Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: "АБСУРДИСТАН"  (Прочитано 121399 пати)

Саше Иваноски

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 65
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #315 на: Јануари 10, 2012, 01:08:15 »

ОФАМАНАМАН: "Блек велвет" на македонското достоинство

http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=D262AD44020D424BA2904069A67B7428

"Мамицу ви ибам"- викам јас.

"Дали е тоа закана"- прашуваат од канцеларијата на вмродпмнекуротресинската синекура?

"Да"!

"Ќе урнете се?"

"Нема да урнеме се туку се ќе урнеме"

-Ќе не ебете?

"Ќе ви ја ебеме мајката на сите"!
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #316 на: Јануари 15, 2012, 03:05:37 »

Истиот текст, малку понакитен  ;)

„Блу велвет“ на македонското достоинство

Став
Бранко Тричковски


                                     

Дупката е феноменална.

Накитената арка само ја нагрдува дупката на достоинството што ја инкубира лабораторијата на Внатрешната ментално ретардирана организација (ВМРО). Тоа е маска, да не речам презерватив, што се става пред дефлорацијата на македонизмот како „плав сомот“ на манијакалноста што Денис Хопер ѝ го бутка во путката на Изабела Роселини во генијалниот филм на Дејвид Линч. „Блу велвет“ на македонското достоинство.

Можеме ли таа празнина да ја ослободиме од стегите на вмровскиот триумфализам? И да отидеме во потрага по ситуации во кои дупката нема да може да биде споменик ако споменик може да биде некоја дупка што ќе се договориме да ја пополниме?

„Мамицу ви ибам“ – викам јас.

„Дали е тоа закана“ – прашуваат од канцеларијата на вмродпмнекуротресинската синекура?

„Да“!

„Ќе урнете сè?“

„Нема да урнеме сè туку сè ќе урнеме.“

„Ќе нè ебете?“

„Ќе ви ја ебеме мајката на сите!“

Така, на една поголема група идиоти, им ги пренесов заклучоците од Собранието на комуњарите што се одржа на 17 јануари 2012 година во Горно Врановци.

Мали реплики на монументот се имплантирани на ушите на сите луѓе што до неодамна тврдеа дека се Македонци. Со тие имплантации ние можеме да се движиме низ светот како што говедата со жолти маркички на ушите се движат низ светот на месопроизводството. Од тие своевидни чипови точно може да се види во кој момент Македонецот решил доброволно да рееволуира во идиот, прво, и, второ, дека не е опасен за околината. Како што врз основа на жолтите маркички може да се утврди дека кравите не се луди или, ако се луди, на која фарма имаат полудено.

Веднаш по пуштањето во погон на Триумфекалната порта во Скопјанг, Европската комисија одлучи да им дозволи на Македонците да се движат низ бескрајните пространства на распаѓачката унија, без пасошиВеднаш по пуштањето во погон на Триумфекалната порта во Скопјанг, Европската комисија одлучи да им дозволи на Македонците да се движат низ бескрајните пространства на распаѓачката унија, без пасоши. Секој човек од Бившата република што ќе се фати за десното уво ќе добие дозвола да влезе во Унијата, се разбира, во придружба на локалните служби за хендикепирани лица.

- Јо паспорт-сер!

- Ај хев порта македонија – одговара нашиот човек – и се фаќа за десното уво на кое му е жигосана апликација на Триумфекалната капија во Скопјанг.

- Ок, мистер, Сестрите кармелиќанки, претставниците на Јунговиот институт во Виена и Центарот за достоинство на нациите од Берлин, ве чекаат.

Нема смисла да му докажуваме на светот дека не сме идиотиТоа е, браќа и сестри мои. Нема смисла да му докажуваме на светот дека не сме идиоти. Независно од фактите. Или токму поради фактите. Треба да ја прифатиме вистината и да го помолиме господа нашиот севишен да нè ослободи од разумното разбирање на дупките, на капиите, на триумфите, на номенклатурата наша црковна и општествена, на шансите на македонската ракометна репрезентација во Ниш, на Калиопа во Европа и така натаму и така наваму. Како што тоа го правеше до сега.

                                     

Не постои идентитет во кој можете да умрете побесмислено. И да живеете без везе. Нема поголем хендикеп од македонизмот како идеологија и од македонството како општествено-политички амбиент што сте го прифатиле као норма на сопствената реализација. Зошто да ги малтретираме нашите деца?

Луѓето што предмалку беа на границата ги враќаат со истото комбе.

Меѓу луѓето што некогаш ги спасуваше Предраг Матвеевиќ и сегашните наши луѓе кои нема кој да ги спаси има голема разлика. Неговите „клиенти“ страдаа по линија на идејно-политичката диференцијација во едно апсолутистичко општество, а вторите страдаат по линија на една најобична општествена куротресина што на нацијата и’ се прикажува како демократија.

Сите знаеме дека на денешните страдалници кичмата повеќе им се крши со тешките чекрци на мотивации кои се различни од правната реакција на материјално-финансиските дубари за кои официјално се обвинети. Како што знаеме дека во однос на ова царство на злото комунизмот беше забавно џакузи на демократијата.

Може на прв поглед да се помисли дека за вториве нема кој да се заложи. Но, не е така. Секој ден читаме колумни посветени на жртвите на неофашистичката диктатура на Надвојводата Шарло. Добро, можеби недостасува некоја, како би рекол, золистичка или матвеевичевска моќ во тие пораки, но не би можело да се каже дека пораки нема. Некој ќе рече дека луѓето кои денеска чмаат во бескрајните притвори или на друг начин им се кршат човековите права не се од калибарот на некогашните анархо-либерали и националисти, што во многу случаи може да се земе како точно; но проблемот содржан во тортурата врз поединците останува јасно видлив дури и во квазидемократската магла на овој монструозен систем.

Во што е тогаш проблемот?

Можеби е тоа густината на сообраќајот во јавниот простор, густина во која до крајни граници се релативизираат значењата. Не сум сигурен дека Предраг Матвеевиќ денеска би се нафатил да го спасува Љубета Бошковски, односно речиси сум сигурен дека не би, но ако претпоставиме дека ќе седне и ќе превитка два листа хартија, тогаш можеме да кажеме дека ефектот од неговото обраќање ќе биде нула.

                                     

Системот на медиумите, на политичката контрола и на општата акултурација е во состојба од тие обраќања да направи тоа што ветрот го прави со мочката на пијаната будала. Општеството кое живее во уверување дека тоа што го испуштаат низ гласните жици Влатко Илиевски или Маја Вукичевиќ е пеење, општеството кое не е во состојба да разбере дека режимот прави од централното подрачје на главниот град основа за трајно заебавање на светот со жителите во долината на Вардар, Брегалница, Црна и Радика, општеството кое во критична маса живее во уверувањето дека тоа што го продуцираат дебелите шуплоглави идиоти на груевистичкиот журнализам е телевизиско новинарство – тоа општество не може да го процесуира обраќањето на Кристофер Хиченс, да речеме, во случајот Бошковски, заборавениот Ќука или кој е да е друг маченик. Убиена е разликата меѓу доброто и лошото, меѓу правното и бесправното, меѓу вистинитото и лажното итн. Убиени се тие разлики за да може низ систематскиот процес на заглупавување да се контролираат масата и ситуацијата како што шкотските коли кучиња ја контролираат овчјата маса и пасиштата во северна Шкотска; а има мислења дека инфантилизирањето не е последица туку е причина за општата катастрофа.

Но, мислам дека една една друга разлика е поважна и, на некој начин, битна. Комунистичките страдалници, говорам во една генерална линија, се бореа против системот и во други прилики против самата држава ставајќи ја борбата за слобода како општ именител. Тоа ја обезбедуваше драматиката и епиката, би рекол, на судирот. Системот се репродуцираше и низ одредено ниво на тајност, на недостиг од информации. Луѓето што беа прогонувани имаа и реално и симболично значење и самиот судир имаше такви значења.

луѓето се кршат по системите на маалските пресметки меѓу послабите и појакитеДенеска се гонат за даноци и ситни криминали при што луѓето се кршат по системите на маалските пресметки меѓу послабите и појаките: си избегал во туѓо маало, а, е сега ќе видиш, пичка ти материна, си ја штипел мојата женска за г’з во ходникот на трети спрат за време на големиот одмор, а-ха, ние ќе ти покажеме што е штипење... Општа калакурница која остава впечаток за пресметка во рамките на фамилијата или за работи за кои пошироката заедница нема зошто да се нервира. Политичката димензија, се разбира, е важна, ама не е клучна: луѓето ја разбираат како пресметка во фамилијата или околу фамилијата, а не како работа битна за перспективите на општеството и државата. Биографијата на притворените ја олабавува епиката на конфронтацијата.

Страшна работа, испаѓа дека нема за што да се бориме и за кого да се бориме. И не само што испаѓа туку по сè изгледа дека така и е.

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

http://okno.mk/node/16241
« Последно менување: Јануари 15, 2012, 03:09:02 disidente »
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Саше Иваноски

  • Jr. Member
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 65
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #317 на: Јануари 16, 2012, 05:43:44 »

Коџобашија - Со српското црковно пеење се омаловажува македонскиот православен народ

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=224F8F9EC9058140A2B5FB7273900AF1
Охрид, 16. јануари 2012 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Несфатлива е одлуката на Синодот на МПЦ за повторно враќање на српското црковно пеење во црковно-образовниот процес во Македонија, вели Проф. д-р Јане Коџабашија во својот реферат поднесен на „Струшката музичка есен“, минатата година.

Синодот на МПЦ на својата седница одржана на 17-ти март 2011 година, ја донесе таа одлука. Без оглед на оваа одлука на МПЦ, во македонските храмови продолжува возобновувањето на традиционалното црковно пеење.

Според Проф. Д-р Коџабашија, одлуката на Синодот, загрижува повеќе, затоа што претставува смислена стратегија на просрпското крило во МПЦ.

- И тогаш кога по нешто повеќе од осум децении во македонските храмови повторно проличи црковното пеење од  свети-Климентовото предание, со една несфатлива одлука на Синодот на МПЦ српското црковно пеење повторно е вратено во црковно-образовниот процес во Македонија. Со тоа е омаловажен македонскиот православен народ и неговата вековна борба за самостоен културен развој, а ги охрабри оние кои од средината на 19-от век, па, се до нашиве дни, со сите сили настојуваат да ни го сотрат името. Која и каква да е причината за оваа одлука на Синодот на МПЦ, таа со ништо не може да се оправда, се вели во резимето на рефератот на Коџобашија.

Источно православната црковна музика, две илјади години опстојува во Македонија.

- Во сите цркви во Охрид има такво пеење, кое е дел од нашата традиција. Тоа е источно византиско пеење, кое денес на големи врати се враќа во Македонија, објаснува Гоце Ристески, член на Византискиот хор од Охрид.

Со потпаѓањето на Македонија под српска власт на почетокот на 20-от век, источното црковно пеење е заменето со српско или таканаречено мокрањчево пеење.

- Денес ние правиме обид да ја вратиме нашата вистинска традиција и конечно да го искорениме тоа пеење, бидејќи не е карактеристично за нашите цркви. На почетокот на 19-от век, има доста важни личности кои потекнуваат од нашите простори, кои во светски рамки имаат допринос за источно православната византиска музика. Тука се Јован Хармосин Охридски, Калистрат Зографски, се спомнуваат имињата на Манасиј Поп Тодоров. Еден од анонимните е Васил Иванов Бојаџиев. Благодарение на професорот Јане Коџобашија, неодамна откривме и публикувавме негов зборник, вели Ристески.

За реафирмација на црковното пеење од византиската традиција, дури во 2003 година Синодот на МПЦ донесе одлука за воведување на црковното пеење од старата традиција. Овој чекор, иако оценет како задоцнет, сепак наиде на воодушевување  од подржувачите на црковното пеење од византиската традиција во Македонија.

Но, одлуката на Синодот на МПЦ за изучување на црковното пеење од византиската традиција наиде и на прикриени, но, силни отпори кај еден  дел од македонското свештенство. Дел од свештенството не можејќи да се снајде со посложениот систем на византиското пеење, единствен излез гледаше во повторното враќање на српското пеење. (Крај)

Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #318 на: Јануари 25, 2012, 01:30:12 »

ИМАМЕ ПРАВЕН СИСТЕМ БЕЗ МОЌЕН И САМОСТОЕН ОБВИНИТЕЛ



Цитат
Во ГЕМ клубот минатата недела се одржа тркалезна маса на тема која веројатно е најактуелна во земјава - пресудата на убиецот на младиот Мартин Нешкоски. Како што е познато, против единствениот обвинет Спасов е изречена првостепена пресуда - казна затвор во траење од 14 години, но имаше и изјава дека Обвинетелството нема да поведе нови постапки против евентуалниите соучесници во ова убиство. Ова беше повод пред заинтересираната публика да се расправа на некои елементи на судењето, при што модератор на разговорот беше Жарко Трајановски а негови гости беа Мирјана Најчевска, експерт за човекови права и Александар Нешковски, брат на починатиот Мартин Нешковски.

http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=223DAFC2F37C8C43B60AAA239A889161
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #319 на: Јануари 25, 2012, 01:39:31 »

СПАСОВ НЕ БИЛ НА РАБОТА А ОБВРЗАН Е ДА ЧУВА ТАЈНА



Цитат
Има премногу конрадикторости во случајот на убиството на Мартин Нешкоски а "закоченоста" на дејствувањето на Службата за внатрешна контрола е посебно симптоматична и ја товари министерката Јанкуловска - вели проф.Фросина Ташевска Ременски

За професорката Фросина Ташевска Ременска шестиот ден од јуни минатата година е многу значаен - на тој ден бевме сведоци на две нешта - убиството на Нешковски и обидот за негово сокривање, како и она естено апсење на Љубе Бошковски

http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=68E84E8ECC28BF4785711C8FE5739F2B
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #320 на: Јануари 25, 2012, 01:56:14 »

МЕДИУМИТЕ СЕ ПОСТАВИЈА НЕКРИТИЧКИ ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ

Цитат
Новинарите доста некритички се однесувале кон овој настан а некои цело време играле улога на владини микрофон - сметаат присутните во дебатата

Според медијаторот во расправата за пресудата на Мартин Нешкоски, што се одржа на 19 јануари во ГЕМ клубот, индикативна е поставеноста на медиумите во овој правосуден и полициски случај.

- Мислам дека тие во еден дел медиумите со првите реакции ја прифатија верзијата на полицијата дека на Мартин Нешкоски му се слошило. И потоа имаше главно некритичко прикривање на вистинскиот настан со некритичко известување за убиството или со подвлекување на полициската верзија на настанот.

Цитат
http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=9E5532A2A5AFC34DB84523E339EEFAE4
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Корени

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1070
    • Погледај го Профилот
    • Корени
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #321 на: Јануари 27, 2012, 10:34:39 »

"Скопие 2014": Заприличва ли македонската столица на Дисниленд?

http://www.btv.bg/shows/tazi-sutrin/reportazhi/story/610956906-Skopie_2014_Zaprilichva_li_makedonskata_stolitsa_na_Disnilend.html
Сочувана

Корени

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1070
    • Погледај го Профилот
    • Корени
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #322 на: Јануари 27, 2012, 12:29:44 »

Историята на Македония - между лъжата и истината

Гледайте филма на Иван Георгиев тази събота  в "bTV Репортерите" от 19:30 ч.

http://www.btv.bg/shows/tazi-sutrin/videos/video/2063090060-Istoriyata_na_Makedoniya__mejdu_lajata_i_istinata.html
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #323 на: Јануари 28, 2012, 11:22:09 »

ОФАМАНАМАН: Црквата ќе цркне ако им се остави на верниците

Цитат
Со мала доза на нескромност можам да кажам дека пред извесно време јас тврдев дека македонскиот плурализам е варијанта на социјалистичкиот сојуз во кој улогата на сојузот на комунистите ја игра внатрешната македонска контрареволуционерна инсталација.

И што!? Ништо!

Ние немаме проблем со деформациите на еден систем туку со системот како општа деформација. Ако не сакаме да бидеме соучесници во злосторството (Нешковски), треба да се стремиме да го урнеме системот, а не да инсистираме на правда во рамките на далаверата за која имаме свест.

http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=1E09974BB945AA42857D49904D836C3C
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #324 на: Февруари 08, 2012, 04:55:31 »

;D ;D ;D

Дали Македонците се потомци на Силјан Штркот?

http://www.mkd.mk/11709/makedonija/ilija-casule-siljan-strkot/

Оваа приказна е длабоко симболична и вгнездена тука од најстарото минато до денес. Бригиското наследство во Македонија е многу поголемо отколку што претпоставуваме, особено во периодот на симбиозата со Словените и влијанието врз нив. Од сето ова произлегува дека Силјан има длабока историја, традиција и значење за нашиот народ.

Кој бил Силјан Штркот? Дали приказната има подлабоки корени или е измислена од Марко Цепенков? Ако не е измислена, каде се корените на оваа оригинална македонска приказна?

Ова се прашањата за кои Илија Чашуле, еден од најекспонираните светски македонисти, потрошил неколку години истражувачка работа. Повеќе децении трае фасцинацијата од оваа оригинална и специфична приказна и на македонистите и на македонските писатели.

Според Чашуле, се работи за една навистина оригинална приказна, која е долга, прецизна, полна со податоци, а од наратолошки аспект едноставно не му остава простор на читателот во однос на нејзината вистинитост. Целата приказна е проткаена со многу податоци, датуми, места и провејува убеденоста на раскажувачот дека се= што се кажува во приказната е вистина.

За фасцинацијата и значењето на оваа приказна Блаже Коневски напишал: „Ако штрковите воопшто носат пород, ние сме породот на Силјан Штркот… Македонската современа проза никнува од приказната за Силјан Штркот“.

Во своето истражување за корените на приказната македонистот Чашуле дојде дури до 4.000 години во минатото и до божеството Силенос на племето Бриги, кое живеело на територијата на денешна западна Македонија.

Силенос било многу смешно божество – безобразен старец, со сплескан нос, влакнест, пијаница, кој со мев полн со вино постојано шетал качен на магаре, а самиот имал уши и опашка на магаре. Од сите прекажувања се работи во основа за воден човек, човек што во секој момент можел да се претвори во вода. Сетете се и на приказната за Силјан Штркот.

Идентификацијата на Силенос секогаш одела заедно со водата, која е суштествена во неговото живеење.

Во однос на етимологијата на името Силенос – Силјан, Чашуле уште во своите претходни истражувања за бурушарскиот јазик кај Хунзите (со докажано индоевропско потекло), од Пакистан го регистрирал името Силиум. Силјан се изведува од индоевропскиот корен *swel- сок, течност, вода.

Своето истражување за корените на оваа приказна, Чашуле го продолжува со речникот на презимињата во Македонија од пописот во 1961 година. „Во тој речник избројав вкупно 1.542 презимиња (Сиљанов(а), Сиљаноски(а), Сиљановски(а)) со овој корен. Повеќето од овие презимиња беа регистрирани во Охрид, Битола, Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кичево… Случајно или не, ваквата територијална дистрибуција на овие презимиња целосно се поклопува со територијата на живеење на Бригите од пред 4.000 години“. Исто така, неговото истражување покажало дека презимиња со овој корен воопшто не се регистрирани во западните и источноевропските словенски јазици. И оние што Чашуле ги пронашол во Русија биле всушност доселеници од Македонија.

Значи, заклучува Чашуле, се работи за многу стари елементи што ги наоѓаме во нашата приказна за Силјан. Елементи од секојдневието на Бригите, племето што тука живеело уште од пред 5 илјади години, кои докажуваат дека приказната не е измислена. Напротив, оваа фасцинантна и многу оригинална приказна има длабоки корени токму на оваа територија. Тука се надополнуваат и елементите за штркот, за родителите на Силјан, нивните имиња Божин и Божиница, за името на неговата жена, Неда и синот Волкан…

„Оваа приказна е длабоко симболична и вгнездена тука од најстарото минато до денес. Бригиското наследство во Македонија е многу поголемо отколку што претпоставуваме, особено во периодот на симбиозата со Словените и влијанието врз нив. Од сето ова произлегува дека Силјан има длабока историја, традиција и значење за нашиот народ“.

(Од предавањето на професорот Илија Чашуле од Универзитетот Меквори во Сиднеј, одржано на 1 февруари на Филолошкиот факултет во Скопје)
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #325 на: Февруари 14, 2012, 09:43:57 »

Баравте да се штеди? Штедете сега во темница!

Цитат
Нашава ни влада е ептен романтична. Синоќа ни ги изгасна светлата и не остави на свеќи да го дочекаме празникот на вљубените. Да де, да, знам дека не го славите сите, ама сепак, мора да признаете дека ова е доста слатко. И да, нормално дека се зезам. Луѓе, дај пазете по темнициве, да не паднете на мразов, да скршите нешто, или да не ве ограби некој.
...
И за крај, малку посветло и порозево. Не знам дали слушнавте, ама премиерот синоќа бил на иста маса со Анџелина Џоли и Бред Пит. Не се секирајте, договорено е се, ќе не посвојат сите, топтан, цела држава! Збогум сиромаштијо!

http://www.plusinfo.mk/mislenje/435/Baravte-da-se-shtedi-Shtedete-sega-vo-temnica
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #326 на: Февруари 15, 2012, 12:56:38 »

Македонија нема струја, но ја спасува Србија

Цитат
Во услови кога Македонија прогласи енергетска криза и забрана за извоз на електрична енергија, српските медиуми јавуваат дека земјата обезбедила наша струја. Владата, очигледно, задоцни со забраната за извоз што ја донесе во понеделникот, а која ја искористи нашиот северен сосед, па минатиот викенд си увезол струја од нас. Кој и' помогна на Србија да земе наша струја во услови кога ние бараме струја од увоз? Прстот се вперува кон гасната централа „Те-то“. Но, од „Топлификација“, која поседува 20 отсто од централата, велат дека струјата не ја продале директно, туку преку овластени трговци. Или, во случајов, тие струја и' продале на „Ген-и“, словенечка компанија за трговија со струја, која има фирма во Македонија, а со која „Те-то“ имал склучен договор за продажба на електрична енергија во февруари.

http://www.utrinski.com.mk/default-mk.asp?ItemID=758E99C7BB1A0B41933EF153C14B1425
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #327 на: Февруари 17, 2012, 03:10:04 »

Му се извинувам на македонскиот народ

                         
Став
Мирослав Грчев

Цитат
На режимот не му пречат неговите монструозни дела, туку изјавите на поединци кои мислат поинаку. Не им пречи што ТИЕ потрошија милијарда евра на проаганда, што воспоставија дефакто неуставен, недемократски, тоталитарен режим, кој владее со корупција, страв и пропаганда; што ТИЕ го понижија и потчинија македонскиот народ со измама и злоупотреба на демократската младост на Македонија; што ТИЕ го доведоа во прашање идентитетот на народот со измислување на криминално неодговорни идеи за нашата историја; и, конечно, што ТИЕ ги изградија најглупите градби во вселената во центарот на престолнината и ја изложија нацијата на потсмев и понижување пред целиот свет. Не, тие за најголемо злосторство во случајов го сметаат мојот обид пред бугарската телевизија да го спасам образот на нацијата со изјавата во која тврдам дека не сме сите идиоти туку само група на поединци: „Само дилетант, само будала може да зборува за македонска култура или за македонска историја во предисториско време, во неолит или во палеолит. Тоа во нормални земји би требало да служи како граѓа за пародии или комедии, а кај нас на тие луѓе им даваат микрофони и говорници за да го срамат македонскиот народ“.

http://okno.mk/node/17112
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #328 на: Февруари 28, 2012, 01:14:36 »

Адеми ги скара Македонците во Австралија



Цитат
Со предупредувачка СМС порака, испратена од извесен Игор Александров, денеска биле вжештени мобилните телефони на  австралиските политичари кои се домаќини на македонската делегација предводена од Трајко Вељаноски, претседател на македонскиот парламент, која од вчера престојува во Австралија.

Во оваа порака се предупредуваат австралиските политичари дека во македонската делегација има и еден лидер на екстремистичко терористичко движење кое ја нападна Република Македонија и изврши дела против човештвото во 2001, во борба за етнички чиста Голема Албанија. „Адеми е на американската црна листа на лица кои се сметаат за закана за маѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан… Овој човек не го заслужува нашето гостопримство“.

http://www.mkd.mk/16248/udarna-vest/ademi-gi-skara-makedoncite-vo-avstralija/
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #329 на: Февруари 29, 2012, 01:46:37 »

САМО АБСУРДИСТАНЦИ МОЖАТ ДА РАЗМИСЛУВААТ НА ВАКОВ НАЧИН :

Да посветуваме силно внимание на економскиот развој, да развиваме повеќе односи со неврзаните земји, со Руската Федерација, да развиеме посилни односи со Кина, со Индија.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

Може ли Македонија без НАТО и ЕУ?

Цитат
Прилично јасните и директни пораки што ги упатија генералниот секретар на НАТО, Расмусен и амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс кои освен дека без решение за спорот за името Македонија не треба да се надева на членство во Алијансата содржеа и конкретни повици до премиерот Груевски за поголема флексибилност и прагматизам како и повикување на позитивните примери од регионот за постигнување компромис, што, како што рече Волерс, подразбира попуштање во име на решавање на поголеми проблеми.

http://www.makdenes.org/content/article/24499942.html
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !