Бугарски Културен Клуб

Форум => Административни соопштенија => Тема започната од: ohrid1941 на Март 08, 2009, 11:16:42

Наслов: Пример за прекршување на правилата 6. и 12.
Поставена од: ohrid1941 на Март 08, 2009, 11:16:42
Заради систематското прекршување на членовите 6. и 12. од правилата на форумот од страна на kbc, неопходно е да ги известам сите дискутанти за тоа како не треба да се однесувате на овој форум. По моето предупредување за перманентна забрана за пристап, kbc се дрзна да ми ја напише следната приватна порака:

"Мисев дека сум ти ги отворил очите ама сум згрешил.
Нема потреба, компетенту, да ме банираш, јас сам ќе се банирам.
Земи си повеќе од овие твоите од ВМРО-БНД да ти серат за Аспарух и Омуртаг. Вака сте малце.
Само, смени го името на форумот во ВМРО-БНД - верзија од Вардарско, на СКОПСКАТА ЕЗИКОВНА ФОРМА! ..нели вие, чистите прото-бугари така не нарекувате?
Ај нека ви е на здравје, останете си сами со оние од Јантарско и Осменско...
Јас ќе си најдам друго место од каде да си ги изразувам ставовите.
Компетент, а кој ти кажа дека сум од Австралија?
Мал квиз...хехехехехе
Проѕирни сте и провидни ко целофан хартија, братко. Жално и жалостно!
Нека ти е вечна Танг Нар Ра"


Мојот одговор е даден во продолжение:

"Со таквиот начин на разговор самиот се исклучуваш од форумот. Освен тоа што систематски ги прекршуваш правилата 6. и 12. од форумот, ти воопшто не си дораснат за една културна и цивилизирана дискусија.

За БКК не е важна бројноста, како и тоа од каде доаѓаат дискутантите, туку квалитетот и нивото на дискусија, кое треба да биде поткрепено со факти и аргументи, во конструктивен и пријателски дух. Сите овие елементарни квалитети недостасуваат во твоите коментари, но очигледно е дека недостасуваат и во тебе како личност.

Пред да заминеш на друго место каде ќе си ги изразуваш ставовите, БКК ти ја подарува книгата од Иван Микулчиќ "Средновековни градови и тврдини во Македонија" (http://www.kroraina.com/knigi/im3/index.html). Ако толку многу си заинтересиран за населението на Балканот во средновековието, обрни внимание на поглавјето III.2, каде е опишано заселувањето на Кубер во Прилепското поле."



kbc, нема ти да излезеш сам, туку од овој момент ние те банираме. Можеш да побараш повторно да учествуваш во нашиот форум ако во меѓувреме го научиш правилниот начин на комуникација и се разбира откога ќе научиш нешто од книгата на проф. Микулчиќ. Администраторот го задржува правото дали ќе ти дозволи пак да се вклучиш.

Исто така, ги повикувам сите членови, стари и нови кои допрва ќе се регистрираат, слободно да пишуваат на било која тема, вклучително и за Аспарух и Кубер.