Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Стойчев получи деветата си Световна купа по плувен маратон  (Прочитано 1750 пати)

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот

Стойчев получи деветата си Световна купа по плувен маратон

Българският плувец Петър Стойчев получи официално световната купа по плувен маратон за 9-ти пореден път след провелия се в Абу Даби заключителен кръг от шампионата.

http://today.actualno.com/news_267628.html
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !

disidente

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 5398
    • Погледај го Профилот

ПЛИВАЊЕ
Стојчев ја предводи елитата во Охрид


Бугаринот Петар Стојчев во улога на главен фаворит ја предводи листата на учесници на годинашниот Охридски пливачки маратон, кој ќе се одржи на 14 август. На маратонот, кој ќе се одржи во водите на Охридско Езеро и е претпоследна, деветта, трка од гранпри-серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), учество пријавија 24 пливачи маратонци, 16 во машка и осум во женска конкуренција. Честа на македонското маратонско пливање во Охрид ќе ја бранат четворица пливачи, и тоа Александар Панчевски, Александар Илиевски, Дејан Младеновски и Евгениј Поп Ацев, единствен што сезонава има освоени бодови на листата на ФИНА. Игор Димовски, кој на Илинден го преплива Ла Манш, не е пријавен дека ќе плива на Охридскиот маратон. - И годинава има голем интерес, па на Охридскиот маратон ќе пливаат водечките имиња во светот, на чело со Петар Стојчев. Првпат годинава на маратонот ќе имаме и двајца пливачи од Грција и еден од Данска. Ќе има силна конкуренција и очекуваме уште една добра и неизвесна трка во Охрид - најавува Кочо Паскали, претседател на Организацискиот одбор на маратонот. Со осум победи, Петар Стојчев е најуспешен учесник на Охридскиот пливачки маратон во поновата историја на трката, од неговото вклучување во натпреварите на ФИНА во 1998 година. Бугарскиот маратонец е актуелен шампион во серијата на ФИНА и лански победник во Охрид. Стојчев годинава ќе се бори за деветтата победа на Охридскиот маратон. Покрај Стојчев, на годинашниот Охридски маратон ќе настапат уште неколку водечки имиња во светското маратонско пливање. Во конкуренција за висок пласман се Аргентинците Даниел Блаум и Габриел Вилагоаз, Германецот Александар Студжински, како и италијанските маратонци Андреа Волпини и Родолфо Валенти. Во женска конкуренција, улогата на главна фаворитка ја има Шпанката Естер Нуњез Морера. Покрај неа, ќе настапат и Аргентинките Антонела Богарин и Марианела Мендоза, Никол Симонази од Италија, сестрите Ивана и Карла Шитиќ. Овогодишното издание на Охридскиот маратон имаше своја бурна предигра со можноста стартот на трката да биде преселен од Свети Наум во Тушемиште, Албанија. Сепак, разговорите кои беа водени на највисоко ниво меѓу двете земји не дадоа конкретни резултати и оваа година традицијата е задржана, стартот на Охридскиот маратон ќе биде во Свети Наум, а целта на градското пристаниште во Охрид. Патеката „Климе Савин“ е долга 30 километри, а наградниот фонд на маратонот изнесува 25.000 американски долари. Традиционално, покровител на оваа спортска манифестација е претседателот на Република Македонија, па и овојпат пливачите маратонци на охридско пристаниште треба да ги пречека претседателот Ѓорге Иванов.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=2087&ArticleID=145950
Сочувана
Тодор Александров е БОГ , а "Спомените" на Ванче Михайлов се БИБЛИЯТА на нашата РЕЛИГИЯ !