му треба психолог за лечење на предрасудите и стравовите, тогаш тоа се сите оние кои бараат гаранции за „македонскиот идентитет“.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #2 на: Декември 02, 2009, 05:46:16 »

На Дојранско му се заканува еколошка катастрофа

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=117010

[02.12.2009] Скоро еден месец Дојранското Езеро не се полни од хидросистемот „Ѓавато“. Проблемот со наплатата на долгот за потрошена струја кон ЕВН од 150 илјади евра не е решен, а каналот, кој цели седум години го полнеше езерото, е се уште сув. Видео »

Има пари да ги испратиме пензионерите на баньа, а системот за дотур на вода од Гявото не може да се одржува !
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #3 на: Декември 05, 2009, 12:13:54 »

Темпо и Колишевски повторно дистанцираат!


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=68F3EA4F8CC1384F97BB0AE44895CF9C

Филип Петровски

На „Јутуб“ се појавија интегралните снимки на кои може да се види дека на претходно се бришани делови за да се овозможи хајка против Љубе

Понекогаш, се чини, е подобро да не се реагира веднаш со текст или одговор за да се види за што, всушност, станува збор. Имено, во почетокот на минатата недела на „Јутјуб“ беа пуштени видеа кои беа цензурирани и изработени така за да изгледа дека Љубе Бошкоски дал изјава пред хашките иследници против Јохан Тарчуловски. Ова беше силен и смислен удар. Секако, со некаква цел. Многу размислував што може да биде во заднината и кој го смислил ова. Набргу следуваше драматичен развој на настаните. Се повикуваше членството на ДПМНЕ (која не е демократска партија и мислам дека и овој дел од името веќе не им личи) да се собере во минатонеделниот вторник пред основното училиште „Кочо Рацин“, за потоа да продолжи кон куќата на Љубе и таа да биде каменувана или нападната. Секој комитет на ДПМНЕ добил задача да собере по 100 члена за да се постигне бројка од околу 1.000 демонстранти. Се разбира, во исто време дознавме за плановите на ДПМНЕ што ги развиваше Протоѓер. Дознавме од проста причина што членството не пие нафта и поголем дел од нив се во постојан контакт со нас. Тешко може да помине ваква одлука, а ние да не ја знаеме во истиот момент. Тешко може разумен човек и да ја изврши.

Голем дел од тоа членство веќе има членска карта и во Обединети за Македонија, но под закана за губење на работните места, за нив и нивните семејства, мораат да молчат и да глумат послушност. Оти послушност, бесконечна, е тоа што сега се бара кога треба да се исполнуваат плановите на големиот вмровец Протоѓер, кој до вчера зборуваше за вмровците како за сељаци. Ако јас го знам ова, го знае и членство на ДПМНЕ. Знаат дека е поставен неприродно и на сила на позицијата што што ја узурпира, бидејки не е избран демократски. Односно не е проверен, изгласан од членството. Е, ама сега, тој од позицијата што ја има е во можност да развива планови, кои, како што се гледа, не му се баш демократски. Оти не верувам дека кој било од читателите ќе се согласи дека демократско однесување е да се доведе во прашање животот на Љубе Бошкоски и целото негово семејство. И, не знам кој е тој што мисли дека во таква ситуација нападнатата страна нема да се брани. Но, кај нас има демократски капацитет, па затоа за овие информации ја известивме прво јавноста. Потоа се јавивме во амбасадите во Скопје. Известивме за она што ни го кажаа нашите членови кои се' уште се во ДПМНЕ. Веројатно поради тоа, целата операција беше стопирана. Мислам на желбата да се линчува физички Љубе Бошкоски и секој што ќе се најде покрај него.

Но, сево ова продолжи на други нивоа. Откако не можеа првичниот план да го остварат, продолжија со наредната фаза. Ги активираа новинарите кои им се под контрола, и целата недела се трубеше дека е извршено предавство со митолошки димензии. Притоа, заборавија дека Љубе беше пречекан и изгушкан на аеродромот токму од нивниот шеф, додека во авионот од пулените на Груевски до него не можеше да се приближи ниту најтесното семејство. За потребите на манипулацијата на јавното мислење беше изведена и таа манипулација иако, како што се гледа, за моментниот режим е најдобро да има Македонци во Хаг, за да можат тие да се величаат додека се затворени, а дома да се собираат поени. Така, се' до момент додека да бидат пуштени на слобода. Величајќи го Јохан, истите тие му штетат на процесот на неговата одбрана. Се надевам дека се свесни на тоа. Од друга страна, ако се свесни, тоа значи дека за лични потреби го жртвуваат човекот, само за да имаат со што да го напаѓаат Љубе. Оти, погодно е постојано да се прашува зошто Љубе е на слобода, а Јохан во Хаг. Тоа им е доволно на празноглавите, кои по повикот на линч имаат замаглена слика за тоа како стојат работите. Такви има во сите партии и се искористувани како маша за поткусурување во простачките игри. Но, не се виновни тие, туку планерите кои свесно ги злоупотребуваат.

Неуспехот на првиот дел на операцијата се покри со напади од медиумските кучиња. Тие целата мината недела го правеа истото тоа. Притоа, го издвојувам јавниот сервис, што е платен од наши пари. МТВ предничеше во линчот. Цело време се вртеше инфо дека Љубе го предал Јохан. Притоа, се заборави дека МТВ не е сервис на ДПМНЕ или на Мартин Протоѓер, туку припаѓа на сите граѓани во Македонија. Сакале-не сакале, така е. Како што е познато, насила земаат пари за претплата. Па, и да не сакате да ви е сервис МТВ, морате да се помирите со тоа. Кога е веќе така, имаме право и да прашаме кој го нареди линчот? И за чии интереси? Треба да излезе генералниот директор и да го каже тоа. Собранието на РМ треба да оформи анкетна комисија да си испита целиот случај и на увид на целата македонска јавност да ги стави информациите.

Првично мислев дека ова се прави за да се сврти мнението од средбата со Папандреу, на која мораше да оди Груевски. Но, по поопстојна анализа, сфатив дека стравот бил од минатонеделната промоција на програмата на Обединети за Македонија во Битола. Цела недела се напаѓаа Љубе и партијата за да се одвратат незадоволните членови на ДПМНЕ од преминување. Морам да признаам дека тајмингот е генијален. А, планот детално изработен и издржан. Се гледа дека е вложен сериозен напор за интрига и, секако, многу пари. Оти медиумските кучиња не работат џабе. Интересно ќе биде во блиска иднина да се провери имотната состојба на главните медиумски експоненти во случајот за време на владеењето на оваа власт. По Скопје се зборува за сериозни суми, за станови и џипови кои набрзина ги стекнаа овие ликови, од кои голем дел потсетуваат на еден лик од најпознатиот роман на Mary Shelley.

Според теркот на Лазар Колишевски и Светозар Вукмановиќ-Темпо, се направи обид да се елиминира човек што ја бранеше Македонија во 2001 година. Од херој беше претворен во предавник. Да беше времето на Голи Оток, секако, дека ќе завршеше експресно таму. Но, деновиве на „Јутуб“ се појавија интегралните снимки. Тие покажуваат нешто сосема друго. Најмалку што може да се види е дека на монструозен начин претходно се бришани делови за да се овозможи хајката. Ова не е мала и проста работа. Пред историјата некој ќе мора да одговара. Случајот ќе се расчисти, но по завршувањето на постапката во Хаг. Нема бегање. Нема да дозволиме Темпо и Колишевски да уништуваат повторно Македонци, како што направија со Ченто и Шатев.

(Авторот е докторанд по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk/

 
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #4 на: Декември 09, 2009, 01:46:32 »

За оцрнување на Бошкоски се впрегна и МРТ

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8C0CA43F828EE04A9D09D6F3A770ABAF

... во оваа пресметка влезе дури и националниот радиодифузен сервис, кој на Првиот канал и на Собранискиот канал со кајрони ги најавуваше снимките именувани како „предавството на Љубе“, а во ист тон беше и емисијата „Отворено со народот“. Во оваа емисија Владо Поповски, ексминистер за одбрана и тогашен советник на претседателот Трајковски, изразува сомневање во веродостојноста на документот што го чита Бошкоски пред хашкиот истражител и дека воопшто Трајковски издал наредба за акцијата во Љуботен...

"Отворено со народот" - Нели беше тоа контактната емисия на "античкиот новомакедонец" Слободан ТОМИЧ ?
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #5 на: Декември 14, 2009, 12:09:54 »

Кипар

Цитат
Падна европската демократија. Онаа за која се бореа Мара, Волтер, Робеспјер, Дантон... во Француската револуција, од 1789 година. А, за која слободна европска демокртија сонуваме повеќе од два века.

Слобода, Еднаквост, Братство (Liberte, Egalite, Fraternite).
Падна на македонското прашање. Или нешто сме заборавиле.
Во декември 2009, во Брисел, Македонија бараше да биде Слободна, Еднаква, и во Братство со другите Европјани. Со свој народ и име.

Тоа не е каприц. Тоа име Македонија, и тој народ Македонци, е веќе признат од над половина од денешниот Свет: од Русија и Кина, преку САД, до Турција, Србија, Хрватска, Украина, Словенија, Индија... Една држава, само една единствена држава во Светот - Грција, тоа го оспорува. И запира процеси на НАТО, и на Европската унија. Само за волјата на една земја, Европа се поплука себеси.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8D383103B85AC840B03FB7AB47BAE498
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #6 на: Декември 14, 2009, 12:14:44 »

„Време”: Паметникът на Александър Македонски ще бъде поставен на площада в Скопие през следващите шест месеца

14 декември 2009 | 12:56 | Агенция "Фокус"

http://focus-news.net/?id=n1315216

Скопие. Грамадният паметник на Александър Македония е готов и през следващите шест месеца ще бъде поставен на централния площад в Скопие, пише днес македонският вестник ”Време”, като се позовава на неназовани източници от македонското правителство. Паметникът е с височина 22 метра, струва 5 млн. евро и е изработен в Италия. Вчера се появила информация, че е започнало транспортирането на паметника, но кметът на скопската община Център Владимир Тодорович опровергал твърденията. Той не отхвърлил възможността паметникът на Александър Македонски да бъде поставен на площад „Македония” през следващите шест месеца.

А таман бев помислил оти САШЕТО можеби се разболел од Свински грип, штом го нема во "явноста" !!!
« Последно менување: Декември 14, 2009, 01:27:21 ohrid1941 »
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #7 на: Декември 14, 2009, 01:10:57 »

Кипар

Цитат
Падна европската демократија. Онаа за која се бореа Мара, Волтер, Робеспјер, Дантон... во Француската револуција, од 1789 година. А, за која слободна европска демокртија сонуваме повеќе од два века.

Слобода, Еднаквост, Братство (Liberte, Egalite, Fraternite).
Падна на македонското прашање. Или нешто сме заборавиле.
Во декември 2009, во Брисел, Македонија бараше да биде Слободна, Еднаква, и во Братство со другите Европјани. Со свој народ и име.

Тоа не е каприц. Тоа име Македонија, и тој народ Македонци, е веќе признат од над половина од денешниот Свет: од Русија и Кина, преку САД, до Турција, Србија, Хрватска, Украина, Словенија, Индија... Една држава, само една единствена држава во Светот - Грција, тоа го оспорува. И запира процеси на НАТО, и на Европската унија. Само за волјата на една земја, Европа се поплука себеси.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8D383103B85AC840B03FB7AB47BAE498


С неприемането на РМ (БЮРМ) се "запират едни процеси" в ЕС - не ти е работа !  ;)
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #8 на: Декември 14, 2009, 10:14:27 »

Химната како национален симбол
http://okno.mk/node/3590

Патриотизам
http://okno.mk/node/3570

Солун е наш! И ливадите околу него!
http://okno.mk/node/3578
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #9 на: Декември 15, 2009, 01:10:03 »

НИКОЛА ГРУЕВСКИ И ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ
“Непријателство” скроено во името на нивите заеднички интереси

http://tribune-eu.com/?page=read_news&id=5388

Општото лудило што овде во Македонија се креираше изминативе неколку недели, по “ексклузивното“ дознавање на грчката “црвена линија“, доби неверојатно “здрава“ грчка логистика, во која граѓаните, загубени во емотивните лавиринти меѓу разумноста и будалаштината, се и да сакаат неможат да ја препознаат димензијата, фундаментите, насоките на целата политичка шпекулативност. Грците го спорат идентитетот, а ние си го браниме со хистерично падавичарење, додека Груевски ја успокојува јавноста “зрачејќи“ со својата решителна смиреност дека се е под контрола. И се така, додека едно фино утро не дознаеме дека името е договорено, а идентитетот одбранет! Односно додека Грците, истовремено со нас, недознаат дека нивните политичари успеале, сепак, да ја добијат дипломатската војна – нивното “ерго омнес“. Сите, топтан, среќни и задоволни! Бездруго, за Грците Груевски е измислен, идеален противник, но во иста мера за Груевски, прво Караманлис а сега и Папандреу се дарови на “провидението“.



Патриотско-емотивната хистеријата, како актуелна состојба на транзициониот “дух“ на ова франкенштајновски склепано македонското општество, сепак, како што приметуваат она малку здраворазумни овдешни аналитичари, не успева да го замагли фактот дека таа, како и ниту еден друг процес што сме го преживувале, не се авотхотон резултат на општествените тенденции или прилики, ами “чистокрвен“ продукт на сериозната политичка манипулација, којашто, патем речено, е општо место во функционирањето на самостојна Македонија од деведесетите до ден денешен. За волја на вистината хистеријата е прилично реална, ама нејзината патриотско-европејско-цивилизациска подлошка е инстант направија, обична илузија!

Во тој смисол, ако како еден мал илустративен пример го земеме апокалиптичното мрсомудење на Јован Донев за геноцидот што ни се случувал и следствено на тоа неговата ептен експертска препорака да ги прекинеме преговорите со Грција, наспроти јавно изнесениот став на неговиот (не)формален шеф Никола Груевски дека прекинот на преговорите е штетен политички чин за Македонија, тогаш несомнената виртуелно дозирана емотивна еуфоричност од “холокаустот“ пред којшто сме биле изложени јасно ја соголува својата чисто манипулативно-политикантска употребна вредност. Тоа што Донев, слично на Блажета Ристовски (со енциклопедијата) излегува глуп и истрошен, а Груевски паметен, е друга работа.

Ни се чини дека во изминативе две децении ниту едно од посткомунистичките општества, не само на Балканов, ами во цела источна Европа, не биле толку предмет на политичко-ментална мастурбација, спинување, манипулација, шпекулација, како што тоа е случај со ова нашево – македонсково! Спорот околу името, пак, во тој контекст, претставува врв, креативна круна на таквите дејанија, олицетворувајќи ја максимално силината на политичкото подземје наспроти севкупната наша општествена неопторност, некадарност (или, ако сакате, колаборационизам) за соочување и спротивставување кон тие тенденции. А притоа, периодот од 2006 година наваму, односно од почетокот на владеењето на груевистичката “преродба“, можеме сосема комотно, без никаква грижа на совеста, да го оцениме како идеална состојба за размножување и егзистирање на таквиот политички гнасотилак.

Ако до 2006 година спорот со името левитираше во регионалните и глобални политички контексти (што не велиме дека е некој знаменит успех, напротив), “преродбата“ успеа на истиот, да му вбризга невидена виталност, да го интензивира и да го трансформира од регионален во поширок, така речи, континетален политички проблем на чии што маргини, подалеку од очите на јавноста, се препознаваа покрупни политички пазарења, опструкции, надмудрувања... Се разбира, зијанот ексклузивно го трпи овдешното граѓанство. Точно е дека македонските политички фактори за овие две децении неможат да се пофалат со којзнае каков политички капацитет, освен гурбетските лични постигнувања од бавењето со политиката (луѓето се збогатија), меѓутоа, од друга страна, сосе сиот дилетантизам, просто неверојатната “закономерност“ во пропагандното, практичното, и секакво друго политичко артикулирање на штета на македонската држава, дефинитивно говори дека овде не станува збор за несреќни случајности или европејска злонамерност (како што сега се прикажува). Овде, на пример, малку се говори дека “преродбеничкото“ откритие на македонската античка етногенеза (од Букефал наваму, море и отаде Букефала), начинот на којшто тоа беше правено, претставуваше директно анулирање на одредбите од Времената спогодба околу чиешто прекршување ние сега ја тужиме Грција! Иако, патем речено, единствениот предмет на таа Времена спогодба верификувана во ОН е името, а не идентитетот. Секако, таа иницијална каписла не ја сметаме за обична коинциденција, туку, напротив, за одлична ремикс верзија на едни стари политички концепти од времињата на разните Котевци и Каравенгелиси.

“Преродбата“ не само што ги загриза (свесно) тие јадици, туку одеше секогаш понекој чекор понапред во таквата исполнителност (земете ја за пример погоре споменатата Времена спогодба), доследно следејќи ги сите политички насоки што одеа во правец првенствено на реализирање на туѓи регионални интереси, претежно грчките (тука некаде се и српските, се разбира). Минатомесечното грчко изјаснување околу нивната “црвена линија“, колку што претставува нова и можеби една од последните фази од таа драмолетка околу спорот со името, иствремено е и бележит егземплар за тоа како можат персоналните политички интереси да и се спакуваат и продадат на јавноста (и во Македонија, но и во Грција) како врвни национални интереси. Со таа разлика што воопшто не делува “шашаво“, а сепак функционира, перфектно. Ползата од грчката “црвена линија“ подеднакво ја споделуваат и месијата на “преродбата“ Груевски и неговиот колега од југот Папандреу. Дури, ќар има и еден Бранко Црвенковски кој потпливнува на брановите на тој политички симулакрум.

Општото лудило што овде во Македонија се креираше изминативе неколку недели, доби неверојатно “здрава“ грчка логистика, во која граѓаните, загубени во емотивните лавиринти меѓу разумноста и будалаштината, се и да сакаат неможат да ја препознаат димензијата, фундаментите, насоките на целата политичка шпекулативност. Оти јасно е дека вакви, наводно билатерални басни, откако ја губат својата реална политичка употребна вредност за покрупните играчи на глобалната табла, остануваат полезни само за “локалните“ нивни извршители. Односно, доаѓа времето за нивно окончување. И, ако во 2008 година глобалните сили го исцрпеја своето пазарџиство (самитот на НАТО) со спорот со името – Јадранската група, на пример, стана мртов политички поим – сега доаѓа време кога, лека-полека, тој билателарален “проблем“ претставува издуван понтецијал од кого зијанот по сите заинтересирани (големи и мали) може да биде поголем отколку ќарот. Оттука и илузијата на катарзично македонско соочување во кое загрозениот идентитет (со ништо и од никого непредизвикан освен од нас, од овде) треба да ја затскрие суштината – начинот, динамиката и модалитетот на решавањето на проблемот со името. Значи, Грците го спорат идентитетот, а ние си го браниме со хистерично падавичарење, додека Груевски ја успокојува јавноста “зрачејќи“ со својата решителна смиреност дека се е под контрола. Макар додека тој владее, во наредните сто а можеби и повеќе години... И се така, додека едно фино утро не дознаеме дека името е договорено, а идентитетот одбранет! Односно додека Грците, истовремено со нас, недознаат дека нивните политичари успеале, сепак, да ја добијат дипломатската војна – нивното “ерго омнес“. Сите, топтан, среќни и задоволни!

Бездруго, за Грците Груевски е измислен, идеален противник, но во иста мера за Груевски, прво Караманлис а сега и Папандреу се дарови на “провидението“. Синхронизираноста на таа врска не е воопшто тешко да се уочи, под услов човек да е имун (односно целосно да се апстрахира) од актуелново ем “домољубно“ ем “принципиелно“ кукумјавчење. Македонската јавност, за жал, ги нема во моментов тие ментални предиспозиции.

Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #10 на: Декември 15, 2009, 01:37:03 »

Стандардно качество и хируршка прецизност во идентификувањето на клучните проблеми на трибуната!
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Апостол

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 509
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #11 на: Декември 16, 2009, 12:29:29 »

ДА  СЕ  ЧУДИШ  ДА  НЕ МОЖЕШ ДА  СЕ  НАЧУДИШ.  СЕКОГАШ НЕКОЈ  ДРУГ  Е  КРИВ,  ИСТО  КАКО  И  СО  ИМЕТО.....

http://www.vest.com.mk/?ItemID=9E0BA0A782A84847BAB370F05EF53B49


ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЗА ВРАТЕНИТЕ ПРЕСУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИ МИ НАЛ

Шврговски: Виновни се судиите

"Ова не е наш неуспех. Апелационите судови не ги уриваат об ви не ни ја та туку пресудите", вели Шврговски

Тој смета дека обвинителите излегуваат пред судот со издржани обвиненија поткрепени со докази, но проблемот е во судиските пропусти и во лошо напишаните пресуди

Др жав ни от обвинител Љупчо Шврговски не ја гледа причината за паѓањето на пре­су ди те за организиран криминал во судските постапки против Владо Бучковски и Васил Тупурковски, како и последната за случајот "Змиско око" кај Обвинителството или во квалитетот на об ви не ни ја та туку кај судиите.
"Ова не е наш неуспех. Апелационите судови не ги уриваат об ви не ни ја та туку пресудите", вели Шврговски кој смета дека обвинителите излегуваат пред судот со издржани обвиненија, поткрепени со докази за организиран криминал и де ка проблемот е во судиските пропусти и во лошо напишаните пресуди.
За обвинувањата од некои судии дека Обвинителството излегува со нецелосни до ка зи и со обвиненија на стаклени нозе, Шврговски вели: "Пуштете ги тие кулоарски му а бе ти. Ако се слаби обвиненијата за организиран криминал и корупција, тогаш зошто пр вос те пе ни те судии не изрекуваат ослободителни пресуди? Јас да сум судија, ако имам пред себе слабо обвинение и обвинител што не може да си го поткрепи об ви ни тел ни­от акт, носам ослободителна пресуда, и мува не ме лази. Тоа е за Об ви ни телс тво­то неуспех, ослободителната пресуда. Не дека сме безгрешни, никој не е, ама ап со­лут но сум задоволен од работата на Обвинителството", изјави вчера за "Вест" др жав ни от обвинител Шврговски, кој вели дека и кај нив будно се следи ситуацијата со па ѓа ње то на најкрупните случаи на организиран криминал во Апелациониот суд Скоп је.
Тој го најавува истото, неизменето обвинение и во повторената постапка против бив ши от министер за одбрана и експремиер Владо Бучковски, со чие укинување на пре су да та од три и пол години затвор почна серијалот од укинување на пресуди од судии од Одделот за организиран криминал во Основниот суд Скопје 1. За само десетина де на, покрај неговата, беше укината и вратена на повторно судење и тригодишната зат вор ска казна за поранешниот вицепремиер Васил Тупурковски. Вчера Апе ла ци о ни от суд Скопје ги укина пресудите и во процесот "Змиско око" за малверзации на па та ри ни те, во кој условна осуда добија 72 вработени, а на седум контролори на па та ри ни те им беа изречени казни од по две години затвор.
И претседателот на Судскиот совет Васил Грчев вели дека се следи состојбата со уки ну ва ње то на пресудите од организиран криминал и се разгледуваат можности за поведу ва ње постапка кај судиите што направиле суштински повреди во постапката која ја воделе. "Враќањето на предметите на повторно судење, секако, влијае врз оце ну ва ње то на работата на судиите што имале таква ситуација. Одлуките на Апе ла ци о ни от суд Скопје за пресудите против Владо Бучковски, Васил Тупурковски и за 'Зми ско око', кои ја интересираат јавноста, наскоро ќе бидат објавени на веб страницата на Су дот, па ќе можеме сите да видиме какви грешки нашол повисокиот суд, како биле на пи ша ни пресудите, дали постапката била почитувана од надлежните судии за овие круп ни случаи", вели Грчев.
Тој додава дека на ниво на Македонија, годишно 20 отсто од пресудите се укинуваат.
С.К.Делевска

Јанкуловска: Проблемот не е во доказите на МВР

И министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска смета дека проблемот не е во доказите кои ги обезбедува и обработува МВР за случаите за организиран кри ми нал и корупција. "Самиот факт што една кривична пријава ги поминала сите фази, збо ру ва дека оценката по однос на издржаноста на доказите е направена во повеќе нав ра ти", изјави таа вчера за "Дојче веле".
Таа вели дека се воздржува од коментирање на судските одлуки за укинување на пре су ди те против Тупурковски, Бучковски и против вработените во "Македонија пат", но порачува да се почекаат правосилните судски одлуки за нив.



« Последно менување: Декември 16, 2009, 12:31:00 Апостол »
Сочувана

Апостол

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 509
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #12 на: Декември 16, 2009, 12:35:30 »

Шврговски  како  Државен  јавен  обвинител  на  Решпублика  Македонија  ги  прави  судиите на  Република   Македонија  неуки  и  неписмени, малоумни..???  Или  продава  магла....
Сочувана

Илийца

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 187
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #13 на: Декември 16, 2009, 01:32:11 »

Ш+В+Р+Г=? ::)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #14 на: Декември 16, 2009, 08:37:30 »

Македонската власт ще остави настрана бежанците от Егейска Македония

http://today.actualno.com/news_276007.html

Под натиск на международния фактор македонското правителство временно ще "смете под килима" подкрепата за правата на бежанците от Егейска Македония, пише днес македонският вестник "Време", като се позовава на неназовани високопоставени правителствени източници.

Съвети в тази насока идват преди всичко от САЩ, но и от ЕС, като се посочва, че в този момент настояването този въпрос да бъде част от преговорите, може само допълнително да усложни и без това тежкия преговорен процес. Затова правителството е решило да остави този въпрос настрана, докато се намери решение за спора за името, за да може после в много по-облекчена атмосфера да се намери решение и за този проблем, датиращ от преди 60 години.

Въпреки че миналата година македонският парламент прие резолюция, съгласно която държавата трябва да защитава правата на бежанците, досега по въпроса не е направено почти нищо, отбелязва изданието.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !