Бугарски Културен Клуб

Форум => Како да дознаам дека има промени во форумот или дека некој ми одговорил? => Тема започната од: ohrid1941 на Март 03, 2009, 06:28:59

Наслов: Како да дознаам дека има промени во форумот или дека некој ми одговорил?
Поставена од: ohrid1941 на Март 03, 2009, 06:28:59
Целта на форумот е да се разменуваат информации, мислења и ставови по одредени прашања. Секој потребител сака да знае дали се направени промени во одредена тема и дали некој друг потребител му одговорил на неговата информација, мислење или став. Од тоа во голема мера ќе зависи динамичноста на форумот.

Известувањето може да се направи на два начини:

1. Избирате некоја тема (нова или стара) и притискате на “ИЗВЕСТИ”. Ако се случи некаква промена во оваа тема, ќе бидете известени на вашиот e-mail.

(http://www.bkks.org/images/pic1.JPG)

2. Избирате некоја тема (нова или стара). Ако сакате да одговорите на дадена порака, притискате на “ОДГОВОР”. Се отвора поле во кое треба да го внесете вашиот одговор. Под полето ќе забележите “Дополнителни опции”. Притискате на “Дополнителни опции”, а потоа избирате “Извести ме за одговор”. Ако некој одговори на вашата порака, ќе бидете известени на вашиот e-mail.

(http://www.bkks.org/images/pic2.jpg)

Можете да ги изберете само оние теми кои на вас ви се допаѓаат, но ви препорачувам да ги изберете сите теми. Контактирај те ме ако имате проблеми во врска со известувањето.