Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Автор Тема: Митрополит Методиј Кусев  (Прочитано 1390 пати)

ohrid1941

  • Administrator
  • Hero Member
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 3174
    • Погледај го Профилот
Митрополит Методиј Кусев
« на: Март 20, 2009, 12:38:30 »

Статија на македонската википедија:
Митрополит Методиј Кусев



Методиј Кусев или Кусевич е виш бугарски духовник и општественик, борец за црковна независност и политичка слобода, Старозагорски митрополит од 1896 до 1922 година.

Биографија


Рани години

Митрополит Методиј е роден во 1838 г. во македонскиот град Прилеп како Тодор Јовчев Кусев. Завршува основно образование во Алилодидактичкото грчко училиште, а потоа грчката прогимназија во својот роден град.

На Првиот црковно-народен собор во Цариград во 1871 г., како претставник на Битолската (Пелагониската) епархија, Тодор Кусев одигрува клучна ролја за обединувањето на сите претставени бугарски епархии.

Во 1873 г. Тодор Кусев е подстриган во монаштво под името Методиј и е назначен за протосингел на Пловдивската митрополија (до 1880 година). За усрдното служение е воведен во архимандритски чин. За време на Априлското востание, во услови на исклучителен ризик архимандрит Методиј им претставува на представителите на Великите сили во Цариград докази за ѕверските насилства врз бугарското христијанско население. Значајна е и помошта, која Методиј ја дава на руската главна команда во Руско-турската војна. Методиј Кусев учествува и во движението против Берлинскиот договор од 1878 година, кој ја оставил неговата родна Македонија под османска власт.

Од 1879 до 1886 година е протосингел на екзарх Јосиф I. Во 1886 година заминува да учи во Русия, каде ја завршува Киевската духовна семинарија, а потоа учи во познатата Петербургска духовна академија. Од 1892 до 1893 година архимандрит Методиј е први ректор на Цариградската духовна семинарија (днешната Пловдивска духовна семинарија „Св. св. Кирил и Методиј“).

Старозагорски митрополит


На 22 април 1894 г., архимандрит Методиј добива епископски сан со титула Велички и е назначен за управител на Старозагорската епархија. В 1895 година Кусев заедно с Илија Георгов, Георги Паунчев и Георги Капчев е член на делегација, која од името на Македонскиот комитет во Плоешти ја моли руската влада за приложување на ветените од Берлинскиот конгрес реформи во Македонија.[1] Во 1896 г. Светиот Синод на Бугарската екзархија го избира за Старозагорски митрополит (1896 - 1904 и 1920 - 1922).

За време на Балканските војни Митрополит Методиј развива дејност во полза на словенското население од Македонија, кое тој го смета за бугарско. Во 1913 година ја издава книгата „Македонија во своите жители само Срби нема“, во која тој ја поддржува бугарштината на словенското население во Македонија и се изобличува „угнетувачкото и одвратното поведение“ на новите српски власти во Вардарска Македонија, кои се стремеле да ги објават македонските Бугари за Срби. Според митрополит Методиј и

прѣди да има Екзархия, прѣди да начене възраждането на българитѣ, славянското население въ Македония се е наричало българи... [и следователно] и западна Македония трѣбва да се присъедини къмъ България.

Во 1914 година Методиј Кусев ја издава книгата „Погромот на Бугарија. Виновникот“, во која ја обвинува руската политика за бугарската национална катастрофа.[3]

Митрополит Методиј игра видна ролја во општествениот живот на Стара Загора. Автор е на многу статии и брошури за црковни и национални прашања. По негова иницијатива е создаден убавиот парк „Ајазмото“. За неговите огромни заслуки кон градот и неговите граѓани, кон крајот на 2000 г. Митрополит Методиј Старозагорски е удостоен посмртно од клуб „Отворено општество“ со титулата „Личност на милениумот“.

Методиј Старозагорски умира на 1 ноември 1922 г. Погребан е во Стара Загора, во паркот „Ајазмото“, непосредно до црквата „Свети Теодор Тирон“.

Книги од Митрополит Методиј

Сочувана