Бугарски Културен Клуб

Општа дискусија => Актуелни теми од медиумите => Тема започната од: Competent на Февруари 02, 2012, 06:57:53

Наслов: Лов на вещици!
Поставена од: Competent на Февруари 02, 2012, 06:57:53
ВМРО-ДПМНЕ: Грчев да се извини за срамната изјава
http://utrinski.com.mk/?ItemID=A947F9210C4AC342A7592DF5875BE152

Цитат
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Мирослав Грчев јавно да им се извини на сите граѓани за неговата изјава дадена за една бугарска телевизија, а СДСМ да се дистанцира од неговата изјава.

- Мирослав Грчев, актуелен член на повеќе органи и тела на СДСМ, член на највисокото партиско раководство на СДСМ, на емисија на бугарска телевизија, јавно и отворено ги навреди граѓаните и се потсмејуваше со македонската држава и култура. На овој начин Мирослав Грчев ги повреди чувствата на илјадници Македонци. Поминаа точно пет дена од емитувањето на оваа понижувачка и срамна изјава, а СДСМ се уште не се огради, ниту се извини за изјавата на својот висок партиски фунционер, рече портпаролот Александар Бичиклиски на прес-конференција.

Од ВМРО- ДПМНЕ, исто така, бараат СДСМ веднаш да го разреши Мирослав Грчев од функциите претседател на Советот на основачи на партијата, член на партискиот Совет за култура и член на Градската организација на СДСМ.

- Во спротивно ќе сметаме дека ставот на Мирослав Грчев е и нивни став, или во најмала мера дека не им смета ваквиот став на Грчев. Наша цел не е да се надмудруваме и препираме со СДСМ, наша цел е искрено да им укажеме на личности кои заслепени од својата лична нервоза, прават штета и за СДСМ, но за жал и за Република Македонија, истакна портпаролот Бичиклиски на прес-конференција.
 


Партията на другия интервюиран - "войводата" Любчо - беше доразбита скоро след предаването на bTV.

Тва се вика свобода на словото и мисълта!   ::)

Наслов: Одг: Лов на вещици!
Поставена од: Competent на Февруари 02, 2012, 10:59:05
Владеачката партија бара Грчев да се извини за изјавата дадена на бугарската телевизија
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vladeachkata-partija-bara-grchev-da-se-izvini-za-izjavata-dadena-na-bugarskata-te

Цитат
Владејачката партија бара Мирослав Грчев јавно да се извини за изјавата дадена за една бугарска телевизија. Воедно ВМРО-ДПМНЕ ја повика и СДСМ, да се дистанцира и да го разреши Грчев од сите партиски функции.

Само дилетант, само будала може да зборува за македонската култура, за македонската праисторија, во неолит и палеолит. Тоа во нормални земји би требало да биде како дел од пародии и комедии. Кај нас на тие луѓе им даваат микрофони и говорници сериозно да говорат и д аго срамат својот народ.

Бугарскиот документарен филм е со понижувачка содржина за Македонија.