Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: "АБСУРДИСТАН"  (Прочитано 121383 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #15 на: Декември 16, 2009, 09:22:21 »

Штип го менува денот на празникот - дали поради Свети Никола, или поради Груевски Никола!?



Штип, 16. декември (ИНПРЕС)

Од годинава Штип ќе го слави 19 декември, односно верскиот празник Свети Никола како ден - Патрон на градот. Таква одлука донесе Општинскиот совет, на предлог на владиката на Брегалничката епархија Иларион и на градоначалникот Зоран Алексов.

Опозицијата излезе со став дека штипската локална власт, која целосно е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, на ваков начин само сака да му се додвори на својот партиски претседател и премиер Никола Груевски.

Симеон Протогеров, советник од СДСМ, ваквата одлука ја именува како еден од начините со кои локалното вмровско раководство му се додворува на својот лидер.

- Штип повеќе од педесет години го славеше 8. ноември -  Денот на своето ослободување и не постои никаква потреба ниту повод за таквата состојба да се менува, потенцира Протогеров.

За градоначалникот и во исто време лидер на штипските вмровци Зоран Алексов, ставот на опозицијата бил некоректен кон градот.

- Ние не го напуштаме 8 ноември и во иднина, со сите почести, ќе го славиме како ден на ослободувањето. Најмлаку пак имаме потреба да му се додворуваме на нашиот лидер и премиер Никола Груевски, бидејки сме дел од едно семејство. Како и многу други градови во Македонија кои во новото време и новите услови востановија Ден на градот кого го сврзаа со светците-заштитници, и ние го правиме тоа. Храмот Свети Никола е изграден уште во 1850 година, а тогашните црквени власти не можеле да знаат дека во 21 век премиер на Македонија ќе биде Никола Груевски, вели градоначалникот.

Алексов додава дека Свети Никола е верски празник кој во Штип има долга традиција на празнување кога најмногу народ се собира во Соборниот храм.  Штипјани овој празник си го празнуваат од век и веков и ние само излегуваме во пресрет на барањата и потребите на нашите граѓани. Ние не можеме да останеме на позицијата дека само еден ден е значаен за градот“, потенцира градоначалникот Алексов.

Свети Никола годинава ќе се празнува со бројни свечености а на Свечената академија на десетмина штипјани ќе им буде врачено признанието Свети Никола. (Крај)

Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #16 на: Декември 18, 2009, 02:05:09 »

Трескавично градење на минатото


Каква ќе биде пораката за идните генерации кога изразот на „новото време“ се копиите и имитациите на минатото

Билјана Ангеловска

На скопскиот плоштад „Македонија“ ќе се враќа старата камена коцка. Отспротива веќе никнува старо-новиот театар, а над него, пак, се надвишува древното Кале на кое одново се градат со векови урнатите делови. Кога наскоро на плоштадот ќе се изгради и некогашната црква „Свети Константин и Елена“, а можеби дури и Бурмали-џамијата, ќе недостасува уште по калдрмата да почнат да возат двокатните автобуси што допрва ќе се купуваат. Тогаш Скопје ќе заличи - на ништо!....

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3066DF325FEA6A4B9225D1F6A95837C7
« Последно менување: Декември 18, 2009, 11:40:11 disidente »
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #17 на: Декември 18, 2009, 11:39:24 »

Нема веќе бугарски и српски титлови на кабелска

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F129F7CFF8F24C489C17BB4BD13CECCC

Бугарските и српските титлови на програмите на кабелските оператори ќе се толерираат до 4 јануари 2010 година, а потоа ќе мора да ги заменат со македонски. Советот за радиодифузија вчера најави дека кабелските оператори мора да почнат со титлување на програмските сервиси на македонски јазик.

„Сите оператори на јавни комуникациски мрежи ќе треба да обезбедат титлови на македонски јазик или коментари на македонски јазик кај спортските канали, за телевизиските програмски сервиси кои ќе сакаат да ги реемитуваат на јазик различен од јазикот на кој се оригинално произведени“, се наведува во соопштението на СРД.

Како што ни изјави директорот на СРД, Зоран Стефановски, конкретно станува збор за програми како „Дискавери“ и „Фокс лајф“, но и некои од спортските програми.

Според Стефановски, овој чекор е неопходен за да се исполнат законските обврски за емитување програми од јавен карактер, но и за зачувување на културниот идентитет. Тој нагласи дека во моментот на сцената има големи телевизиски и кабелски оператори, сериозни играчи кои прават договори за локализација на македонскиот јазик, па би било фер тоа правило да важи за сите оператори. „Конечно е дојде време да се почитува законот. Кабелските телевизии беа свесни дека ќе дојде до овој чекор и сега веќе ќе мора да одделат средства и да обезбедат титлови за комерцијалните ТВ-канали“, додаде директорот на СРД.

Советот најави дека ќе изврши мониторинг на кабелските оператори за исполнување на оваа законска обврска. Доколку биде забележано непочитување на Законот за радиодифузна дејност, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Од досегашниот мониторинг на кабелските оператори во државата поднесени се 16 прекршочни пријави за прикажување програми за кои не се соодветно обезбедени авторски права. (М.П.)

ЗАБЕЛЕШКА :
Ако некой во Зимбабве или Тунгузия го прочита горниот наслов, ке добие апсолутно погрешна слика дека во Македония ВРИЕ од бугарски телевизии, па е "нужен" превод за да я разберат содржината на програмата ??? Од Бугария во Македония, кабелните оператори пренесуваат само СИЛИКОНСКИ телевизии и абсурдот е во тоа како ке се преведуваат песните !  ;D Ова го има само во Македония.  ;D Туку, сега ке мора да се среди и ПОПЛАВАТА од српски емисии,  за кои се добива впечаток дека во вечерните часови се позастапени од "македонските" на преиватните телевизии со национална концесия .  ;)


Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #18 на: Декември 29, 2009, 07:05:00 »

Никола и Паско копале под земја за да го решат спорот со Грците!?

http://inpress.com.mk/?ItemID=D41A7859EFDE634D9A5121D3C2659514
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #19 на: Декември 30, 2009, 02:23:13 »

Омраза.ком.мк
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B46F67A821CD0747A04EF5E80A1D813D

Цитат
„Смрт за Шиптари, Грци, Бугари“, „Една Македонија, чиста Македонија“...
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #20 на: Јануари 03, 2010, 10:45:43 »

ГРУЕВИСТИЧКО-БРАНКОВИСТИЧКА ДЕБАТА
“Еби се будало”!

http://tribune-eu.com/?page=read_news&id=5400

Ако на оној ептен “студиозно“ избран список на предавници кои што, според скопско-белградски “Вечер“, примиле грчки пари за овде во Македонија да се “борат“ за интересите на јужниот сосед, Владимир Милчин, таа “алфа и омега“ на македонската експозитура на Соросовата фондација, реагираше, како главен етикетиран “предавник“, со еден крајно невешт, би рекле дилетантски срочен јавен оглас, во кој ги демантира наводите порачувајќи им на прозваните “предавници“ дека ако сакаат да го тужат “Вечер“ неговата фондација ќе им понуди бесплатни правни сугестии , тогаш како ќе одговори на последната мошне куса но “језгровита“ порака до него од истиот тој весник: “еби се будало“!?

Доколку, пак, оваа најнова јавна “дебата“ ја ставиме во нејзиниот вистински контекст уште повеќе расте нашата љупобитност околу евентуалниот Милчинов одговор. Имено, мора да се има во предвид дека “Вечер“ е “идеолошката“ перјаница на владиниот агитпроп па и пошироко од тоа, а пак Милчин е прокажан интелектуален “спиритус мовенс“ на опозицискиот (т.е. СДСМ-овски) агитпроп па и пошироко од тоа. Оттаму, излегува дека политичката пресметка влегува во фаза кога груевизмот, смело, му упатува реплика на бранковизмот велејќи му, меѓу другото: “еби се будало“!

Немаме намера да влегуваме во опсервација на “стилскиот“ избор за водење на политичката пресметката, дотолку повеќе што во општество во кое правила или нема (како во случајов со новинарскиот занает) или постојат само на хартија, би било глупаво од наша страна да делиме некакви морални лекции и слични гурабии, ама сепак, надвор од претходното, мораме да го констатираме ноторниот факт дека “еволуцијата“ на македонското општество го достигнала своето септичко ниво на егзистирање. Та дури, според динамиката којашто се случува на и зад политичката сцена, се чини дека таквата септизација се движи кон сопствената кулминација. Се разбира, од реата и “шрапнелите“ никоја нема да биде заобиколен.

Во тој смисол “Вечер“-овите атаци и Милчиновите одговори се и тоа како илустративен пример вреден за една мала анализа. Особено што, како што веќе нотиравме, оваа “преписка“ колку на персонално, во иста мера и на метафоричко рамниште, интригира, ако поради ништо друго тогаш заради сопствената кумулативност (две децении транзиција), притисната од, исто така, од сопствената автодеструктивност. Притоа уште во старт мора да се каже дека Милчин (персонално и метафорички) е во понезавидна позиција од спротивната страна.

Зошто? Затоа што груевизмот кине од вистината парчиња за да создаде лага (или заблуда). На пример, точно е дека Милчиновото граѓанско “ангажирање“ го закопа развојот на граѓанскиот сектор во Македонија, но исто така точно е дека од тој растур систем, на еден или друг начин, произлегоа добар дел од денешните евроскептични интелектуалци, експерти, политичари разноразни други пробисвети. Од друга страна, бранковистите кинат парчиња вистина за да ја сокријата лагата (или заблудата). Што ќе рече дека Милчин е во право кога вели дека груевистиве лажат и дека се тоталитаристи, ама премолчува кога треба да докаже како, од каде и поради што никнаа. Односно врз основа на какви стандарди и вредности итн.

Како и да е ова најново “еби се будало“ независно каква ќе биде контрарепликата (ако воопшто ја има), претставува уште еден квалитетен доказ на Трибјуновите поодамнешни тврдења дека груевистите го уриваат системот од којшто се произведени – бранковизмот. Септичноста на состојбите е логичен происход...
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #21 на: Јануари 03, 2010, 10:53:22 »

tribune-eu.com e отров за србо-комунистичко-македонистички ликови и дешавки!  ;D
ЧНГ за екипата таму!
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #22 на: Јануари 04, 2010, 12:21:39 »

оваа го нема ни во Руанда

Цитат
Политика ја мати водата

Двете братски претпријатија „Водостопанство“ и „Водовод“, со кои директоруваат двајца браќа од две различни партии, за Нова година жедни оставија 50.000 граѓани на Куманово, кои се набдуваат со вода од Липковско Езеро

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2529961D8772CF4D94AAA870C37D4D3B
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #23 на: Јануари 05, 2010, 12:28:01 »

Делегација на македонското министерство за одбрана предизвикала скандал во Софија

http://www.inpress.com.mk/?ItemID=1B8A65CB6873B24092A420FD0D383DE0

Скопје, 4. јануари (ИНПРЕС)

Дипломатски скандал предизвикала делегација на македонското министерство за одбрана во хотел во Софија, објави Алфа телевизија.

Еден државен советник, предводник на македонската делегација се степал со членовите на делегацијата- еден мајор и еден раководител на сектор. Не се познати причините поради кои македонските преставници физички расчистувале сметки, но не знае дека интервенирало обезбедувањето на хотелот и бугарската полиција.

Високата делегација на одбрана била на средба од областа на комуникациско- информатичка технологија. Според извори во бугарската полиција, сите преставници на Македонија биле во алкохолизирана состојба кога почнале да се пресметуваат. На Македонија и била нанесена голема штета и срам во дипломатските кругови и меѓу преставниците на бугарското министерство за одбрана. Дека имало инцидент во хотелот АРТЕ за АЛФА потврдува менаџерот.

- “Имаше пријавено инцидент. Гостите беа малку поднапиени, што за нас не е нешто ново. Среќа е што немаше тешко повредени и што немаше скршен инвентар“ - изјави тој.

Министерството во Скопје еден месец молчи за скандалот во Софија на државниот советник. И денеска цел ден немаше одговор зошто не е санкциниран советникот и членовите на делегацијата.

Она што е зачудувачки и вработените во министерството ги оставило без збор е пофалницата која Советникот ја примил за новогодишниот коктел во одрана за постигнати резултати.

Останува дилема како може учесниците во инцидендтот се уште да се во раководните служби на министерството. (Крај)
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #24 на: Јануари 05, 2010, 02:13:10 »

Скандал на хируршките клиники!

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118274



Цитат
Ја побаравме и докторката која ги поставила фотографиите на Фејсбук, но не беше достапна на нејзиниот мобилен телефон. Шокантните фотографии наидоа на различни коментари. Од зачудувачки, преку сеирџиски до такви кои ги осудуваат.

Еве какви беа коментарите:

-А ова на количката позади вас е жив пациент или кукла е нели?

Еве го одговорот:

Мачко како избегана од тв спот од ТВ Планета беше облечена, во една салфетка од сукња со светликави карнери и едно светликаво боди.

Друг посетител коментира:

-Каква сукњица не можете ни да сонувате, ама признајте кој прв ја примети и запеа.

НА ЗЛОБАТА И НЕМА КРАЙ !
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Апостол

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 509
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #25 на: Јануари 05, 2010, 04:58:39 »

Ова  не  е  ништо.  Многу  полоши  се  состојбите  во  сите  останати државни  здравствени  установи.
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #26 на: Јануари 05, 2010, 06:37:28 »

Отказ за докторката која ги објави скандалозните фотографии на фејсбук

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=56630

Докторката Маја Неделковска доби отказ од Ургентен центар. Директорот Реџеп Селмани не го прифатил извинувањето на докторката која жалела за објавените фотографии од новогодишното дежурство.
“Потпишав решение за отстранување на д-рката Маја Неделковска од работа и се поведува дисциплинска постапка за конечно отстранување од работното место. “-изјави директорот на Ургентен центар Реџеп Селмани.
Како министер бара случајот да има комплетна разрешница, како лекар е згрозен од тоа што го видел. Бујар Османи вели дека на пациентката од фотографиите ќе и понуди правна помош, а на лекарската комора и сугерира серозно да ги испита постапките на докторката.
“Апелирам до етичкиот комитет сериозно да го испита случајот. Затоа што вакви сличаи може неповратно да го нарушат угледот на лекарската заедница и на лекарската професија.”-изјави министерот за здравство Бујар Османи.
Од лекарската комора веќе испитуваат. Не сакаат однапред да судат како ќе постапат. До сега разгледувале многу случаи кога лекарите грешеле, но на ниту еден не му било трајно одземена лиценцата за работа.
“На пациентите треба да им бидат заштитени правата. Во болница не доаѓаат затоа што им е добро, туку затоа што имаат мака.”- вели д-р Здравко Чакар, претседател на Етичкиот комитет на Лекарската комора на Македонија.
Лекарката ја нема никаде. Не одговара на телефонските повици за објаснување зошто така постапила. Останува енигма и која е личноста во зелениот мантил која се слика заедно со Неделковска. Од Ургентен велат дека не е нивна колешка. Испитуваат како се нашла на новогодишната ноќ на нивната клиника. Скандалозните и невкусни фотографии ги објави докторката на нејзиниот профил на фејсбук. Стоеја три дена, а за пациентката имаше многу навредливи и сеирџиски коментари, меѓу кои и на Неделковска.

А ова на количкава позади вас е жив пациент или? Може и кукла да е нели? – прашала пријателка...
Мачко, како избегана од спот на тв планет беше облечена. Во една салфетка од сукња со светликави карнери и едно светликаво боди се вика изгледа...-одговара докторката

Пациентката се препознала на фотографиите. Нејзините родители биле разочарани од лекарите во чии раце било нивното дете. Засега не најавуваат никаква постапка.
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Competent

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3619
    • Погледај го Профилот
Сочувана
Every cat, dog and skunk born in Macedonia is Macedonian.
But the whole world knows that the Slavs in Macedonia are Bulgarians.
People that don’t know or do not want to know who they are will perish !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #28 на: Јануари 10, 2010, 03:14:11 »

„Турбо фолк“ култ на личности

http://alsat.mk/vesti/zemja/22210.html

Песните за славата на Гоце Делчев или Скендер -бег последниве години добија замени. Во новите музички остварувања народните херои веќе не се опејуваат. Мендух Тачи, Али Ахмети, Никола Груевски се неколку од домашните политичари за кои има песни.

“Нека дознаат душманите непријателите и варварите денеска во нашето Скопје не осветлува херојот. Нема сила во светот што може да ги разедини Албанците зошто доаѓа Мендух Тачи и нас ќе не обедини.
“Денеска за тебе слави Тетово, Гостивар и Куманово. Не ни треба Гевгелија само таму кај што се зборува албански.”

Оваа песна посветена на ДПА и нејзиниот лидер Тачи е последната која се појави деновиве. Неговиот политички противник Али Ахмети е опеан претходно.

 “Секогаш Зајас раѓал јунаци. Со знаеме  се лулаа во колевките. Тука е роден Али Ахмети, патриот и политичар.

Се чини најмногу музички остварувања во последниов период се посветени на премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

“Овој народ напатен на никој друг не верува, сите желба имаме да не сплотиш брате Никола. ”
“ Никола, Никола, мајка го роди народ да води кон светла иднина. Никола Груевски господ го прати верба да врати во Македонија”

Заедничко за сите песни е што во нив  лидерите се опејуваат како херои кои треба да ја обединат или да ја водат својата нација. Комуникологот Петар Атанасовски вели дека тие се дел од политичкиот маркетинг кој е наменет за сопственото гласачко тело.

“ Ако имате предвид дека тоа е политичка комуникација наменета исклучиво за сопствениот тесен електорат, значи за оние што ги нарекуваме јадрени подржувачи на таа партија тогаш е тоа една агенда која е во таа смилса хиперболизирана,  таа е преувеличена да ги задоволи понекогаш и не искажаните потреби на тоа јадро на подржувачи.”

Лоша придобивка на демократијата, така ја карактеризира оваа појава професорот по политичка социологија Димитар Мирчев.

“ Со нашиот демократски поредок тие шеми, матрици не се вклопуваат , претпоставувам дека не се ниту од самите личности мотивирани или предизвикани туку се работи за еден нов тип на политичка култура на турбо фолк политичка култура”

Инаку опејувањето на политичарите одамна е пракса во западниот демократски свет. Познати личности пејат за американскиот претседател Обама, но експертите сметаат дека во Македонија песните за политичарите се на пониско ниво затоа што се уште се во зародиш.


Фросина Цветковска
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: "АБСУРДИСТАН"
« Одговори #29 на: Јануари 12, 2010, 02:34:53 »

Би Би Си: Берово все още чака да бъде открит граничният пункт с България

12 януари 2010 | 08:32 | Агенция "Фокус"

Скопие. 18 години жителите на македонския град Берово очакват да бъде открит граничен пункт „Клепало” на границата с България. Това се казва в материал на Би Би Си в програмата за Македония.
„Македония отдавна е построила своята част от границата. Но България постоянно отлага изграждането на 30-километровия път, който трябва да свърже двете страни”, посочва Би Би Си. В материала се описва обстановката на тази част от границата, както и състоянието на пътя и граничния пункт.
„В македонското външно министерство нямат информация от българска страна защо пунктът все още не е построен. По този въпрос двете страни нямали комуникация. Според неофициалните информации България няма интерес за свързване с Македония с още един граничен пункт”, коментира Би Би Си.

КОЛКУ ГОДИНИ ЧЕКАМЕ ОД МАКЕДОНСКА СТРАНА ДА СЕ ЗАВРШИ ПРУГАТА ЗА БУГАРИЯ ???
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !