Талер: Добро би било Македонија да преговара за членство во ЕУБиљана Секуловска 12.02.2011 19:58
Зоран Талер е гостин во вестите на А1, европарламентарец, известувач за Македонија во Европарламентот.Како го гледате излезот од политичката криза, и Европската комисија и Томас Кантримен заменик државниот секретар на Стејт Департментот велат дека се загрижени за состојбите во судството, слободата на медиумите, додека пак премиерот Груевски вели дека не постои проблем околу судството и околу медиумите дека владата воопшто не се меша, дека тие всушност се независни, дека критичарите не се во право?
- Да. Дозволете ми да напоменам дека постои добра координација помеѓу Вашингтон и Брисел. Кантримен пред да отиде во Скопје беше во Брисел и таму разговаравме за сите тие конкретности. Ставот е јасен: Добро би било Македонија да преговара за членство во ЕУ бидејќи тоа би помогнало и дома подобро да се заврши работата. Постои грижа околу подрачјето кое го споменавте. Што се однесува до мене, на прво место проблем е тоа што не постои вистински политички дијалог, што се гледа и од бојкотот на голем дел од опозицијата кој не се потпира врз Брисел. Ние како парламентарци сме за тоа политиката да се води во парламентот, а не на улица.
- Второ, постои грижа околу селективниот пристап на судските органи и органите на репресија. Се добива впечаток дека тоа не се прави независно и неселективно. Третото подрачје се медиумите. На странските набљудувачи им недостига цврст став на владата дека е свесна дека и критичките медиуми се неопходни за функционирање на демократијата и дека се од национален интерес. Тие три подрачја се во преден план. Но не треба да заборавиме на цврстиот политички став дека Македонија ги исполнува основните услови и сакаме да ја видиме во ЕУ.
Целото интервју погледнете го во видеотоhttp://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134250