Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Пораки - Daskal

Страници: 1 2 [3] 4 5 ... 85
31
http://www.makedonija24.mk/content/show/CatId/10/ContentId/13421
 ;D ;D ;D

оваа ме потсека на наисветлите моменти от југословенскиот самоуправен комунизам, кога југославија беше „лидер“  во сичко, толку лидер шо дури и јапонците пагаа на газ кога ке „увереа“ за чудесиите на самоуправениот комунизам.
Нејсе типчето зима мин 2500 евро заплата плус безлимитна кредитна картичка плус слижбени командировки плус, плус...така да очекувам да каже дека интерент и ГСМ технологиата е измислена от македон додека се галеле со сашко педало у паљурци кај Богданци на тревата.  ;D

32
па па па

Анкета на „Рејтинг“: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е три проценти!

http://www.plusinfo.mk/vest/43039/Anketa-na-Rejting-Razlikata-megju-VMRO-DPMNE-i-SDSM-e-tri-procenti

додека владеачките спремаат нов бран, се чини дека за нив се спрема цунами...

како и да е постигнати се дел од целите на србо-комунизмот
Цитат
80 отсто велат дека се живеело поубаво во времето на Југославија, додека пак над 70 отсто од граѓаните се изјасниле дека економската состојба во земјава е лоша.

33
Актуелни теми од медиумите / Одг: СДСМ
« на: Мај 13, 2012, 01:36:06  »
Бучко е прав!
Бучковски: СДСМ не се снаоѓа со пропагандата на власта

http://www.plusinfo.mk/vest/42778/Buchkovski-SDSM-ne-se-snaogja-so-propagandata-na-vlasta

34
Цитат
Црна Гора следниот месец ќе започне преговори за приклучување кон Европската унија, вели Eврокомесарот Филе.

`Европа продолжува да се шири. Хрватска наскоро ќе ни се приклучи, Србија доби статус на кандидат, а Црна Гора следниот месец почнува преговори`, рече Филе во специјалната видео-порака по повод 9 мај, Денот на Европа
http://sky.mk/svet/21698-%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%95%D0%A3-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5.html

Црна Гора не беше ни држава кога МКД го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со ЕС, всушнаст од сите држави горе МКД прва го потпиша тои договор. Сега не ниту спомната а Филе беше вчера во МКД. Логичено след на хузно-хомеини полтиката водена во МКД.

МКД јавност разбира се никаде и од никој не беше потсетена на тој факт денес на денот на Европа, наместо тоа сите го чекаат петок за да видат дали ке има ескалација на протестите и судирите.

35
Треба да се нагалси дека ниту едeн политички субјект, NGO или незнам какво не излезе со јавна осуда на инцидентот. Сепак напад на посланик е дно на днота за една држава. От кризата со американското постолство во Техеран 80 година, световната дипломатиа не познава понахален гест, или може МКД се движи кон методите и коцептите на иранското општество под Хомеини...

36
Макрадули минатиот пат имаше повече от отлична колумна, сега оваои пат нешто пак обрка

Цитат
...Зошто со трчање отидоа да му аплаудираат на Симеон Радев, а во нивното место нема споменик на народниот херој што ги ослободи од окупаторите во Втората светска војна?...
http://www.plusinfo.mk/mislenje/516/Brat-dojavaa-konjite

Добро бе таа екипа СДСМ-овска толку ли пасат трева па незнаат дека успехот на следните избори им зависи од тоа дали Б-комплексот ке гласи  посредно за нив преку коалицијата „Пелистер“ . Не разбирам што се запнале да му лепат ткн „бугарофилство“ (затоа што во МКД нема бугарофили, како што нема германофили помежду Германците во Германија) кога токму оваа гарнитура на ДПМНЕ е асполутно спротивна по темата, како што не било ниту едно правителство од формалната независнот на МК.

37
Право на преправање

Грчев се подобар и подобар!

Цитат
Кога зборувам со луѓе за одземањето на правата и слободите на граѓаните, неуставното владеење и контролата на медиумите во нашата земја, сите се сложуваме дека состојбата повеќе соодветствува на тоталитарна отколку на демократска држава, и дека во земјава незаконски владее режим кој практично извршил мирен уставен пуч. Но потоа, кога ќе се разделиме, секој за себе и сите заедно, продолжуваме со дневната рутина и се однесуваме како се да е нормално во земјата, а животот ни шуми како планински поток... Како никој навистина да не е засегнат од катастрофалните состојби во татковината, во мерка која подразбира кршење на дневниот распоред и комфор, откажување од попладневната дремка и искажување на лутината со малку пожесток протест или (недајбоже) бунт. Се чини дека во најлошите услови за живеење што ги паметиме, како сите спонтано да глумиме нормална животна рутина и една фина, фииина недоветност. 
Македонија е денес, без секое сомнение, шизофрено општество во кое формално, на хартија, постојат сите модерни слободи и права, но граѓаните во фактичката стварност не можат или не смеат да ги уживаат. Режимот кој неформално го суспендирал уставот и инсталирал иновативен вид на прикриен, трапав и мусав тоталитаризам, се преправа дека владее законски и демократски, а граѓаните – за возврат - се преправаат како тоа да е вистина. Во земјава чиишто општествени темели се тресат од катастрофалните социо-економски параметри, растечката мизерија и непочитување на слободите и правата, владее рајска тишина, санаториумски социјален мир и мрзлива, туберкулозна апатија.
Општествата со ваква дијагноза, до скоро лесно ги препознававме како недемократски тоталитарни општества, било да се тие капиталистички или комунистички рожби. Сличен на нашиов, но екстремен случај на спротивставеност на формалните и фактичките права бил Советскиот Сојуз, во чиј устав од 1936 година не само што биле гарантирани политичките слободи, слободниот печат и слободното формирање на политички партии, туку државата била обврзана овие да ги финансира и помага, додека едновремено се затворале и убивале милиони луѓе оптужени за дела кои не ги ни сонувале... Се разбира, никој не се осмелил, под стварна смртна закана, да ги употреби овие хартиени уставни права или јавно да ја денунцира тоталитарната практика на власта. Слично, само сразмерно многу помеко и полигаво е и кај нас, бидејќи режимот на Груевски, со селективна репресија и економска принуда, го стави под закана целиот народ, што, по долги децении, повторно го предизвика егзистенцијалниот страв кај луѓето. Поради тоа, луѓето во Македонија денес се плашат од камера, од јавно искажување на мисла, од „погрешно“ однесување - кое може да се протолкува како антирежимско, од јавен настап, од „неприлично“ одсуство или „погрешно“ присуство, од „неподобни“ пријателства... практично од се. Стравот и психологијата на потчинетост и сервилност кон режимот - најважните психосоцијални симптоми на животот во тоталитарните општества - повторно стануваат основните карактеристики на животот во Македонија...
Селективната и егземпларна репресија и заглушувачката пропаганда го одржува македонското општество во лажен социјален мир, кој представува некаков вид на колективен перформанс, во кој огромното внатрешно незадоволство, наместо во побуна, луѓето го конвертираат во глумењето на нормален живот. Оваа глума веројатно ја мотивира комплициран емоционален амалгам составен од егзистенцијален страв, чувство за пристојност, достоинство на жртвата и срам од делата починети врз неа. Глумата во овој театар на апсурдот се сведува на трпење на неподнослива реа (која, инаку, штипе и задушува!) при што актерите скоро да не го менуваат индиферентниот израз на лицето. Глумиме нормалност, како на светот да сакаме со извинувачка насмевка да му ја претставиме оваа одвратна фашизоидна смрдеа како вообичаен гастроентерален проблем на нашата млада демократија… Демек, се усрало дет‘то, ама че му мине.... 
Ова колективно глумење на нормалност, меѓутоа, станува малигна навика која прераснува во партнер на монструозната режимска пропаганда. Партнерите работат комплементарно: пропагандата го покрива јавниот медиумски простор, а колективната глума интимата, па покорниот народ така станува мизансцена за потврда на пропагандната лага, а заканата вградена во пропагандата станува оправдание за покорноста и глумењето на нормалност. И така се затвора злиот психосоцијален мотивациски круг кој ја обезбедува морската тишина и долговечноста на тоталитарните режими.
Во овој театар на апсурдот учествува, на префинет дипломатски начин и меѓународната заедница која за катастрофалните општествено-политички состојби во Македонија употребува софистициран вокабулар составен воглавно од еуфемизми. Така на пример, пристојните дипломатски квалификации кои денес се употребуваат за пропаѓањето на македонското општество се: за потполната партизација и инструментализација на судството - дека е „забавен процесот на реформи во судството“, или, за укинувањето на слободата на информирањето и уништувањето на независните медиуми - дека е „загрижувачка состојбата во врска со независноста на медиумите и слободата на информирањето“, итн. Претпоставувам дека со вакви еуфемистички искази расните закони на Хитлер би се нарекле „загрижувачка насока на реформите во законодавството“, а погромот на Евреите во германската Кристална ноќ би бил квалификуван како „серија на напнати состојби со несакани поединечни инциденти во меѓурасните односи“...
Во Македонија денес сите се преправаат. Власта се преправа дека е легалистичка и демократска, опозицијата се преправа дека е конструктивна, народот се преправа дека не е силуван и фрлен во ендек, а меѓународната заедница се преправа дека не ги забележува тоталитарните тенденции во развојот на македонската „демократија“. Најуживаното право во нашата земја е правото на преправање. Не смееме, затоа, да заборавиме дека е сосема исто дали човекот е роб, или се преправа дека не е роб. Фактички е исто, но морално е многу различно, зашто преправањето го чини ропството доброволно, што е несомнено најпонижувачкото од сите ропства на светот.
http://www.plusinfo.mk/mislenje/514/Pravo-na-prepravanje

БККС многу многу одамна ги дефинираше овие феномени во РМ! Колку да се знае!
Честито годишнина на БККС!

38
Хунзи, мислат ако ја запалат МКД и уништат и неизината формалната независност, како што ја донесоа еконимиката на колена, страната на фалит, односите со албаците на критично ниво, ги блокираа евроинтеграциите и направиа хунзиленд от историата и столицата, по автоматизам ке ја врнат МКД во големосрбскиот логор како компензација за косово.
Брза реакциа на президентот, това радува!

39
Преспанско-Пелагонийски и Австралийско-Новозеландски Митрополит Петър: Охридската Архиепископия няма връзка с Българската Православна църква

http://focus-news.net/?id=f21099

 ;D

Да бе, таа си има врска со србо-комунистичко-удбашко-античко-хунзистичката секта при која он е дедо поп.

40
Дијабетичарите се лекуваат на бугарски јазик

Цитат
Дијабетичарите кои редовно се снабдуваат со инсулинска терапија од аптеката лоцирана во Поликлиниката Бит Пазар, деновиве се изненадени што добиле терапија која содржи упатство само на бугарски јазик.
http://vecer.com.mk/?ItemID=60B610A3DEF3BD499034ABA3A7B532CC


Бреи страх море, да не случаино от инсулинот не се просветлат и врнат на корините си! Ебати малоумните!

41
Во контекст на братсвото и кадрите на ДПМНЕ ... ;D
Цитат
Паралелно со внатрешните промени, се договара и амбасадорскиот колач. Според сознанија на Алфа - веќе се распределни местата во неколку влијателни европски метрополи - наводно Јован Донев е определен за Лондон, Слободан Чашуле за Мадрид, Панде Лазаревски во Романија, Даниела Караѓозовска во Загреб, Лазе Еленовски во Белгија

Јован Донев - антички ДПМНЕ-евец  ;D, политичката кариера ја започнува во СДСМ и максимумот му е во 1997 кога е претседател на СДСМ за Град Скопје. Арно ама Црвенковски гледа каква шупелка е и  го менува за неполни 6 месеци. 2005 е главниот идеолог позади Трифун ама брзо го напушта кога гледа дека Трифун нема намера да се ангажира во поголема политика. Идеално плива во сегашното ДПМНЕ, голем Бугаромрзец и еден од античките идеолози. Автор на приказната за евроскептици во МКД, тој и керка му  ;D  ;D.

Слободан Чашуле - лик ала Филип Петровски, но от род! Секако Бугаромрзец со тапија, од голем југословен до античка хунза, се за коска.  ;D

Панде Лазаревски - овој ми е омилен, познат по тоа што истроши 3 години да ги шета месните комитети на ДПМНЕ и да ги убедува дека сме потомци на сашко педало.  Политичката кариера ја започна со СДСМ во 91-92 арно ама овие увидоа дека е.... Како и да е, еден од идолошката АНТИЧКА четворка на ДПМНЕ заедно со хорхе,саркањац (или серанац ли како се викаше), донев евроскептикот.

Другите се приказна за себе...друг пат за нив, но секако се правоверни антички хунзи!  ;D


42
 :o
http://vest.com.mk/?ItemID=49A174EA7F249C47B0E3F7BE3EC4B840
МИС И МИСТЕРОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2011


43
Актуелни теми од медиумите / Одг: КОЛУМНА
« на: Април 25, 2012, 11:06:48  »
 ;D  ;D  ;D
Точно така е како што го пишува Макрадулу

Од дневникот на еден горд послушник...

Цитат
Конечно запролети. Не е како во родниот крај, но и овде во Скопје се наоѓа по некое дрво. Брзам накај дома. После ручек ја собирам цела фамилија, на МТВ е мојата омилена серија: „Македонија во антиката". Не можам да ги разберам овие предавници од СДСМ што се бунат за потрошени 1.1 милион евра за 5 документарци, кога од вакви документарци може целата историја да ја научиме. И така, сконцентрирано, колективно гледаме, затоа што после на општински комитет ќе не испрашуваат за ова.
 
Одеднаш ми ѕвони мобилниот. Си викам батали, да не пропуштам нешто од „Македонија во антиката”, башка Хорхе лафи. Ама не прекинува, ѕвони растура,  како да гори некаде. Станувам, гледам братучед ми од родниот крај. Кликам и што да чујам! Не горело! Вода е, бран некаков ми вика, потоп! Слушал на Сител, ми го спомнале името. Сум бил дел од некој бран. Ќе ме сменеле!? Затворам, вртам кај една колешка од друго јавно претпријатие, заедно нè примија 2008-ма и заедно бевме на обука. Вртам, ама претплатникот недостапен, и го исклучиле телефонот. Ѕвонам кај координаторката, ама не крева. Се вртам кон сопругата и децата, ме гледаат со прашалници, ме прашуваат што се случило? Зошто сум побледел? Им викам ме однесе бранот. Претседателот ме сменил. После кратката пауза куп прашања. Но тато, нели за изборите им однесе список од 20 гласачи? Нели им носеше некој пликови дома на комшиите? Мажу, а тоа што мораше да не одиме на одмор, за да присуствуваме во Крушево на Мечкин Камен, не се брои? Не знам што да им кажам, велам заради НАТО е ова. А, ќеркичката ме прегрнува и прашува: „Ама татичко па ти си шеф на чуварите, што има врска тоа со НАТО?” Ѕвончето на вратата ме спаси од немањето одговор. Отворам врата, а тоа мојата колешка која ја барав по телефон. Во солзи влегува и вели: „Бран колега, не однесе бранот. Го угасив телефонот”, ми вели. „Бате да не нè чуе. Сме биле криви за ЕУ. Ни требало одмор за да Македонија влезе во ЕУ.
 
А цело јавно претпријатие знае колку белешки искинав за бесправно сечење на дрва, кога ќе ми се јавеа од кабинетот на претседателот. Дури еднаш и шефот на кабинет ми се јави за да скинам еден записник, било важно за локалните избори. Зарем тоа не е доволно за ЕУ? А зошто ли кажувавме дека илјада дрвца сме засадиле за Денот на дрвото?
 
Седнуваме, вртам на Канал5 и таму само за бранот се зборува. На линијата долу не пишува СДСМ е крив за сè, мене ме пишува. Гледаме интервју дава нашиот Генерален секретар на партијата, вика сме биле спори, не сме биле отчетни и енергични. А се сеќавам на него. Пред 4 години кога не примаа на интервју, запишуваше нешто. Беше пресреќен дека нè запозна. Тогаш имаше 50 килограми помалку и бурек му купуваше на Влатко Ѓорчев во Парламент.
 
Навистина, зошто јас? Ѕвончето на вратата пак ѕвони. Леле, си викам извршители за кредитот одма доаѓаат. Не, партискиот колега од општинскиот комитет од соседната зграда е. Не зборува ништо, само мрда со усните: „Бран, бран, бран...” А го знам, прав брат, колку плакати на опозицијата искина последните избори. И секогаш беше во првите редови кога нашиот неуморен претседател организираше контра протести пред седиштето на СДСМ. Дури престана и за Работнички да навива и стана најгласен навивач на МЗТ. Сега се сетив! За време на кампањата во еден спот лажно се претставуваше дека бил стечаен работник кој останал без работа заради Бранко. Се вртам на кај моите браќа и сестри, гласно размислувам: „А, Бранко да не го смислил бранот?”
 
Не спијам цела ноќ, го враќам филмот во глава. Список на лица за гласање за избори однесов, еден комшија „убедив" да гласа, иако се двоумеше. На контра протести против СДСМ бев, на работа на интернет ги напаѓав секојдневно пратениците на СДСМ. Каде погрешив? Ех, колку ноќи сум бил ненаспан за да праќам со службениот телефон пораки на „Јади бурек”. Зошто јас сум крив и за зголемената невработеност, повисоките цени на парното, струјата, водата, бензинот? Јас само слушав и извршував. Не верувам дека претседателот заборавил дека бев еден од ретките луѓе на прославата на 20 годишнината од партијата? Онака ненаспан се симнувам прв у маалската пиљара да купам леб, млеко и за прв пат дневен Фокус, зошто на работа ни е забранет. А таму куп ненаспани браќа и сестри, сите од проектот Скопје 2014. За нив премиерот тврдеше дека се најлојалните браќа и сестри. Тие сè уште во рака имаат Вечер и Дневник. И тие што ги поставуваа врбите и тие со барок фасадите. Има и еден попишувач кој целиот месечен интернет си го потроши за 3 дена да ги попише сите комшии кои ни се во Австралија. Знам, не беше тоа нивна идеја. Дел од нив ниту знаеја што значи, на пример, зборот барок. Но, беа горди на своите врби и фасади, беа горди на тепањето на студентите, протестите против Бранко. Мислевме дека сме непобедливи, зошто сите ние бевме на Груевски. Беа толку горди што дури и хонорарите ги донираа во партијата, работеа за Македонија во антиката, работеа за претседателот Груевски. Бевме толку блиску до народот, што после само еден телефонски повик, организирано истрчавме на плоштад против некои студенти, кои како што ни рекоа во комитетот, сакале да ни ја земат црквата од плоштадот. (Стварно, до каде е црквата за која се боревме?). Пиљарот нè гледа со чудење, малку дрско се поднасмевнува. Знае дека секој ден кога купувавме кај него зборувавме колку е добро, само што не ни тргнало, само СДСМ да го нема. Јас се сеќавам, еднаш искинав еден примерок од неделникот Фокус каде се напаѓаше братот Саше. Не мора да зборува, сите знаеме дека наместо нас некој друг ќе поставува врби, уништува фасади со барок, протестира на Бихаќка, тепа слободна мисла, лажно попишува, снима спотови за лажни стечајци.
 
Се враќам дома. Сфаќам дека никој во моето семејство не спиел. Децата велат не одат на училиште, не сакаат да им се потсмеваат соучениците дека нивниот татко бил уморен, неенергичен. Колешката, пак, е пред врата, сега со нејзиното дете. Ме моли да му објаснам на нејзиниот матурант дека неговата самохрана мајка не крадела. Дека не ги донела таа илјадниците покер автомати во земјава, дека не знаела за бизнисот со увозот на струја.
 
На врата се појавува уште еден партиски борец. Беше најгласна на митинзите, најмногу се радуваше затоа што Велија е во затвор. За секој избркан сдсмовец честеше кафе и локум. И таа не мора ништо да каже, бранот нè отрезни сите. Цела партија знае дека со нејзината ќерка учи едно паметно детенце, чиј родител е во притвор заради А1 и дека таа и забрани да си играат заедно. Сега кој ќе си игра со нејзиното, со нашите деца? Претседателе, јас ли? Јас немам одговори за прашалните погледи на моите деца, а не за околината. Јас сè уште немам одговор за прашањето на мојот син: „Тато, сега после двата порази на Барселона, ќе го сменат тренерот или чуварот на стадионот?“ Сакам да изустам: А бе, СДСМ е за сè крив. Ама, таа работа не бива веќе, тоа не врви никако. Па нели сме трети во светот? Милионерот Пешевски вели најдобри сме биле во регионот? Впрочем, на последната средба претседателот ни рече 8.5 милијарди евра инвестиции има кај нас!? Дека само што не сме влегле во ЕУ и НАТО!? А, анкетите на Павел Шатев што се вртеа на Сител и Канал5, не покажуваа дека водиме 5:1 и дека ќе ги згазиме!?
 
Хм? Што сега? Парите што ги зедов за субвенции ги вложив во кампањата за Груевски, а нивата не ја пипнав. Исто, целата заштеда ја вложив во кампањата за да се најде некое местенце за сопругата. Што правиме ако и нејзе ја фати бранот? Со кои пари ќе го враќам кредитот? Одеднаш ја губам гордоста, среќа немам потпишано меница како некои на повисоки позиции. Телефонот пак ѕвони. Тоа е добро, не ме смениле уште формално. Пак братучед ми. Пак гледал Сител. Ме прашува дали сум го гледал претседателот на вести? Ми вика, пази што правиш, претседателот рекол и тие што се сменети верува дека уште посилно ќе работат. Исклучувам, се препотувам. Па јас немам каде да работам веќе.
 
Вртам нов лист во дневникот, почнувам ново поглавје во животот. Не морам како партиска задача да ги гледам Јанко и Миленко. Цунамито наречено Груевски, веќе 6-та година ја уништува Македонија. За жал, станува очигледно. Бранот нема да удри каде е најпотребно, нужно и единствено целисходно, а тоа е зградата на „Илинденска” бр. 2. Се плашам дека прво ќе настрадаат врбите во реката Вардар, доколку претходно не угинат од чистината на реката.
 
Мислам дека ми треба и нов дневник, каде ми е листата со телефони на браќата од 90-тите?
Јани Макрадули

http://www.plusinfo.mk/mislenje/505/Od-dnevnikot-na-eden-gord-poslushnik

44
А бе да си отговораме наисикрено едниствената причина за дестабилизацијата на МКД е србо-комнистичкиот македонизам, кој сега е надграден и проширен во анитичко-хунзистичко-педерастичен македонизам. Се е во таа рамка и тоа е болката, друго просто нема!

45
Кога сме при кадрите от преродбата, ете уште еден типиче и елитен.
Припадник на нишкиот падобрански полк на ЈНА во 1990/91, единицата во која служеа најнадежните синови и керки на србо-комунизмот, единицата кој требае да ја спасува СФРЈ, но заврши уште „пославно“ от ЈНА  ;D. Човекот кој беше водач на србо-комунистичките АНТИАЛБАНСКИ ткн студентски демонстрации во кој демек се протестирање против учене на албански на македонските универзитети 1997, а само нели след 3 години вече имаше 3 такви и легални големи универзитети. Човекот кој во времоето на Љубчо беше синоним за ткн „љубчовизам“ дипломат, ала-бизнисмен, читај бандит и конокрадец .Човекот кој беше локален со-паша во Куманово, оти нели Даравелски беше пашата, во Куманова каде се случи едно сумливо убиство во приватизацијата на една кумановска фирма. Човекот кој прв скокаше против актуелното ДПМНЕ во судирот во хотел „Панорама“, но и прв беше потоа на баци рака кај Груевски. Човекот кој е оргиналниот автор на идеата за референдум за името, што во времето на Бучко беше толкувана од сите во МКД дека е тотална глупост, а сега стана официјална политика на МКД. Човекот кој се гледаше како министер за надворешни работи во правителствето Груевски, но кога не го доби местото глумеше жесток критичар на ДПМНЕ. Еден от првите активни поржувачи на брат Љубе, но уште поважно и еден од првите кој со многу драма прв го напушти брат Љубе, задавајќи му го првиот посериозен јавен удар. Основачот на амортизерот и питата гомнарка партија Демократска Десница во едно и одговорен за необединување на Љубе, Љубчо и Достоинство на последните избори, со што обезбеди уште една победа на ДПМНЕ. Човекот кој прв се врати при „матицата“ ДПМНЕ...најсетне се скраси...Инаку во мегувреме стна и м-р и д-р  ;) .

http://www.plusinfo.mk/vest/41120/Filip-Petrovski-nagradno-od-VMRO-DPMNE-dobi-zamenichko-mesto-vo-Lotarija

Ето тоа е типичен постјугословенски србо-комунистички дпмневец и модел за успешен политик и човек.  ;D

Страници: 1 2 [3] 4 5 ... 85