Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: "АБСУРДИСТАН"  (Прочитано 121403 пати)

Илийца

  • Full Member
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 187
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #30 на: Јануари 12, 2010, 03:34:11 »

Би Би Си: Берово все още чака да бъде открит граничният пункт с България



http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/01/100111_klepalo.shtml

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #31 на: Јануари 15, 2010, 12:13:59 »

Кулминација на тиранијата... и што потоа

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E8BFB6A06D3414385B67DB3203EDC39

Цитат
Во почетокот наивно мислевме дека смрдеата доаѓа од депонијата во Тетово, но јасно е дека најголемата смрдеа доаѓа од Илинденска б.б.

Многумина мои пријатели, врсници, интелектуално чесни луѓе, постојано ми велат дека Македонија е прилично депресивно место за живеење. Државата ни изгледа како остров на Балканот окован во мрачно средновековие, со пашалаци, енклави, мали локални деспотии... Притоа, архи-деспотот ги контролира главните процеси во општеството преку два клучни канала: текот и контролата на парите и секојдневно вшприцување смртоносна доза страв и насилство кај нашите граѓани. Јас сепак не мислам дека е тоа така до крај. Се плашам, но и се надевам, дека во Македонија постои еден релативно голем резервоар квалитетни, мислечки луѓе, кои во немоќта да се пронајдат себеси во општествените координати, го одбираат полесниот пат на молчење, или уште пострашно, на ширење дефетизам кај другите за бесперспективноста на оваа држава. Младите апатични и скептични анархисти, кои како ѓавол од крст бегаат од секаква етикета и ја отфрлаат а приори секоја идентификација со некакво движење, партија, интересна група, се типичен пример за таквиот потенцијал во општеството. ...
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #32 на: Јануари 22, 2010, 12:03:47 »

Македонија се избриша од агендата на САД

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F721D0CD7490B1408AAA7A39995D4008

Тамара Грнчароска

Една година по доаѓањето на власт на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, Македонија ја снема на агендата на САД. Прогнозите кои пред една година некои ги нарекуваа црни, песимистички, непродуктивни дека со заминувањето на администрацијата на Џорџ Буш заминува и безрезервната поддршка за нашата земја, за жал, како да се остваруваат.

Ако Македонија пред две-три години можеше да се пофали дека претседателот на најмоќната држава во светот на својата листа на приоритети го има решавањето на нејзините проблеми, денес не може да се пофали ниту со силна усна поддршка од Вашингтон. Максимумот што го добивме во изминатата година беше потврдата од Обама дека САД остануваат доследни на својата политика и одлуки - кога станува збор за признавањето на нашето уставно име и оти ќе продолжат да не' поддржуваат во процесот на преговорите со Грција околу спорот за името под покровителство на ОН, без да се инволвираат во нив.

Според американски дипломатски извори, ако на некој состанок во Стејт департментот за Западен Балкан се разговара 60 минути, 50 минути се за ситуацијата во Босна и Херцеговина, пет за настаните околу Косово, три минути за тоа како да и' се помогне на Србија цврсто да зачекори на европскиот пат, а само една-две минути за Македонија. Тоа е драматично различно од онаа посветеност на администрацијата на Буш на Македонија, нејзиното членство во НАТО и проблемот со името.

Дефокусирањето на САД од Македонија, иако беше очекувано, сепак, е горчливо искуство за нашата земја што покажува дека македонската надворешна политика се' уште не знае да ги процени клучните моменти и позитивната клима во меѓународната заедница за решавање на отворените прашања. Пораките што ги пренесуваше поранешниот заменик-помошник државен секретар на САД, Розмари ди Карло, летото и есента 2008 година, да се искористи времето до крајот на годината да се направат напори да се дојде до компромис со Грција и да се затвори прашањето за името и членството во НАТО, од денешен аспект може да се толкуваат како предупредување до македонските власти дека истекува времето на инволвираност на САД во сето тоа. Точно е дека Америка води константна надворешна политика и оти продолжува поддршката, но таа, реално, сега е сведена само на морална поддршка и потчукнување по рамо.

Официјални американски претставници земјава во изминатава година ја посетија само двапати и тоа во една недела во мај. Тогаш во Скопје одделно допатуваа и новиот заменикот на Хилари Клинтон, Џемс Штајнберг, и заменик-помошникот Стјуарт Џонс. И двајцата само ја пренесоа пораката дека го поддржуваат процесот на изнаоѓање решение за името, но оти тоа е прашање кое мора да го решат двете земји, со цел Македонија поскоро да се зачлени во НАТО.

Аналитичарите и познавачите на состојбите ги сметаат нашите редефинирани односи со САД како последица на нашата несериозна политика, но и на непредвидливите ситуации што се случуваат во меѓународната политика. „Треба да се знае дека во меѓународните политики се случуваат непредвидливи ситуации кои можат да ги нарушат, т.е. да ги изменат односите меѓу државите“, вели за „Утрински весник“ професорот по меѓународни односи и поранешен амбасадор на Македонија во ОН, Денко Малески. Според него, „очигледно е оти има промени во надворешната политика на САД, а она што е најбитно за Македонија, во негативна смисла, е напуштањето на унилатерализмот на администрацијата на Буш и доближувањето на САД до сојузниците во НАТО и, пред се', со ЕУ“.

„Несериозноста“, пак, на македонската политика во контекст на САД Малески ја гледа во тоа што Македонија со години никако да ја научи лекцијата дека во меѓународните односи владеат правила што не се базираат на право и правда, туку на интереси. „Видовме дека САД не може да одат понатаму со своите интереси кон Македонија, а тоа е да не ги загрозува нејзините интересите со Грција и тоа требаше добро да го научиме“, смета Малески. Според него, Букурешт беше лекција и за американските политичари, дека иако, од една страна, ќе го стават својот личниот интерес и авторитет, на крај одлуките ги носат членките. „Нешто мора да научиме, за што плаќаме цена долго време - самопомошта е основното начело на меѓународната политика“, вели поранешниот министер за надворешни работи. „Повикувањето на правото и на правдата е непознавање на меѓународната политика“, смета Малески.

Според него, доколку Македонија сака да се врати на агендата на американската надворешна политика, мора да го разбереме сето ова и да ја разбереме пораката што ја ни ја испраќаа САД додека се заложуваа за нас, а која гласеше „помогнете ни да ви помогнеме“. Според Малески, нашата земја остана глува на барањето од Вашингтон: „Разберете ги нашите интереси што ги имаме кон Грција и гледајте во тој процеп да ја формулирате политиката за која може да ви дадеме поддршка“.

И поранешниот генерален конзул на Македонија во Њујорк, Филип Петровски, смета дека наша грешка е што САД се оддалечија од Македонија. „Не одговоривме соодветно и не ја искористивме златната шанса да се решат нашите проблеми во време кога имавме неспорна поддршка од администрацијата на Буш“, вели Петровски. И тој, како и Малески, смета дека денес работите се сосема изменети и против наша корист се и реалните проблеми во внатрешната политика на САД - економската криза, како и други надворешни приоритети што ги има таа во светот. „Македонија веќе не е приоритет и тоа е јасно покажано со тоа што нема веќе посериозен притисок и ангажман на САД за името“, категоричен е Петровски. Петроски смета дека во овој момент за да се врати Македонија на листата на приоритети на САД единствено е можно со реални преговори за иметоо.

И според Малески приоритетите што се обидуваат САД да си ги исполнат дома се економски, а надвор е борбата против глобалниот тероризам и „никаде ни блиску на таа листа на приоритети не се наоѓа Македонија“. Според него, Македонија мора да мисли со своја глава. „Секогаш сме биле принудувани. Не правиме ништо по своја добра волја и памет, секогаш не' туркаат, но ако не сакаш, ќе те остават да чекаш на перонот“, пластично објаснува Малески, кој во тој контекст додава дека Македонија не ги искористила шансите што и' се даваа од САД, првата шанса во 1995 година кога министрите за надворешни работи на Македонија и Грција беа примени од Бил Клинтон и втората шанса што и' даде Буш за влез во НАТО, на таков начин, со притисок и речиси молба, но бараа од нас да најдеме формула во тешката одлука, што не го направивме.

И Малески и Петровски го делат мислењето дека Македонија моментално не покажува поголем интерес да ги „затопли“ односите со Вашингтон. „Од наша страна не покажуваме голем интерес“, вели Петровски, сепак, додавајќи дека и не можеме, бидејќи сме мала земја вклештена меѓу поголемите и нивните интереси. Малески, пак, е построг во својата оценка за актуелната македонска политика спрема САД, велејќи дека „сега сме на раат“. „Не не' притискаат САД, а наскоро тоа ќе престане да го прави и ЕУ, бидејќи светот оди, немаат време да не' чекаат“.

Но, неговата критика не е насочена само кон актуелната власт. „Имаме нова млада генерација политичари кои не ја разбираат меѓународната политика, а нивни критичари се луѓе кои 12 години пропуштија да го решат проблемот“, смета Малески.

Во измината година не е остварена ниту една посета на официјалните македонски претставници на САД, ако не се смета онаа посета на претседателот Ѓорге Иванов на Вермонт и разговорот што го имаше со Џејмс Стајнберг. Заменик-шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, во февруари ќе има официјална посета на Вашингтон, додека досега, како што се дознава од американски дипломатски извори, на агендата на Клинтон нема средба со македонскиот шеф на дипломатијата. Милошоски досега еднаш се сретна со Штајнберг надвор од земјава, на министерскиот состанок во Дубровник во јули. (Т.Г.)

Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #33 на: Јануари 22, 2010, 06:28:10 »

Оваа информација мислам дека може да ја прогласиме за хит за месец јануари :-)

Канал 5, 21.01.2010
По имеил или по пошта да гласаат македонците во дијаспората

По имеил или по пошта вака да гласаат македонците во дијаспората експертите барат измени во изборниот закон, нема соодветни институции ниту временски рокови во кои успешно ќе се спроведе гласањето на македонските заедници во странство. Според проценките, концептот на гласање на македонците надвор сега чини повеќе во споредба со изборите дома. Познавачите на изборните модели сметаат дека постоечкиот е погрешен.
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #34 на: Јануари 22, 2010, 06:31:42 »

 :o тотална идиотштина е оваа!
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #35 на: Јануари 23, 2010, 12:52:42 »

Домашните возачи најголема опасност за американските туристи

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=123101021381&id=12&setIzdanie=21891

Американскиот совет за сигурност им препорачува на граѓаните на САД дека најголема опасност за нив во Македонија се лошите патишта и насилните возачи



Лошата патна инфраструктура и ниската безбедност на македонските магистрали е главната безбедносна препорака што американските агенции им ја испраќаат на своите граѓани што решиле да ја посетат нашата земја.

Станува збор за заклучок на последниот извештај на Американскиот прекуокеански совет за сигурност.

Во извештајот ниту криминалот, ниту политичката состојба не се наведени како опасни за странците што престојуваат земјава и се третираат како ниско ризични, но затоа пак, на граѓаните на САД особено им се препорачува да внимаваат на сообраќајот.

Во извештајот на советот се наведува дека стапката на сообраќајни незгоди во земјава е една од највисоките во светот. Скенирањето на состојбата во македонскиот сообраќај на советот утврдило дека ваквата незавидна состојба во најголем дел се должи на големата брзина со која македонските возачи итаат по патиштата, нивните лоши возачки навики, потоа немањето навика задолжително да го користат безбедносниот појас. Како недостаток во овој контекст се наведуваат и ниските можности на екипите на Итната помош навреме да одговорат во случај на тешка сообраќајна незгода. Советот како препорака на своите сограѓани им советува ако се најдат со автомобил на македонските патишта, во никој случај да не се натпреваруваат со нашите возачи, туку напротив, да се држат дефанзивно и со големо внимание да ја пратат состојбата на патот.

Препораките што сигурносниот совет им ги испраќа на своите сограѓани се оправдани и воопшто не се далеку од сообраќајната реалност во земјата, ако се земе предвид дека Македонија е можеби единствена земја во Европа каде што бројот на сообраќајни незгоди од година во година постојано расте.

Според официјалните извештаи на европските институции, на нивото на целата унија бројот на сообраќајни незгоди изминативе две години е намален за девет отсто, додека пак, споредбено со 2001 година, на европските патишта имало за 28 отсто помалку незгоди со тешки последици.

Најголем успех во дисциплинирањето на своите возачи имала Литванија, каде што стапката на сообраќајни незгоди се намалила за дури 33 отсто, а веднаш зад неа е Словенија со 27 отсто помалку незгоди.

Единствена земја-членка што го расипува просекот на унијата е Бугарија, каде што сé уште е регистриран пораст на сообраќајните незгоди од околу пет отсто, што сепак, е многу помал од оној со кој се соочува Македонија.

Според официјалните анализи на МВР, минатата година бројот на тешки сообраќајни незгоди во земјава се зголемил за над десет отсто во споредба со 2008 година.

Во ланските деветте месеци, на жешкиот асфалт биле регистрирани околу 3.300 тешки сообраќајки, во кои животите ги загубиле 120 лица, а илјадници завршија во болница со тешки повреди.

Во 2008 пак на сообраќајниците во земјава се случиле 3.700 незгоди, од кои 140 биле со трагични последици.

Она што со сигурност ќе остане како податок кој се јавува во сите извештаи е фактот дека најголемиот број незгоди се предизвикани од несовесни возачи, кои ги управувале автомобилите со голема брзина и ги кршеле сообраќајните правила.
 
    
Автор: Бранислав Закев       
 
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #36 на: Јануари 24, 2010, 02:39:22 »

Коалиционите партнери повторно се „фатија за гуша“

http://inpress.com.mk/?ItemID=23B049574A76AF4BB3F58A9684D251AC

Скопје, 24. јануари (ИНПРЕС)

Владините коалициони партнери ВМРО-ДМНЕ и ДУИ повторно се „фатија за гуша“ за што овој пат причина и повод е одлуката на ресорниот министер за култура, Албанците уште од првото одделение да го учат македонскиот јазик.

И додека премиерот Никола Груевски стои зад министерот Тодоров, неговиот заменик од редовите на ДУИ тврди дека немало никаква одлука на Владата, туку „само заклучок“ кој според него не е обврзувачки без соодветна стратегија.

На помош е повикана и мегународната заедница. Премиерот Никола Груевски вели дека некои меѓународни фактори му дошепнале дека е добро децата - Албански, да го учат маакедонскиот јазик од прво одделение, бидејќи е нелогично да го учат англискиот, а да го прескокнуваат официјалниот јазик на земјата во која живеат.

Ермира Мехмети, веднаш му врати на премиерот дека не ја зборува целосно вистинатаа. Точно е дека меѓународните претставници предлагаат ААлбанците да го учат маакедонскиот од прво одделение, но тие предлагаат и Македонците да го учат албанскиот, на исто рамниште - тврди Мехмети.

Таа, како пратеник и портпарол на ДУИ секогаш настапуваа во името на партијата, а не во свое име.

Сега на ред е да стапи на сцената лидеорот на ДУИ Али Ахмети, и по кој знае кој пат да повтори дека коалиционите партнери во владата функционираат одлично, а ова што се случува, е само поради забава на народот.

Или пак можеби да се заработи процент повеќе во партиската популарност, откако последните анкети покажуваат пад на поддршката за ДУИ, а пораст за ДПА на Мендух Тачи. (Крај)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Илинден

  • Global Moderator
  • Full Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 226
  • СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ ЗА МАКЕДОНИЯ!
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #37 на: Јануари 24, 2010, 03:40:24 »

Бри­сел­ски моч­ко

1    Си­ро­маш­ки­от Ѓо­ле, пак не бил сфа­тен. Што ма­ка има. Ка­ко поч­на уш­те од из­бор­на­та кам­па­ња ко­га им фр­ла­ше клет­ви на мле­ка­ри­те, сe што ќе ка­же, мо­ра до­пол­ни­тел­но да об­јас­ну­ва.
Го сфа­ќа­ат ли Ѓо­ле тие што тр­чаа да се ис­пот­пи­шат за да го кан­ди­ди­ра­ат за Прет­се­да­тел? Ка­де се се­га си­те оние ака­де­ми­ци, рек­то­ри, про­фе­со­ри, пи­са­те­ли што ни се прет­ста­ву­ваа ка­ко не­за­вис­на ин­те­лек­ту­ал­на ели­та и што за­ве­доа 480.000 лу­ѓе да по­мис­лат де­ка Ѓо­ле мо­же да би­де Прет­се­да­тел? Ај се­га не­ка ни се из­ви­нат. Ако и тие врв­ни умо­ви се­га не го сфа­ќа­ат Прет­се­да­те­лот што са­ка да ка­же од пр­ва, што да ка­же­ме ние со по­мал ум?
Што да ка­жеш за др­жа­ва во ко­ја Прет­се­да­те­лот има реј­тинг ну­ла? Или ич не му го ме­рат реј­тин­гот? Тоа зна­чи де­ка Прет­се­да­те­лот не пос­тои. Што е сво­е­ви­ден уни­кум во све­тот. Зар три-че­ти­ри-пет-шест га­фа на Ѓо­ле вре­дат тол­ку мно­гу, што се­га си­те се пиш­ма­нат што гла­са­ле за не­го? За тол­ку ку­со вре­ме тој не нап­ра­ви ниш­то, а зас­лу­жил ни­кој да не го спо­ме­ну­ва!?
За­тоа се­га мо­ра фан­фа­ри да из­мис­лу­ва. Ако не му се слу­ша збо­рот, ба­рем да тру­би ко­га по­ми­ну­ва.

2    Ев­ро­ам­ба­са­до­рот Ер­ван Фу­е­ре кур­ту­ли. Ка­ко му го фр­ли­ја бу­ре­то ох­ри­ѓа­ни за да го фа­ти пак, ќе го мав­неа по гла­ва и за мал­ку и не­го ќе го уда­веа.
За Де­нот на ри­ба­ри­те, кој на 20 ја­ну­а­ри се сла­ви во Ох­рид, тој, тра­ди­ци­о­нал­но, се ис­ка­пи во Езе­ро­то. Пок­рај Фу­е­ре, се ис­ка­пи и гра­до­на­чал­ни­кот Алек­сан­дар Пет­ре­ски.
А тој од Ка­пе­та­ни­ја­та се ис­ка­пи ли? Оној што му ја за­бо­ра­вив­ме од­го­вор­нос­та за "Илин­ден" и за уда­ве­ни­те Бу­га­ри. Или уш­те не на­у­чил да пли­ва. Оти не­му во­да ни во чев­ли не смее да му вле­зе.

3    Гра­до­на­чал­ни­кот на Цен­тар Вла­ди­мир То­до­ро­виќ ре­че де­ка оваа го­ди­на ќе про­дол­жи со ре­де­ње­то на спо­ме­ни­ци око­лу Плош­та­дот. Ис­ти­от ден Гра­дот Скоп­је ис­пра­ти на­лог за бло­ки­ра­ње на 20.000 фир­ми за да нап­ла­ти фир­ма­ри­ни. За­тоа гра­до­на­чал­ни­кот оп­ти­мис­тич­ки из­ја­ви де­ка Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе из­лег­ла од кри­за­та.
Зна­чи, ре­фор­ми­те мо­жат да про­дол­жат. И за да се за­до­во­лат нај­е­гиз­стен­ци­јал­ни­те пот­ре­би на скоп­ја­ни, се рас­пи­ша ог­лас за уш­те 29 но­ви спо­ме­ни­ци кои ќе се ста­ва­ат на мос­тот Око, кој тре­ба да ги по­вр­зу­ва Град­ски­от тр­гов­ски цен­тар и ан­тич­ка­та згра­да на но­ви­от Ус­та­вен суд.
Во ог­ла­сот пи­шу­ва де­ка ќе се пос­та­ву­ва­ат три­ме­тар­ски брон­зе­ни скул­пту­ри на ис­то­ри­ски лич­нос­ти. Кои хе­рои, умет­ник или зас­лу­жен гра­ѓа­нин ќе се пра­ват не се знае, оти за тоа ќе од­лу­чу­ва­ат ав­то­ри­те.
Не се знае ни кол­ку ќе чи­ни овој про­ект, оти па­ри­те на ав­то­ри­те ќе им се ис­пла­тат от­ка­ко ќе ја за­вр­шат ра­бо­та­та. И це­на­та на ле­е­ње не се знае оти за­ви­си од из­гле­дот и пот­реб­ни­от ма­те­ри­јал.
Овие нас за бу­да­ли ли нe мис­лат или са­мо са­ка­ат да ви­дат до ка­де мо­же да нe за­фр­ка­ва­ат? Ма­ке­до­ни­ја не­ма тол­ку ју­на­ци кол­ку што оваа Вла­да мо­же спо­ме­ни­ци да нап­ра­ви. Ос­вен ако не поч­нат са­ми, до­де­ка се жи­ви и здра­ви, да се ове­ко­ве­чу­ва­ат во брон­за.
Баш са­кам да го нап­ра­ват мос­тот и да би­де на­ки­тен од две­те стра­ни, ка­ко што ви­ка гра­до­на­чал­ни­кот. Оти не мо­жам да си го за­мис­лам. Мо­рам да го ви­дам тоа чу­до, па да по­ве­ру­вам. Зна­чи, има­ме мост со стак­ле­ни от­во­ри и со по 14 скул­пту­ри, ви­со­ки два до три мет­ра, од две­те стра­ни, плус фон­та­на на сре­ди­на­та, плус до фон­та­на­та нај­впе­чат­ли­ва скул­пту­ра и плус уш­те и др­ве­ни клу­пи.
Од се­то ова, мо­ја­та дар­ба за има­ги­на­ци­ја за­вр­шу­ва са­мо на спе­ци­јал­ни­те све­тил­ки. Оти ко­га гра­ѓа­ни­те ќе тр­ча­ат ма­сов­но кон Ус­тав­ни­от суд, оти Вла­да­та пра­ви злат­ни за­ко­ни, не смее да се доз­во­ли да се ак­нат во не­ко­ја брон­за од вид­на лич­ност.
Ај што не ми е јас­но ка­ко ќе од­лу­чу­ва­ат кои ќе би­дат 28-те вид­ни лич­нос­ти што ќе слу­жат за ки­те­ње. Ту­ку уш­те по­ве­ќе се чу­дам ка­ко ли ќе ја из­бе­рат 29-та­та и нај­впе­чат­ли­ва ис­то­ри­ска фи­гу­ра што ќе стои на сре­ди­на на мос­тот до фон­та­на­та.
Ма­ке­до­ни­ја оди кон Ев­ро­па. Заш­ти­тен знак на Бри­сел е фон­та­на­та со де­те што мо­ча. Скоп­је мо­ра да за­ли­чи на ев­роп­ска­та прес­тол­ни­на. За­тоа, гра­до­на­чал­ни­ку То­до­ро­виќ, раз­мис­лу­вај на те­ма­та: Кој во Скоп­је би мо­жел да мо­ча, а во ис­то вре­ме да би­де нај­впе­чат­ли­ва фи­гу­ра? Не би ме чу­де­ло да го ста­ват Гру­ев­ски. Тој спо­ме­ник ќе би­де нај­до­бар пе­чат на не­го­во­то вре­ме.

4    Ште­та што пла­ни­ра­ат мос­тот Око да го нап­ра­ват ду­ри за ед­на го­ди­на. И Алек­сан­дар на Бу­ке­фал, со­се вој­ни­ци­те што шлап­ка­ат во фон­та­на­та, ќе стиг­нат ду­ри в го­ди­на. А го­ди­на­ва ка­ко ќе ја пре­жи­ве­е­ме?
Цел свет се за­ни­ма­ва со глу­пос­ти. Де­ба­ти­ра­ат ка­ко да из­ле­зат од кри­за­та, ка­ко да ги над­муд­рат те­ро­рис­ти­те, ка­ко да нај­дат ал­тер­на­ти­ви из­во­ри на енер­ги­ја, ка­ко да се спра­ват со кли­мат­ски­те про­ме­ни...
За раз­ли­ка од нив, кај нас Вла­да­та е фо­ку­си­ра­на на Плош­та­дот.
Црк­ва, џа­ми­ја, коц­ка, плоч­ка, Алек­сан­дар, Да­ме, јар­бол од ед­на стра­на, јар­бол од дру­га стра­на, Ма­ке­дон­ци, Ал­бан­ци, хрис­ти­ја­ни, мус­ли­ма­ни, вер­ни­ци, бо­го­хул­ни­ци, пре­дав­ни­ци, пат­ри­о­ти, но­ва згра­да, стар хо­тел...
Це­ли­от жи­вот и ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја се вр­ти око­лу плош­та­дот Ма­ке­до­ни­ја. И по­ли­ти­ка, и еко­ном­ски бум, и ту­ри­зам, и кул­ту­ра, па и дип­ло­ма­ти­ја. И за име­то да збо­ру­ваш, пак око­лу Плош­та­дот се вр­ти му­а­бе­тот.

5    Еден лон­дон­ски хо­тел на сво­и­те гос­ти им ну­ди ус­лу­га "лу­ѓе гре­ја­чи на кре­ве­ти". Ста­ну­ва збор за по­себ­но вра­бо­те­ни ли­ца, об­ле­че­ни во спе­ци­јал­на топ­ла об­ле­ка, кои им ги заг­ре­ва­ат кре­ве­ти­те на гос­ти­те пред да лег­нат да спи­јат. Не­кој ин­сти­тут та­му до­ка­жал де­ка со­нот не фа­ќа ко­га тем­пе­ра­ту­ра­та на те­ло­то ќе поч­не да опа­ѓа. Тем­пе­ра­ту­ра­та ме­ѓу 20 и 24 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни го за­бр­зу­ва про­це­сот за то­не­ње во убав сон.
Кај нас сe уш­те не­ма гре­ја­чи на кре­ве­ти. Но за­тоа, пак, има гре­ја­чи на фо­тел­ји. Нај­до­бар при­мер за тоа е Зо­ран За­ев. Тој му ја гре­е­ше фо­тел­ја­та на Бран­ко за да мо­же се­га да му би­де удоб­но.
Бран­ко, ста­ни од фо­тел­ја­та. Дај му ја на не­кој не­из­вал­кан. Оти не му пра­виш ште­та са­мо на СДСМ. ­_ пра­виш ште­та на це­ла др­жа­ва. Над 40 от­сто не­оп­ре­де­ле­ни че­ка­ат.
Зар не гле­даш де­ка овие од ВМРО-ДПМНЕ си­те нe пра­ват бу­да­ли? Ама до­де­ка си ти та­му, сe ќе им про­а­ѓа.
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #38 на: Јануари 24, 2010, 04:20:48 »

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119036

Владата ќе дозволи увоз на автомобили стари до 13 години?

Автомобили стари и до 13 години ќе можат да се увезуваат во земјава, најави денеска премиерот Груевски.

Анализите се уште се прават. Во истовреме се бара начин и за легализирање на возилата со бугарски таблички.

„Вршиме анализи околу можноста за зголемување на старосната граница, ќе видиме за точно за колку, значи не сме во целост сигурни но можно е да биде некаде околу 11, 12 или 13 години. Но доколку имаме нешто поконкретно односно кога ке имаме, јавноста ќе биде информирана. Засега се вршат анализи“, изјави Никола Груевски, премиер на Влада.
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #39 на: Јануари 25, 2010, 08:54:50 »

Протести во Карпош - Едните го сакаат јарболот а другите цвеќињата

Жителите на скопската општина Карпош кои се против и преставниците на невладината организација „Македонида“ кои се за поставување на македонското знаме во општина Карпош, денеска се собраа на паралелен протест кој прерасна во меѓусебни вербални напади



(Фото: Филип ПОПОВСКИ, Макфакс)
Со  парола „Овде вчера беше погребано македонското знаме“ и со палење на свеки во тревникот кај трговскиот центар во Капрош 3, се спротиставија граѓаните предводени од невладината органзиација „Македонида“ кои сметаат дека  поставувањето на македонското знаме, би значело претставување на  македонскиот идентитет.
„Ние сме особено загрижени од оваа постапка на градоначалникот Стевче Јакимовски што не дозволува поставување на македоското знаме. Сметаме дека поставуањето на нашето знаме  ќе го дефинира на најсоодветен начин нашиот урбан гратски пејсаж, и на таков начин најдирекно ќе го преставува нашиот национален идентитет“, изјави претседателот на „Македонида“, Панче Велков.
Жителите на општина Карпош изјавија дека нема потреба невладината  „Македонида“ да закопува  некого во нивната  општина, бидејќи како што велат тие, Карпош е многу весело и расцветано. Тие бараат  јарболот да се постави во дворот на општината.
„Навистина не го разбирам овој протест на групата граѓани односно членови на ВМРО-ДПМНЕ од сите делови на град Скопје, незнам кого тие  погребуваат. Во Карпош е  се  весело и расцветано. Ако сакаат да постават толкаво знаме, тогаш нека го стават во општината, како што е  е според законот“, изјави Даниела Мартиновска  од групата граѓани кој се спротиставија на  поставувањето  на македонскиот јарбол.
Ваквите реакции уследија откако градоначалникот на Скопски Карпош Стевче Јакимовски забрани да се постави македоскиот јарбол бидејќи претходно не бил известен  од страна на владата дека ке се започене со копање на дупката.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #40 на: Јануари 25, 2010, 09:14:07 »

Стевче е амбициозен сака да демонстрира инцијативност... инаку се е таму тамам за темата, комплетен АПСУРД...овие демек бранат темјанушките, а овие демек чуваат знамето
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #41 на: Јануари 26, 2010, 12:48:04 »

Историјата на Балканот јава на политичките стереотипи

Националните истории на народите на Балканот се во
постојан натпревар

Миркица Поповиќ

Непознавањето на историјата на соседите и реалните внатрешни, економски, политички и социјални проблеми со кои се соочуваат, доведува до создавање стереотипи за нив. А стереотипите се најлошата работа во билатералните и во мултилатералните односи.

Со овие зборови професорот по политички науки и историја на Универзитетот „Пантеон“, Димитрис Кристопулос, вчера ја отвори тркалезната маса со наслов „Заедно- градење мостови“, на која учествуваа истакнати професори и јавни личности од Македонија и од Грција. Оваа граѓанска иницијатива имаше цел да се фокусира на реалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат македонското и грчкото општество во денешно време, со надеж дека ќе се запознаат и ќе ги разберат ставовите на двете заедници, нешто што ретко се случува во последните години. Секој ја држи својата страна, а луѓето ретко се наоѓаат во заедничка средина каде што би можеле да седнат и да продискутираат за овие работи.

„Елементот што создава раздор меѓу народите на Балканот е различното толкување на историјата“, истакна Кристина Кулори, историчар и професор на одделот за социјална и образовна политика на Универзитетот во Пелопонез. Античката историја и етничките проблеми најчесто се дискутираат на Интернет-форуми или под видеоклиповите на „Јутјуб“ и често личат на нецивилизирано надвикување полно со омраза и навреди.

„Националните истории на секој од народите се во постојан натпревар. Работите треба да бидат поинакви наместо да се натпреваруваат тие треба да се надополнуваат една со друга“, додаде Кулори, претставувајќи го проектот во кој историчари од балканскиот регион по долго анализирање на историите на секој од балканските народи изготвиле алтернативен учебник по историја, кој е преведен и на македонски и на албански јазик и ја претставува историјата од аспект на сите народи. Кулори нагласи дека заедничката судбина на Балканот е користење или злоупотреба на историјата од националистичките партии и страни.

„Заеднички интерес на балканските народи е ревидирање на историјата со цел да се надмине националистичката историја. На овој начин ќе имаме заедничка регионална историја, бидејќи големите прашања пред нас со години се дали историјата на обединува или разединува и дали тоа е самата историја или, пак, толкувањето на историјата“, истакна Кулори, објаснувајќи дека регионалната историја нема цел да ја истисне националната историја, туку да ја надополни со цел да се истисне националистичката историја. Според излагањето на Кулори, поранешните комунистички земји преминале од марксистички кон националистички. Како што вели таа, националистичката историја се темели на јавната историја со која се опкружени граѓаните секојдневно преку спомениците, медиумските дебати и политичките говори. Наспроти националистичката е академската, научната, која е целосно запоставена од јавноста и останува само во фокусот на историчарите и на истражувачите.

Причината поради која во преден план е ставена националистичката историја е исфорсирано зајакнување на самопочитта на една нација, смета Атина Скуларики, предавач на одделот за социологија на Универзитетот во Крит.

„Медиумите не се заинтересирани за дебата да повикаат некој научен истражувач, туку говорници што имаат поекстремни ставови и ќе предизвикаат контроверзна дебата“, вели Скуларики, потенцирајќи дека на овој начин само се потхранува популистички дискурс во општествата. Интересна беше нејзината забелешка дека и во Грција оние што не ја поддржуваат националистичката нишка и ставови, како, на пример, оние за името, се сметаат за предавници и отпадници во општеството. Не е мал бројот на примери на професори што внимаваат доколку имаат соработници од нашата држава со цел да не се стекнат со статус предавници, бидејќи тоа во време на огромна невработеност може да ги чини работно место и кариера во Грција.

Ограничување на слободата на говорот како во Грција, така и кај нас според професорот Љубомир Фрчкоски е жртва на митоманијата, односно толкување и користење на историјата на неселективен начин.

„Во Македонија има два столба поставени од политичките елити. Првиот е враќање на колективното достоинство преку градење на колективниот дух и јасен притисок на човековите слободи и вториот ’мегадржава‘, која ќе се шири носејќи го новото достоинство. Во нашето општество сликата на стварноста ја заменува реалната стварност“, нагласи Фрчкоски, додавајќи дека нашата држава сега се заснова врз тврд национализам, кој е виновен за сликата на Македонија како смешна држава што губи во очите на светската јавност.

Покрај овие теми, на дебатата се дискутираше за популизмот и за неговата злоупотреба при испитувањето на јавното мислење, македонско-грчките и грчко-албанските односи, актуелната дебата за законот за стекнување грчко државјанство што последните месеци ја бранува Грција, како и притисокот врз индивидуалните права и невладиниот сектор.

И ДЕМЕК ОВИЕ "ТЕШКИ" МУАБЕТИ НАЙДОБРО МОЖЕ ДА ГИ ПРЕНЕСЕ НОВИНАР - СРБИН !?
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #42 на: Јануари 26, 2010, 01:05:03 »

Макфакс, 25.01.2010
Aмбасадорот Георгиевски задоволен од правата на Македонците во Србија

Цитат
Македонците кои живеат во дијаспората најмногу права уживаат во Србија и Хрватска, изјави македонскиот амбасадор во Србија, Љубиша Георгиевски.
„Кога ќе се сретнам со моите Македонци во Србија ги советувам да бидат лојални, како што се Србите во Македонија“ изјави Георгиевски по средбата со градоначалникот на Краљево, Љубиша Симовиќ.
Сочувана

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #43 на: Јануари 28, 2010, 02:02:46 »

Дир.бг, 17.01.2010
Студенти масово си взимат изпити със секс

С настъпването на поредната редовна сесия студентки отново вдигнаха краката заради уникалната възможност за шестица при някой от многобройните коцкари, известни на всички. Тенденцията сочи, че все повече момчета също избират срама да преспят с 30-тина години по-възрастни лелки само и само да запишат следващата година, пише frognews.bg.
Сочувана

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #44 на: Јануари 30, 2010, 12:39:56 »

нешто за клинтелата на дневен весник „Вечер“, и нешто за 96% мк граждани кои се за влез во ЕУ и 93% за влез во НАТО...на вакава вест http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D6DE4CAB90E4B942BED818E107F90435
 коментарите се вакви:

Цитат
patriot (29.01.2010 23:56:07)
napred braco rusi vo idnina rusija ce bide prva svetska sila vo idnina
orce (29.01.2010 23:55:42)
go srusile srbite? sam padnal
C3 (29.01.2010 23:26:50)
Super sega mozat da gi napadnat USA , poso gledam so golema vozbuda pisuvate so napravile Rusite , ke navivame za niv
Kiko (29.01.2010 23:22:57)
mozda nevidliv za radarite ama i amerikancite vikaa deka imat nevidliv avijon pa 1999 godina go srusija srbite ama sto ke napravi rusin toa e toa kvalitet i koga ke kaze nevidiv za radar znaci stvarno nevidliv se zboruva deka nekoi delovi od americkiot avijon sto go srusija srbite bile pravetni vo moskva da vidat rusite od kakva smesa e napraven kako ne kraven pa e nevidliv za radarite i od tie primeroci rusite doznale i go napravile ovoj avijon nevidliv za radarite ovoj e spuper avijon so ogromna mok odlicno manevrira gledav denes na tv ke im se odolzat na srbite za pomosta za ovoj avijon pozdrav

цццц ни фали уште „и енглеска и америка биче земља пролетерска“  ;D

... болно, фатално болно от шизофернија општество!

Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение