Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Пораки - ohrid1941

Страници: 1 ... 211 212 [213]
3181
Караман поставува конструктивно прашање. Многу мои пријатели од Македонија кои ја возобновуваат традицијата на мартинките се интересираат за историјата и легендите поврзани со неа. Ќе мора да ги "разочарам" некои од членовите - мартинките во Македонија навистина немаат врска со Аспарух, туку со брат му Кубер. :-)

3182
Предлози / Одг: Бугарско државјанство
« на: Март 05, 2009, 07:52:00  »
Темата што ја предлага kbc, не е на место бидејќи ова е форум на културен клуб, а не на конзуларно претставништво. Но во врска со неговото барање, би му предложил да се обрати до релевантните институции кои се занимаваат со оваа проблематика.

3183
Изданието на книгата од Димитар Талев "Хилендарският монах", од издавачката куќа "Рута", 2007 година, може да се порача од сајтот на книжарницата Хеликон по цена од 8 лева. Дали некој ја има оваа книга во електронска верзија?

3184
Фолклор / Одг: Мартениците
« на: Март 05, 2009, 04:41:57  »
Точно е дека оваа стара традиција на празнување на баба Марта се возобновува во Македонија по примерот даден во зборникот на Миладинови.

3185
Фолклор / Одг: Фолклор
« на: Март 05, 2009, 04:36:47  »
Костумите се великолепни!

3186
Ви благодарам на сите за убавите зборови во врска со форумот. Ентузијазмот и енергијата на сите кои учествуваат во форумот е повеќе од забележлива.

Меѓутоа дискусијата на некои членови излезе надвор од темата предложена од лејди. Форумот содржи доволно теми и ги повикувам нив да продолжат со конкретна дискусија употребувајќи релевантни аргументи.

Строго се забранети личните напади, говорот на омраза, етничка, расна, национална, културна, лична или друг тип нетрпеливост. Иронијата, провокациите и личните разговори оставете ги за вашите приватни пораки. Ова посебно се однесува на kbc.

Правилата ќе бидат поставени наскоро и би сакал сите да обрнете внимание на тоа.

3187
Во последните 2 дена оваа статија била прочитана 9200 пати и испратени се 561 коментар (до овој момент).

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=332&ArticleID=19422

3188
Благодариме за снимките! Велико Tърново е величествен град. Имав можност да го гледам "Звук и светлина" два пати во иста вечер.

3189
Целта на форумот е да се разменуваат информации, мислења и ставови по одредени прашања. Секој потребител сака да знае дали се направени промени во одредена тема и дали некој друг потребител му одговорил на неговата информација, мислење или став. Од тоа во голема мера ќе зависи динамичноста на форумот.

Известувањето може да се направи на два начини:

1. Избирате некоја тема (нова или стара) и притискате на “ИЗВЕСТИ”. Ако се случи некаква промена во оваа тема, ќе бидете известени на вашиот e-mail.



2. Избирате некоја тема (нова или стара). Ако сакате да одговорите на дадена порака, притискате на “ОДГОВОР”. Се отвора поле во кое треба да го внесете вашиот одговор. Под полето ќе забележите “Дополнителни опции”. Притискате на “Дополнителни опции”, а потоа избирате “Извести ме за одговор”. Ако некој одговори на вашата порака, ќе бидете известени на вашиот e-mail.



Можете да ги изберете само оние теми кои на вас ви се допаѓаат, но ви препорачувам да ги изберете сите теми. Контактирај те ме ако имате проблеми во врска со известувањето.

3190
Тоа е одлична колекција од книги поврзани со историјата на Македонија и веќе е вклучена во секцијата Линкови:

http://www.bkks.org/linkovi

3191
Книгата на Љубчо Георгиевски со наслов "С лице към истината" е издадена во 2007 година од издавачката куќа "Балкани". Цената на оваа книга e 13 лева и може да се порача од интернет страницата на книжарницата Хеликон:

http://www.helikon.bg/?act=books&do=detailed&id=128253

Страници: 1 ... 211 212 [213]