Бугарски Културен Клуб

Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Напредно пребарување  

Новости:

Прикажи ги пораките

Овој оддел овозможува да ги гледате сите пораки оставени од овој член. Но внимавај можеш да ги видиш истите само од делови на форумот каде имаш пристап.

Пораки - Daskal

Страници: 1 [2] 3 4 ... 85
16
Цитат
...што се Чашуле, Латас, Петровски, Донев и Додевски, па нека ни зборуваат за лузери и за истрошени политичари. Груевски ни порача дека сакал купчиња. Е па, поголемо купче од овие испукани морални дијаболи не можеше ни да најде. И кој ќе ѝ верува на оваа продадена и преплатена банда?! Нивниот кредибилитет можеме слободно да му го дадеме на Миленко, за да го помножи со нула.

 ;D
http://www.plusinfo.mk/mislenje/548/Panika-na-vladiniot-brod

18
Љубчо опасно ги гризе...
Цитат
Змејковски може да ја објасни неговата улога во последниот ден од животот на Динката
http://www.plusinfo.mk/vest/48136/Georgievski-raspali-po-Zmejkovski-i-Jakovlevski

19
Цитат
,,Фалсификувањето на историјата кое ни го оставија комунистите - изгледа дека не биле само тие во прашање. Тука е и генот на фалсификување кој постои и денес. Она што е поразувачко е отсуството да се бориме за демократија,, - вели Георгиевски.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=51775


20
Как и да е, чинам оти голема грешка е коалицијата на Љубчо со Бранко! Друго ке беше да е Бучко лидер на СДСМ. Дури можам да кажам дека Љубчо треба да ги повика Бучко и не мал дел на СДСМ кои го подржуваат Бучко да ми се приклучат во коалицијата Пелистер! Вака со БЦ ми се чинат многу лесен пропаганден плен на ДПМНЕ!

21
Ето ги..добро се информирани...
Бугарија подготвува црвен картон за Македонија во ЕУ
Цитат
„Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Бугарија во Скопје во некои случаи се третира полошо и од Грција, иако прва ја призна Република Македонија“, е заклучокот од тркалезната маса во Софија

Слободанка Јовановска


Во петокот во Софија се одржа тркалезна маса на тема „Каде оди Република Македонија“, на која учествуваа европратеници, пратеници, историчари, амбасадори и политиколози. Оваа тркалезна маса дојде по острите изјави на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Софија е против името „Северна Македонија“, за нашата држава затоа што тоа ќе изразувало територијални претензии. Станува очигледно дека односите со Македонија, инсистирањето на бугарскиот карактер на македонското население, повторно станува важна тема во бугарското општество. Пренесуваме еден значаен дел од таа расправа.

 

Да и покажеме на Македонија жолт картон и да и поставиме услови за членство во Европската унија. Ваква порака произлезе од петочната тркалезна маса во Софија на тема "Каде оди Македонија", на која учествуваа четворица европратеници, заменикот-претседател на бугарското собрание, пратеници, поранешни амбасадори во Скопје, истакнати историчари и експерти.

"Да се краде историја е како да се краде територија", истакнал Љубомир Иванов, претседател на фондацијата "Манфред Вернер", на адреса на Македонија. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, тој категорично побарал Бугарија да постави два услови за влегување на Македонија во Европската унија. Прво - во македонските учебници по историја да се признае бугарската идентитет на Самуил и другите Бугари, за кои во Софија се тврди дека ние сме ги прогласиле за Македонци; и второ, да се прекине наводната дискриминација на Бугарите во Македонија со македонскиот устав. Според него, учебниците и уставот треба да станат бугарската црвена линија со што јасно ќе се кажело дека ако Македонија не ги исполни - не одговара на европското барање за добрососедски односи. По неколку жолти картони, треба црвен, инсистирал Иванов.

"Да престанат да плакнат мозоци на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Тие се раздвоени - секое утро зборуваат во огледало 'Јас сум Македонец. Јас ја мразам Бугарија", истакнал академик Георги Марков.

Тој нагласил дека македонска нација била создадена по Втората светска војна од Тито по коминтерновски рецепт, вклучувајќи анти-бугарска основа. Марков на собирот во Софија побарал да прекинело фалсификувањето на фалсификувањето на историјата.

"Не им треба да фрлаат 80 милиони евра, кога имаат 30 проценти невработеност и држава што едвај дише. Само еден споменик треба да издигнат - на маршал Тито - тој е таткото на македонската нација", категоричен бил академикот.


Тој исто така побарал Македонците да ги менуваат учебниците по историја. "Самуил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, браќата Миладиновци, Пајсиј Хилендарски - тоа се македонски Бугари. Тие се самоопределуваат како Бугари, а тоа дека некој се определува сега во Скопје како Македонец - тоа е негов проблем", додал Марков. Според него, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје, а кај нас да си Македонец било прашање на професија - многу атрактивна за политичари и академици.

Потпретседателот на бугарското собрание, Георги Пирински, предложил да се иницира заеднички состанок на парламентарните комисии за европски прашања и за надворешна политика на која ќе се разгледаат прашањата за односите на Бугарија со Македонија.

Долгогодишниот дописник на Бугарската телевизија во Скопје, Коста Филипов, тврдел дека во Македонија има медиумски мрак во однос на прашањата со Бугарија и дека препораките на Европскиот парламент за почитувањето на Бугарите и на бугарската историја воопшто не се познати во Македонија.

Сепак, потребно било "да и се помогне на Македонија да ги надмине своите проблеми, а не да се гледа на нивната самосвест со потсмев", бидејќи само така можат и двата народа да одат напред, рекле учесниците. Некои од нив зборувале дека ако Македонија се пушти во ЕУ, ќе станеле три пати побрутална и дрска. Според лидерот на софиското ВМРО, Красимир Каракачанов, бесмислено било зборувањето за темата, ако бугарската политичка елита не формулирала неколку едноставни нешта.

"Треба да си одговориме на прашањето дали имаме интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Дали имаме интерес по 40 години на нашата граница сосед да ни биде албанското население", порачал Каракачанов. "Албанците имаат многу јасна стратегија, не си прават илузии и зборуваат многу јасно за еден народ, една држава - Голема Албанија", коментирал лидерот на ВМРО.

"Ако отворите веб-сајтот на Министерство за надворешни работи, ќе видите темите за Мјанмар, Сирија и какви ли не други глупости за кои ни најмалку не сме заинтересирани, но нема да видите проблемот со ниту еден Бугарин, кој е смачкан во Македонија. Ние правиме конференции и зборуваме празни приказни ", нагласил Каракачанов.

"Бугарија, која прва ја призна Република Македонија, не се третира подобро од Грција, а во некои случаи и полошо", се пожалил европратеникот Евгениј Кирилов. "До нас живеат браќа. Прашањето каде оди Република Македонија си го поставивме сите ние, си го поставуваат сите наши граѓани. Треба да дадеме одговор. Не само на прашањата поврзани со минатото, туку да дадеме една основа за односите со Република Макдонија", рекол Кирилов.

"Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Ајде - не сме како Грците да им извадиме црвен картон, но крајно време е да им извадиме жолт картон, да ги предупредиме дека тоа не е европско однесување", коментирал академик Георги Марков, директор на Институтот за историја на Бугарската академија на науките. Според Марков, Македонците можат да се потпрат на поддршка од страна на Бугарија за членство во Европската унија, но таа поддршка не смее да биде безусловна, бидејќи се злоупотребува.

"Пред 12 години амбасадорот Ѓорѓи Спасов уште од вратата ми замавна со прст и ми рече: 'Професоре, јас сум Македонец. Имам право на самоопределување'. Јас му велам - убаво, имате право на самоопределување како Македонец, но тоа не значи дека вашиот дедо не бил Бугарин. Оваа историска дијагноза ги раздвојува и затоа паднаа во крајност да се убедат дека имаат некоја нов национален идентитет, па отидоа дури во антиката и градат споменици за 80 милиони евра и Триумфалната порта. Историјата таму стана голема политика", изјавил академик Марков.

Некои од учесниците во дискусијата биле поумерени. "Рано е уште да даваме дури и жолти картони на Македонија. Треба да ја разбереме драмата на оние кои ги прекоруваме - дали се преправаат или се уплашени", рекол историчарот Андреј Пантев, пратеник од Коалицијата за Бугарија.

"Пред да ги потврдиме работите кои се повторуваат на сите конференции, треба да си го поставиме прашањето - зошто нешто не оди? Можно ли е 45 години култивирање на антибулгаризам да избришат векови заедништво, судбина, јазик, култура, менталитет? Како е можно? Ова прашање треба да си го поставиме на нас. Очигледно е дека дебатирањето какви Македонци се, каков дијалект зборуваат не функционира", изјавил Антев. "Тие историски се Бугари, но има метаморфоза, една еволуција, која треба да ја имаме предвид и тоа е прашање на суптилност од наша страна", рекол Пантев. "На оваа земја треба да се помогне, но да и се потсмевате, бидејќи резултатите се контрапродуктивни", заклучил Пантев.

"Нека прават што сакаат, нека се делат, нека се федерализираат, но да не посегнуваат по нашата територија и нашата историја", беше следната порака во дебатата. Според овие оценки, по Самуил и Гоце Делчев, се посегнувало и на историски дејци кои до вчера биле табу кај нас, па се именувала улица и се подготвувал споменик на Тодор Александров и на Симеон Радев. "Прашање на време е кога ќе стигнат до Александар Протогеров и Дрангов, а нема да изненади ако еден ден и Ванчо Михајлов осамне со споменик во Скопје", бил еден од коментарите на собирот.

"Бугарската политика се соочува со еден исклучително сложен тест, бидејќи ако е тврда, предизвикува антибугарски кампањи, а ако е мека, промовира притискање на македонските Бугари. Потребен е исклучителен такт и не жолти картони туку да се охрабруваат бугарскиот бизнис и бугарската телевизија, весници", истакнал политикологот Емил Митев.

Според поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, порано бугарската политика во однос на Македонија се засновала на тезата дека сите Македонци се Бугари. Сега, пак, се гледала промена и се слушаат изјави за заштита на Бугарите во Македонија. "Тогаш треба да прифатиме дека и во Бугарија има македонско малцинство. Оваа нова позиција бара анализа со учество на државното раководство", рекол Јорданов.

Според европратеникот и кусо време известувач за Македонија, Кристијан Вигенин, Бугарија има интерес нашата држава да ги започне преговорите на ЕУ "бидејќи во рамките на преговорите за поединечни глави имаме можност да отвориме цел спектар на прашања". "Премиерот на Македонија Никола Груевски со неговата партија и Бојко Борисов со ГЕРБ да седнат и да размислат што може да се направи, да ги стават на принципиелна европска основа овие проблеми и да се обидат да ги решат, а не да нафрлаат реплики во медиумите, што е несериозно", искоментирал Вигенин. Според него, ако пристапот на Бугарија е премногу агресивен, тоа им помага на властите во Македонија да се самозатворат, а тоа ја лишува Бугарија од можноста да има нормален дијалог не само на владино туку и на сите други нивоа. Тој објави дека БСП и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија планираат серија иницијативи за создавање на нормална атмосфера на дијалог.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD3A823C591A8549B39D8E9EEB07DE38

22
Не не! Немаше публично оти има хора от МКД, но штом е имало ОК е!

23

Имало е хора от РМ, макар и малко на този етап!
После експертното ниво на срещата е от професор нагоре, а в РМ засега няма изявени про-БГ професори за канене ...
Не върви да се канят разни бЛаже-Лажета или двойни играчи, нали?  ;)
ОК но впечаток е како собир на експерти за леб, без при това да питат този кои секидневно го јадат лебот за кој дискутират експертите!
Двојните играчи, да интересн феноме, но ако после 20 години формална независнот на МКД и исто толку години минат труд/дела поточно недела на ткн „играчи“ БГ не ги научи двојните играчи тогаш маф ни работат.  ;D

24
http://www.focus-news.net/?id=n1667620

Интересна тема, идеа за поздравуване, собир на високо ниво, отлично, НО....не гледам некои от МКД там!  ::).
Прво треба да има хора от МКД, затова шо собиро е токму за них и второ ми се чини дека без погледо на хора од МКД феномените неможат да бидат убаво дефинирани.

25
Актуелни теми од медиумите / Одг: СДСМ
« на: Јуни 19, 2012, 11:19:16  »
Бучко повторно точно во целта:

http://kapital.com.mk/mk/makedonija/85392/buchkoski__crvenkovski_e_branata_shto_ne_dozvoluva_da_poteche_reka_narod!.aspx

Цитат
Еве, видете го последното истражување на рејтингот. На прашањето дали Македонија оди во погрешна насока 67% велат да, каква е економската состојба, над 70% велат, лоша е. Но, ако ги прашате дали нешто ќе се смени со промена на власта, фантастични 64% велат не!

Цитат
И цела година ни помина во контрапродуктивна смисла. Не сме рационални. Цела година се подготвуваме, наместо да бидеме рационални. Постојано како да ја подготвуваме партијата да биде на штрек како да ќе има вонредни избори, наместо објективно, по поразот да направиме план што треба да се направи, вели Бучковски во интервјуто за Капитал.

Кога сме при контрапродуктивноста, да го напоменеме последниот изилв на глупоста на СДСМ. Не им смета шо полвина Скопие е прекрстено по антички педерасти и нивни роднини, а им смета мост на Тодор Александров, па одозгора се дерат: „Бугари, Бугари“. Секако македонскито Б-комплекс после оваа нема да му даде подршка, а европскиот имиџ на СДСМ е срушен до наидолни граници!
Можеби во право се тие кои велат дека БЦ е во функциа на ДПМНЕ от 2004 на тука!
Како и да е, и покраи се убеден сум дека после последните глупости од СДСМ резултатите на идните локални избори ке бидат далеку от тоа шо го посакува БЦ.

26
Актуелни теми од медиумите / Одг: СДСМ
« на: Јуни 12, 2012, 10:21:26  »
Повторно Бучко и пак е во право! Секако може да се каже наидобриот мкд премиер, првата жртва на дпмне-сдсм!
http://focus-news.net/?id=f21471

27
кмето на скопската општина Карпош, стефчо јакимовски (белио човек) во поредната гавра со БГ етнос

http://sky.mk/stav/22581-%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%A1%D1%82%D0%B5%D0%B2%D1%87%D0%BE-%D0%88%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%97%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%BE.html

Цитат
. Едноставно човекот само знае да се смешка, мисли дека продава некоја „бејби фејс“(додуша малку исончан , што би рекол Берлускони) и со тоа ќе ги шармира граѓаните.Патем ако успее да ги прикрие и источните, бугарски корени кои му се главната влезница во „најмакедонската партија“, ќе биде на коњ(од оние златните!).


Оваа е безобразна навреда на БГ етнос затоа што директно имлицира дека припадниците на БГ етнос се „малку исончани“ односно цигани А гледам го Стефчо ич не е црн, можеби пак он ги крие истинските корени кои според белината мора да му се от првокласна боснаска србо-комунистичка џукела , нели оти они се бели бели като ракавиците на тито.
Ај ако на ДПМНЕ не им текнува да го обвинат стефчо за ширена национална нетрпеливост, говор на омраза,  потикуване на национална дискримација и милион други работи, дека се пак инститциите на државата Македонија оти тава сичко се нели кривични дела во МКД. Или пак това не важе за БГ етнос и држава, они се на свободен отстрел!
Ај ако на ДПМНЕ и от државните институции нема аир, ама дека БГ постолство/МВР да го извика стефчо или да му оде на госте па малку да го потсете на некои работи. Сепак негои по повтроно се гаври со БГ народ.

Чекам реакциа, или и това ке си премолчаме!

28
Макрадули минатиот пат имаше повече от отлична колумна, сега овои пат нешто пак обрка

Цитат
...Зошто со трчање отидоа да му аплаудираат на Симеон Радев, а во нивното место нема споменик на народниот херој што ги ослободи од окупаторите во Втората светска војна?...
http://www.plusinfo.mk/mislenje/516/Brat-dojavaa-konjite

Добро бе таа екипа СДСМ-овска толку ли пасат трева па незнаат дека успехот на следните избори им зависи од тоа дали Б-комплексот ке гласи  посредно за нив преку коалицијата „Пелистер“ . Не разбирам што се запнале да му лепат ткн „бугарофилство“ (затоа што во МКД нема бугарофили, како што нема германофили помежду Германците во Германија) кога токму оваа гарнитура на ДПМНЕ е асполутно спротивна по темата, како што не било ниту едно правителство од формалната независнот на МК.

ете уште еден „гениалец“ на тема БГ от СДСМ, не ми се верува колку се лесен плен за ДПМНЕ
http://sky.mk/stav/22581-%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%A1%D1%82%D0%B5%D0%B2%D1%87%D0%BE-%D0%88%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%97%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%BE.html

Цитат
. Едноставно човекот само знае да се смешка, мисли дека продава некоја „бејби фејс“(додуша малку исончан , што би рекол Берлускони) и со тоа ќе ги шармира граѓаните.Патем ако успее да ги прикрие и источните, бугарски корени кои му се главната влезница во „најмакедонската партија“, ќе биде на коњ(од оние златните!).

Па истина се големи идиоти!
Прво ДПМНЕ ке ги испровоцира, а овие оти незнаат што па ке удрат по демек ткн „бугарофилство“ во ДПМНЕ, а сите знаеме дека тавко животно нема во ДПМНЕ!
Второ оваа е директна навреда на БГ етнос затоа што директно имлицира дека припадниците на БГ етнос се „малку исончани односно цигани“. А гледам го Стефчо ич не е црн, можеби пак он ги крие истинските корени кои според белината мора да му се от првокласна боснаска србо-комунистичка џукела , нели оти они се бели бели като ракавиците на тито.
Трето ај ако на ДПМНЕ не им текнува да го обвинат стефчо за ширена национална нетрпеливост, говор на омраза,  потикуване на национална дискримација и милион други работи, дека се пак инститциите на државата Македонија оти тава сичко се нели кривични дела во МКД. Или пак това не важе за БГ етнос и држава, они се на свободен отстрел!
Четвро, ај ако на ДПМНЕ не им тенува ама дека БГ постолство/МВР да го извика стефчо или да му оде на госте па малку да го потсете на некои работи. Сепак негои по повтроно се гаври со БГ народ.

Чекам реакциа! Некаква!

Во междувреме на „талентите“ во СДСМ сакам да им порачам (оти знам дека еден период редовно го читеа форумот) дека и на следните избори ако продолжат така ке се релативно лесен плен за ДПМНЕ, или пак и они се избушени от кртови на ДПМНЕ

29
Групна онанија на величествениот подарок от београд...

Македонија доби музејска копија од Златната маска

Цитат
Музејска копија од Златната маска пронајдена во Требениште денеска во Скопје и врачи на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска нејзиниот српски колега Предраг Марковиќ. Златната маска од Требениште се чува во Народниот музеј во Белград.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/72266-Makedonija-dobi-muzejska-kopija-od-Zlatnata-maska

разбира се марсолите и плувачките се чуваат за Бугарскиот „окупатор“ кој ги има „ољачкано“ античките и библиски македонски вселенски и  вонвселенски  старини.

Напомена: користенето на србската дума београд и „ољачкано“ е намерна за да се долови автентичен миг!

30
Грујо ѕвони двапати...

Цитат
Уште немавме притиснато на send копчето, за да го испратиме писмото до премиерот Груевски, кога некој заѕвони двапати на врата од пратеничката група. Не е Џек Николсон, тазе поштарот Бонева е. Писмо од премиерот. Одговор на штотуку испратеното писмо од наша страна. Навистина брз Интернет имаме во МВР, мислам во РМ.
 
Да бидам искрен, пишувањето писма Ви е една од ретките работи кои се читливи, секако под услов Вие да сте го напишале. Во однос на 1996 кога бевте советник во општина Центар и гласавте за ДУП “Мал Ринг”, можам да кажам дека пишувањето, пардон, испраќањето на писма Ви е сериозен напредок. Во делот на дебатирањето останавте исти, молчаливи, без волја за полемика со аргументи и размена на ставови. За 6 години власт се изнапраќавте писма, од Баросо до Бан Ки Мун, од Папандреу до Караманлис. Од членовите на Вашата партија до членовите на Вашата партија. Дојде време и на нас. Ни пишувате за лицемерие, економски раст, политичка прагма, лажно визионерство. Уште од првата реченица Ви се чита опседнатоста од Бранко Црвенковски. Сметам за потребно да Ви одговорам, како што велите, за работите отворено да се кажат, а не да се ставаат под црвениот тепих пред владата. Иако Вие под отворено кажување подразбирате само фалење на Вашата политика, а мене ми должите одговор на 11 поставени пратенички прашања.
 
Дали не е лицемерие да ја напаѓате привремена референца, но кога одите како турист на берзата во Њујорк, не Ви смета да ја носите на реверот од сакото и со гордост да се сликате? Или веќе заборавивте дека референцата Ви стана најекспониран аргумент во последната година и клучен темел за одбраната пред судот на Правдата во Хаг?
 
Лицемерие е или менување на Вашите ставови кога нас не напаѓате дека претходната гарнитура не успеала да ги исполни условите за НАТО, а предложивте декларација за НАТО во Собранието, каде во образложението се наведени клучните настани од нашето приближување до НАТО, а тоа се: Одлуката на Собранието од 23.12.1993 за стапување на Република Македонија во НАТО, Партнерството за мир од 1995 и Одлуката од 2002 за приклучување на нашите војници во меѓународните операции на Алијансата? Сите од времето на СДСМ. Затоа, зошто мислите дека сè почнува од Вас? И тоа баш од ова ново ВМРО-ДПМНЕ?
 
Но тогаш Собранието Ви требаше како декор во лажната слика дека нешто правите. А, потоа? За да го деградирате Собранието, ги терате вашите пратеници да направат сè за да гледачите се одвратат од гледањето на Собрание, место каде единствено СДСМ и опозицијата предлагаат закони во интерес на граѓаните, а при тоа ги разоткриваат сите законски решенија со кои сакате да го легализирате криминалот. Лажат без грам совест, навредуваат со користење на шовинистичка, сексистичка и фашизоидна реторика. Целта Ви е прозирна, граѓаните после тоа да го сменат каналот. Сакам да Ви порачам дека тоа нема да не поколеба да предлагаме закони со кои: секое семејство, корисник на социјална помош, за покривање на потрошувачката корпа да добие 2.000 ден, надокнадата за сметката за струја да биде 1.000 денари. Посиромашните да плаќаат помалку, а богатите повеќе даноци. Наместо тажни врби и живи огради, да предлагаме вложувања во инфраструктура и енергетика.
 
Затоа, нашето барање да се обратите во Собранието не е ниту крајно непотребно, најмалку бесцелно. Знаете колку обраќања имаат премиерите од демократските држави во просек годишно во матичните парламенти? Зарем барањето премиерот да се обрати пред Собранието и граѓаните, да ја објасни позицијата на владата,  а не неговите емоции, е непотребно и бесцелно? Да Ве потсетам,  согласно Уставот, преку Собранието одговарате пред целата држава, а не само пред себе и Вашата фамилија (во финансиската смисла на зборот фамилија).
 
Според Вас,  претседателот Иванов и министерот Поповски не требало да одат во Чикаго. Ова не е политичка прагма туку чисто лицемерие. Па, секое врапче во Македонија, и оние вмровските и оние обичните, знаат дека без Ваш налог не смеат да мрднат од канцеларија, а не од државата. Само не споменавте ништо за министерот за одбрана, или неговиот патен налог го потпишува Ахмети?
 
А, во делот кога зборувате дека "мнозинството граѓани јасно и недвосмислено доделија мандат" да Ве потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ освои 429.857 гласови, а чисто опозициони гласови има 431.685, бројките доволно зборуваат.
 
Вашата изјава: “Направивме се што можевме” не е лицемерие, тоа е одлика на лошите ученици и студенти (прашајте си во Вашата пратеничка група за искуство, доколку сте го заборавиле Вашето). Тие секогаш кога ќе добијат единица или паднат на испит се жалат дека учеле, ама професорот ги мразел. Вие ги знаевте и прашањата и одговорот и пак паднавте, за жал со Вас и сите ние. Ако Вам поразите Ви се секојдневие, не им го пренесувајте тоа на сите, особено не на младите.
 
Зборувате за лобирање, беспрекорно со енормни напори, а годинава бевте во: Сингапур, Јапонија, Малезија, Индија, Катар, Кина неколку пати. Таму за ЕУ или НАТО лобиравте? Напорно ли е да се патува секој месец до Кина? Со кое визионерство дававте лажна надеж во интервјуата во изминатата година? Кој им делеше лажни тези на Иванов и Вељаноски, па зрачеа од оптимизам при секое нивно интервју? Или тоа спаѓа, согласно Вашите оценки, во категоријата неодговорност?  Со каква политичка прагма преговаравте со Папандреу? Зошто не се договоривте кога имавме целосна помош од Буш?
 
Зарем не е лицемерие Вие да зборувате дека градите мултиетничко и мултирелигиско општество? Вие го напишавте ова? Вие кои се тркате во градење на цркви и џамии? Мислите дека градењето верски објекти е решение за стабилно општество? Или со настаните од Кале се градат стабилни мултиетнички односи?
 
А, кога зборувате дека сакате Македонија да остане стабилна држава која ја гарантира безбедноста и сигурноста на своите граѓани, не знам дали да го третирам како лицемерие или неинформираност? Не читате господине премиер дека секој втор граѓанин се чуствува небезбеден? Не Ви кажуваат кога се враќате од прошетките низ светот, дека кај нас, во нашата Македонија, нема ден некој да не е ограбен, натепан, нападнат? За зачестениот број на убиства? Не дознавте уште дека Вашите "безбедњаци" си покажуваат мускули по скопските кафулиња? Го заборавивте Вашиот млад член Мартин?
 
Она што не сакате да го споменете за НАТО е фактот дека: НАТО значи НОВИ РАБОТНИ МЕСТА. Сите бројки во регионот зборуваат за повеќе странски директни инвестиции откако земјите станале членки на НАТО. Во 2011, во Хрватска за 6 месеци - 485 милиони евра, а за потсетување во годината кога станаа земја членка на НАТО, во 2008, имаа 4,2 милијарди евра СДИ. Бугарија-740 милиони евра, а Албанија во 2010 имала 1,1 милијарда евра СДИ . А каде сме ние? Зарем мислите дека инвестициите зависат од Вашите road show-a? Кој да инвестира во земја каде државата одзема приватни гасоводи, лаже странски инвеститори, должи на фирми, тужи странски компани? Кој да инвестира во држава без енергетска иднина, со железница од минатиот век и патишта со дупки како голф терен?
 
Затоа кога велите дека Македонија има сила за остварување на економски раст сте во право, но Ви фали дека Вие немате за тоа знаење. За кој раст зборувате кога за 6 години потрошивте 15 милијарди евра, а просечниот економски раст ви е едвај 3%. И оваа година е изгубена со само 1,5%. Зад Вас ќе останат споменици, жални врби, затворени фирми, мизерни граѓани. Затоа поразот во Чикаго не ми буди патетика ниту мачнина, туку бес, револт затоа што граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова.
 
Бидејќи робувате на анкети, читате дека граѓаните на Македонија во над 90% го гледаат спасот во ЕУ и НАТО интеграциите, а во овој момент 67% граѓани сметаат дека Македонија оди во погрешна насока?
 
Паралелно со поразителната вест од Чикаго, дојде и веста дека само за изградбата на стадионот на една фирма и должите 37 милиони евра. Уште не сте го платиле, а потрагично ниту наполниле. А, сакате да видите како изгледа полн стадион?
 
На крајот, ни пишувате дека ќе останете да се чуствувате како Македонец. Е, тоа е проблем премиере, што се чуствувате. Ние што СМЕ Македонци сакаме да одиме напред, нашата држава да се интегрира, и внатре со другите етнички заедници и со светските велесили, партнерски да седнеме на иста маса со Америка, Франција, Британија. На заедничката маса да им докажеме дека одамна заслуживме да сме таму.
 
P.S. Во писмото кое ни го испративте некој ни напишал многу работи, но не споменавте и за наградата “Гоце Делчев” на турскиот министер за надворешни работи. Да се снимаше сега Монти Пајтон ќе имаше епизода како стипендија Ли Харви Освалд се доделува на некој од наследниците во фамилијата Кенеди.
Јани Макрадули

http://www.plusinfo.mk/mislenje/526/Grujo-dzvoni-dvapati

 :-X

Страници: 1 [2] 3 4 ... 85