Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: КОЛУМНА  (Прочитано 9359 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: КОЛУМНА
« Одговори #30 на: Јули 05, 2012, 11:00:16 »

Став: Што ни се случува?

Придонес за процесот на рационализација околу тоа што ни се случува со Проектот 2014

Татјана Миљовска

Цитат
Македонскиот народот е древен. Македонската држава е млада. Што ни се случува? Да рационализираме! Да го разграничиме она што ни се случува сега. Но, да бидеме широкогради во тој процес на разграничуваљње и да проникнеме подлабоко, да отстапиме неколку чекори назад и да посматраме непристрасно.

Бидејќи не е сè толку ирационално; секое нешто за да се појави како такво мора да има историја, некаква структура во позадината, мора да има корен, причина. Затоа да бидеме мудри, да контемплираме и потоа да донесеме заклучоци околу тоа што ни се случува.

Ако најголем број интелектуалци во оваа држава се дистанцираат од ова лудило и не го кажуваат своето мислење, "го чуваат за себе" , бидејќи не сакаат да се конфронтираат или, едноставно, не им е грижа, тогаш или се плашат или нивната личност не достигнала зрелост, што значи не чувствуваат обврска со својата совест да реагираат кога нешто не е во ред. Тогаш, де факто, ирационалните сили владеат во оваа држава!

http://globusmagazin.com.mk/?ItemID=7345AF6A64DBFB4FAF8BEA87DA34098C
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Одг: КОЛУМНА
« Одговори #31 на: Јули 11, 2012, 12:44:26 »

грех аир, горе доле голем дел погодено му е  на Нано Ружин
Лошо тримесечје за Груевски
Цитат
Проектот на Груевски се истроши и веќе стана штетен за општеството, а недовербата на народот порасна

Кога Никола Груевски, неговите министри и портпароли почнаа да се појавуваат во јавноста со карирани кошули, тоа е знак дека ДПМНЕ се подготвува да се спушти меѓу широките народни маси. Разбирливо, по големите роуд-шоуа од кои повеќе аир ќе имаат светските авиокомпании и географските сознанија на премиерот и придружбата отколку македонското стопанство, дојде време партиската врхушка да му се врати на народот.

Прв потег е симнувањето на вратоврските и чудните сакоа на премиерот и обидот за мимикрија со гласачкото тело. Паралелно со „народниот“ израз потребно е да се продолжи со самофалбата и „историските“ дострели на власта и со постојаното окривување на опозицијата за сите несреќи и неуспеси. Тоа беше мошне успешен рецепт по 2006 година. Важно е дека толпата беше задоволна бидејќи се пронајде и институционализира лошиот транзициски ѓавол на СДСМ како дежурен виновник за сите македонски несреќи, сиромаштијата, приватизацијата, невработеноста, криминалот. За сметка на тоа современиот и невин ангел на ДПМНЕ од 2006 година, по страшниот пургаториум, требаше до 2012 година да создаде идеално општество, силна економија, намалување на невработеноста и сиромаштијата, искоренување на организираниот криминал и корупцијата, ефикасен модел на либерална демократија, членство во НАТО и ЕУ. Меѓу 2006 и 2008 се почувствува голема доверба и фасцинираност од менаџерскиот дух на премиерот. Дури и интелектуалците беа импресионирани. Никој не се обидуваше да испорача и минимум сомнежи и критика кон генијалното младо раководство. Делуваа како младата комунистичка постава на Фидел Кастро од 1960-те.

Шест и пол години подоцна, политичката и социоекономската конјуктура не му е повеќе наклонета на Груевски. Неговиот проект се истроши и веќе стана штетен за општеството, а недовербата на народот порасна. Освен неколку доброплатени интелектуалци и ислужени полуинтелектуалци, веќе никој не зборува со комплименти за ДПМНЕ. Низ кафулињата се негодува против распојасаните и моќни бодигарди на Владата, нивната агресивност, експресно богатење, монополски однос во сите дискотеки и позначајни сврталишта, насилното бркање гости од нивните места, бидејки доаѓал некој значаен тип од МВР.

Состојбата потсетува на 1998 кога Љупчо Николовски - Фуфо го предупредуваше вообразениот СДСМ дека повеќе никој не ги сака и се посомнева дека некој ќе гласа за СДСМ. Овој пат колата на вообразениот ДПМНЕ тргна наудолу. Доволно е да се набројат само неколку трендови во последниве три месеци за да стане јасна какви се состојбите. Второто тромесечје од 2012 помина во знакот на катастрофалната серија за власта. Најнапред и покрај најавуваната дипломатска офанзива во Чикаго, во мај се срушија лажните надежи во пресудата на Меѓународниот суд за правда. Немаме ниту дипломатија ниту луѓе од авторитет кои ќе се борат за интересите на Македонија. Партизираноста и неспособноста на дипломатскиот корпус доаѓаат до целосен израз. Ден пред самитот во Чикаго во нервозно интервју на Груевски ги нападна и Алијансата и САД и останатите сојузници за предавство.

Потоа доживеа непријатно кроше со одбивањето на ММФ да го одобри преостанатиот дел од кредитот заради немањето увид во трошењето пари од страна на Владата. Крајно време бешеда се плати цехот за злоупотребата на монетарните пари во изборната победа од минатата година. Тамам го заборавивме интервјуто кое од страна на сојузниците беше оценето како „емотивен набој на премиерот, кој е исто така човек од крв и месо“, се случи уште покатастрофално интервју на Канал 5 со Роберт Поповски. Тоа што требаше да биде наменето за внатрешна употреба и за нов емотивен потфат за хранење на незадоволните маси се претвори во фијаско. Наместо да му се остави простор да удри со тешката артилерија по повратникот Црвенковски, што е веќе стопати повторена приказна, новинарот настојуваше да го насочи премиерот кон аналитички одговори и конструктивизам за неговата влада. Меѓутоа, неподготвеноста и лошата стратегија на премиерот дојде до израз. Наместо да зборува за сопствената утопија, почна со излитената тема и навраќањето кон минатото и грешките на Црвенковски и на СДСМ. Заборави дека на власт е веќе седма година или три мандати и дека во политиката тоа е цела вечност.

Веќе станува депласирано неуспесите да се бараат во минатиот век и во опозицијата. Можеби на премиерот за момент му исчезнала инспирацијата или станал свесен за тежината на реалноста? Знаеме дека тешко се снаоѓа пред камерите затоа упорно ги избегнува сите ТВ-дуели со политичките ривали. Но, позначаен хендикеп е црниот серијал и неуспех на неговата политика на сите планови, освен во градењето непродуктивни споменици.

Македонската реалност не му е наклонета. Од Дојче банка одбија да му издадат кредит од 250 милиони и наместо тоа мораше да се задоволи со 75 милиони. Потоа се потврди драстичното смалување на извозот за една четвртина и заострување на социјалната напнатост. Набргу падна уште една утопија која ја промовира во Санкт Петербург, дека Македонија и Русија ги заобиколила кризата. Една недела подоцна за Си-Ен-Ен изјави дека Македонија е во рецесија. Експертите сметаат дека 2012 година ќе биде најлошата економска година со едвај 30 милиони евра странски директни инвестиции во првото полугодие и со огромен пад во текстилното производство и металургијата што ќе повлече зголемена невработеноста и сиромаштијата.

Потоа следеше студениот шприц со обединувањето на Бранко и Љупчо, а како капак на сето тоа беше неуспехот на кошаркашката репрезентација во кој успех се надеваше повторно да го подигне патриотскиот андреналин како и минатата година. По неуспехот веројатно ќе го премолчи напорот на кошаракрите како што го премолчи неуспехот на ракометарите. Но, на тие млади момци сега им треба поддршка кога им е најтешко бидејќи достојно ја преставуваа Македонија и со сето тоа што го постигнаа треба да сме сите горди.

И што сега? Нови фонтани и споменици, социјални станови, вработувања во администрација, новиот бран? Реторика станува инфантилна и ја губи сопствената логика. Незадоволните студентите по прекинот во исплатата на стипендиите веќе негодуваат. Други незадоволници ќе се појават со порастот на цената на парното и струјата. Трети со порастот на цените на мало и со отпуштањето од работа. Владата настојува да ги исплати и субвенциите за лозарите и винарниците. Политичките партии сфатија дека суштината е во масовното гласачко тело. Изборите од 2006 година наваму што ги доби ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека селаните, работниците, невработените и најсиромашните слоеви ја добиваат изборната битка.

Искуствата од арапската пролет потврдија дека големите промени ги вршат средните слоеви, студентите, образовните луѓе во сојуз со селаните, работниците и целата сиромаштија. Засега Груевски се' уште ги контролира широките гласачки маси, меѓутоа има се' помалку пари за да ги анулира незадоволствата. Не е јасно како ќе ги неутрализира последиците од несупешната 2012 пред локалните избори во пролета 2013. Далеку се 2008 и 2009 година. Нервозата кон Б.Ц. и Љ.Г. е доведена до екстаза. Во недостаток на позитивни резултати се промовира супервалкана кампања со портпаролашка кафанска реторика. Се бараат теми за да се пренасочи јавното незадоволство. Реактивирање на лустрацијата ќе им дојде како Павловиќева маст на иритираното бебе. Можеби ќе го консултираат и Кустурица за да ги пронајдат црната мачка и белиот мачор од деведесеттите. Сега е 2012, според Нострадамус, Сибил и календарот на Маите, на 21.12.2012 ќе се случи апокалипсата - крајот на светот. Ако тоа не се случи, извесно е дека ќе заврши некој политички циклус во нашата Македонија?
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5F526CA9281FDE478437D273E233134D
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

Daskal

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 1265
    • Погледај го Профилот
Сочувана
"Македония, а и други изстрадали народи са без никакво съмнение най-искрените поддръжници на идеята за обединена Европа."
Ванчо Михайлов (1896-1990) лидер на ВМРО, последната крупна фигура в историята на македонското освободително движение

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: КОЛУМНА
« Одговори #33 на: Септември 27, 2012, 11:41:17 »

Од дневникот на МРТ1

Јани Макрадули

Добар ден гласачи на ДПМНЕ, ова е дневникот на А пардон МРТ1, со вас е вашиот водител Гордан, пардон Горан Петрески.
На почеток ќе известиме за неодржаната средба на претседателот Иванов и Обама на која нашиот претседател три пати се почеша за увото, два пати намигна и еднаш ждригна. На овој начин се демантираат некои злобни антивладини медиуми дека нашиот Хорхе не се сретнал со Обама, а најдобра потврда даде американската администрација која јасно порача дека Обама нема да има средби со светските лидери, а за другите не кажа ништо.
Вториот прилог е посветен на целосно игнорирање на препораките на ОБСЕ и посетата за време на работното време на министерката за внатрешни работи на штанд на партијата во Куманово. На тој начин најдобро се демонстрира политичката волја на ВМРО-ДПМНЕ, целосно да не ги имплементира барањата на ОБСЕ/ОДХР и да опстои на својот неевропски пат. Добра вест е што и Филе кој знае кога ќе дојде следен пат и владата на Груевски и Али може слободно да си продолжи по својот трновит пат поплочен со евра од провизиите.
Почитувани гласачи на ДПМНЕ, имаме изненадување за вас, телевизијата на вашиот и наш премиер, обезбеди ексклузивно вклучување во почетокот на изградбата на бродовите на реката Вардар, каде се собрани сите бизнисмени од Македонија, а на отворањето ќе се обрати лично премиерот Груевски.
Еве, Горане, овде уште ечат аплаузите од бизнисмените за премиерот Груевски кој со точак и слушалици на ушите доаѓа на кај собирот. Аплаузот е толку голем што ниту техно музиката од слушалиците не може да ги надсили френетичните аплаузи од задоволната бизнис заедница.
Драги гледачи, колкава е желбата да се биде до премиерот покажува и фактот дека денеска имаме два водитела кои не можеа да се договорат кој повеќе го сака премиерот и за „скромен“ хонорар и претставата по повод почетокот на изградбата на бродот ќе ја водат Ѓорчев и Лилиќ.
На почеток ќе се обратат претседателите на коморите.
Калиников: Ми претставува особена чест што можам со новиот костум што го купив за оваа прилика, да се заблагодарам на премиерот што ни ја овозможи оваа капитална инвестиција која Сојузот на стопански комори со нетрпение ја очекуваше. Како импортер на автомобили, сметам дека инвестирањето во брод е визионерски потег кој ќе придонесе за уште поголем пад на купувањето на нови возила и досегашниот пад од 60 отсто (за само 4 години) уште повеќе ќе паѓа. Би сакал да ја истакнам и доблеста на премиерот да го поништи јавното наддавање за набавка на автомобили во Министерството за внатрешни работи и да го додели на фирма која продава возило кое го вози неговиот личен пријател Латас.
Азески: Јас се извинувам, значи што не сум во ново одело, туку во истото од некни кога во „Палас“ ни се обрати премиерот и од, значи, воодушевување од говорот се уште не сум се пресоблекол. Би сакал значи да ја истакнам доблеста на премиерот во само 3 дена, два пати по 1 час да се обрати на бизнис заедницата и со своите лаги да го сочува нејзиното достоинство.
Ѓорчев и Лилиќ туркајќи се со лактите во еден глас ја најавуваат неговата екселенција, неимарот на „Скопје 2014“, чуварот на достоинството на сиромашните граѓани на Македонија (аплаузот не стивнува, рацете на Азески и Калиников поцрвенуваат исфрлајќи искри од ударите).
Почитувани бизнисмени, стопанственици, сопственици на акции и удели во компаниите, менаџери на компании, најбогата бизнис фамилија во Македонија. Добредојдовте на започнувањето на најкрупната капитална инвестиција за 2012 година, изградбата на бродот на фризерот на мојот телохранител. Да ви се заблагодарам што издвојувавте од вашите профити и ги вложивте во овој брод, брод на кој и Титаник може да му позавиди.
А кога сум тука да кажам што вие бизнисмените, добро, доволно со аплаузите, ќе ме збуните во читањето, што вие сте добиле од мене и мојот тим во изминатиот период. Добивте позитивна рецесија, инспекции кога сте се бунеле за повратот на ДДВ, контроли кога сте пиеле кафе со Бранко, посети од Пешевски пред избори (а тој знаете колку знае да заседне), а најмногу од се добивте драконски казни.
Пред неколку години на самиот почеток на кампањата за локални избори ви ветив инвестиции од 8,5 милијарди евра, вие од тие пари не видовте ништо, но време е да се промени терапијата и во март догодина кога не очекуваат пак локални избори да ви ветам: покачувања на пензии, социјална помош, автопати, гасификација, Чебрен, Бошков мост. И на тој начин ќе ја исполниме препораката на ОБСЕ за техничко водење на функцијата за време на избори, се ќе биде во знакот на техниката: лопата ваму, камен темелник таму. Јас знам дека вие ги делите моите размислувања и со воодушевување ќе го примите новото задолжување од 250 милиони евра, ако не сака ММФ имаме ние комунистички банки за задолжување. Да ве потсетам, Македонија не е единствената држава која има банки и не мора по секоја цена ваш проект да е финансиран исклучиво од банка во Македонија.
Вие кои сега почнувате бизнис сакам да ви кажам приказна за еден млад човек со влијателен братучед, кој на 28 години стана министер, а за 3 години во вирот на војната купи 4 стана. Ова не го зборувам само за вас присутните, туку за сите граѓани кои не веруваат во себе, не веруваат во своите потенцијали, капацитети и не се обидуваат. Една од поважните работи е да наоѓате соработници, ваша цел е да кога вработуваше да барате повеќе луѓе кои се подобри од вас интелектуално и како бизнис профил. Учете се на мене, Миле, Самак, Коњаноски, интелектуална елита.
Грижејќи се за достоинството на граѓаните на Македонија, отворив народни кујни, а со гордост изјавувам дека економската политика предводена од мене и мојот тим доведе да тука има помала плата од некое село во источна Кина. Искористете ја таа предност додека ја имате, ќе дојде СДСМ ќе ги зголеми платите.
И во 2013-та ќе продолжиме да инвестираме во развој на демократијата во Македонија. Затоа во сите фабрики во Македонија ќе гостува театарската претстава: „Молчењето е тендерско злато“ со Талат и Бонева во главните улоги.
А сега почитувани присутни, Тони не рипај толку од возбуда, ќе ја срушиш крмата, ќе се осврнам на еден многу значаен дел за вас како стопанственици, а тоа е проблемот со доцнењето на повратот на ДДВ и исплатите по договорни услуги од страна на државните институции. Прво да му се заблагодарам на мојот кум што 3 години со доблест ја лажеше јавноста дека државата не должи ништо, и начинот на кој ја напаѓаше опозицијата дека креира паника во јавноста со измислици дека Јас и Али должиме нешто. Ве повикувам со едноминутно молчење да оддадеме почит на сите фирми кои згаснаа поради ваквата политика. Сега ќе ја менуваме терапијата. Се надевам има останато доволно фирми во Македонија кои ќе бидат предмет на оваа терапија, а можеби и некоја ќе се излечи. Иако законскиот рок е 30 дена, јас долгот ќе ви го вратам за 6 месеци, а вие, вие до 15-ти сите придонеси и давачки да ги платите да не заигра Горан Трајковски пред врата.
Од спортските вести како и обично, 12 прилози за МЗТ Скопје, КК Работнички и City park boys се забранета тема.
Времето како и обично, за никаде...


http://www.plusinfo.mk/mislenje/602/Od-dnevnikot-na-MRT1
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

тиквешанка

  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 633
    • Погледај го Профилот
Одг: КОЛУМНА
« Одговори #34 на: Февруари 13, 2013, 08:20:46 »

Ролята на България в създаването на антибългарски чувства в Македония
Публикувано: Февруари 12, 2013
Виктор Канзуров

,,Прародителят на всички проблеми в отношенията между Република Македония и Република България, е фалшифицирането на историята.
Пречка за добросъседските отношения между двете страни е незнанието от страна на по-голямото число днешни македонски граждани за историческото минало на територията на която живеят, бруталната подмяна на българската история и фалшифицирането на етническото самосъзнание на историческите личности, които самата Република Македония от създаването й като част от югославската федерация след Втората световна война, е провъзгласила за духовен темел на нейното съществуване.

Погрешните факти за историята, които се изучават в македонската образователна система и се разпространяват чрез медиите на югозападната българска съседка, карат повечето македонски граждани, които се смятат за етнически македонци, да са на мнение, че винаги са имали различна културна етнонационална идентичност от българите.

Силата, качеството, убедителността във всеки смисъл на думата, на

Титовската югославска пропаганда,

накара някъде до 50-те, 60-те години на миналия век, повечето тогавашни славяноезични жители на Република Македония, да приемат македонизма като тяхна външна идентичност. Там където външното македонистко чувство не беше последвано с вътрешна убеденост в македонистките интерпретации на историята, югославската система постигна целта си по друг начин. Поради страх (и за голия живот) тя прекъсна диалога (поне по етнонационалния въпрос) на бащите и майките с децата или на дядовците и бабите с внуците. Новите поколения масово приемаха македонистката интерпретация на миналото, бруталната и подмолна подмяна на българската история, като гол факт. В техните очи България ставаше враг, който краде самостоятелната им история и винаги е бил враждебно настроен срещу тяхната от векове съществуваща отделна идентичност.

Не без огромно влияние за приемането на македонизма, беше и чувството на незащитеност,

разочарованост от България,

негативните последици от участието й в Първата балканска война в съюз със Сърбия и Гърция, последвана от националните катастрофи след Междусъюзническата и Първата световна войни, което доведе до ужаси с елементи на геноцид и етническо прочистване на македонското българско население (и не само на него); споменът за борбата на някои български правителства срещу ВМРО (финансово стимулирани от Сърбия, Гърция и от Коминтерна); отделни погрешни и недостойни действия на българската власт през Втората световна война, означаващи недоверие, подценяване и неразбиране на условията, в които са живели местните хора, както и объркването при част от (по-младите) македонци, главно с комунистически настроения, на българската идея за автономия, следователно и държавност на Македония, с македонистки стремежи.

Българската комунистическа партия, с нейното поведение преди, по време и след Втората световна война, изигра немалка, може би и решаваща роля за приемането (с елементи на невиждан фанатизъм) на македонизма от комунистите македонци, а след това и за неговото разпространение сред населението на Вардарска, Беломорска и Пиринска Македония.

Тук вече може да се говори за първи крачки на официална България в създаване антибългарски чувства в (Република) Македония, не че не е имало знаци за това още в XIX век. Например в спомените на Иван Хаджиниколов, в чиято книжарница в Солун на 23 октомври 1893 г. се учредява ВМРО, можем да прочетем неговото мъчително свидетелство (актуално и днес) за това как някои учители от стара България в Солунската българска мъжка гимназия „Св.Св. Кирил и Методий“ са се опитвали да си правят подигравки с македонските българи, описвайки ги с изречението:

„ке ми дайш пари, ке се чинам бугарин“

Иван Хаджиниколов от 1888 до 1892 година преподава аритметика и счетоводство в Солунската българска мъжка гимназия „Св.Св. Кирил и Методий“, така че свидетелството му е от краят на XIX век, което означава, че условията и идеите за етническото отделяне, не се раждат само във враждебните на България страни, но и в самата България, за което тя самата до ден днешен не иска да поеме отговорност.
От обидата „ке ми дайш пари, ке се чинам бугарин“ до затвърдяване на мнението: „Ние не сме сърби, българи и гърци“ има само половин крачка.

Друг много важен момент по въпроса за етническото отделяне българи-македонци, който почти въобще не се знае и коментира в България, е придобитото (още от 60-те, 70-те и 80-те години на миналия век) при мнозинството македонски (и югославски) граждани

чувство за превъзходство

по отношение на техните източни съседи (и на всички други страни-членки на тогавашния Варшавски договор).
Македонските граждани можеха тогава с югославските паспорти и с евтини пари да изкарват господарски почивки в източноевропейските страни. Едва ли има смисъл да се говори какво означаваше тази разлика в стандарта, във възможността за пътувания и за удовлетворяване на житейските страсти – за македонисткото самочувствие по отношение и в сравнение с обикновения българин. То беше нужно (като нов елемент и аргумент) на югославската и македонската държави за затвърдяване на доктрината на македонизма у македонското население.

Средностатистическия македонец, заслужено или не, придоби чувство за себе си, че е по-ценен, че е по-висока класа от българина.
По-либералната система на югославския път към това, което се наричаше социализъм и комунизъм, в сравнение с другите източноевропейски страни, особено в сравнение с България, беше фактор плюс за създадения вече у не малко на брой македонци навик на подценяване на българите.
Специфичният и могъщ югославски патриотизъм, който беше и социологически феномен, опитно и интелигентно внушаван, опиращ се на харизматичната фигура на Йосип Броз Тито, засилваше самочувствието на македонците и тяхната македонистка (и югославска) идентификация.
Думата българин означаваше нещо обидно, вредно, некачествено и враждебно.
В такива обстоятелства дочакахме рухването на Берлинската стена, 10 ноември 1989 година, първите многопартийни избори в Република Македония, есента на 1990 година…
Югославската мини-империя с кървави дрехи отиде на небесно рандеву със смъртта…


След разпада на Югославия

в балканския регион настъпи коренна промяна на политическата реалност.
Но, говорът на омраза срещу България и българите в македонското общество продължи и продължава. Не се уважават основните човешки права на чувстващите се като етнически българи в Република Македония, не може да се намери начин за печатане на общи учебници по история с България, както и да се организират кръгли маси на които македонски и български учени, историци, публицисти, хуманисти да говорят за българо-македонските отношения, за това какво ни сближава, а какво ни отдалечава (не само в тълкуванията на историята), защо не се намира начин да се направи по-голям търговски, икономически и културен обмен между Македония и България.

Трябва да сме много наивни или нечестни към самите себе си, ако кажем, че вината за това е само на македонската държава. България от началото на прехода и след членството й в Европейския съюз, не успява да се пребори да бъдат преодолени стереотипите за понятието българин в македонското общество. Ясно е, че македонското общество няма доброволно, или по-добре казано, от само себе да приеме тази промяна. Но, вината на официална България за продължителността на тази стереотипизация, не е с нищо по-малка.
Много трудно е човек да започне да се идентифицира, поне като общо потекло и корен с нещо, което подценява или е подценявал. За да приемат гражданите на Република Македония историческите факти, трябва първо да се унищожат

предразсъдъците за българите в техните глави

Какъв е приносът на България в тази посока?
Тук само ще цитирам красноречив коментар, написан под мое интервю дадено за българската интернет медия e-vestnik.bg 2010 г. от читател, не случайно подписал се с името „Сизиф“:
„Каквато и да е историческата истина, не можем да очакваме от македонците да са „фенове” на българското днес. Промиването на мозъци в самата Македония е само едната страна на монетата. За другата не се говори, защото просто не е изгодно на никой в България. Погледнете за каква държава, за каква корупция, престъпност и за каква посредственост и безхаберие става въпрос в милата ни родина през последните десетилетия във всички сфери на обществено-политическия живот. Как искате някой да желае да се родее с нещо подобно? Дали поведението и морала на българските политици, на администрацията по различните институции, на обслужването по курортите, на митничарите и на полицаите по улиците, на стандарта на живот на българите, на разбитите улици и пътища, на тоталната чалгизация на нацията - дали нещо от това може въобще да пасне на нечие разбиране за класа и за висока и развита култура и цивилизация? Елзаските германци са били склонни да се смятат за французи още от 19. век, когато пред тях са стояли примерите на Френското Просвещение и френската култура, наука и политика, на Френската Буржоазна Революция, на Волтер, Русо и Наполеон, защото са имали за пример неща и постижения, с които са били поласкани да се родеят. Има една прост факт – „пътят към истината е най-къс чрез личния пример”. А личният пример на България и на българското е повече от очевиден какъв е. Никой обаче не си дава сметка за този прост факт, когато говори за поведението и отношението към България на съвременните македонци.“

Към тези думи само бих добавил един въпрос - кои хора бяха предопределени, хайде да не се лъжем – от Държавна сигурност, уж да разобличават доктрината на македонизма и


да монополизират македонския въпрос

в българското публично пространство?! Какво направиха те и не е ли вече време да си зададем следващия въпрос – не бяха ли нарочно сложени за да не се постигне нищо, тоест чрез тях, техните (не)дела, тяхната омраза и македонофобия, македонските граждани да подържат стереотипите за българина и България.

Вместо либерален подход, който допуска човек сам да решава собствените си възгледи, в България с коментари по адрес на Македония най-често се явяваха – дирижирано крайни хора, с колективистки разбирания, с искания македонците задължително да бъдат такива, както те са ги замислили. Нищо, че тази Македония от романите на Димитър Талев не съществува вече, нищо, че са създадени разлики в манталитета…

Риториката на самопровъзгласилите се адвокати на македонската българщина, по отношение на Македония, не се различаваше много от тази на някои колеги на Иван Хаджиниколов от Солунската българска мъжка гимназия „Св.Св. Кирил и Методий“ от края на XIX век, не се различаваше от политиката на Александър Стамболийски, на Кимон Георгиев, от това, което последва 9 септември 1944 г.
Тази риторика беше, и е конфликтна. Тя обслужва само интересите на силите и центровете, които не искат добросъседски отношения между Македония и България, и особено не желаят приемането на историческите факти в Република Македония.

Македонското общество трудно приема какъвто и да е диалог, особено по деликатните за него въпроси, защото то не е преживяло катарзис или събитие, което води към прочистване, както обществата на може би всички други източноевропейски посттоталитарни държави са преживяли.


„Отделянето“ от Белград,

създаването на независима и самостоятелна Македония в 1991 г., повече се случи като рефлекс на тогавашните (и сегашни) геостратегически обстоятелства, отколкото като силен вътрешен стремеж, както беше в Словения, Хърватия и Косово. Военният конфликт от 2001 г. от началото приличаше на някаква дирижирана обстановка и беше пломбиран преди да се стигне до крайната болка, преди да се развие масова промяна в съзнанието на хората.

Всяка източноевропейска страна има една или повече дати (от прехода), които са пресечни точки в тяхната по-нова история. Македония е може би единствената страна която няма такава дата, след която нещо коренно се променя в начинът на мислене и работене на хората, а което е нужно и за развитието на един човешки индивид.
Затова стереотипите в македонското общество остават и тежат.

Проблемът на Република Македония е по-различен от проблемите на други бивши комунистически или псевдокомунистически страни. Главното съдържание на македонизма като водеща характерна черта на тази държава не е толкова в това, че той фалшифицира и подменя историята, а в непрекъснатото му състояние на конфликтност. Македонизмът е еквивалент, синоним на конфликтност. За да съществува, той постоянно се храни с конфликтни отношения със съседите, с България, Гърция, Албания, Косово, пък и със Сърбия, но това е едно малко по-деликатно отношение на странна комбинация между сърбоманство, остатъци от югославски начин на разсъждаване и търсене някакво величие и уж някакъв нов, античен македонизъм… По много начини този македонизъм е свързан с великосръбската идеология, неговото състояние на конфликтност е фактически придобито от нея и от мегаломанията на втората, Титова Югославия. И управляващият елит във всички сфери – културни, писателски, политически, бизнес и прочие, се нуждае от такава конфликтност, за да може да манипулира общественото мнение и да се явява като защитник на този македонизъм.

Проблемът в България е, че тези, които се занимават с македонския въпрос,

постоянно излъчват конфликтност

(не само към Македония) и македонизмът ги приема като свои идеални спаринг партньори. България позволи дежурни коментатори на македонската тема да станат хора, които сами по себе си освен с конфликтност, нямат с какво друго да се появяват в медийните среди. Те помагат сърбоманско-болшевишкият македонизъм да оцелее. Самопровъзгласилите се адвокати на македонската българщина, колкото и да знаят историческите факти, не живеят в Македония, нито са живели там по времето на т.нар. социализъм и от прехода насам, не познават психологическата структура на македонизма, защото и самите нямат почти никакви психологически знания, никаква деликатност и нюансираност в поведението си.

Двете крайности чудесно се подържат и си помагат и са за сметка на тези, които истински искат сближаване между двете държави. Дежурните критици на македонизма в българското публично пространство, със своята наглост и отрицателност, подържат стереотипите за българите в македонското общество, които се засилват и с форсирането им и сътрудничество с отбрани от тях българи от Македония, които много често са шовинисти-парадери, доносници на сегашната и бившата македонска Държавна сигурност или са хора, които говорят, че са българи само в България, но не и в Македония.

Духовната нечистоплътност на монополистите по македонския въпрос в България и пилатовското измиване на ръцете на (свястната част от) българското общество от тях и от техните панаирджийски акции, заедно с всички прегрешения на България по отношение на Македония в миналия век, допринася етническото отделяне българи-македонци в Република Македония да се приема не като регресия, а като еволюция. Говоря за една част от исторически ограмотените хора. Докато в езика и разбиранията на по-склонните към пристрастия, а все пак частично научили фактите от историята македонци, това се тълкува с думите:
-    Цар Самуил се коронясал като български цар, защото не имало друга корона на която да се позовава;
-    Такова е било времето, не сме имали държава (за българското етническо деклариране на македонските възрожденци и революционери);
-    Македонската нация и македонският език са признати (а не създадени) в АВНОЮ и АСНОМ (антифашистките събрания на народните освобождения на Югославия и Македония – 1943 и 1944 г.) и прочие.

Като че ли някакъв антибългарски и антимакедонски център много добре дирижира обстановката –


да не се получи шанс за разумен диалог

по историческите въпроси и Македония постоянно да е противопоставена на България. От всички съседни на Македония страни българското присъствие в македонския публичен живот може би е най-малко, а що се отнася до положителни новини, със сигурност е такова.

Македонците с българско самосъзнание, поставили си като цел преодоляването на стената между днешните държави Македония и България, включително и трудната и опасна публична работа на демистификация на историческите фалшификации и противопоставяне на стимулираната от македонската държава в обществото българофобия, досега бяха оставени сами на съдбата и на репресиите от македонския държавен и медиен апарат.
С техните разбирания за историята, те още не са интегрирани в публичния живот на Република Македония, а с критичния им тон към безхаберието на България, се намират между чука и наковалнята и в момента чакат отговор на подадената ръка, от свестните хора в двете държави.
"

http://e-vestnik.bg/16835/rolyata-na-balgariya-v-sazdavaneto-na-antibalgarski-chuvstva-v-makedoniya/print/
« Последно менување: Февруари 13, 2013, 08:23:02 тиквешанка »
Сочувана

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: КОЛУМНА
« Одговори #35 на: Јули 14, 2013, 08:58:54 »

Споменик за Груевски

   

Споменик за Груевски проф. д-р Мерсел Биљали

Универзитетски професор и политички аналитичар

Приказната не води во древната Индија, кога еден алчен водач сонувал да стане бог. Го повикал главниот свештеник заповедувајќи му да се престане повеќе да се велича Севишниот, оти не можел да смисли конкуренција. Ако не го послуша - главата ќе му биде вишок. "Зар немаш очи да видиш што силна светлина има во мојот огромен двор? А насекаде наоколу е само темнина"- му рекол водачот со агресивен тон. Свештеникот цело време трпеливо слушал, но сепак на крајот морал да му каже дека светлината и темнината често ги разменуваат местата. Но, водачот навикнат на тоа воопшто да не слуша кога зборуват другите, не ги ни забележал неговите зборови. По некое време водачот тешко се разболел. Молел на сите страни за помош. Но, фајде му немало. На крајот заповедал да му го донесат главниот свештеник. Му се пожалил дека гледа само мрак и темнина во палатата. А свештеникот му одговорил: - да, очигледно дека светлината е преселена надвор од палатата, а темнината е вратена во неа.

И кај нас станува очигледно дека што повеќе време изминува, тоа помалку светлина има во државата. Светло има само во владината палата ама се наоколу темнина. Мрачни сили затемнеа сe живо во државата. А познато е дека мракот се шири со светлосна брзина. И конечно државата е доведена пред тотален колапс и дестабилизација. На меѓуетнички план веќе наликуваме на Газа. По економска состојба сме блиску до Ангола и Сомалија. По демократските стандарди сме рамни на Зимбабве. А по сиромаштијата и задолжувањето ни нема конкуренција, оти сме на самиот врв. Власта за едниот национализам беше слепа а за другиот големо око. За едниот глува, а за другиот големо уво. Едниот го стимулираше а другиот го провоцираше. Само за да има две зла. Беа задушени медиуми во време кога околните власти не само што го ислушаа кажаното туку и премолченото. Беа понижени интелектуалци кои можеа отворено да зборуваат само зад затворени врати. Истакнати луѓе беа приморани да избираат меѓу тоа да бидат добри фашисти или лоши затвореници. Режимот повеќе од кога и да е, направи моралот и совеста да си имаат своја цена. За едни многу евтина.

Гледајќи ги последиците од антиквизацијата, за секој просечен познавач на состојбите таа е само Тројански коњ во полза на Грците. До ваква одлична дипломатска и инфраструктурна позиција Грција не ќе можеше да дојде ни со најсовршена дипломатија, ни со астрономска сума пари, ни со поклонување острови. Затоа, тие на нашиот премиер треба да му подигат еден грандиозен споменик во центарот на Атина. Загубивме епохални балкански проекти вредни дваестина милјарди евра - планирани инвестиции само во нашата територија. А колку ќе заработевме од нивното користење никој не може да пресметува. Се фалиме со кракот на Јужен поток кој ќе служи само за наше сервисирање, но ги загубивме сите транзитни шанси. Неодамно беше одлучено мегапроектот ТАП (трансјадранскиот гасовод) да помине низ северна Грција и Албанија за да продолжи долж Јадранот до западна Европа. Но, докажано е дека на ниедна популистичка власт не и е грижа за економски загуби. Милошевиќ, Србија ја чинел над сто милјарди евра директна штета, многу жртви, долгогодишно страдање и дваесет години уназадување.

Но, кога и да е ќе се стигне до ѕид, кога на вистината нема да и требаат многу зборови а на лагата секогаш ќе и фалат. Конечно меѓународната заедница одлучи целосно да не игнорира и изолира. Сега ни стана јасно дека сме најизолирана држава во Европа. Дури ја надминуваме и Белорусија која барем се покрива со економски раст. Според повеќе информации се предвидувало постојниот режим да рикне некаде во октомври. Но, овие водачи најпрвин душата би ја предале отколку власта. Па за нивен спас одлучиле на сите страни да молат да се реши името. Сега за три месеци ќе треба да го уриваат тоа што го граделе цели седум години. Но, владините мегафони позитивно ќе ги покриваат во стилот - ги победивме Грците во нивната намера да не го решат проблемот. Чисто гебелистички. На пример кога луѓето би протестирале пред владата барајќи леб, владините медиуми веројатно би коментирале: ,,А зошто бараат леб од премиерот, па тој не е пекар. Нека протестираат пред пекарите,,.

Така е кога кај нас стриктно важат законите на математиката - тоа е дека ако нулите се добро престроени тие си имаат своја важност. Но, нашите водачи веќе никој нормален не ги поканува на важни средби, дури ни за носење вода, а да не зборуваме за доаѓање кај нас ни во улога на шатл-дипломатска мисија. Па затоа власта мора да се ориентира кон Узбекистан, Туркменистан Индија и Киргистан. Нашите водачи никако не сакаа да сфатат дека подобро е да ползите по вистинските патишта отколку да летате по погрешни патишта. Ние сме мала држава која не може да издржи големи проблеми, оти тие создаваат големи неволји. За жал имавме несреќа да не водат луѓе со духовна празнина - кои пропорционално со зајакнувањето на власта си го ослабнувале карактерот, духот и моралот. Ако воопшто ги имале. Сега ќе треба да лижат таму кај што плукале. Октомври е сосема блиску.

http://maktel.mk/kolumni-levo/item/1864-spomenik-za-gruevski
« Последно менување: Јули 14, 2013, 09:38:15 disidente »
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот
Одг: КОЛУМНА
« Одговори #36 на: Јули 17, 2013, 11:40:10 »

КОЛУМНА на Виктор Азманоски:

Крава – колку гордо звучи тоа

Општо познато е дека во Индија , кравата претставува свето животно и ужива голем број на права , на пример во некои делови кравата јаде со семејството кое ја одгледува , а најголем комплимент за една жена претставува да биде наречена по светото животно - КРАВА.

Исто така таа слободно може да се шета низ улиците и да прави застој на соораќајот , а возачите мирно да чекаат да помине стадото со крави.(ама сето тоа е во Индија) Е сега од друга страна ние сепак сме Македонија , истата таа држава која пред неколку години успеа да изманипулира со луѓето кои се заминаваа со сточарство најавувајќи економски бум во сферата на сточарството најавуваа високи откупни цени на млекото , редовна исплата и ред други лаги ( кои владата знае добро да ги осмисли ) се до 2009 година кога истата таа млекара беше ставена под стечај ,а сточарите заглавени до гуша, што од неисплатено млеко од млекарата , што од ратите за кредити кои ги земаат се со цел да го зголемат сточниот фонд.

Е сега дали до кравите беше или до “воловите” што седат во удобни фотељи на Илинденска , после таа случка сточниот фонд во Македонија значително опадна.

А опаднатиот сточен фонд беше доволна причина после 4 години од затворањето на Sweed milk познатиот и долго најавуван милионер ли е милијардер ли е или само обичен филмски илијардер индиецот Субрата Рој да дојде во нашата ни мила Македонија и да ни донесе не една не две туку 20.000 крави , се разбира од тие светите од Индија со што се разбира би се зголемил сточниот фонд во државата на некаде околу 17.000 хектари површина.

Тие крави кои што мангата од Индија ќе ги донесе ке имаат вип влезници во прекрасниот новоизграден туристички објект на охридското езеро со површина од 240.000 хектари , токму од инвеститорот Субрата , и за крај ќе се снима филм во повеќе епизоди каде што кравите ќе бидат во главните улоги , а македончето како и секогаш одличен статиста.

На крајот на серијалот кој за скоро се ближи во една од епизодите ќе се појави и Вол Никола и останатите телиња од власта.

Појаснување : ВОЛ титула за заслужните македонски владини екскурзијанти кои го прошетаа цел свет во својство на економски промотори ... ( нешто слично де како Лорд како Сер , овде кај нас ВОЛ ).

Пишува: Виктор Азманоски

http://sky.mk/index.php/makedonija/21439-kolumna-na-viktor-azmanoski-krava-kolku-gordo-zvuchi-toa
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !