Бугарски Културен Клуб

Општа дискусија => Актуелни теми од медиумите => Тема започната од: disidente на Ноември 05, 2009, 08:28:22

Наслов: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Ноември 05, 2009, 08:28:22
СКАНДАЛОЗНО !

Почна уривањето на овошниот насад во Трубарево

Игор Манасиевски   А1 ТВ   

05.11.2009 17:00

Почна уривањето на овошниот насад во Трубарево. Општинскиот багер по неколку дневната пауза безмилосно ги газеше насадите со јаболка и круши.

За спас на овоштарникот кој е матичен насад за расадничкиот центар не помогна ниту апелите и укажувањата од експертите, дека се корне и уништува непроценливо богатство од сорти кои ги нема никаде во Македонија

Претставниците од месната заедница, со поддршка до општината, за изградбата на игралиштето, на кое долго време чекале, а градоначалникот на Гази Баба, праќањето на багерот го правда со куп законски документи и одлуки.

Како главен аргумент на општината е имотниот лист, во кој сега стои дека тие се корисници. Но на прашањето, зошто му е дадена концесија на Трубарево во 2001, кога три години претходно во 99. е одлучено да се гради игралиште од Министерството за земјоделство, појаснуваат дека пропуст тогаш направила општината, која не ја истуркала до крај работата, бидејќи во 2001. на имотниот лист стоело дека земјата е државна нива.

Во соопштение од Министерството за земјоделство уште еднаш го повторија својот став дека концесијата заради повреди на законот е одземена во јули годинава.

Еден куп документи, одлуки решенија од сите страни. Сите со свои аргументи кој законски е во право и додека сите се правдаат дека работеле законски во Трубарево, пред очите на јавност останува фактот дека се уништува еден од двата единствени расаднички центри за овошки во земјава.

После се, останува нејасно прашањето со кој закон ќе се оправда уништувањето на овоштарник за да се претвори во површина со трева.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115910

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115799  Рекоа а не оствария ! ШТЕТА !

За ова треба да се заинтересират не само судот надлежен за ова во Македония, ами и GREENPEACE !

Барав по сите медиумски сайтови ВИДЕО материял од оваа случка, но "демократските медиуми" во Македония не ми го овозможия тоа "задоволство". Сакав да ви покажам дека ова навистина е трагично и скандалозно !
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Ноември 08, 2009, 09:13:45
Уништен овоштарник со непроценлива вредност

Овој насад кој се уништува е всушност матичен насад за расадничкиот центар. Во овој овоштарник по препорака на науката, овошките се одгледуваат во природни услови, оставени да се затреват, без употреба на хербициди за да се согледа кои сорти се најотпорни на болести, за од нив да се врши натамошно размножување и производство на млади садници за развојот на домашното овоштарство.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115955

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕО материялот !

Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Март 28, 2010, 10:35:28
Наместо молитва, во капелата во Бутел ечела Лепа Брена

Цитат
Тагата на семејството Петрески се измеша со бес. Навредени се и понижени. Наместо достоен погреб, покојникот го испратиле со скандал.
“Татко ми вчера беше испратен како нешто најдолно, најниско. Куче да ми умреше немаше сигурно да му пуштам турбо фолк музика и да му пее над глава и да го закопам така. “-револтирано раскажува Ѓоко Петрески, син на покојниот

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=58857
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Anton на Март 28, 2010, 10:54:55
Во  Македонија  скандалозното  е  вообичаено  и  нормално  а   вообичаеното   скандалозно.За  жал  тоа  е  реалноста и  вистината.
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Stanko на Март 28, 2010, 02:47:36
Не им стига шо секуj ден пу цел ден на радиото и телевизиjте слушаме српска музика сега и на умренте не ги остават на мира. Баш да видум шо ќе направат сега.
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Март 30, 2010, 11:44:01
Дали во Македонија има слобода на говор?

http://www.a1.com.mk/video-player.asp?VideoID=1512
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 01, 2010, 11:13:19
ФОРУМ: Верувале или не! - Одбраната нема интернет

Цитат
Верувале или не, во екот на ерата на информатичкото општество македонското Министерство за одбрана, нема интернет, открива магазинот Форум во својот најнов број.

Според информациите на Форум, вкупно 34 подрачни единици на Министерството за одбрана во земјава, под кои се опфатени буквално сите граѓани на државата, работат без интернет и во крајно несоодветни услови.

http://www.makfax.com.mk/103399
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 12, 2010, 05:37:16
Битoлска млекара продава српско млеко

Цитат
Битoлска млекара се претвора во најголем увозник на млеко и млечни производи од соседна Србија, обвинуваат сточарите. Овие нивни тврдења веќе може и да се видат по маркетите.

Прво на македонскиот пазар Битолска млекара во својата опаковка како битолско увезе српско млеко, полнето во Имлек Белград.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121970
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 14, 2010, 01:35:37
ВО МАКЕДОНИЯ СЕ КРАДАТ ДЕЦА !?

Исчезна петгодишно Ромче од Куманово

Петгодишната Мирсада Шелдович исчезнала завчера околу 15 часот од улица во непосредна близина на нейзината кукя во кумановската ромска населба Бавчи.

Кога забележале дека девойчето го нема во делот од населбата каде що секойдневно си играло, родителите и соседите почнале да го бараат. Исчезнуваньето на девойчето е приявено во полицията, коя завчера го пребарувала теренот, а вчера полициските екипи, како що велат од семейството, не се появиле.

Семейството бара помош од надлежните поактивно да се вклучат во бараньето на девойчето. Од кумановската полиция велат дека се во тек интензивни мерки за пронаогянье на исчезнатото дете.

За нецел месец ова е второ исчезнато дете од Куманово. Дани Мемеди (4) пред нецел месец исчезна од кумановската населба Средорек и се' уще нема никаква трага од него. (С.А.Й.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=743E177339195E4F821B8670E560EAF3
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 15, 2010, 12:35:53
Проработува ли линијата Трст виа Скопје?

Цитат
Изборот на децата што ги снемува воопшто не е случаен, како што не се случајни ниту локациите од кои им се губи секаква трага

Во кумановски Средорек сé уште не стивнуваат ниту потрагата ниту размислувањата за несреќата што го снајде семејството на Драган Мемеди по исчезнувањето на неговото петгодишно дете Дани, за кое првично се сметаше дека се удавило во реката, а веќе има и втор случај, локациски оддалечен само на стотина метри од старата населба, во населбата Бавчи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4151010074&id=9&setIzdanie=21959
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 18, 2010, 11:35:18
Скандал: Се степаа Савевски и Начевски

Селекторот на машката ракометна репрезентација Љубомир Савевски и генералниот секретар на РФМ, Маријан Начевски физички се пресметаа по натпреварот во Тунис.

Контролниот дуел во Сус имал и трето полувреме. Канал 5 дознава дека по крајот на мечот од засега непознати причини дошло до физичка пресметка меѓу селекторот Љубомир Савевски и в.д. генералниот секретар на нашата федерација Маријан Начевски.

Поголем скандал бил спречен со брзата реакција на нашите репрезентативци кои ја прекинале тепачката.

Инаку ова е втор срамен физички судир за време на некоја репрезентативна акција меѓу Љубомир Савевски и Маријан Начевски сличен инцидент е забележан и на светскиот младински шампионат во Трабзон во 1997 година.

Македонија вчера загуби од Тунис, 26 – 20.


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=-1&egId=7&eventId=59544
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 19, 2010, 08:03:43
Судијката Филимена, супругата на министерот Маневски, немала факултетска диплома!?

Скопје, 19. април (ИНПРЕС)

На денешната расправа по интерпелацијата за министерот за правосудство Михајло Манески, СДСМ открива нова афера во врска со неговата сопруга Филимена.

 (http://www.picvalley.net/u/2882/144480081014056807591271700109ZtlTNN40havb0H69BRZw.JPG) (http://www.picvalley.net/v.php?p=u/2882/144480081014056807591271700109ZtlTNN40havb0H69BRZw.JPG)

Доскоро СДСМ тврдеше дека Маневски не си ја праќал сопругата во пензија, иако ги осполнувала условите, а од денес дека фалсификувала универзитетска диплома.

Пратеникот и професор на Правниот факултет Владо Бучкоски, отворено се посомнева во дипломата на Филимена Маневска.

Проверив на двата правни факултети во Македонија, нема досие дека таа се запишала да студира. Од друга страна во 1996 година е избрана за судија на Окружниот суд во Скопје, рече Бучковски.

Покрај тоа што го нарекуваа „министер за неправда“ денеска од СДСМ за Маневски се слушаше дека е „гробар на судството“, „политички камелеон“ и слично.

ВМРО-ДПМНЕ го бранеше министерот и како што рече гевгелискиот пратеник Васко Шутаревски, со името на Маневски биле сврзани „сите падови и успеси на македонското судство“. (Крај)

http://inpress.com.mk/?ItemID=3519E32445A068489F775056969CA0C5

Бучковски: Маневски е политички камелеон

http://www.forum.com.mk/21499
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 27, 2010, 11:53:37
Економскиoт промотор на Македонија во САД работел за себе

Цитат
Промоторот за Америка, Филип Петков, основал сопствена компанија истовремено кога бил испратен во САД како економски промотор на Република Македонија, имено тој од 2009 г. е сопственик на Друштво за програмирање и консултантски услуги „ИТГМА“ Скопје, пренесе А1 телевизија

http://www.forum.com.mk/21898
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: deko на Април 27, 2010, 12:50:38
  Ништо чудно за овой државен службеник, ги видел своите шефови како го прават истото.Па си рекол додека има можност и той да зароботи некой долар.Има ли некой од државниот врв па дури и нивните шофери а да не я злоупотребува своята државна функция за лично богатенъе.Кога ги гледам шоферите на министрите како  станаа  ,,газди,, на поатрактивните дискотеки и кафани во скопие, кога ги гледам како найголемите агенции за обезбедуванъе се сопственост на полуписмени луге кои по некоя луда случайност или роднински врски станале шофери на,, незаменливите,, македонски министри, тогаш сигурно на секого му е ясно колку пари секой ден во джебот слагаат лугето от актуелната власт.Лично сум убеден дека овие т.н. политичари кои моментално управуваат со Македония наймногу се оптоварени со мислата како што повеке да заработат за себе како повеке да добият некоя лична матерялна корист, а за крайно лошата економска и политичка состойба во коя се наога нивниот народ и држава воопщо не ги засега, за нив тоа не спага ни под точка разно.
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Мај 03, 2010, 11:06:11
АМБАСАДИ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ПРИВАТНИТЕ ЏЕБОВИ

 (http://www.picvalley.net/u/2103/126103501611392755312728774758MoLkwMsX2F88DIW3BQE.JPG) (http://www.picvalley.net/v.php?p=u/2103/126103501611392755312728774758MoLkwMsX2F88DIW3BQE.JPG)
Дилот со амбасадата во Словенија е „жанровски“ - парите се плаќаат бргу, како во акционен филм, но лентата се сече по еден вистински „слоу моушн“

Цитат
Случаите во македонското МНР наречени „амбасадорска ОКТА,“ започна да се разоткриваат кога во јавноста излегоа некои детали за нашето „неимарство“ во Љубљана, при тамошното градење на амбасадата. Стартот е означен со познатото персонално „двојство“ на држаниот секретар Игор Илиевски. Така, овој „бизнис-амбасадор“ ем им давал инструкција на сите амбасадори да бараат локации, ем, за да нема дилеми, одлучувал што, како и каде ќе се купува. Се јавува и во улогата на претседател на Комисијата за избор и купување објект за амбасадата во Република Словенија. Правило на Илиевски било да си ги крши сопствените инструкции, па наместо готови згради, се купувале објекти во кои ќе се ставаат скелиња и се одложувало вселувањето поради прекршување на роковите (и цените).

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=F9A042353739E84B9BA1FCEE7C226297
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јуни 19, 2010, 11:49:10
Микрофон само за подобните

 (http://www.picvalley.net/u/2668/18693315326329819721276940834wqFqCIUXYWlsjtDG7wXr.JPG) (http://www.picvalley.net/v.php?p=u/2668/18693315326329819721276940834wqFqCIUXYWlsjtDG7wXr.JPG)

Цитат
„Скандал“ беше кусиот коментар на речиси сите присутни новинари од медиумите што не добија можност да постават прашање на прес-конференцијата по вчерашната средба на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар на НАТО, Андерс фон Расмусен, зашто модераторот Александар Георгиев однапред знаеше на кои медиуми треба да им го додели микрофонот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0383F7BB6B56CA4D926500FB329F3238[/color
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 02, 2010, 12:00:57
Инцидент во македонскиот Парламент?!

Цитат
Веднаш по не изгласувањето на Законот за стечајните работници речиси цела пратеничка група на СДСМ и на пратениците на НСДП се упатиле лично на стечајците кои речиси цел ден беа надвор пред собраниската сала да им го соопштат исходот. Според информациите од опозицијата кога излегле надвор стечајците почнале да негодуваат за не изгласувањето.

Во меѓувреме забележале непознато лице кое не било дел ниту од стечајците ни од новинарските екипи. Ги снимал стечајците и пратениците со камера под рака. Според опозицијата тие негодувале и барале лицето да се идентификува и каже за кого снима. За инцидентот има две верзии, на опозицијата и на власта.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=-1&egId=13&eventId=62306
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 03, 2010, 02:49:50
Тежок инцидент во Собранието

 (http://www.picvalley.net/u/1795/53042719314987813691278161294oXqUujq6HmMgS7TxNesn.JPG) (http://www.picvalley.net/v.php?p=u/1795/53042719314987813691278161294oXqUujq6HmMgS7TxNesn.JPG)

Цитат
Во тензична атмосфера, вчера во Собранието ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжија да се обвинуваат чија е вината за инцидентот што завчеравечер се случил меѓу опозициските пратеници и обезбедувањето при што освен вербални закани имало и навреди и туркања, откако не помина законот за стечајците.

СДСМ обвини дека непознато лице, кое одбило да се идентификува ги снимало со камера и оти оружени полицајци во цивилка ги спречиле да се движат во законодавниот дом. Според СДСМ, инцидентот е пуч на извршната врз законодавната власт.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F96FA0D28287842B994E800963BC03B
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 03, 2010, 02:52:46
Инцидентот, причина што опозицијата ја напушти седницата на Собранието

Цитат
Силување на демократијата, пуч на извршната врз законодавната власт, тежок инцидент, полициски службеник попречен во вршењето на службената должност, власта и опозицијата со различни аршини за ноќешниот инцидент пред и во Собранието, по неизгласувањето на законот за стечајците.

СДСМ и НСДП револтирани зошто неидентификувано лице со камера го регистрирал нивниот разговор со стечајците. Откако лицето рекло дека приватно снима, тројца од обезбедувањето му овозможиле без легитимирање да влезе во Собранието по што дошло до вербален и физички инцидент.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124876
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 04, 2010, 11:01:54
Различни верзии за инцидентот во Собрание

Цитат
Опозициската СДСМ ја повика министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловка да одговори пред домашната и меѓународната јавност што бараат и денес низ собраниските ходници, а посебно пред салата каде се одржуваат пленарни седници, вооружени лица во цивилка
Реакцијата доаѓа по синоќешниот инцидент во Собранието, меѓу пратеници на опозициската СДСМ и членови на обезбедувањето на Собранието, вработени во Министерството за внатрешни работи, што се случи веднаш по завршувањето на собраниската седница на која пратениците го одбија законот за обештетување на стечајците.

http://www.forum.com.mk/25562
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Јули 04, 2010, 11:32:57
Скандалозна е денешната програма на Канала 5, во вечерниот термин за неделен игран филм беше даден србскиот филм „марш на дрина“...

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=42&egId=3&articleId=446

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=107&br=1&date=04.07.2010&articleId=446&emisijaId=464

 >:(
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Јули 04, 2010, 11:34:59
како што е и скандалозен следниот коментар под статијата на утрински за инцидентот во собранието на РМ

Од: nezavisen
Датум: 03.07.2010 09:21:51
Kako ne vi vleguva vo tikvata. Snimatelot (stranski spion), najverovatno bugarski se upikal vo Sobranieto i snimal. Vednas stom e zabelezan od Alfite e priveden. Sto ocekuva SDSM, zarem javno da se obelodeni ovoj spionski skandal. Zatoa ostavete MVR da si ja sraboti svojot del od rabotata, komunjari edni.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5079B6D1C967AA4786085E267E7B051F
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Илинден на Јули 05, 2010, 07:27:53
Канал5 е бледа слика на Сител. И двете телевизии се во сопственост на србојугословени кои своите телевизии ги користат за ширење на српска пропаганда. Доволно е само да се погледне дневната ТВ шема на двете телевизии која изобилува со српски серии, српски филмови и српска музика.
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Јули 09, 2010, 11:39:29
ЕУ-интеграцијата заедничката цел на Македонија и Србија

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=24860

насловот е скандалозен затоа што не може, држава која е вече 10 години има потпишано договор за асоцијација со ЕУ (Македонија), да се става на исто ниво со србија...
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 10, 2010, 11:00:48
Со Србија реципроцитет за верските слободи

 (http://www.picvalley.net/u/2525/325858542483481181278752062drUXc4SGkILdGejvMdKN.JPG) (http://www.picvalley.net/v.php?p=u/2525/325858542483481181278752062drUXc4SGkILdGejvMdKN.JPG)

Цитат
Почитувањето на принципот на реципроцитет кога се во прашање граѓаните на Македонија во Србија и граѓаните на Србија во Македонија е исклучително значајно и прашањето на изразување на верските слободи, но и сите граѓански права и слободи, се значаен сегмент во развојот на нашите односи, истакна Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, претседателка на српскиот парламент. Ова било констатирано на вчерашната средба во Скопје со својот домаќин Трајко Вељановски.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5E4A56360582454D9FF224FCADF77995

Е ОВА ТИ СЕ ВИКА КЛАСИЧНО ПУШТАНЬЕ НА ВОДАТА ПОД РОГОЗИНАТА !
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 16, 2010, 10:15:27
"ВМРОВЦИ" И ЦЕЦА !!!

[15.07.2010] Српски турбо фолк - Цеца на Пивофест. Градот Прилеп не открива колку пари троши за кич

http://www.a1.com.mk/video-player.asp?VideoID=1802
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Илинден на Јули 20, 2010, 04:48:32
Це­ца поголема Македонка од Северина

Пренесено од "ВЕСТ" (http://anonym.to/?http://vest.com.mk/?ItemID=77210736E67D464480447ADD2B6B335B)

Фун­кци­о­не­ри­те на ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираа концертот на српската тур­бо-ѕвезда Цеца Ражњатовиќ, иако еден од организаторите и финансиери е Марјан Ристоски, градоначалникот на Прилеп и нивни кадар.
"Ни­ту еден од пратениците и другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ не беше на концертот на Цеца во Прилеп, оти вечерта имаше седница на Цен­трал­ни­от комитет. И да немаше седница, никој од функционерите немаше да биде на концертот", изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ. За тоа колку пари чи­нел концертот и зошто баш Цеца во Прилеп, упатија да се јавиме кај гра­до­на­чал­ни­кот на Прилеп Марјан Ристоски...повеќе (http://anonym.to/?http://vest.com.mk/?ItemID=77210736E67D464480447ADD2B6B335B)

___________________________

Концертот на српската пејачка Цеца (сопруга на терористот Аркан кој Македонија ја нарекуваше "Јужна Србија") беше организиран од општината Прилеп каде градоначалник е човек од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и мнозинството во советот го имаат ДПМНЕ. Овој концерт е директно организиран и финансиран од страна на ДПМНЕ, а тие истите сега изјавуваат дека го "бојкотирале" концертот?!
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 23, 2010, 09:45:29
Инцидент при посетата на министерот Маневски на затворот Шутка

Цитат
Додека министерот за правда Михајло Маневски во четврток го презентираше реновираниот притворски дел во затворот Скопје во Шутка, еден од затворениците ги повика новинарите да ги видат условите во неговата келија

http://www.forum.com.mk/26487
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Јули 23, 2010, 11:36:52
идиотизам до безкраи >:(

и доказ за целосниот колапс на македонскиот здравен систем посебно на клиничката психијарија

ИНТЕРВЈУ, Д-Р МИЛАН БОШКОСКИ, ИСТОРИЧАР


Цар Самоил во 973 година подарил завеса со ликот на Александар Македонски!?


Со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!


Како одговарате на тврдењата дека Самоил не бил македонски цар?
Милан: Секогаш некој ќе се најде од различни мотиви да негира нешто. Слично како и денес со правото на користењето на името Македонија и референцата ФИРОМ, под која сме заведени во ОН. И тогаш политиката ги мешала своите прсти. Точно е дека цар Самоил на надгробната плоча од 993 година, во сеќавање на неговите родители и брат му Давид, се нарекува само "роб божји", никако поинаку. Друго е прашањето како и зошто современите византиски и латински извори го нарекуваат Самоила и неговите поданици. Но ако се има предвид дека освен во Византија, традицијата на Царство постоела единствено во Бугарија до 971 година, сосема е нормално Самоил да претендира на узурпација на царската титула на пропаднатото Царство, бидејќи тоа било признаено од Византија, а современите извори да го нарекуваат по името на државата. Од етничка гледна точка која била неважна во Средниот век, во науката се смета дека бил од ерменско потекло или припаѓал на благородничкиот род на македонската склавинија Берзитија. Во модерната историографија, со исклучок на Бугарската, прифатено е дека Самоил формирал нова држава и црква - Преспанско-Охридската Архиепископија-Патријаршија, чиј центар се наоѓал во Македонија, во Преспа и Охрид, а државата почнувајќи Г. Острогорски, се нарекува македонска, Самоил македонски цар и т.н. Еден современик, потенцирал дека Самоил владеел со областите на Македонците (Лав Ѓакон), друг (Житието на св. Трифун) дека "некој Самоил долго време бил во бунт против римскиот цар Василиј... и во таа тиранска побуна ги ограбувал и опустошувал областите на Бугарија, Македонија и некои градови на Далмација", а трет документ од 18 век Самоила го нарекува "словенски цар". Но независно од тоа, за нас Македонците битен е фактот дека на државно-правната традиција на Македонското (Самоиловото) средновековно царство, се повикувале востаниците на Петар Делјан и Ѓорѓи Војтех. Што е уште поважно, во преродбенско-илинденскиот и постилинденскиот период, македонските интелектуалци во заложбите за создавање на македонска држава, цар Самоил го доживувале како македонски цар. Поедноставно кажано, историјата треба да се толкува, а не да и робува на фактите.
Во новата книга "Скопје и скопската област во Средниот век (од ВИ ЏИВ век)" во издание на Македонска реч, пишувате дека крал Марко никогаш и никаде не се нарекува српски крал или крал на Србите, како што вообичаено во еден период од своето владеење се нарекувал неговиот татко Волкашин, како и двајцата на црковен план ја имале поддршката за кралство од

Охридската архиепископија. Можете ли да потенцирате повеќе факти околу овие прашања?
Милан: Токму така. Имено, кралот Димитрија Волкашин (1365-1371), основачот на македонската владетелска династија Волкашин со центар во Прилеп, од македонското благородништво со политички притисок се издигнува за крал и совладетел на српскиот цар Урош Петти (1355-1371). Во почетокот на совладетелството (1365/66) тактизира, издава повелби и монети од кои се гледа дека го почитува совладетелскиот статус. Набрзо го игнорира српскиот цар, работи на зацврстувањето на својата власт и се конфронтира со него. Есента 1369 година по победата над силите на српскиот цар на Косово Поле, кралот Волкашин го заробува царот. Независното владеење го започнува со потврдување на меѓународни договори (трговски привилегии на дубровчаните). На манастирот Св. Димитрија во с. Сушица му подарува преубав бронзен лустер (полиелеј) на кој е истакнат новиот статус: "Во Христа Бога благоверен крал Волкашин", а својот син Марко го прогласува за совладетел - млад крал. По смртта на Волкашин престолот го наследува кралот Марко, кој набрзо за свој совладетел го прогласува брата си Андрејаш. Како наследник на династијата Волкашин, со престолнина во Прилеп, како и татко му, црковната поддршка ја имал во лицето на Охридската архиепископија. Кралот Марко на фреските на кои е претставен и на монетите се потпишува едноставно: "Во Христа Бога благоверен крал Марко" или "Во Христа Бога верен крал Марко" со што се дистанцира од српската држава. Неговиот совладетел Андрејаш во повелбата испишана во олтарот на црквата "Св. Андреја" на реката Треска се потпишал како млад крал ("кралевиќ Андреаш"), а слично се потпишувал и на монетите. Целосниот раскин на кралот Марко со Пеќката патријаршија и Немањиќката династија, за разлика од постепеното осамостојување на неговиот татко, најилустративно е потенцирано од неговото и на неговите архиереи отсуство на црковно-државниот собор во Пеќ 1375 година, при изборот на новиот српски патријарх.

Тврдите дека на минијатурите кои ги пронајдовте во ракописот на историчарот Јован Скилица (11 или 12 век) е насликан единствениот автентичен лик на цар Самоил. Можете ли да ни објасните повеќе околу тоа?
Милан: Сосема случајно при подготвувањето на монографијата Великаните на македонскиот среден век, во т.н. Мадридскиот ракопис на илустрираната историја на Јован Скилица, на минијатурата под наслов "Самоил ја венчава ќерка си за заробениот Ашот" го открив ликот на цар Самоил. На минијатурата е претставен чинот на венчавањето во црквата "Св. Ахил" во Преспа, настан кој се случил во 998 година. Претставен е архиепископот-патријархот Филип како ги венчава младенците - Мирослава и Ашот и царското семејство. Во групата мажи кои присуствуваат на чинот претставен е царот Самоил во цел раст, а од натписот над неговата глава дознаваме дека тоа е Самоил. Него го гледаме како висок човек, со руса коса на главата и уредна брада, а од лицето му се чита израз на одлучност и бескомпромисност. Согласно византискиот став на непризнавање на неговата царска титула, Самоил не е претставен со царска круна, туку со свечена црвена благородничка капа. Со царска круна Самоил е претставен на минијатурата од Скопје, во која покрај византиската учествувала унгарска војска предводена од кралот Стефан. Историската позадина на оваа минијатура е раскинувањето на бракот на Г. Радомир со унгарската принцеза, поради унгарско-византиското приближување, на што македонскиот владетелски двор реагирал со нејзино протерување, иако таа била бремена. Ловенскиот превод на Манасиевиот летопис од 14 век, кога за ослабената Византија ова прашање не било веќе актуелно. Би сакал да нагласам дека открив уште еден лик на Самоил и неговиот син Гаврил Радомир. Имено, се работи за унгарска минијатура од 14 век. На неа е претставен историски настан од 1002/3 година, битката на Вардар кај Скопје, во која покрај византиската учествувала унгарска војска предводена од кралот Стефан.

Во стари документи е запишано: "За време на словенската опсада на Солун 586 г., 'оние што го опсадуваа беа по број рамни на песокот' во однос на 'собраните Македонци ... и Тесалијци и Ахајци'", како што пишува авторот на Чудата на св. Димитриј Солунски. Како ја објаснувате оваа реченица од 586 година?
Милан: Овој податок како и многу други најилустративно потврдува дека Македонците опстојале во периодот на Римското владеење. Македонија како римска провинција постоела долго време, со менување на нејзините граници. Иако ја изгубила државноста, како што мудро забележала Ф. Папазоглу, Македонците го задржале својот јазик, вовеле своја македонска ера на броење на годините за да ја сочуваат својата посебност. Наспроти верувањата во 19 и половината на 20 век дека Македонците со вклопувањето во Римската империја се романизирале, ваквите тези во современата наука се аргументирано отфрлени. Меѓудругото, и овој како и многу други податоци од средновековни извори, потврдуваат дека Македонците успешно ја пребродиле словенската колонизација и позитивно влијаеле на создавањето на македонската етничка свест.
Пред научната јавност се имате претставено и со труд за Свети Климент. Можете ли да споменете некој ретко објавуван или релативно непознат куриозитет од неговиот живот и дело?
Милан: Мојот научен придонес за Свети Климент покрај веќе познатите детали за него, од византиски автор (Јован Скилица) го потврдив неговото присуство во имињата на македонското царско семејство. Имено, шестиот син, од 12. деца на македонскиот цар Јован Владислав се викал Климент. Ова потврдува дека култот на Свети Климент бил особено почитуван на македонскиот владетелски двор и е важен аргумент за канонизацијата на Свети Климент во почетокот на 11. век. Не само тоа, меѓудругото овој податок може да ги разјасни мотивите и времето на преместувањето на црковната столица од Преспа во Охрид и неговото издигнување како патрон на Патријаршијата.

Пред неколку години имате изјавено: "Констатацијата дека сме македонски Словени би подразбирало дека ние денес како Македонци со словенски јазик имаме полно право на историско наследство на античка Македонија и на историјата на македонскиот народ и дека во тоа треба да се гледа континуитет и симбиоза во етногенезата на античките Македонци и Словените. Постепено, во Средниот век се наметнува името Македонија за земјата и Македонци за населението." Како го дообјаснувате овој став?Милан: Како и кај сите народи така и кај Македонците низ вековите имало различни влијанија од народите и културите кои дошле во допир со Македонците. Но да се разбереме, Александар Трети Македонски со Империјата која ја создал позитивно влијаел на ширење на брендот Македонија - Македонец. Редица римски императори го имитирале ликот и делото кое го создал тој - Обединета и универзална Империја. Во периодот на раното христијанство, кога се размислувало која личност да се почитува, како создател на единствена екумена, меѓу личностите кои доаѓале предвид да бидат почитувани, имало предлог тоа да биде Александар Македонски. Да се разбереме, Словените кои дојдоа од зад "Карпатите", не го донесоа името Македонија или Македонците. Тие нив или него го затекнаа. Културно-историското наследство на Македонците благодарение на Александар Трети остави траен и неизбришлив печат во светската цивилизација. Во науката е потврдено, дека Македонците имале дијаметрално различен етнички и културен и јазичен белег од Хелените, или ако сакате Грците. Доблеста на Александар во создавањето на светската Империја е што тој хеленскиот јазик и култура ги прифатил и ставил на преден план. Бидејќи веќе рековме дека античкото наследство на Македонците по следот на околностите ни припаѓа нам, пред се, поради брендот Македонија и Македонци, а потоа и на светската цивилизациска баштина, како универзална придобивка. Со етничките промени кои се случиле во 6. и 7. век, со доаѓањето на Словените сосема природно староседелците (Македонците) како популација со повисоко ниво на култура (пред се, христијанството) позитивно влијаела на дојденците-варвари. Треба да се има предвид дека словенската колонизација била поизразена во Солунското Поле, поради привлечноста на богатиот Солун. Словенизацијата на другите делови на Македонија се одвива во различно време и со различно темпо. Како што има бројни случаи во светот така и кај нас дошло до постепена симбиоза помеѓу Македонците (староседелците - помалубројни) и дојденците - Словените (-помногубројни). Постепено низ Средниот век името Македонија за земјата и Македонци за етносот преовладало. Истиот процес се случувал и со јазикот. Јазикот врз словенска основа и име постепено се модифицирал во македонски јазик врз словенска основа, каков што се изучува и е познат денес во светот. Друго е прашањето за свеста, дали сме антички или словенски Македонци. Тоа е прашање на култура или индивидуална свест, во кое никој нема право да се меша или сугерира. Во таа смисла еден пример: Самоил во 973 година со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орла (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5D8AA283608AD249B8F2117C9ED68D6C

Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Илинден на Јули 24, 2010, 05:23:33
идиотизам до безкраи >:(

и доказ за целосниот колапс на македонскиот здравен систем посебно на клиничката психијарија

ИНТЕРВЈУ, Д-Р МИЛАН БОШКОСКИ, ИСТОРИЧАР
Цар Самоил во 973 година подарил завеса со ликот на Александар Македонски!?

....Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орла (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!
(http://www.picvalley.net/u/2395/4862166713715237301279941154uSOi7vIhluUxuuOkuZ4W.GIF)

Не знам дали е свесен овој „историчар“ дека неговата диплома има помала цена и од еден лист тоалетна хартија!

Немам доказ, ама тврдам!
Цитат
ИНТЕРВЈУ, Д-Р МИЛАН БОШКОСКИ, ИСТОРИЧАР
Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!
Во негов стил:
Пред неколку години од Бардовци избегал еден неизлечив пациент со иницијали М.Б.
Не знаеме дали тоа бил „историчарот“ Милан Бошкоски, но би можеле да претпоставиме!

(http://www.picvalley.net/u/2395/4862166713715237301279941154uSOi7vIhluUxuuOkuZ4W.GIF)
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Јули 24, 2010, 11:43:18

Немам доказ, ама тврдам!
Цитат
ИНТЕРВЈУ, Д-Р МИЛАН БОШКОСКИ, ИСТОРИЧАР
Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!
Во негов стил:
Пред неколку години од Бардовци избегал еден неизлечив пациент со иницијали М.Б.
Не знаеме дали тоа бил „историчарот“ Милан Бошкоски, но би можеле да претпоставиме!

(http://www.picvalley.net/u/2395/4862166713715237301279941154uSOi7vIhluUxuuOkuZ4W.GIF)

 ;D
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Јули 24, 2010, 12:11:27
То цецо...

Ма­ла ноќ­на при­каз­на за Це­ца од Жи­то­ра­ѓе

Драг ди­рек­то­ре на При­леп­ска пи­ва­ра, драг при­леп­ски гра­до­на­чал­ни­ку и нај­дра­га власт, ко­га ја гле­да­те Це­ца, ви до­а­ѓа да пла­че­те од ра­дост. А еве и зош­то...Пишува Биљана Секуловска

Ди­рек­тно од Ки­пар, на Пи­во фест во При­леп дој­де нај­не­бес­на­та фолк-ѕвез­да, а има и зош­то - на Це­ца од Жи­то­ра­ѓе са­мо во Ма­ке­до­ни­ја $ до­а­ѓа да пла­че, ве­ро­јат­но, за­тоа што са­мо ту­ка ја при­ма­ат: "Ко­га се по­ја­вив на сце­на­та, ме трог­на глет­ка­та. Сол­зи ми се по­ја­ви­ја во очи­те, ми се на­е­жи ко­жа­та". Неј­зи­ни­те сол­зи си­гур­но се по­го­ле­ми од мо­и­те, но што пра­ви­ме со при­каз­на­та за неа ко­ја ме трог­на и ме раз­не­се? Ва­ка му се по­ве­ри­ла на но­ви­на­рот на бри­тан­ски "Об­сер­вер", ко­га му го опи­шу­ва­ла де­нот ко­га по­ли­ци­ја­та ја при­ве­ла во зат­вор ка­де што од­ле­жа че­ти­ри ме­се­ци, то­гаш ко­га наш­ла во неј­зи­на­та ку­ќа 11 пиш­то­ли на Ар­кан: "Два беа мои. Пу­ка­ње во ме­та ми е хо­би. Тат­ко ми ме на­у­чи да пу­кам на 15 го­ди­ни. Јас сум од­ли­чен стре­лец". Но уба­ви­на­та и го­ле­ми­на­та на оваа вдо­ви­ца на сес­тра­ни­от Ар­кан, на во­е­ни­от злос­тор­ник, па­ра­во­е­ни­от ли­дер, ганг­сте­рот, ог­ра­бу­ва­чот на бан­ки и што уш­те не, е во на­чи­нот на кој таа на­вис­ти­на се чувс­тву­ва. Ис­клу­чи­во ка­ко веш­та до­ма­ќин­ка и не­ве­ро­јат­на гот­вач­ка, но вни­ма­вај­те, са­мо то­гаш ко­га не е ѕвез­да. Са­мо за но­ви­на­ри­те од Бри­та­ни­ја нап­ра­ви­ла чу­дес­на тор­та од ба­на­на "как­ва што са­мо се пра­ви за дет­ски ро­ден­ден", пи­шу­ва "Об­сер­вер".
Но да не се оду­ше­ву­ва­ме пре­ра­но на стре­лач­ки­те и убис­тве­ни­те пер­фор­ман­си на на­ша­та ико­на, нај­блис­ка­та при­ја­тел­ка на Зе­мун­ски­от клан, на по­чи­ту­ва­ни­от кум Ле­ги­ја и слав­ни­от Шип­тар, кои се об­ви­не­ти за атен­та­тот на Ѓин­ѓиќ. Ај­де да му от­ста­пи­ме прос­тор на ди­рек­то­рот на При­леп­ска­та пи­вар­ни­ца, ко­го го гле­дам ка­ко не­кон­тро­ли­ра­но ли­па до­де­ка рас­ка­жу­ва: "Нас­та­пот на Це­ца пос­та­ви ед­ни но­ви стан­дар­ди на Пи­во фест и го по­диг­на на ед­но ни­во кое ќе би­де мно­гу теш­ко да се из­др­жу­ва. Не зна­е­ме ко­ја ѕвез­да пос­ле ова да ја по­ка­ни­ме".
Па, дра­ги ди­рек­то­ре, драг при­леп­ски гра­до­на­чал­ни­ку, и нај­дра­га власт, на­вис­ти­на не­ма­те го­лем из­бор. Мал­ку ѕвез­ди има­ат стан­дард кој би ве за­до­во­лил, ка­ко плас­тич­ни­те пал­ми во неј­зи­на­та днев­на со­ба, спе­ци­јал­но уве­зе­ни од Хо­лан­ди­ја, до­де­ка на­о­ко­лу ве трог­ну­ва фо­тог­ра­фи­ја­та на Ра­до­ван Ка­ра­џиќ. И, ко­неч­но, ту­ка е фас­ци­нан­тна­та ко­лек­ци­ја сли­ки на Ар­кан со сце­ни од ужа­си­те од Пр­ва­та свет­ска вој­на: чо­век со за­вр­за­ни очи ка­ко че­ка ег­зе­ку­ци­ја, ске­лет со пар­та­ли од уни­фор­ма и пти­ци на­о­ко­лу.
Но ај­де да оди­ме си­те за­ед­но мал­ку до­лу, во под­ру­мот. Ден­та ко­га бе­ше уап­се­на, та­му нај­доа 21 пуш­ка, три ку­тии му­ни­ци­ја, те­лес­коп­ски снај­пер­ски ни­ша­ни, пиш­то­ли со при­ду­шу­ва­чи, гас-ма­ски, по­ли­ци­ски пен­дре­ци и ре­гис­тар­ски таб­лич­ки на ко­ли на Зе­мун­ски­от клан. Ка­ко Це­ца го об­јас­ну­ва ова? Ве­ли: "Јас не бев ома­же­на со про­фе­сор по му­зи­ка, а ако бев, ќе нај­деа пар­ти­ту­ри или ди­ри­гент­ски пал­ки". Офи­це­рот кој бил за­дол­жен за опе­ра­ци­ја­та бил Дра­ган Кр­ле­у­ша, тат­ко на уш­те ед­на го­ле­ма ѕвез­да Је­ле­на Кр­ле­у­ша. Тоа ноќ те­ле­ви­зи­те на вес­ти­те по­ка­жа­ле тај­на сним­ка од неа ка­ко се­ди со Ле­ги­ја во не­кој бел­град­ски рес­то­ран. Таа ноќ во Ср­би­ја прес­та­на­ле да ја пуш­та­ат неј­зи­на­та му­зи­ка. Но оваа при­каз­на си­гур­но си­те ја зна­е­те. Чис­та по­е­зи­ја, ис­то ка­ко неј­зи­на­та му­зи­ка.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=1F7BB5D64149204F91FC01998130B0EC
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јули 30, 2010, 10:44:44
Антинато амбасадор ќе оди во Алијансата

 (http://www.picvalley.net/u/2137/165614576588421901112804793902YhLkQ8MV0c0WndrRfE2.JPG) (http://www.picvalley.net/v.php?p=u/2137/165614576588421901112804793902YhLkQ8MV0c0WndrRfE2.JPG)
Според Мартин Треневски, Алијансата во Авганистан трпи сериозни загуби, па Македонија треба да го варолизира тоа во своја полза

Тамара Грнчароска

Цитат
Скандалозната платформа на новоименуваниот амбасадор на Македонија во НАТО, Мартин Треневски, вчера беше презентирана пред собраниската Комисија за надворешна политика.

Поблиску до антинатовска агенда отколку до план како земјата да се приближи и да го надмине проблемот кој не' спречува да станеме членка - спорот со името - Треневски вчера рече оти Алијансата со поддршката што и' ја дава на Грција врши „политичка и економска агресија врз нашата земја“. Но, Треневски во своето експозе не се задржа само на неправдата што се врши од страна на НАТО врз Македонија во контекст на блокираниот прием, туку дополни „НАТО е во сериозна криза и на Алијансата не и' цветаат рози ни на геостратегиски ни на воен план“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9112F6167F4FCC44ACFA9A0DAC7CED81
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Август 04, 2010, 09:36:54
Тезите на Треневски со амин од МНР

Цитат
Владата не расправала за можноста да ги ревидира тезите на идниот амбасадор на Македонија во НАТО, Мартин Треневски, ниту за тоа тој да биде повлечен како кандидат за амбасадор. Со тоа програмата што тој ја презентираше пред собраниската Комисија за надворешена политика, а која еден ден претходно му беше одобрена и од Колегиумот на Министерството за надворешни работи, практично станува наша официјална позиција кон Алијансата.

Иако премиерот Никола Груевски, со изјавата дека Треневски не бил добро разбран и можеби користел несоодветен вокабулар во презентацијата, индиректно призна дека тезите на идниот амбасадор се спорни, сепак, од Владата се воздржуваат од коментар за тоа дали платформата на Треневски е официјална политика на земјава.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D12468A71468DB49847059EE00186453

ОВДЕ Е "ПЪЛНА ЛУДНИЦА"  ;D
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Август 05, 2010, 09:48:22
треба епетн да се во очај србо-комунистите кога на овој докажан стар удбаш и БГ-мрзец му отстапуваат простор во дневните весници...разбира  се генерал тодор атанасовски...

приметете го новото јаничарство...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C58CFFDAC2C4D04A9D8DDEC333DAF3F7
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Август 11, 2010, 10:25:07
Амбасадор-љубовџија

Никој не кревал телефон ниту одговарал на мејл додека амбасадорот Стојановски бил нон-стоп на релација Канбера - Сиднеј

Цитат
Амбасадата на Македонија во Австралија е на пат до самоукинување, тврдат гневни Македонци од овој континент, посочувајќи го како најодговорен новиот амбасадор и ексминистер за образование, Перо Стојановски, кој место во Канбера, најголем дел од работното време, наводно, го поминувал со својата љубовница во Сиднеј. „Никој не крева телефон со денови ниту, пак, одговара на мејл-барања и пораки. Амбасадата не си ги остварува основните функции“, реагира Македонец од Австралија објаснувајќи дека иако амбасадата е едно од двете дипломатски претставништва што се единствено надлежни да издаваат и да заверуваат документи во Австралија, иселениците се враќаат или се препраќаат во конзулатот во Мелбурн, со лага дека не им работат „машините за заверување на документите“, иако станува збор само за печати.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F82F67489CFB284A8331D70FED1E934F
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Август 11, 2010, 10:28:49
Љубовта е отровна, отровен беше и тој... ;D
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Август 11, 2010, 11:01:18
оваа со дипломатот испадна голем провал бе четете коментарите  ;D

Од: Kengurka
Датум: 11.08.2010 05:36:05
Nie tuka si dobivame plata od Avstraliskiot budjet, ama ovaj vi gi papa vasite pari. Negovata ljubovnica Lidija sama si kazuva niz cel Sydney kako i go plaka stanot i odmorite. Coekov ima zena vo Makedonija bruka. Dali vakov ke ja prestavuva Makedonija tuka vo Australia? ? ?Pusteteni nekoj ugleden sto ke si ja brka rabotata.

Од: jas
Датум: 11.08.2010 04:37:26
ambasadorot ako sakate da znajte ide vo sitnej nekogas vo sabota i vo nedela se vrajca vo kambera ako e ambasador ne znaci da nema pravo za lubov i svoj zivot ako na nekomu mu smetat deka nemozel da si ja zadrzit familijata za kocka neka gi ostajt makedoncite na mira da si ziveat rat ako nekoj e vraten od ambasadata neka dokazit ambasadorot na makedonija e naj dobriot ambasador dosega za makedonnija ako na nekomu mu e krivo sto ne si zavrsil skolo a naucil da cockat i da gi ostavat svoeto dete neka si prodolzit taka i da barat necija trut

малку за МПЦ  ;D

Од: Zagrizen
Датум: 11.08.2010 04:40:20
Ambasadorov pogolem ljubovdzija od lugjeto vo crni mantii.Napred Makedonijo!

романтично ала хипи  ;D

Од: dobrivoje
Датум: 11.08.2010 07:47:48
Светот ќе остане на оние кои имаат љубов меѓу себе, а не омраза. тоа тие македонска дипломатија, некои ќе само ќе кафнисуваат, нелои роштиљаат, анекаде ке падне и по некој таен бакнеж, па што да не и секс, само потајно. САекако и тоа еподобро,отколку да се оди само по лекари,како што работеше еден амбасадор во Белград

„машините за заверување на документите“ не работи ама другото фунционира безпрекорно, патем некои да ми објасни какво чудо е тоа „машините за заверување на документите“?

мајтапот продолжува

а да беше педер  ;D

Од: Komentator
Датум: 11.08.2010 01:16:53
E..ajde "avstrlijanci" sto ste dignale tolku deva...gledajte na toa so pozitivna strana zamislete da ne bese ljubovnica vo prasanje tuku ljubovnik...Ete kako nie vasi maticni...kolku se izaduvavme na Vasata donacija od 10.000 dolari ako dobro slusnav na Tv za Bigorski pa so kolkava pompa gi dadovte kako cela godina deka ke gladuvate zaradi toa..a verojatno po cent sobiravte...E sega ostavete go ljubovdijata vreme mu e...a ne e kengur da skoka 300 kilometri zatoa sme nie tuka danocni obvrznici..pa zatoa i postoime...Neli...

сочни детали от врската со закани за видео снимки  ;D

Од: vis
Датум: 11.08.2010 10:28:50
Goslpodine Najdovski, ke ve molam ova li e dezinformacija. Cel Sydney znae deka e vistina. Se vika Lidija Dumbaloska. Sekoj znae deka si go izbrka mazot koga Pero stapna vo Australia. Lidija e mazena zena i uste ne e razvedena, a kolku sto znaeme i ambasadorot e srekno ozenet covek. Slusnavme deka mazot na Lidija poseduva mnogu videosnimki i dokazi. Isto taka toj licno kazuvase kako Lidija e stalno pridruzuvana od ambasadorot po sudnicite vo Sydney. I za toa ima dokazi.


Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Август 19, 2010, 12:46:39
вино пијам ем ракија
амбасадор сум аџамија
 ;D
Цитат
а во Обединетите нации не' претставува амбасадор кој се онесвестил од пијанство на прием и си задоцнил на предавањето на сопствените агремани во латиноамериканска земја.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=9588B922B0ADAC48B636F6C41F511975

а бе овие амбасадорите се рокери, секс, дрога и дипломатија
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Август 20, 2010, 02:33:34
Поканиха и прогониха И. Инджев в предаване по тв

Цитат
Квалифицираният от президента като "безобиден" журналист Иво Инджев за пореден път получи признанието, че е "страшен". Поканен за участие в ефира на БНТ от со-участниците БГРАДИО, той е върнат с обяснението, че форматът изведнъж се оказал неподходящ.

"Иво Инджев е табу", каза сам за себе си журналистът преди време и се оказа добър пророк, въпреки че самият президент Георги Първанов беше обявил Инджев за "безобиден". Frognews.bg напомня, че неудобствата НА и ЗА журналиста започнаха непоследствено след уволнението му от БТВ, където водеше предаването "В десетката". Обяснението тогава беше, че Инджев погазил правилото за непубликуване на непроверена информация от анонимен източник. Причината - журналистът обяви, че интернет сайт съобщава как Георги Първанов си е купил от шефа на ББТ Петър Манджуков мезонет в центъра на София. Инджев на свой ред обясни, че си тръгва, след като Първанов упражнил силен корпоративен натиск върху БТВ.

http://frognews.bg/news_26306/Pokaniha_i_progoniha_I_Indjev_v_predavane_po_tv/
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Август 20, 2010, 06:40:53
Вашингтон лут поради Треневски

Вашингтон бил изненаден од платформата на новиот македонски амбасадор во НАТО Мартин Треневски и од владата побарал објаснување за неговите забелешки, изнесени пред три седмици во Собранието, за начинот на кој функционира Алијансата. Оваа информација за АЛФА ја потврдија од американската амбасада во Скопје. Оттаму денеска ни го пратија следниот одговор на прашањето каков е ставот на Вашингтон за настапот на Треневски.

,,Стејт департментот во Вашингтон со изненадување ја прочита платформата на г-динот Треневски, што тој ја презентираше пред собраниската комисија за надворешна политика, и која се чинеше дека е во спротивност со јавните изјави на претседателот и на премиерот, кои ја реафирмираа стратешката цел на Република Македонија за приклучување кон НАТО. Амбасадата го препрати документот, што ни беше доставен од министерството за надворешни работи, во Вашингтон и во мисијата на САД во НАТО. Амбасадата доби инструкции од Стејт Департментот да бара појаснување на забелешките на г-динот Треневски. На оваа тема исто така, разговараме и со другите наши сојузници овде и во Брисел. Премиерот има кажано дека г-динот Треневски ќе ги појасни изјавите и ние го очекуваме тоа појаснување,, - се вели во одговорот на американската амбасада во Скопје.

Бараното појаснување, ако тоа може така да се нарече, денеска беше пласирано во јавноста преку интервју на Треневски за агенцијата Макфакс во кое тој се брани дека бил погрешно интерпретиран. ,,Дел од тезите и квалификациите кои ги изнесов пред членовите на собраниската комисија за надворешна политика беа мои лични перцепции за кои во тој момент ценев дека нема да биде лошо ако јавно ги споделам. Но, она што го потценив е ризикот од различни медиумски интерпретации и можноста на дел од искажаните ставови да им се даде поинаков контекст,, - вели Треневски за Макфакс. А еве што пред три седмици кажа за НАТО идниот амбасадор во НАТО.

,,Солидарност со нешто кое со политички речник може да се дефинира и како политичка и економска агресија на земја - членка на Алијансата врз земја - кандидат, ниту една демократија не би можела да се согласи,, - изјави Треневски пред три седмици во Собранието.

Треневски уверува дека македонската мисија во НАТО ќе биде, како што вели, конструктивен и активен партнер на Алијансата, но во продолжението на интервјуто и понатаму останува на ставот дека може да се модификува содржината на заклучокот од Букурешкиот самит во кој беше јасно кажано дека земјава ќе стане членка веднаш штом биде решено прашањето за името. Но, во дописот од амбасадата јасно се вели дека САД и понатаму цврсто ја поддржуваат искажаната цел на Република Македонија за членство во НАТО, изјавите на Северноатлантскиот совет во Букурешт и во Стразбур-Кил, и принципот на консензус, што е клучен за успехот на НАТО како сојуз на демократии повеќе од 60 години.

Негодувањето на Америка, најмоќната членка на сојузот и најголемиот поддржувач на Македонија, за тезите на Треневски, според дипломатски извори, е сериозен удар за земјава и треба сериозно и навреме да се сфати. Прашањето кое сега се поставува, по ваквата порака од Вашингтон, е колку е мудро и целисходно Треневски да ја претставува Македонија во НАТО.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=26614
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Август 25, 2010, 09:21:12
чорба каша ала удбаша



Петарда во арсеналите на НАТО


Мартин Треневски

Лицето и опачината на најновата провокација на Скопје кон најмоќната воена Алијанса

Соња Крамарска

Во триаголникот Василка Треневска - Глигор Попоски - Никола Груевски, велат високи владини извори, треба да се гледаат мотивите за назначувањето на Мартин Треневски за македонски амбасадор во НАТО. Втората сопруга на Треневски, Василка, е ќерка на некогашниот декан на Економскиот факултет во Прилеп, Глигор Попоски, кој со премиерот Груевски изгради блиско пријателство додека тој ги полагаше таму испитите по економија (1989-1994).

За личност со толку богата политичка кариера, Треневски е речиси анонимус во дигиталното царство на податоците – „Гугл“. „Тоа е затоа што најзначајниот дел од неговата професионална биографија се испишуваше во времето на поранешна Југославија“, цинично коментираат во ВМРО-ДПМНЕ алудирајќи на врските на Треневски со дијаспората, која во југословенскиот режим ја карактеризираа како „бунтовна“.

Митре Треневски, синот на кичевецот Злате Треневски, инаку близок соработник на Лазар Колишевски, подоцна ќе го замени своето име Митре со Мартин. Така ги потпишува и неговите вести што ги испраќаше до некогашната најмоќна пропагандна машинерија Танјуг, од далечната Австралија. Оттогаш, всушност, датираат и неговите блиски врски со дијаспората кои ќе бидат инспирација на премиерот Љупчо Георгиевски во 1998 година да го послуша советот на Никола Кљусев и да го постави Треневски за министер за иселеништво.

„Јас сум дојден во ВМРО-ДПМНЕ преку Борис Змејковски“, им објаснуваше Треневски на своите сопартијци во почетокот на 1990-тите, кога според зборовите на поранешниот лидер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, Кљусев го инаугурира некогашниот дописник на Танјуг за министер за информации во првата постјугословенска македонска влада.

Треневски подготвено го дочекува падот на таа влада и набргу (1995) воспоставува врска со Паневропската унија - најмоќната и најстара невладина организација во Европа, основана и управувана од Ото фон Хабсбург. Разгранокот на Паневропската унија во Македонија го добива својот лидер - Мартин Треневски, кој ќе се задржи на тоа место цели 15 години. По неговото разрешување во почетокот на 2010 година, Паневропската унија во Македонија е управувана од Марјан Ѓорчев.

Сепак, ништо нема да го разниша толку Мартин Треневски колку што беше тоа првата изложба на МПО (Македонска задгранична патриотска организација) во Крушево. Тој замина во Крушево како министер за иселеништво во владата на Љупчо Георгиевски, а се врати како контроверзна личност со необјаснети блиски релации со МПО. Генералниот секретар на МПО, Љубен Топчев, на истата свеченост, во присуство на министерот Треневски, ќе воскликне: „Основната цел на МПО е самостојна, суверена и обединета Македонија со главен град Солун“.

Треневски тогаш ќе објасни дека соработката со МПО како најстара и прва емигрантска организација на Македонците, како што рече, прв ја почнал претседателот Киро Глигоров, а по него работата ја продолжиле амбасадорката во Вашингтон, Љубица Ачевска, министерот за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, и други. На неговите оцени, силно реагираше Блаже Ристоски, негов политички соборец од првата експертска влада, кој ја нарече МПО пробугарска организација.

Ако ги прашате денеска многу видни вмровци, особено такви што извршувале значајни функции, веднаш по осамостојувањето на Македонија, тие со голема резервираност зборуваат за Треневски. Никој не сака да даде оцена за него јавно, но низ добро одбрани фрази даваат до знаење дека Мартин Треневски и за нив е голема енигма.

Љубомир Фрчкоски, кој по осамостојувањето на Македонија вршеше функции министер за внатрешни работи, а потоа и министер за надворешни работи, неодамна во интервју за А1 двосмислено ќе изјави: „Најголемиот дел од министрите во експертската влада 1990-1992 ги доведе Киро Глигоров како негови пријатели, а подоцна излезе дека тие биле сите вмровци“. Оваа провокација на Фрчкоски, како негов придонес во расветлувањето на периодот 1990-1998, остана без натамошни анализи, но сосема сигурно фрла поинаква светлина врз меѓусебните односи на некогашните комунистички кадри каде што недвојбено припаѓа и Треневски. Според неодамна изречените квалификации за НАТО, комунистичката идеологија бездруго се' уште е присутна кај Треневски, а со тоа и кај Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои стојат зад неговата амбасадорска номинација во НАТО.

Љупчо Георгиевски, уште една контроверзна фигура на македонската десница, пред само неколку месеци ќе фрли „бомба“ во македонската јавност, изјавувајќи дека речиси половина од првото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и луѓето што гравитираа таму - биле бугарофили. Но, за Треневски, рекол подоцна Георгиевски, не може да се каже тоа. „Неговите ставови (кон НАТО) оддаваат проруска ориентација“, гласела оцената.

Фактот што Македонија беше дел од некогашна Југославија беше пресуден за испреплетувањето на политичкото минато и иднина на некои од моќните ликови во тоа време. Треневски ја прави таа транзиција сосема мирно и неговата кариера се движи по нагорна линија, од министер за информации и министер за иселеништво до амбасадор во Кралството Шведска назначен од Георгиевски и генерален конзул во Канада назначен од Груевски. Во Канада, Треневски во почетокот ги потпишувал сите документи како амбасадор Мартин Треневски - генерален конзул, што предизвикало реакција од тамошните власти кои барале јасно разграничување на дипломатската позиција на македонскиот претставник.

Треневски, по враќањето од амбасадорската функција во Шведска, ќе поведе и судски спор со овдешното Министерство за надворешни работи кое одбивало да го прими на работа. Извори од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека подоцна и министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, одолжувал со таа работа, но на интервенција на Груевски, Треневски повторно се враќа на голема врата во македонската дипломатија.

Љубителите на класичната музика веројатно не знаат дека познатото скопско Радио Класик е во сопственост на Мартин Треневски, или поточно управителка е неговата ќерка од првиот брак Бела Треневска, но на чело на фирмата „Гаудеамус“ која стои зад радиото е амбасадорот. Неговите пријатели го опишуваат како многу амбициозна личност и љубител на антиквитети. „Тоа се забележува и во неговиот дом и во пасијата на Мартин да врши прошетки низ Мариово во потрага по такви раритети“, ни рекоа блиски пријатели на Треневски.

Новинарските помодари секогаш бараат балансираност во опсервацијата на јавните личности, но кога е во прашање идниот македонски амбасадор во НАТО, Мартин Тренески, едноставно не е можно тоа. На вагата секогаш натежнува страната на непоматената политичка кариера во два система, која во македонски услови завршува речиси на највисоко ниво што може да го достигне еден дипломат - столче во НАТО. И сето тоа проследено со бројни контроверзии кои е тешко да се расветлат во услови на максимално извртување на стратегиските приоритети на земјата од страна на Владата.

„Солидарноста е нешто што со политички речник може слободно да се дефинира и како политичка и економска агресија на земја-членка на Алијансата врз земја-кандидатка за членство“, рече Треневски во својата беседа пред заминувањето на должноста во Брисел. Идната седмица ова време, доколку се' оди според планираното, Треневски веќе ќе биде македонски амбасадор во НАТО. Но, во чие име тој ќе говори? Во име на националистите во Македо

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=85E088E432E1414A8657DFA1F8CFB6DD
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Септември 17, 2010, 07:14:08
Градоначалникот на Берово претепал сограѓанин?

Цитат
65-годишниот беровчанец, Глигор Арменски тврди дека пред две вечери во кафеана бил натепан од градоначалникот на Берово, Драги Наџински.

Настанот се случил во „Ловниот дом“, во Берово, некаде пред полноќ, тогаш тврди Арменски, наместо одговор кога ќе се реконструира покривот на манастирот Архангел Михаил, добил тупаница по носот.

„Јас од боксерските удари по главата паднав на подот, а тој продолжи да ме удира. Првиот удар ме нокаутира, а тој продолжи“, раскажува Глигор Арменски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127550
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Октомври 01, 2010, 09:14:32
СЕ згрозен од условите во Идризово

Членовите на делегацијата од Советот на Европа кои изминативе денови беа во проверка на затворите, се згрозиле од Идризово.

Претседателот на Комитетот за превенција од тортура Маурицио Палма за А1 потврдува, дека штом влегле во стариот дел од затворот веднаш ја повикале и директорката на управата за извршување санкции, Лидија Гаврилова.

Сакале да и покажат дека нивните барања за затворање на крилата се оправдани.

„Таа дојде. Ние ја поканивме на една заедничка тура внатре, со цел директно да ги види условите во тој дел од Идризово.

-Таа дојде, влеговме внатре заедно и ова беше најдобриот начин да ги потврдиме нашите барања“, изјави Маурицио Палма, претседател на Комитет за превенција од тортура при Совет на Европа.

Од министерството за правда следниот почнале да селат затвореници од крилата за кои Советот на Европа порачал итна санација но, велат дека нивната одлука немала врска со посетата на делегацијата.

Палма вели дека ова е неопходна мерка оти и по две години од неговата последна посета, во тој дел од затворот, многу од работите не се промениле.

„Можеме да кажеме дека не видовме никакви промени од минатиот пат. И после две години условите се дури полоши. Ако бев некој кој треба да работи таму, ќе бев во многу лоша позиција.

-Најпрво, треба да имаме во предвид дека таму има луѓе кои работат и ако бев некој кој таму треба да ја издржува казната ќе се чувствував екстремно депресивно“, вели Маурицио Палма.

Критиките за условите во македонските затвори министерството за правда добива од сите страна. Последни го критикуваа народниот правобранител и евроамбасадорот Ерван Фуере.

На тоа, министерот за правда Михајло Маневски одговори дрско, тврдејќи дека се неинформирани и претеруваат.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=128175
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: ohrid1941 на Октомври 04, 2010, 03:04:10
НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ОБВИНУВААТ

Функционер од УБК шири расизам на „фејсбук“

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2136&ArticleID=149507

Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ги дискриминира Ромите и другите луѓе поради нивната боја на кожата, обвинија вчера неколку невладини организации од Македонија кои се борат против дискриминацијата во државата. Тие не упатија на профилот на Јакимовски на „фејсбук“ на кој можат да се видат негови фотографии од службени патувања. На фотографиите на кои Јакимовски е фотографиран со делегации и претставници од разни раси и националности можат да се видат и негови коментари од типот „Циганииииии“, „Цигаанаана“, „Грчки педери“ и слично. На една фотографија Јакимовски е седнат во ресторан до едно лице со темна боја на кожата, а коментарите под неа се дека им фали уште Амди Бајрам да седне меѓу нив и да им преведува. Фотографијата е насловена како „Цигани“. На друга фотографија Јакимовски е со три девојки и едно момче, а неговиот коментар е „девојки и еден грчки педер...ха,ха“. Од невладиниот сектор реагираат дека не е дозволиво никој, а најмалку висок државен функционер, јавно, на социјалната мрежа „фејсбук“ да шири говор на омраза и да ги дискриминира луѓето поради бојата на кожата. „Тоа е сериозен удар на слободата и правата на луѓето, но и сериозен удар врз институциите на Р. Македонија и нејзиниот имиџ кој, за жал, го претставуваат вакви службеници кога одат на обуки и конференции. Поради карактерот, материјалот во текот на денот ќе биде доставен до повеќе НВО на Ромите затоа што тие се најмногу погодени, но и до амбасадите на САД, НАТО, ЕК и на другите означени земји, како и други НВО во земјава и во странство чијашто примарна грижа е заштитата на човековите слободи и права и борбата против дискриминацијата врз која било основа - стои во реакцијата на невладините. Јакимовски е началник на Одделението за координација во кабинетот на Мијалков или поточно човек кој важи за директор на УБК во сенка затоа што тој е одговорен за оперативните, кадровските, правните работи и меѓународната соработка во УБК. Работел како оперативец на КОС, контраразузнавачката служба на поранешната ЈНА, а пред да дојде во УБК работел во Министерството за одбрана каде што се грижел за одржувањето на компјутерскиот систем. Јакимовски вчера не беше достапен за коментар.
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Anton на Октомври 05, 2010, 09:27:39
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8383E84D10148E439D0E411EC9EE7E2F
Информациите тука, досиејата во Белград
Досиејата на КОС од Третата армиска област на соработниците од Македонија, како и на тие од СДБ се префрлени во Белград. Имам сигурни информации дека тие не се уништени и оти сигурно се чуваат, вели Павле Трајанов

 
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Ноември 19, 2010, 10:13:37
Јованов: На девет понудувачи, нема шанси да направам притисок

Марјан Јованов, директорот на Дирекцијата за нафтени резерви, купувач на локацијата крај Вардар, е гостин во вестите на А1 Телевизија.

Цитат
Но, сега сте државен функционер, да го заборавиме приватниот бизнис. Можевте ли да се воздржите, додека сте државен функционер, да не купувате државно земјиште. Тоа е доблест, да се воздржите. Не значи дека ќе одите во затвор, законски е се чисто но, од морални причини да ви биде „чист“ образот?

-Баш напротив. Јас мислев дека особено вашата телевизија ќе ја цени мојата доблест, затоа што не се затскрив зад ниедна фирма, зад туѓо име, кумашин, роднина па да купам земјиште.

-Приватната фирма си постои и ќе треба да егзистира. Тоа е семеен бизнис кој треба да се развива. Четири дена јас бев нем сведок на вашите прилози во А1 Телевизија, сам иницирав, благодарам што ја прифативте иницијативата денеска да бидам гостин.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=130446

СЕПАК ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО  ;)
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Ноември 19, 2010, 03:19:32
за овој бизмисменот и правителствен топ манаджар става дума  ;D

(http://on.net.mk/WBStorage/Articles/B4C8E11E053282489B559D0E972267D6.jpg)

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=FE258D9343F1B44B83DD8B3CB8C746F2
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Ноември 19, 2010, 11:53:32
за овој бизмисменот и правителствен топ манаджар става дума  ;D

(http://on.net.mk/WBStorage/Articles/B4C8E11E053282489B559D0E972267D6.jpg)

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=FE258D9343F1B44B83DD8B3CB8C746F2
и после не сме биле ист народ, а за кои е оваа песна ако не за ликот горе
http://www.youtube.com/watch?v=A2KamdV8rzw
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Декември 16, 2010, 12:29:38
Спор околу употребата на албанскиот

Цитат
„Странски јазик“... Вака според преведувачите Назми Абдурахмани и Роланд Пољоска директорката на Центарот за странски јазици и едукација „АРС Студио“, Тамара Нешковска – Јовановиќ го нарекла албанскиот јазик. Освен тоа, тврдат дека не им дозволила меѓу себе да разговараат на мајчиниот јазик со образложение дека тоа не е културно и оти таму единствен јазик на кој може да се зборува е македонскиот. Двајцата сега тврдат дека револтирани од директорката, си дале отказ од работното место, преведувач.

Цитат
„Денеска во „АРС Студио“ каде и работев, сакав да ги земам моите лични податоци, но директорката рече дека нема што да барам од компјутерот повеќе. Компјутерот е на компанијата. Но, јас реков дека сакам да си ги земам моите лични податоци на УСБ. Но, таа рече: Не, не смееш така да ги земаш, како така, не смееш, тоа е службен компјутер, како можеш ти да чепкаш на тој компјутер... Не, ти земаш од фирмата податоци, не смееш тоа да го правиш. Злате – Злате, го повика својот сопруг и малку ситуацијата стана тензична. Ја испружи раката кон компјутерот. Го затвори компјутерот, го зеде УСБ-то.“-Роланд Пољоска – преведувач

http://alsat.mk/vesti/zemja/1738009.html
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Декември 17, 2010, 10:20:18
Полицијата го чува случајот ВАЦ во фиока - Керим не одговара

Цитат
Господине Керим можете ли да ни одговорите дали е точно тврдењето на вашиот возач дека парите се на ВАЦ, што ги пренесуваше?

-Јас ве молам да почитувате нешто што токму во студиото на вашата ТВ станица, сношти беше кажано и тоа еден од вашите уредници го кажа јавно дека е кршење на човековите права, јавно да се изнесуваат податоци и матични броеви и слични работи. Ако тоа важи за уредници и новинари, тоа треба да важи и за некој што е возач, бидејќи возач не е предмет, тоа е човек како и сите други и молам тоа да се почитува.

Повеќе од разговорот можете да погледнете во видеото.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=131757
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Декември 17, 2010, 10:30:34
Шверц на 750 илјади евра - недоволен мотив за истрага

Цитат
Документот за кешот на МПМ што ги изнесуваше возачот на Срѓан Керим се чува во УБК. Никој не постапува ниту го испитува нелегалниот обид да се изнесе фантастична сума од 750 илјади евра од државава.

Министерката Јанкуловска вели дека полицијата не постапувала зашто тоа требало да го побара Управата за спречување на перење пари, а тие пак досега ништо не побарале.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=131748
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Urban на Декември 17, 2010, 03:13:53
Цитат:
"БЪЛГАРИ, да се обединяваме - Да помогнем на Здравко Здравески
Преди малко съпругата му Добрила е била привикана в ОДП Благоевград, в кабинета на офицер, който не й се е представил, но е казал, че отговаря за "чужденците". Той й е казал, че ако на 22.12 Здравко и децата не напуснат България и не се вър...нат в Македония, ше бъдат насилствено депортирани!!!!
Питам се - КОЙ УПРАВЛЯВА В НАШАТА СТРАНА?? ДАЛИ БЪЛГАРСКИ ВЛАСТИ, ИЛИ СЪЩО АГЕНТИ НА УДБА!! С КАКВО СЕ РАЗЛИЧАВАТ ИЗРОДИТЕ В МАКЕДОНИЯ ОТ ТИЯ В БЪЛГАРИЯ И НЕ ПРОВЕЖДАТ ЛИ ТЕ ЕДНА И СЪЩА ПОЛИТИКА!? НИМА НЕ Е ЯСНО, ЧЕ С ЕДНА ЕКСТРАДАЦИЯ В МАКЕДОНИЯ, ЗДРАВКО И СЕМЕЙСТВОТО МУ СЕ ОБРИЧАТ НА СМЪРТ!!!!
Нужна е ТОТАЛНА ОБЩЕСТВЕНА ПОДКРЕПА И НАТИСК ВЪРХУ ВЛАСТИТЕ ТОВА ДА НЕ СЕ ПОЗВОЛИ!
СТИГА С РОДООТЪПНИЧЕСКАТА И ПРЕДАТЕЛСКА ПОЛИТИКА СПРЯМО БЪЛГАРИТЕ В МАКЕДОНИЯ!!"


http://www.facebook.com/?ref=home#!/pages/BLGARI-da-se-obedinavame-Da-pomognem-na-Zdravko-Zdraveski/139272259461919
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Декември 19, 2010, 09:49:09
Гаврилов: Блиски луѓе на Керим го држат целиот систем затворен

Цитат
Гостин во вестите е Горан Гаврилов, поранешен директор на „Медија принт Македонија. Од компанијата заминавте неславно по само неколку месеци ангажман. Тогаш тврдевте дека сте разрешени оти сте откриле незаконско работење.

Што откривте?

-Скриено рекламирање, злоупотреба на одредени средства во однос на промоции, ситни малверзации во однос на магацини, што резултираше со доаѓање на инспекции од Германија и нивно утврдување на точни прекорачувања на ингеренциите на самите уредници

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=131846

Целото интервју можете да го погледнете во видеото.
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Јануари 21, 2011, 12:21:55
Има ли амбасадорот во Чешка хотел и ресторан?

Македонскиот амбасадор во Прага, Игор Илиевски, наводно, бил вклучен во трговска активност во Чешката Република. Македонските иселеници и студенти во Прага зборуваат дека ресторанот „Букефал“, во центарот на чешката метропола, кој, меѓу другото, нуди македонски специјалитети и вина, бил на амбасадорот Илиевски. За да се отвори бизнис во Чешка мора да се отвори фирма, а такви трговски активности не им се дозволени на македонските дипломати.

Од македонското Министерство за надворешни работи неофицијално изјавија дека поранешниот државен секретар Илиевски, сега амбасадор во Прага, поседувал хотел и ресторан, но велат дека тоа не можат со сигурност да го потврдат и оти адресата на која треба да се обратиме е нашиот дипломат.

Игор Илиевски, пак, ги демантира ваквите тврдења. Во изјавата за „Утрински“ тој вели дека „не се точни шпекулациите оти поседувам хотел и ресторан, а точно е дека кај Чесите иницирам увоз на наше вино и храна, како и отворање македонски ресторани“.

Во Прага има многу ресторани што се сопственост на македонски граѓани. Според она што го пишува на официјалната веб-страница на ресторанот, во „Букефал“ се нудат ќебапчиња, полнети пиперки и разни македонски мезиња, како и дваесетина македонски црвени и бели вина. (Љ.П.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5F63B059F1744A4AA00F0A94832D3E87
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Јануари 21, 2011, 12:31:04
Има ли амбасадорот во Чешка хотел и ресторан?

Македонскиот амбасадор во Прага, Игор Илиевски, наводно, бил вклучен во трговска активност во Чешката Република. Македонските иселеници и студенти во Прага зборуваат дека ресторанот „Букефал“, во центарот на чешката метропола, кој, меѓу другото, нуди македонски специјалитети и вина, бил на амбасадорот Илиевски. За да се отвори бизнис во Чешка мора да се отвори фирма, а такви трговски активности не им се дозволени на македонските дипломати.

Од македонското Министерство за надворешни работи неофицијално изјавија дека поранешниот државен секретар Илиевски, сега амбасадор во Прага, поседувал хотел и ресторан, но велат дека тоа не можат со сигурност да го потврдат и оти адресата на која треба да се обратиме е нашиот дипломат.

Игор Илиевски, пак, ги демантира ваквите тврдења. Во изјавата за „Утрински“ тој вели дека „не се точни шпекулациите оти поседувам хотел и ресторан, а точно е дека кај Чесите иницирам увоз на наше вино и храна, како и отворање македонски ресторани“.

Во Прага има многу ресторани што се сопственост на македонски граѓани. Според она што го пишува на официјалната веб-страница на ресторанот, во „Букефал“ се нудат ќебапчиња, полнети пиперки и разни македонски мезиња, како и дваесетина македонски црвени и бели вина. (Љ.П.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5F63B059F1744A4AA00F0A94832D3E87
ресторан „Букефал“  :o =букефилски хунза
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Февруари 01, 2011, 03:16:30
Секс на полицајка со колега во патролен автомобил со вклучено полициско радио

За страстите меѓу полицаец и полицајка во Аргентина слушнаа сите.Младите колеги (и двајцата во раните 20ти) не можеле да се воздржат од водење љубов и на работното место-во партолен автомобил.

Имено,откако двојката со полициското возило без објаснување го напуштиле подрачјето каде што требало да патролираат, операторот од полициската служба се обидел да ги лоцира преку полициското радио кое содржи и систем Тетра.Овој систем е дел од системот на осигурување на полицајците испратени на терен,кој ги емитува сите звуци во автомобилот па дури и кога полициското радио е исклучено.

Операторот прво слушнал гласни извици а потоа упатства за промена на позата,кога сфатил дека се работи за сексуален чин и решил да го дослуша до крај.

Полициската двојка е приведена и испратена на дисциплинска комисија.Иако на почетокот се порекнувале,кога ја слушнале полициската снимка го признале делото.


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=70764
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Февруари 09, 2011, 09:25:48
Милионски суми државни пари се одлеваат кон „Република“

Мишко Иванов   09.02.2011 18:38

Цитат
Власта и понатаму преку својата омилена рекламна агенција „Република“ продолжува да троши милионски суми евра за кампањи. За само еден месец од 2011-та, склучи два договори во вредност од фантастични 542.000 евра народни пари.

Според договорот кој е објавен јавно, владата ќе ги информира граѓаните како да ги легализираат дивоградбите.

Агенцијата „Република“ доби околу 513 илјади евра за кои покрај ТВ спотови, треба да изработи и радиоспотови, огласи, билборди и да закупи простор за рекламирање во медиумите.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134112
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 05, 2011, 11:31:42
Молк од Владата за продажбата на зградите на Телеком

Цитат
Смени меѓу владините претставници во Одборот на директори на Македонски Телеком. Влегуваат Мане Јаковлевски и Александар Стојков како неизвршни членови.

Јаковлевски е угостител, беше сопственик на гостилницата Скопје во Берлин, но е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Друштво во директорскиот одбор ќе му прави Стојков - работи како асистент на Правен факултет, но и во Министерството за финансии кога таму министеруваше Груевски. За двајцата ќе се гласа на Собранието на компанијата закажано за 14 овој месец, кога треба да помине и одлуката за продажба на трите згради на „Телекомот“.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136329
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 06, 2011, 12:35:46
Зделката со „Телеком“ пред Антикорупциска

Цитат
Четири згради со површина од 13.000 квадратни метри, плус 16,6 милиони евра - за една недоизградена зграда од 11.000 квадрати. Ова е бизнис зделката меѓу „Телекомот“ и инвеститорот „Дивелоп Груп“.

Во отсуство на официјална потврда од компанијата, А1 стаса до бројките - четирите згради што сега „Телеком“ ќе ги продаде, имаат поголема квадратура од објектот што се купува, но и покрај ова, македонски „Телеком“ за новата зграда ќе доплаќа. Еве што добива инвеститорот „Дивелоп груп“.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136372
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 13, 2011, 11:03:57
Груевски го штител Ѕинго оти му била потребна неговата Телевизија

Цитат
Премиерот Никола Груевски го добил комплетното досие за случајот „Злетовица“ уште на 4. февруари 2008-мата, од тогашниот пратеник на Социјалистичката партијата Зоран Витанов, но одбил да го гони можниот криминал, поради медиумската поддршка од Сител Телевизија.

Три години потоа, за средбата која траеле час и половина, сведочи тогаш високиот функционер во партијата на Ѕинго, кој денес е далеку од политиката.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136662
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 17, 2011, 06:30:04
СДСМ: Како Милошоски си купил два стана?\

Цитат
Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се махери за купување станови во матно, обвинува опозициската СДСМ. Министерот за надворешни Антонио Милошоски, исто како и мајката на Груевски, пред 12 години, како портпарол успеал да купи два државни станови по повластени цени.

Во март 2000. година како портпарол на тогашната влада поднел барање за доделување на државен стан до владината Комисија за станбени прашања.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136849
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Мај 09, 2011, 12:25:57
Изборна афера ја тресе ВМРО-ДПМНЕ

Цитат
Притисоци закани и ветувања. Со овие алатки владејачката партија се користи за да обезбеди што повеќе гласови за претстојните избори. На удар се вработените во училиштата, фондовите, министерствата, државните институции.

Во видеото можете да ги слушнете скандалозните сведоштва за начинот на кој од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се врши упад во изборниот процес кој вешто се менаџирал изминатите месеци.

Ова се сведоштвата на раководителите и вработените во државните институции:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137669
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: ohrid1941 на Јуни 01, 2011, 09:00:14
Викиликс: Мијалков има преголемо влијание врз Груевски

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=138746
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: ohrid1941 на Јуни 01, 2011, 09:00:33
Викиликс: Груевски со автократски тенденции

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=138757
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: ohrid1941 на Јуни 01, 2011, 09:01:21
A1, 01.06.2011
СДСМ: Мијалков со бизнис - Груевски со стан во Чешка

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=138749

Цитат
СДСМ објави документи со кои директорот на тајната полиција Мијалков и мајката на премиерот Груевски се поврзуваат со Прага - за две години Мијалков патувал 16 пати за чешка во различно друштво.

Фактурите за користење на ВИП салонот на скопскиот аеродром освен што покажуваат дека за услугите е плаќано со државни пари, за СДСМ ги поткрепуваат сомневањата дека братучедот на Груевски има бизнис во Чешка, а мајката на Груевски стан.

На 5 -ти март 2009., друштво на Мијалков во Прага му правел директорот на јавна безбедност Љупчо Тодоровски - Радникот.

„Ако биле службено, двајцата први луѓе на полиција на јавноста и должат објаснување што барале во Прага. Доколку пак патувале приватно, зошто го користеле вип салонот платен од МВР“.

- Шефот на тајната полиција, на 2-ри и 11-ти декември, патува два пати за Прага. Период кој со продажбата на фирмата Сервис- Поинт, со седиште токму во Прага, која Сашко Мијалков ја продал 500 илјади евра, а трансакцијата не ја пријавил во антикорупциската комисија“, рече Гордан Георгиев, СДСМ.

На 22-ри мај со Мијалков во Прага полетале мајката на премиерот, Надежда Груевска, Ален Зекиров и уште еден телохранител што според СДСМ отвора сомнеж дека Груевски има таму стан.

„Дали и каква врска има ова патување, купување на стан, во Прага на 19-ти декември 2009-та година, кој се поврзува со името на Надежда Груевска. Дали мајката на премиерот и Надежда Груева, се едно исто лице? Зошто до сега не се појави во јавноста Надежда Груевска, да демантира дека не е Груева. Дали премиерот повторно се обидел, да прикрие некој свој стан. Врз основа на кој закони и морални норми и правила мајката на премиерот може на државна сметка да го користи и со народни пари да го плаќа користењето на ВИП салонот на скопскиот аеродром“, праша Георгиев.

СДСМ ја прашува Антикорупциската комисија дали и после овие документи нема да отвори предмет за имотно правните трансакции во Чешка кои се поврзуваат со тесната фамилија на Груевски.

По сличните сомневања што пред пет месеци ги отвори Љубе Бошкоски, Антикорупциската комисија не најде случај кај предметот за мијалков, а за имотната состојба за мајката на премиерот се прогласија ненадлежни.

Премиерот одрекуваше дека мајка му има стан таму. Овие документи СДСМ ќе ги достават до сите надлежни институции.
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: ohrid1941 на Јуни 01, 2011, 09:02:14
A1, 01.06.2011
Како мајката на Премиерот плаќа рата за кредит од 7 илјади евра со пензија од 15 илјади денари?

http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2725
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: valli на Јуни 01, 2011, 09:19:13
A1, 01.06.2011
Како мајката на Премиерот плаќа рата за кредит од 7 илјади евра со пензија од 15 илјади денари?

http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2725

Да плаща 7 000, като пенсията й е 250?
Ще плаща, като сина й е премиер. Може ли да го излага. :-[
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Октомври 26, 2011, 02:24:18
Тито и Глигоров ќе стојат рамо до рамо со жртвите на комунизмот

Цитат
Од планираните 109 восочни фигури за музејот „Македонска борба за државност и самостојност“ кои се изработуваат според светски стандарди и чинат 15.000 евра по парче, не се довршени уште девет, а меѓу нив се фигурите на Јосип Броз Тито и на Киро Глигоров.

Музејот во Киев е задолжен за изработката на сите восочни ликови на најпознатите македонски дејци кои оставиле белег во македонското револуционерно и ослободително движење, но место во поставката на музејот, освен за Тито, резервирано е и за восочни фигури на Александар Караѓорѓевиќ и Кемал Ататурк.

 :o  :o  :o

http://www.plusinfo.mk/vest/20238/Tito-i-Gligorov-kje-stojat-ramo-do-ramo-so-zhrtvite-na-komunizmot
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Февруари 20, 2012, 08:25:03
Адвокатот Панчевски тврди: Претседателот Трајковски е убиен, доказите се во Скопје

Цитат
Претседателот Борис Трајковски и патниците во „кингерот“, што се урна во 2004 година кај Мостар се брутално убиени, а доказите за атентатот се наоѓаат во Скопје, тврди за порталот мкд.мк, Игнат Панчевски, адвокат на семејството на еден од соработниците на Трајковски. Тој за порталот изјавил дека лично ги видел доказите за атентаторот, а дел од нив и самиот го поседува.
Панчевски нагласува дека имал докази оти патниците што загинаа на 26 февруари 2004 година биле живи по падот на претседателскиот авион.
- Сите до еден биле повредени, но живи. Поседувам доказ дека еден од повредените повеќе од половина час разговарал на мобилен телефон со семејството. Му биле скршени двете нозе, но разговарал со семејството. Има докази, и аудио и видеозапис, како е извршен атентатот. Постои сателитска видео снимка. Тој е срушен од воен авион. Потоа на снимките се гледа како на местото на настанот доаѓаат мобилни воени екипи. Преживеаните биле убиени, а потоа телата префрлени и запалени со напалм – тврди Панчевски.
Toj тврди дека биле познати мотивите за атентатот, извршителите, начинот на кој бил извршен и дека одредени политички и државни структури се плашеле да ја изнесат на виделина вистината за случајот.

http://www.plusinfo.mk/vest/34115/Advokatot-Panchevski-tvrdi-Pretsedatelot-Trajkovski-e-ubien-dokazite-se-vo-Skopje
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Февруари 28, 2012, 01:22:27
Падна лифт на Психијатрија, здробени тројца работници

Три лица се тешко повредени откако денеска попладне настрадаа по падот на лифтот во клиниката за психијатрија, јави телевизијата Канал 5.

Според првичните информации, несреќата се случила додека работници го поправале расипаниот лифт. Во еден момент се откачиле сајлите од лифтот кој се наоѓал на третиот кат, и со себе повлекол еден од работниците и потоа директно паднал врз друг работник што работел на приземјето. Повреден бил уште еден работник, но засега нема информации како тој настрадал.

Сите биле тешко повредени по што биле пренесени на одделението за интензивна нега во Ургентниот центар.

Несреќата ја потврдија од Клиниката и од МВР, но засега нема детали за случајот.


http://www.mkd.mk/16235/izdvojuvame/padna-lift-na-psihijatrija-zdrobeni-trojca-rabotnici/
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 03, 2012, 01:03:31
Мајката на министерот Попоски, кандидат за претседател на Лекарска комора

Цитат
Мајкa на министер, брат на директор и екс министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ се во трка за претседателското столче на Лекарската комора на изборите кои ќе се одржат на 5 април.
Ортопоедот, Анастасика Попоска, мајка на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, е една од кандидатките за претседателското место, а нејзин противкандидат е докторот од Клиниката за рендгенологија Игор Николов, брат на директорот на ЈСП, Мишо Николов. Во трка за претседател на Лекарската комора се и патологот Весна Јаневска, екс претседател на Пописната комисија, и Драган Даниловски, епидемиолог и поранешен министер за здравство.

http://www.plusinfo.mk/vest/38914/Majkata-na-ministerot-Poposki-kandidat-za-pretsedatel-na-Lekarska-komora
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: Daskal на Април 11, 2012, 12:55:55
Ајмо фарбање, молерисување од искусен фиромски дипломат, квалитетно и брзо! За контакт обратете се во македонската амбасада во Канбера!  ;D . Дополнително лепење плочки!  ;D Бонус, екстра ефтини цигари и бензин !!! (Мисија Лондон беше филм за чија дипломатија  ;D)

Малку дипломат, малку молер

Македонската дипломатија не престанува да изненадува. Покрај познатите злоупотреби со препродавање бензин и цигари, вработување локален персонал на црно и слично, последна вест е дека еден од нашите двајца дипломати во амбасадата во Канбера, освен со дипломатија, се занимавал и со молерисување и лепење плочки. Како што се дознава од иселеничките кругови, за да заработи екстра-приходи надвор од редовната дипломатска плата од неколку илјади евра и другите привилегии што му ги носи функцијата, по неколку дена во неделата овој дипломат поминувал во Мелбурн, за да работи во роднинска фирма за градежништво, при што - главно молерисувал. Според правилата на дипломатијата и тие на Министерството за надворешни работи, на нашите дипломати не им е дозволен никаков друг ангажман освен тој за кој се платени и пратени во странство, а срам за Македонија е што ако кадар од ваква висока позиција место да брка соговорници, работи нешто што не е својствено на неговата професија.

Да биде уште понепријатно, ваквите активности на дипломатите се казниви според австралиските закони, бидејќи практично станува збор за работа на црно и за неплаќање данок кон тамошната држава. Како што тврдат извори од Австралија, ваквата паралелна активност на македонскиот дипломат траела речиси една година и, наспроти поплаките од иселениците дека нешто не е во ред со нашата амбасада во Канбера и дека со месеци никој не крева слушалка па е подвиг да се добие документ, од Македонија ништо не се презема.

Инаку, со интерен договор, МНР дозволува членови на семејството на нашите дипломати да работат во нашите амбасади како помошен персонал (на пример амбасадорот Мухамед Халили си го вработи синот како возач на амбасадата), но досега не е познат случај, освен држењата предавања, некои бизнис- посредувања или претставувања, некој буквално да си работи друга работа.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1E5CAA8BD9350B4886F1266B1554E841
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 14, 2012, 06:27:56
Каде е Груевски?

САБОТА, 14 АПРИЛ 2012 16:45   

 Премиерот Никола Груевски како да "потона во песок", никаде го нема да даде изјава и да упати порака до нацијата, по завчерашното злосторство близу Скопје.

Ако премиерот беше меѓу првите што го видоа "чудото" во Св. Димитрија, деновиве никаде го нема, иако се смета за главен лик кој ги влече сите конци за судбината на оваа држава.

Пораки до јавноста упатија сите релевантни партии, амбасади и повеќемина министри од соседството. Со изјава излезе дури и коалициониот партнер на Груевски, Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Социјалните мрежи се преполни со барања Никола Груевски да се појави пред јавноста, и да каже што се случува со Македонија.

Дополнително, кај јавноста немир предизвика тоа што ден на жалост по повод убиството на петтемина граѓани, беше прогласена само во Општина Бутел, а не во целата Македонија.


http://sky.mk/makedonija/20156-%D0%9A%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D0%B5-%D0%93%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8.html

ЗОШТО, ден на жалост по повод убиството на петтемина граѓани, беше прогласена само во Општина Бутел, а не во целата Македонија ?????????
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 28, 2012, 02:59:07
Палмите направија сметка за струја од 5.000 евра

Пет илјади евра отидоа курбан за спас на палмите кои минатата година за првпат се поставија на градската плажа кај Камени мост. За да се заштитат од ниските температури, во текот на зимскиот период палмите се чуваа во стакларници во ЈП „Паркови и зеленило“, под голем стручен надзор и во посебни услови, при што се загреваа и редовно им се тушираа листовите.
Цехот за зимското „загревање“, според Александар Наумовски, советник од СДСМ во Градското собрание, изнесува 5.000 евра. Душан Авировиќ, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ кому му се натури обврската за одржување на палмите, ниту ја потврди, ни ја демантираше информацијата, бидејќи немаше прецизни информации за тоа. Се обврза прво да ја провери точната сума потрошена за струја, па потоа да ја информира јавноста.


http://www.plusinfo.mk/vest/41395/Palmite-napravija-smetka-za-struja-od-5000-evra
- Со цел да не пропадне вашата идеја за палмите, биле ангажирани тајфуни да дуваат цела зима по цел ден. Ќе се откажете ли конечно од овие идеи или ќе правите уште трошоци за да докажете дека идејата ќе биде реализирана по секоја цена? - праша Наумоски.
Градоначалникот Коце Трајановски изрази недоверба за високата сметка за стуја, иако и тој ги нема точните податоци и смета дека за згрижување на палмите не биле потребни специјални услови.
Дополнителна набавка на палми нема да има, барем не за проектот градски плажи.
ГМВ/БИ
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Мај 05, 2012, 12:06:34
Българският посланик в Скопие не беше допуснат да положи цветя в памет на Гоце Делчев

 (http://www.picvalley.net/u/2556/4725604073303004801336168987LmcCjaN6xdWru16G3eet.JPG) (http://www.picvalley.net/v.php?p=u/2556/4725604073303004801336168987LmcCjaN6xdWru16G3eet.JPG)

Цитат
Българският  посланик в Скопие Иван Петков не беше допуснат да положи цветя в памет на Гоце Делчев в църквата "Свети Спас" в македонската столица, съобщи "Фокус".

Българската делегация, водена от новоназначения посланик в Скопие Иван Петков и съставена от местни българи, се е опитала да поднесе цветя пред саркофага, в който са положени костите на революционера. Пред църквата "Свети Спас" обаче българската група е била нападната от организирана група хулигани.

Случилото се днес в Скопие по време на възпоменателната церемония в памет на Гоце Делчев e недопустимо, коментира министърът на външните работи Николай Младенов по повод инцидента.  Опитът за възпрепятстване на поднасянето на венци от посланика на Република България в Скопие е в противоречие както с европейските принципи, така и с човешките норми на уважение към паметта на личностите, допринесли за свободата и достойнството.

http://www.dnevnik.bg/bulgaria/2012/05/04/1820915_bulgarskiiat_poslanik_v_skopie_ne_beshe_dopusnat_da/
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Март 06, 2013, 06:55:48
ВИДЕО Дали вмровската химна за локалните избори е плагијат?

Цитат
Дали една од химните на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори е е плагијат?! Порталот „Скај“ постави видеа од песната „Напред“ која ја испеа Владо Јаневски на почетниот митинг во предизборната кампања и од нумерата „Москва“ од Русинот Олег Газманов.
Погледнете ги видеата.

http://plusinfo.mk/vest/83320/VIDEO-Dali-vmrovskata-himna-za-lokalnite-izbori-e-plagijat

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=PSAgNXoRLSY#!

http://www.youtube.com/watch?v=IWkA10jYOHs&feature=player_embedded#!
Наслов: Одг: СКАНДАЛОЗНО !
Поставена од: disidente на Април 07, 2013, 09:10:24
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013

http://libertas.mk/%D1%86%D0%B8%D0%B2%D0%B8%D0%BB-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82-%D0%B8/

http://libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%86-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86/

http://libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B0-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80/

http://plusinfo.mk/vest/87769/Za-Jankuloska-e-shpekulacija-shto-licata-od-Pustec-ne-si-ja-znaat-skopskata-adresa

http://brif.mk/makedonija/novo-video-od-brojnite-ziteli-na-pustec-koi-gi-polnat-kutiite-vo-opstina-centar/

http://brif.mk/makedonija/video-zena-od-pustec-znae-na-koe-mesto-vo-centar-da-glasa-no-ne-znae-na-koja-ulica-zivee/

http://brif.mk/rakurs/foto-strumica-policija-nasekade-sto-se-ocekuv/



http://libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B8-%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0-%D0%B2%D0%BE/