16
Актуелни теми од медиумите / Софиската филхармонија го отвора „Скопско лето“
« на: Мај 16, 2012, 02:33:23 »
Софиската филхармонија го отвора „Скопско лето“
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3407F368935AC84CAC3A9F824FAF172D

На 21 јуни Софиската филхармонија ќе претстави разновидна програма под диригентство на Борјан Цанев и солистката на виолина Анна Кондратенко
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3407F368935AC84CAC3A9F824FAF172D

На 21 јуни Софиската филхармонија ќе претстави разновидна програма под диригентство на Борјан Цанев и солистката на виолина Анна Кондратенко
Цитат
Концертот на Софиската филхармонија, под диригентство на Борјан Цанев и со солистката на виолина, Анна Кондратенко, ќе го означи почетокот на 33. издание на културната манифестација „Скопско лето“. Следејќи ја традицијата, и годинашново „Скопско лето“ почнува на 21 јуни, а концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет во 21 часот. На свеченото отворање му претходи изложба на цртежи под наслов „Поврзувања - Скопје, Ниш, Софија“, која ќе биде поставена во Културно-информативниот центар.
Софиската филхармонија досега гостувала неколку пати во Македонија во својот полн состав. Овој пат, оркестарот досаѓа со свои 70 членови, а пред македонската публика ќе се претстави со дела од бугарски и македонски композитори - „Р’ченица“ од суитата „Тракијски танци“ од Петко Стајнов и Македонски танц бр. 3 од Александар Лековски. На програмата се и Седмата симфонија од Бетовен, како и Концертот за виолина и оркестар во а-мол од Александар Глазунов, на кој како солист ќе се претстави македонската истакната виолинистка Анна Кондратенко.
Директорот на „Скопско лето“, Мирко Стефановски, истакнува дека договорите за гостување на Софиската филхармонија во Скопје започнале пред две години, и иако со мали финансиски проблеми, конечно успеале да го донесат овој исклучителен оркестар, што е значаен потег и за соединување на културата меѓу двете држави. „Ова е само уште еден пример за значајна културна соработка меѓу Македонија и Бугарија. Конечно успеавме да потпишеме договор и да ја затвориме финансиската конструкција, за да ја имаме Софиската филхармонија на отворањето на ’Скопско лето‘, оркестар кој е мошне значаен во светот на класичната музика“, рече Стефановски на денешниот прес.